да (сврз.) - склопи (гл.)

И добро ми оди. Наскоро ќе можам самата да склопам реченица.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога ми го зедоа човекот цела ноќ не мигнав. Око со око не можам да ставам, да склопам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој е оженет и сè уште среќен со неа, ама не може ни око да склопи од копнеж по тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа ноќ Џивџик беше тажен. Не можеше ни око да склопи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Око да не можам да склопам, да одморам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)