да (сврз.) - мора (гл.)

Во тој исклучителен момент на повторно доаѓање, чувствуваше многу јака желба да биде поседуван од друго тело, поинаква материја во која мислите под некој друг агол би паѓале врз неговите раце, агол под кој мозокот би му работел позабрзано или воопшто не би постоел, постигнувајќи со тоа доближување до сегашноста или некое друго место во кое би можел сопствената рака да ја види од поодблиску и подалеку а да биде тоа истата таа, неизменета во својата припадност и внатрешна предодреденост за таква и ниедна друга форма, а тој сепак да не го мисли тоа и да не мора да биде во тоа така што постојано да мора да се навраќа кон истите нестварни помисли кои го одвраќаат од блискоста со она кое го има заборавено - но чувствува дека може да го сети, бидејќи го насетува, кога успешно би ја совладал пречката, би се надминал себеси или нешто слично, би прешол од другата страна (на истото). 48 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Некаде каде што нема да морам да ги набројувам левите притоки на Вардар за да заспијам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Говореа како тоа да морало да се случи, и јас кај нив почувствував смерност каква што никогаш во животот не сум сретнал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше нешто перверзно во тој нивен однос: тој да мора да ја засмејува, сосема неинвентивно, а таа да мора да покажува дека ѝ е смешно затоа што тоа се очекува од неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека јадевме во кујната, Мила рече: - Е, да знаеш, сон ми е да можам да вечерам кај тебе без да морам да барам дозвола од моите. Блазе си ти што тебе не ти забрануваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А бе, Мила – се насмеав – ама ти е некој сон! Да знаеш ти какви јас неостварливи соништа имам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Е, добро, ако мораш, и јас сакам да мораш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без да мора да посегнува по пиетет, кампот може да ја забележи трајната стварност на болката и да ја направи културно продуктивна, а со тоа да ја признае без да ѝ ја допушти моќта да ги урнисува оние што ги снаоѓа.224
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Нели? - се засмеа по кој знае кој пат Дуда и го мувна својот Џорџ со левицата во испакнатото меше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш не ќе мораш да ги правиш сите овие операции а притоа да си го тормозиш и градниот кош– ја советуваше Џорџ – нема да мораш дури и да го придржуваш ременот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наспроти ова, со првата измена на ЗРО (2005), од август 2008, се предвиде работодавачот да мора да го пријави, односно одјави, работникот во задолжително социјално осигурување 10.  У. бр. 134/2005-0-0 од 29.III.2006.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И немаше да морам, како сега, на продавачот на печени пченки на кејот да му објаснувам дека е срамота при толку ѓубре корпите за отпадоци да се празни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И да беше тчно напладне, ќе се сторев Гари Купер, па ќе видеше ти убаво што ќе ти сторев, а и ќе ти ја соберев женската.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)