да (сврз.) - обуе (гл.)

Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шута, целата сум исшутена, не знам што да правам. Не знам што да облечам, што да обујам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам, ги бара чорапите. Нови беа и од чиста волна. Трча боса, нема што да обуе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)