да (сврз.) - мрази (гл.)

Знам дека сѐ е лага и како казна ме параше вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Нашиот живот е во нашата душа“, вели надмоќно тој, како да допрел којзнае каква вистина, „а душата нѐ учи што треба да мразиме а што да сакаме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Погледни ме, не обвинувај ме. Дозволи ми да ти покажам како е да мразиш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам само дека ме научија да мразам, премногу знаев и премногу страдав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немаме право да мразиме пред бога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)