да (сврз.) - разгледа (гл.)

Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да разгледаме колку можат да бидат основани таквите претпоставки и разлози?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Или сакате само да разгледате наоколу?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак се решив да тргнам за да разгледам наоколу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Објаснив. Да вдишам воздух, да разгледам и да прошетам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)