да (сврз.) - протестира (гл.)

Бојко почна да протестира.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Е, тогаш аздисав. Да псуеш, забрането, да протестираш, немаш кај кого.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Има ли таа право да протестира против бугаризирањето на Тетовско и да бара заштита на своите интереси таму против бугарските посегнувања?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Фордот“ се прилепи до мене и, штотуку сакав да протестирам, кога од колата на македонски јазик, некој ме праша: - Како е скопјанец?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Немаат право тие да протестираат против централното наречје и затоа што тоа е централно, како и затоа што изборот се прави од практични причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше дури и готов да протестира кај шефот на станицата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се собрале околу мене, дојдени се да протестираат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)