да (сврз.) - претпоставува (гл.)

Тој не го беше видел него, и ваков, во никоја од своите преуранети слики, па да претпоставува што ќе се случи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дали и тиe не очекуваат таму како што нам ни недостасуваат тука? Можеме само да претпоставуваме!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ете, во такви околности Иван ги спомна сомненијата околу можните причини за бегството на татко му и за таа можна разделба за која ништо не знаев, ниту пак можев нешто да претпоставувам, а веројатно и Иван не знаеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Виолетовото значи кокаин, зеленото хероин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секој што е посматрач однадвор може само да претпоставува, а единствениот што е внатре не може ништо да каже зашто ќе изгори - како што прегорува дивиот белутрак суво нареден како одвнатре изѕидана варница во делотворен варовник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако земеш Екстази, веројатно во извесен момент си внел во себе едно или сите овие нешта, бидејќи повеќето од она што Херман го нарекува „срање“ си го наоѓа патот до другите земји (Британија) каде што нема тестирање, па можеш само да претпоставуваш на што си.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)