да (сврз.) - одгатне (гл.)

Долго се мачев да одгатнам зошто и како се случуваше тоа секогаш кога ќе ја земев в раце древната Библија од долапот кај иконите - Библијата сама да се отвори на истата страница на која и претходно се отвораше...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Низ неа слушав мноштво гласови, говор на различни јазици, но ниеден не можев да издвојам, да одгатнам, да запаметам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во својот извештај до Каиро Едмондс не можел да одгатне „каква политичка игра“ претставува именувањето на „Дејановите партизани“ како „за Срби, а не Македонци“, и бара објаснување од повисоките инстанци.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не само што го познавам туку и го чувствувам јазикот на мимиката; ги толкувам значењата на движењата на рацете; можам да одгатнам и понешто од прошетките на насмевката по ридовите и по долините на лицето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)