да (сврз.) - пишти (гл.)

Оганот се разгоре, а невестата се врати ја кладе тавата та сланината почна да пишти. Не поминаа ни десет петнаесет минути, ете ти една, „чума“ кај Карабуклиови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се закануваше и молеше, се довикнуваше и се одзиваше, се повикуваше и премолчуваше, а сеедно остануваше да пишти, да вреска, сета таа единствена глутница, која заедно бараше некој одговор и заедно остануваше без него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Друго чаре нема, — му даде Бахтијар инструкции на бимбашијата и го испрати некаде околу Петровден да го брка Толета по Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, мудурот пишува дека и селаните од него почнале да пиштат. Толку поарно за нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зоки остана со зината уста. А кога се созеде, почна да пишти: - Балонот, балонот, мојот балон си го сакам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ама пишано било за тој ден само една умирачка... било пишано - еден гроб - а над него две души камносани да пиштат низ темнината...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)