да (сврз.) - формулира (гл.)

Овде особено заслужува внимание обидот на Бауман да формулира еден социолошки појмовник што ќе му одговара на постмодерното искуство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таквиот обид бара напуштање на конвенционалните социолошки концепти какви што се општество, нормативна група, социјализација и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Споредувајќи ја својата замисла за несвесното и неговите односи со свеста со Фројдовата, авторот ја карактеризира Фројдовата теорија како некохерентна барем во два погледа: „Прво, јас не можам неговото објаснување на онтологијата на несвесното да го направам консистентно со она што ние го знаеме за мозокот, и второ, јас не можам да формулирам една кохерентна верзија на аналогијата помеѓу перцепцијата и свеста.“ (стр 169). 44 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Од ова се гледа неможноста или, пак, незнаењето на законодавецот да формулира номотехнички издржана законска одредба, која нема да се менува и по неколку пати за време од неколку години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Вашите глупи емисии и весници и книги и лова и коли и вашите спортски клубови и вашите кафеани и вашите манири, семејства, врски, министерства, вашата тивка подмолна омраза што блика на секој чекор кон „шиптарите“ (а јавно, најбедни кукавици, ниеден од вас, фашистоидни дебелковци) нема муда да формулира ма барем и малку подрастичен „десничарски“ став, а се шлепувате на цели контра- идеологии ко најниска можна животна форма, за вас и вирусите се еволутивен чекор напред. 10 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)