да (сврз.) - шмугне (гл.)

Постелата е блага сѐ уште, и опуштеноста; но од одговорноста сме помалку оддалечени, тоа тивко нѐ ужаснува, бидејќи чувствуваме дека не можеме да шмугнеме назад во оние имагинарни кулоари (о, во најудобните!).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како, во тоа не повремено трускање ами постојано тресење, сме клумнале во сон без дно токму тогаш а не порано или подоцна, не знае ни Предо; кој ја искористил шансата да шмугне низ Битола како стаорец низ сирење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Не требаше толку да се натупам од посниот грав“, си рече, правејќи стратегија како да шмугне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)