да (сврз.) - останува (гл.)

Немаше, сепак, никаква сигурност, продолжуваше да останува само чекање. И наеднаш - беше тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му дојде сега и она тага, што требаше да му биде заедничка со неа, но која секогаш продолжуваше да останува само нејзина тага, од тоа, што таа не можеше да му роди уште некое дете; тоа лекарите го рекоа уште веднаш кога го имаа Јовко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше да останува на своето место, гребејќи за тоа остануваше сила и од своите дланки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прво се обиде да свика, и врескаше право во лицето на онаа дивинка, но таа како да остануваше глува за сите тие негови премалени викови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа се чинеше дека пак продолжува да останува да си биде сѐ во ред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како да остануваше палестинската судбина, мое приватно прашање, бев исклучен засекогаш од официјалната надворешно политичка орбита на земјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да бев vox clamantis in deserto. Осамен глас во пустината. И бев.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка тоа убаво го чувствуваше, а ние како да останувавме нечуствителни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оти којзнае зошто: секој ден некој умира, а бројот на живите како да останува ист.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)