да (сврз.) - укаже (гл.)

Овде Њуман прави дистинкција помеѓу проценка базирана врз чисто академски критериум и проценка базирана врз други елементи, сакајќи да укаже на тесната поврзаност на проценката со културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
120. Да укажеме и на друг тип Македонец со српско образование. Тој можеби се смета Бугарин и по проживувањето во Србија 4-5 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мојата храброст да укажам поодредено на периодот од детското доба беше мое лично сознание, а јас не само што го допрев туку и го сфатив, таму, во бурекџилницата, наспроти продавницата Громби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во секој случај во разговорите со неа не се навестуваше ниту една личност, ниту пак беше спремна да укаже на некој момент од минатото што ќе можев да го поврзам со нејзиното мајчинство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие го поттикнаа гласот на човештвото предупредувајќи дека не е сè попусто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мојата постапка е родена токму од истите цели: културата, не само во Русија туку и големите култури на Европа се засновани врз критичкиот метод што е програмиран да укаже на слабостите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никакви загатнувања. Никакви обвинувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)