да (сврз.) - овозможи (гл.)

Повратната спрега може исто така да овозможи врска со некој актуелен авион, така што кога пилотот управува со палката вистинските авионски мотори се вклучуваат или вистинското оружје стрела.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Светоста на нашиот телесен имиџ, заедно со ирационалните табуа во врска со сексот и смртта по сѐ изгледа се најупорните анахронизми на мислата во индустриската ера. човечкото суштество на иднината можеби ќе биде био-компјутерски хибрид со облик каков што ќе се посака, или “електронски ентитет” во дигиталниот инфо- универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Компјутерската повратна спрега може да прави повеќе отколку само на тој начин да ги преуредува осетите на корисникот тие да дадат псевдоискуство на летање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Раиз секоја пролет го поткаструваше фикусот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред сѐ, функцијата на електричните инструменти ќе биде тоа да овозможат потполна контрола на структурата од аликвотни тонови (наспроти шумовите), и да направат овие тонови да станат достапни на секоја фреквенција, амплитуда и траење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го сечеше текот на јазлестото корење за да овозможи некаква правда во градината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бидејќи буџетот не можеше да овозможи приватни тоалети и слични објекти, нив ги сместивме во простори кои даваат нужна приватност во смисла на местото и времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)