да (сврз.) - постави (гл.)

За жал, до ден-денес, отпремнината сѐ уште не е исплатена и покрај обврската да се исплати пред работниците да аплицираат за паричен надоместок по основ на привремена невработеност во АВРМ – Центар за вработување Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа, на спорот се надоврзуваат и барањата по основ на неисплаќање отпремнина/испратнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради својата каприциозност, како и неговата желба да постави пример за во иднина да не се осмелуваат да одат директно пред суд, таа негова „фер понуда“ не важеше за оние кои веќе беа вклучени во тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа ние треба да се откажеме од секоја мисла за револуција напролет, уште повеќе што реформите ќе се воведат, зашто со нив е врзана честа на две големи сили што се во состојба да постават сѐ на своето, – и да се зафатиме за нова, т.е. културна борба, во која првото место ќе треба да го заземе прашањето за нашата народност и нашиот национално-религиозен развиток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете зошто македонската интелигенција, ако ги проучи подробно своите интереси, тогаш на прво место треба да постави и за себе и за својот народ: со сите свои морални сили да ја зачува целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Почна да поставува прашања со тивок, безизразен глас, како тоа да е рутина, еден вид катехизам, знаејќи ги однапред одговорите на повеќето од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, сите можни начини за комуницирање со неа му паднаа на ум во првите пет минути по прочитувањето на белешката; но сега, кога имаше време да размислува, тој ги разгледа еден по еден, како да поставува редица инструменти на маса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Рада го продолжи монологот без да ѝ даде можност на Ивона да поставува прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада како што почна, така и го заврши разговорот не дозволувајќи ѝ на Ивона да поставува прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виртуелната игра комбинира направа што ја следи главата, ракавици и компјутерска анимација за да го создаде „ефектот” на нашите сетила за „ентитетите” што се движат околу нас но кои „не се всушност реални”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но што ја прави ВР дистинктивна? „што е тоа толку посебно“ - би можел да постави прашање нашиот прашувач - „кај овие компјутерски анимирани монструми?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не, не само што не сфаќам зпшто ние луѓето толку многу се плашиме од смртта; не сфаќам ни како може да поставам такво прашање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога Кундера би го видел народот на Плоштад Македонија како одделува сопствени пари за да постави рекламни постери од поп-пејач (и по неговото трагично преминување), сигурно би добил инфаркт, па потоа сите би го тажеле заедно со починатиот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А на горниот крај, на десната страна, беше пцалтирницата во која се држеа неколку книги, а на чиј врв беа поставени две штици пирамида на оска на која можеш да поставиш четири отворени книги и да го завртиш така што да можеш да ја читаш која сакаш од книгите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Најдобар начин за да го направите тоа е да поставите врска до оваа веб-страница: http://creativecommons.org/licenses/by-nc-nd/2.5/mk/
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таквото однесување како да ја правеше среќна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, произлегува дека уживаше да крева околу себе магли на сомненија, да поставува загатки, да наговестува тајни а при сите вакви постапки себеси воопшто не се штедеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако дојдат в куќи да постават митралез, ти ќе знаеш што да им кажеш!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја отвори својата груба рака и со едниот чист нокт нацрта, полека, обидувајќи да постави сѐ таму каде што тој можеше да види и каде што таа можеше да види.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)