да (сврз.) - слезе (гл.)

Кога виде дека неговите сопланинци ги тераат да слезат во градот со козите, да се фатат за тешкиот алат и да станат железна работничка класа, Чанга мислеше оти некој сака нарочно да го растури природниот поредок на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Длабоко во себе тој можеше да се согласи со новата власт: за што ги растура куќите, имотите, семејствата, па одново ги обединува во нови не­природни врски, заедници, а преостанатите планинци, кои нема од што да ги раздели освен од козите, ги тера да слезат во градовите и прекуноќ да станат нова класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Не можам да слезам долу, Имам многу важен разговор со учителот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Утрото кога дојде Јован, го замолив да слезе долу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не можев да слезам долу и да видам одблиску и со рака да пофатам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па тогаш и ѓаволот да слезе не би можел да ја запали.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Добро би било да слезеш утре в град...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ајде да слезиме до кладенчето, да видиме што прават момчињата и да го дочекаме Крстета, ако не и Толета", — предложи Петре и тргнаа кон другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури да слезат до чешмата, низ растот останаа пет шеесет може и стотина од селаните, што на Толета не му откина од острото око, бидејќи сите в глава ги познаваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, ми, којзнае. Ќе можеме да слезиме до кај Путурус, оти да не, ама дали ќе можиме пак да излезиме! — одговори расеано Андон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледам дека некои од дојдените сакаат да се вратат назад и да нѐ остават сами да се бориме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каде ќе можеш да слезеш до дното на душата, каде ќе помечтаеш, и каде ќе излееш горчина, ако во домот, ако во твојот сопствен дом не најдеш, за сето тоа, одзвук, ехо...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А потоа, без да седне, ги рашири рацете во исто толку широка насмевка и викна да го слушнат и под балконот: - Ајдете, соберете се да слеземе на плажа, па да се капеме додека папсаме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но за да пристапиш кон извршување на заповедта (Да го исплазиш јазикот користејќи придружба звучна) Вистината треба да слезе од ридот на одбраните Да ја прифатиш како академски поучна И да поверуваш дека ти ја праќаат привилигираните..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога Јосиф ја изодува пругорнината повеќе од половина, си помислува да слезе и да го подземе и станува, но веднаш потоа, зашто знае дека Јосиф не е дете па тој да може на раце да го пренесе ваму, се премислува и останува да стои најгоре на Зедница на зарамнетото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш ни рекоа бргу да слеземе долу во амбарите и збор да не пуштиме зашто англиски воени бродови се доближуваат, та ако слушнат врева, тогаш ќе почнат да нѐ бијат со топовите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ми рече веднаш да слезеш долу Иванов исто така, порачал, јас... ова писмо да го однесам... горе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Чекај малку“, ми рече човекот со многу брчки на лице, што се појави од некаде и ме зграпчи за рака баш кога се токмев да слезам кај постојката Бит Пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Само да знаеше, само малку да знаеше како ми е потребно да ме оставиш да тонам во ова мирно блато... таму на дното има бисери. Остави ме да слезам кај бисерите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па ми го позема фенерот и почекува и јас да слезам, Кледот е полн со бочви, со качиња сирење и маслинки, со вина и со друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога ќе видел татко оти не запира со свирењето, ќе му викнел да слезе и со некое ноже ќе му ја дупнел гајдата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Месечината не може да слезе во долот и во долот е секаде темничина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема кој да ми свети, вели Левтерија, треба да слезам долу. - Јас ќе ти светам, вели Григор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колкупати во студот сум си рекла да слезиме долу кај пашитата. Да си дишеме заедно со добитокот. Едни со други да се топлиме. Како што правеа мнозина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој Илија“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Би било премногу заради едно смрдливо животно да слезе од коњот и да го извалка мечот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И така двоејќи ги како волкот што ги двои овците, ги изнатепа и ги разбрка сите, а потоа ѝ помогна на Видуша да слезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но потоа повторно се согласуваа со заедничката согледба дека никој не би можел да слезе толку длабоко во себе доколку му е роб на минатото или иднината!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Осеќавав, макар да бев тргнала најблиску да одам, макар да сум заодела да слезам само до водата на езерото долу, да, осеќавав, велам, дека тој е некаде тука близу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Во оној сон кога нарачала да ја оставиме под сртовите пелистерски... да слеземе до домата наша.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Коњот бревташе од нејзината тежина, а и Дукле имаше голема мака помагајќи ѝ да се качи и да слезе од коњот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Ќе видиме кој на кого! — и одговори Крчо и побегна долу Црневата улица, за да му стори абер на Шпира, вечер да слезе до кај нив долу. — Татко нешчо те вика, — му рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овде невестата се засрами и му вели на дедот Петка: — Дедо Петко', ми се здрвиа нозете од јавање, нека а запре Илко маската да слеза.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постарите браќа не можеа да му одолеат на искушението, следени од будниот поглед на Мајка, да слезат, да се наттрчуваат со вовчето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само ако ми појде од рака јас самиот да слезам до дното на сопствената самота, ќе можам да ги разберам нејзините силни пораки, тајната на нејзиното балканско истрајување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Сѐ е тоа убаво, но не ни е згодно да слеземе в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А јас би сакал да слезам од овие ѕидишта по славејот што клука под стреата по шумот на водите по ластарот на лозите зашто уште копнежот клука и времето ме јаде да слезам да истрчам да избегам во просторот во просторот зрачен потопол од сето време.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Гладен е, не може да биде погладен, но инаетот не му дава да слезе од масата. И, што да прави?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Олелее! – плаче Зоки сега уште погласно. – Баба, ба...баба не ми да-дава да сле-слезам од масатааа!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А за Трајчеица што да се рече! Откако ѝ тргнаа работите на арно како да слезе од магаре а се качи на пајтон!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш за првпат видов оти човек може и да се спротнува под коњот додека овој најбрзо трча, или да слезе и повторно да се качи врз запенетото животно трчејќи пред тоа долго време напоредно со него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ме потфаќа некој виор, ме турка откај луѓето и не ме пушта да слезам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може да поминат и над моето село, ќе си велам, може да слезат во Костурското Езеро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можам од говорница да слезам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од никаде да слезе мирот на земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)