да (сврз.) - повраќа (гл.)

Отидов во тоалет, ја пуштив водата од чешмата за да го придуши звукот и се обидов тивко да повраќам дури од мене не излезе последното конче месо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го видов пред паѓање оќоравениот Арсо Арнаутче и го видов полуголото старче како бега со крик низ вратата, слушнав извици на некои што доаѓаа и почувствував дека почнувам да повраќам чемер, и сѐ беше стравотија на крст што паѓа врз нас, нѐ дроби и остава да изгнијат под неговата тежина мртвите надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не го видов топломерот кога го изваде, но, по изразот на лицето сфатив дека Вера уште повеќе се исплаши. Ели не престануваше да повраќа. Се измени во лицето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Таа е нема“, пак повтори жената, со дланки покажувајќи ѝ го лицето на девојката за да не гледа како сѐ уште ги распарчуваат мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А и да знаеш дека е добро за телото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Страм — не страм ќе му реча: на него на Толета Кулиќево“ си је во себе кога се бришеше и таа со она ново шамивче и гледаше да ги допре напрчени устенца баш на она место тој ги допре малку пред неа неговите. Не малку се сневесели, дури и натажи, кога го виде Толета да повраќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)