да (сврз.) - оцени (гл.)

Денес, сето тоа чувство би го доживувал по илјадапати на ден, само да го имам тато, само да може да ги оценува моите усилби, да може да оцени колку ме бива за пејач, поет, драмски писател и раскажувач.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А способен ли е во такви околности да оцени и да сфати кој го води и со кого тргнал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа ние самите да оцениме и да се решиме што ќе правиме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Всушност, колку што можеше да оцени тој, повеќето од луѓето во Воздушниот коридор еден, беа ниски, темно-мурести и грди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Добиваше, колку што можеше да оцени, три оброци на дваесет и четири часа; понекогаш нејасно се прашуваше дали ги добива ноќе или дење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој можеше добро да оцени и да предвиди што би можело да ја чека Мајка во земјата на живиот сталинизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)