да (сврз.) - поминува (гл.)

Комунистите почнаа да поминуваат кај ситносопствениците.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Навистина немам увид во вашиот случај” се обидов да го избегнам директниот одговор.“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„А мојот случај? Не се сеќавате на незгодите низ кои морав да поминувам?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Јан“, реков. „Немој.“ Тој не реагираше; продложи да поминува низ косата со прстите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На пример, уште рано кога решил повеќе време да поминува во Цариград, им го натурил братот Лазара за мухтар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека поминував покрај неа, како да поминував низ розов облак! - додаде Вртанов по сосема кратка пауза Се потсмевнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)