да (сврз.) - потпраша (гл.)

Таа, значи, сосема поинаку ја оцени моја опседнатост со спомнатата игра.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очекував уште нешто да рече. Или да потпраша. Но таа продолжи со крпењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не беше од оној тип луѓе постојано што говори и очекува другите само да го слушаат, ниту пак од оној тип само што слуша, а не отвора уста ни да потпраша ни пак да одговори.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)