да (сврз.) - набере (гл.)

Та знаеш, ниту канта грав не можевме да набереме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Им правиш каубојска скала на очите да наберат малку сонце (замижано).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Човек можеше, и смееше, само наесен, во октомври, да набере дрва за огрев.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се свртија со грб. Останаа така толку, колку за да наберат воздух, се свртија и, држејќи се за раце, маченички влегуваа сѐ подлабоко во наметот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Помислив да наберам и да сплетам венец. Се наведнав ниско, но не за да наберам цвеќе, туку да се поклонам пред сенките и правот на тие, кои тука распарчени останаа за навек...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)