да (сврз.) - пресече (гл.)

Пред ливадите, на излегување од шумата, скршнаа нагоре да пресечат од кај црквето Арангел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми дојде згодно барем и да пресечам едно од дапчињата таму за потпир на штиците при шелувањето околу гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Се извинувам“, рече Су со здржан глас, процеден низ некое шубе за што не беше свесна, но сепак продорно, како нешто со секира да пресечува и истовремено нервозно затријувајќи ја чашата што ја миеше во мијалката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мораш да пресечеш некако“, ми рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)