да (сврз.) - откаже (гл.)

И си ги викна Толе своите арамии, си го јавна Белчета и околу полноќ му влезе на Орле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не му текне да откажат, та да трпиме цел ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога се случуваше да застанеме за да се создаде колоната, тогаш го галев, му велев браво, стари, издржа и продолжи да издржуваш, немој да откажеш на нерамниот пат, фаќај ја кривината, лапни ја угорнината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А сега мораше да откажеш. И ти откажа, а никој не те праша зошто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Не будали, ибн Пајко“, му рече тој. „Да не мислиш да откажеш? Ех, анасана, та колај работа за турчењето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оваа мерка ја воведува за случај од една или друга причина системот на јажиња да откаже.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој не можеше да откаже, тоа не му го позволуваше ни оној ведор, ни за ронка нестивнат метален порој, кој не сакаше да знае за никакво запирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)