да (сврз.) - престојува (гл.)

Во Северна Ирска младите под 18 години имаат забрана да престојуваат на места кадешто се точи алкохол, додека во Британија оние над 14 можат да влезат, но не и да консумираат алкохол, сѐ додека не станат полнолетни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имав можност да престојувам во болницата „Фош“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа и се вели дека вокалите (особено О) се најпречекливи, најпросторни и најкомфорни гласови во кои најдолго може да се биде, но и најдолго да не се бива,.. во кои зборот најдолго може да престојува, но и низ кои мора да мине кога да заминува во молкот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)