да (сврз.) - погоди (гл.)

- И сакам да знаете, а тоа значи добро да запамтите, дека со еден истрел, тоа е најдобро... со еден истрел да погодиш, зашто во спротивно ќе те погодат тебе од ова за кое рековме дека се вика пушка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога би требало да погаѓа, би рекол дека тоа е тело на човек од шеесет години, кој страда од некоја тешка болест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пијам, тоа не ти е тешко да погодиш, но уште помалку ќе погодиш дека ме обзема страв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така станува опасна конкуренција на незнаениот јунак од фолк поезијата кој што успева низ прстен јајце да погоди.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Виде како сите новодојдени еден по еден се протуркуваа до Деспина и сите ѝ честитаа со целувки, ама никако да погоди кое е момчето што го армасуваа за неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
ЛЕНА: (Ја крева раката и го прекинува Саздо) Дозволете сама да погодам.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Стрелајте од грб и гледајте да погодите уште со првиот куршум.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Инаку, бев срамежлива и додека седевме со Добрила, станав: Јас ќе пробам!, а таа ми вели: Немој, тие се војници па не можат да погодат, а со тебе ќе се потсмеваат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас ги гледав и се јадосував зашто промашуваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нешто ѝ се случило, но што - не умеам да погодам. Сепак си мислам: „Можеби Билјана добила единица, па затоа молчи...“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да погодам“, реков. „Измет“. Таа воскликна. „Да! Да! Зарем тоа не е претерано?! Да јадат измет.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Онкокерциасис“, реков. „Знаеш ли што е тоа?“ Гласот ѝ затрепери. „Кажи ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имав и јас нешто за неа, една болест за која ми зборуваше мојот пријател лекар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)