да (сврз.) - подзапре (гл.)

Но и со таква лутина нешто ме тера да подзапрам пред прозорците од бараките, да се видам на стаклото, да ја навалам капата над увото, да ги натресам кадравите коси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бистреј, бистреј27, вика, не остава да подзапрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие го одмараат окото на посетителот и го принудуваат да подзапре, и покрај пеколниот шум, да ужива во убавото на најубавата архитектура во Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Легнувам убаво и се починувам. Чекам да подзапре чукањето на срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)