да (сврз.) - пасе (гл.)

— Ех! Кои се тие луѓе, коџобаши! Како ние трева да пасиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние сме војници, се бориме, нема овци да пасиме. –му додаде Бугаринот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Еве го твојот поглед со кој сонцето им се обраќа на плодовите Две брези имаш и некоја црна месечина меѓу нив изгрева Си ги прибрала сите светулки во твоите ливади да пасат Црна сенка минува преку твоето срце...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Арно ама, еден ден, лето по сенокос, ова време вака, на зајдосонце, кога отидов да го земам од каде што го имав врзано да пасе во ливаѓето Бела Војца, не го најдов. Ми го украдоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сеното сте го собрале во копи, добитокот и сам знае да пасе, а мене ми треба работна рака.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред карпата имаше една мала лединка и тука Симон слезе и го остави коњот да пасе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Убава жабарка си нашол, сакам да му речам, жаби да пасете обајцата, затоа не се помрднуваш одовдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога некако го заврши школото во гратчето, никако не му се остануваше да пасе добиток или да ора нива, туку запна да продолжи со учењето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На враќањето Трајче мина покрај Петкова Нива. Уште рано таму го отера и врза да пасе коњчето Дорчо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Коњчето остана да пасе на зелената ливада.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пак го помилува Дорча, му го извади самарчето и го преврза да пасе на друго место.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неоти имаше што да пасат, ама така, да се исчешаат по врбушките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И козарите и пчеларите се жалат, вели, нема каде Да ги истераат козите и пчелите. Нема каде да пасат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)