да (сврз.) - размисли (гл.)

И додека Боше и брат му Атанас Цицко ги нажапчуваат капаците, откако пред тоа првин ги отвораат, а потоа и ги затвораат џамовите, (за тоа малку време во одајата шибнува студен воздух и за час го растерува чадот од цигарите и мирисот во восокот на свеќите) тој намерно зборува полека, намерно развлекувајќи ги речениците, за да остане помеѓу зборовите празнина во којашто, се надева, другите ќе имаат време да се досетат за што зборува и да размислат за тоа што зборува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги засили потерите по цело Мариово од двете страни на Црна, но поминаа недели: немаше никаков абер ни да удрила потерата на Толета, a камо ли да паднал в раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
18. Мулазимот го извести пашата, мудурот го извести кајмакамот и пак се собраа двајца големци да размислат како да го уништат овој царски непријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа барем беше толку јасно, стига да размисли поприбрано.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ додека не остане сам не ќе може да размисли за овој нов развој на настаните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Земи, покри се! - му вели таа. - Не ми студи... - брзо, без да размисли одговара Ване.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Туку, друго да те прашаме, - рече Србин не давајќи му да размисли за разговорот што го водеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Имаше доволно време да ѕирне во минатото, но и да размисли за иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беа мртви ладни во хотелската соба во Лос Ангелес. Рекоа дека мораат да размислат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Рече дека сака да размисли убаво за сѐ што се случи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Секогаш сум се плашел од случајности. Сѐ е пресметано, до тенкости проучено и, наеднаш, стоп. Слушај, Арсо, за сега не. Да појдеме горе и да размислиме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И се обидов да седнам за една минута и да размислам. Ништо не успевав да смислам и да врзам во едно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Арафат изненаден, сепак не го запрел Бургиба, кој заклучил: Јас од вас барам да ја примените поделбата од 1947 година!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Без да размисли, Арафат веднаш одговорил: Господине Претседателе, вие ова можете да го кажете! Но не јас! Никој нема да ме следи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Миха гледаше да го избегне одговорот, па побара време да размисли, а стариот му препорача што поскоро да се реши за да има кога да ургира на соодветното место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И сериозно да размислиме за нашето време што не ни проштева кога го губиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Барем тие да ве натераа да размислите малку на каков пат сте тргнале!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден од нишанџиите упорно ме следеше, но никако не можев да видам дали има излез, некоја друга врвица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му текна нешто и рече: - Те молам, старче, почекај ме малку, а јас ќе прошетам низ градината, да размислам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Малинка остана сама да си ја смири лутината и да размисли зошто девојчињата не сакаат да си играат со неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа длабоко воздивна. „Ќе можеме ли да размислиме за тоа следните денови?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)