да (сврз.) - разјасни (гл.)

Тоа веројатно требаше да се спомнатите веќе страдања кои се јавуваат како последици од доставките што им ги приложуваат на одредени служби платените нашепнувачи, и тоа најчесто во вид на напишани извештаи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто ли мене, љубителот на мангите на Мијазаги и приказните на Жорж Санд, потценетиот реализам почнуваше да ме засега, не умеев да разјаснам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Враќајќи се кон куќичката Пелагија се обидуваше да разјасни зошто дојде Чана, дали да покаже дека е лута што не е повикана на армасот на Деспина, или едноставно да ја потсети на оној дамнешен црн ден што никогаш не се заборава, или навистина сакаше да се распраша како ќе ги носат децата до на школо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А потоа, со некоја отсутност од која и самиот бев изненаден, го продолжив монологот што требаше нешто да разјасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)