да (сврз.) - мирува (гл.)

Сестра Мира ме боцна многу внимателно, како во оние далечни времиња кога бев дете. Ниту колку болва да ме каснела.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој војвода им порачуваше на пашите: Мирно да мируваат и зулум1) да не чинат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Треба да мирува, уште не е оздравена. Додуша, до сега требаше веќе да му помини. Скоро четири месеци како е болна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А мачката личи на влекачите, со триаголната глава и тенките зеници, со способност долго да мирува и одненадеж, експлозивно да нападне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Внимавај што ќе ти речам, Марко. Сега право дома и да мируваш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)