да (сврз.) - шие (гл.)

Мажите веќе почнаа да шијат брич-панталони, а жените шајачни фустани со црн сатен и со лимби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како и повеќето семејства таму, и нивното живееше скромно, но научено на малку, беше и среќно, сѐ додека Севишниот не реши да ги стави на искушение, па еден ден не го повика кутриот Давид Давидовиќ при себе, таму на небото да шие и да крои облачни облеки за херувимите и за душите на нашите блажени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Почнаа да шијат, да пукаат, да трешти ноќта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами таа не знае ни да месе, ни да пече, ни да влаче, ни да преде, ни да ткае, бре брату, ни да шие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Стар крај, Рози, многу одамна, терзии они дојдат дома да шие облека за фамилијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како и Хаџи Ташку и Тимон е Влав, но дека во цел Прилеп единствен тој знаеше да шие европејски алишта, а сите Акиноски така се облекуваат, европејски, пријателуваат со него, делејќи ги Власите на погани и добри, то ест на продадени на Грците и на Турците и на Власи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)