да (сврз.) - прашува (гл.)

Тогаш јас прв пат почнав да прашувам за душите човечки, дали животот продолжува во смртта или смртта во животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ гледа, и како да прашува што чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има ли живот на оние ѕвезди, Марија, да прашувам. Нишките на нашата љубов не допираат до тие ѕвезди, да слушам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Што да прашува, кога знае. Сигурно не прашува за да не ме усрами.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па наместо да прашуваат „каде си го купи ова? кај Рада?“, ќе го опишуваат како продавница во која една мајка и едно дете во двојка лизгаат по мермерот, како Ирина Родина и Александар Зајцев.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
" Пак секој ден одиме да прашуваме за нас: што ќе стане со нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто, ко во народните песни ми иде да зборувам, да прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)