да (сврз.) - опаѓа (гл.)

Звукот на екагето се слушаше со паузи. Притисокот нагло почна да опаѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заедницата е добро мотивирана да стави крај на таа ситуација и тоа треба да се искористи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бендоу го наведува неодамнешното намалување на потрошувачката на алкохолните пијалоци, за да нè убеди дека легализацијата нужно не ја зголемува потрошувачката. Меѓутоа, овој аргумент не е оддржлив поради тоа што потрошувачката на алкохол драстично порасна по легализацијата, а почна да опаѓа дури во почетокот на осумдесеттите години. Тоа што за воведување на прохибицијата веќе никој не се залага, не би смеело да се толкува како аргумент кој би одел во прилог на тезата дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на крек или метамфетамин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак, време е да се стави крај на таа неприродна ситуација, особено што принудните работници почнаа да попуштаат, некои нормално и да умираат, сходно со тоа работниот ефект драстично да опаѓа...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)