да (сврз.) - сведочи (гл.)

Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Апстиненцијата, дури и кога оргазмот е можен, исто така може да сведочи за патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мораше да се сведочи во името на сопствената, семејната рамнотежа, мораше да сведочи за нашата европска иднина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Морав да сведочам по секоја цена, да го допрам сопственото дно, минувањето низ синдромот на албанското самоуништување низ елиминирањето на троверјето како обележје низ милениумите на заедничкото истрајување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да сведочи за трауматските епизоди на лузерската индивидуа, за игнорантските стампеда на масите, за виртуалните триумфи на тираните, за голготата на хуманистите или луцидноста на мудреците?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се обидував во отсутниот дијалог со Татко над ракописот на неговата Историја на Балканот низ падовите на империите, да сведочам за потрагата која ќе ја наполнеше неговата тишина, празнините во ракописот. Потрага која не престанува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да сведочам со своја Историја на Балканот низ падот на југословенската империја како еден од нејзините врвни дипломатски протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Малку беа примероците на избраната фауна со кои морав да сведочам пред научните институти во Москва и Санкт Петерсбург, во споредба со илјадниците изумрени луѓе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Истава помисла, дека нејзе ѝ е потребен некој кој ќе може некогаш ако затреба да сведочи за нејзината среќна надеж, и пред малку ми наиде, уште кога Бојка стоеше кај фрижидерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)