да (сврз.) - претпостави (гл.)

А не можевме ни насоне да претпоставиме дека тоа е последната зима од нашето време со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тие маала во кои и јас сум израснала, се меша мирисот на времињата и на просторите, јадењата што мајките на нашите прабаби ги понеле од Иберија со аромите и рецептите донесени од Турција, од Стамбол и од Солун и од богатите мисирски пазаришта на бахари и на друго зајре што доаѓа од различни места на Блискиот Исток.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што можете да претпоставите, со семејството припаѓаше, фала му на Севишниот, на старата, сефардска, не на новава синагога на „Космајска” улица во која одат мондените и доселените Ашкенази.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Што се случуваше таму, Бојан не можеше да знае, само можеше да претпостави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не беше шака, исклани беа царски луѓе, стопаните на Имотот, и никој не можеше да претпостави, при недостиг на вистински виновник, врз кого од нив ќе се истури гневот на султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не сум можел да претпоставам дека сум пишувал и за нив, знаејќи добро дека ниту птица не би можела да ја прелета најчуваната граница во Европа!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ни на сон не можев да претпоставам дека уште тогаш, кога вежбавме на разбојот, и тој ја гледал со исти очи како јас што сум ја гледал, како маж што гледа жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но да претпоставиме оти турското економско разорување не ќе се одрази на нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За нивната средба, за која не можеше да претпостави дека ќе им биде последна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можам да претпоставам дека сите тие беа привлечени од интензивноста на неговото внатрешно зрачење,со кое ги скротуваше и најодбојните скептици.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога бев вљубен во Вујалија-изрази, но не можев да претпоставам дека „апендикс“ освен „додаток“ значи и цревулче, слепо црево.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не можеше ни да претпостави дека со еден истрел ќе има два улова.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да претпоставиме“, рекол скржавецот, „дека неговите симптоми се такви и такви; и сега, докторе, што Вие би го посоветувале да прима?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да претпоставиме дека германскиот збор gut (добро) е египетски, и тогаш таа, освен добро би значела и лошо, покрај gut би значела и tug.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што ќе сум ви ваков со ушиве смешни?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Разбирливо можев да претппоставам дека околу џиновскиот морков во таа зима се насобрале зајаци од сите краишта на Европа или само од скараните балкански земји.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Проценете умно – премал сум и преслаб, Ни со суво сламче не можам да веслам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По овој разменет артилериски оган со зборови, секој можеше да препостави што ќе се случуваше потаму.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Или приближно да претпостави.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се плашев за секој иден ден, треска ме тресеше од таквото однесување на големото преродено момчиште; јас со сигурност можев да претпоставам дека тој ѓаволски се преправа спремајќи се за иднината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можете само да претпоставите како одекна новоста во управата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не можеше да протпостави: белата кожа на Јана се морничави и прска под туѓи прсти, под раширени и подвижни краци на мал полип, прсти - слух во своите врвови за таинствениот шум на секој зглоб и секој мускул. ...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А, од една децентрирана срушивме перспектива, можеме да претпоставиме дека „маргиналното“ комунизмот, и она што го нарекувам „екс-центрично“ (во класата, расата, сега доаѓа на ред полот, сексуалната ориентација или потеклото) добива ново капитализмот! значење во светлината на имплицираното сфаќање дека нашата култура навистина не е хомоген монолит. Маргина 36 7
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко не можеше да претпостави што забележува неговиот пријател: дали стари заемки на видените предмети или коментари за нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој најдолго запре пред излогот на еден филигрански дуќан целиот со најразлични сребрени, чудесно изработени филиграни како: раскрилени пеперутки, богат накит во различни облици, прстени, бразлетни, обетки, ѓердани, накитени кубури.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеше да претпостави, меѓутоа, дека тетратката е уште постара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога пловиме по океанот, или кога предвидуваме затемнување, ние често сметаме дека е згодно да претпоставиме дека Земјата се врти околу Сонцето и дека ѕвездите се оддалечени милиони и милиони километри. Па што дека?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не знам. Можам да претпоставам. Во Министерството на љубовта.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Предметот беше уште попривлечен поради својата очигледна бескорисност, иако можеше да претпостави дека некогаш веројатно служел како тег за хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку што можеше да претпостави, постоеја две можности.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да претпоставиме дека ќе решиме побрзо да се истрошуваме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не постојат многу од нив, како што можете да претпоставите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да претпоставиме дека ќе го забрзаме темпото на човековиот живот, така што луѓето ќе стануваат сенилни на триесетгодишна возраст.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден ден Симон дојде дома многу доцна. Не можев да претпоставам кај можел да отиде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Постарите можеа и да претпостават, но никој не можеше да си замисли дека заминуваме засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, во мигот, не можеше да претпостави за какво друго решение размислува Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко остана збунет, не можеше да претпостави ваков пресврт.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, кога заминале за Италија, можел само да препостави, но не ѝ да поверува, далеку од тоа, дека делегацијата на албанските жени би можела да биде примена од грофот Чано, тогаш, впрочем, министер за надворешни работи, а не била исклучена ни средбата со Мусолини. – Нашата средба со грофот Чано може да биде опасна за семејството во сите времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зеде збор Захаријадис. — Ние не бевме доволно будни, вели, и не можевме да претпоставиме дека непријателот ќе се регрутира и од нашите редови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да претпоставиме дека постои супер-едноставен абакус кој има само едно тркалце, поместено само еднаш (и интерпретирливо како говорната закачка „Животот е како ѓеврек”).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)