да (сврз.) - настрада (гл.)

И овие двоножни волови легнуваа со симнати бечви, гледајќи да легнат на рамна земја, оти ако легнат на некој камен можат и од него да настрадаат — да ги претолчат со мавањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уличниот хероин рапидно варира во чистотијата така што и искусните корисници можат да настрадаат од овердоуз.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И неговата, како и Татковата библиотека, можеа лесно да настрадаат, заедно со нивните господари, доколку се најдеа под острото инквизициско око на режимот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сердар произлегува од турските зборови ser (глава) и dar (патриот), но неговата глава можела да настрада од султанска сабја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега, поради едни велосипеди можеме дури и сериозно да настрадаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Којзнае кои се и какви се овие чудни луѓе, којзнае што може да ни се случи ако нѐ откријат во грмушките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ма, какви страшни, што ти е тебе! Никој не може со моите луѓе, само да ги видиш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немој, бато, те молам! Не прави глупости, оние луѓе крај огнот, не знаеш ти колку страшни изгледаа тие! Можете да настрадате!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За напад од Тиквешието требаше да се подигне скопскиот беглер-бег, a трето, кадијата се исплаши сам на своја глава да ја подига таа акција да не претрпи пак пораз кој може да го налути султанот та да настрада.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ајде да ги закопаме борбените секири! Може и да настрада некој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Многупати се случува да настрада кутриот од некое мувиште што ненадејно ќе му влета в уста.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А не прашувај од што можеш да настрадаш на планета со ваков состав – одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ивана си остана на своето : „Можело да настрадаат од суша, од летните горештини водата е топла, жешка зовира!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Да беше поскромно и пострпливо, немаше да настрада.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)