да (сврз.) - ѕирне (гл.)

На долниот крај капините немаа лисја и Цепенко го напрегна погледот за да може да ѕирне, низ голите стебла, кој оди по патот?... Но ништо не можеше да види.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако се двоумеше колку што можеше и не можеше долго, се сврте кон Србина, му рече: - Брачо! Да ѕирнам што има во тенџерево?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Научи ме како да ѕирнам во долапот на тајните, како да не повредам никого, а да донесам вистинска одлука“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рака на срце, мене тогаш многу повеќе ме интересираа серијалите од типот на „Планетата на мајмуните“ и „Емануела“, така што воајерската страст на моите сограѓани да ѕирнат во приватниот живот на некои американски парајлии ми беше комплетно нејасна и будалеста.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Зошто го велам тоа? Да ѕирнеме низ меѓичката (!?), уважувајќи го ефектот на ретроспективна дисторзија: „ти си ми како дел од телото, како раката”, зборуваше таа исчезната хероина во набабрените - можеби би згрешиле ако кажеме: облаци; мевови („вреќи на зборови”, како што би рекле одредени африкански врачеви*) под таа оцртана површина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не можеш да ѕирнеш од внатрешната страна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Последната реченица што бев ја запишал гласеше: „Има нешто жестоко... Не можеш да ја видиш опачината. Не можеш да ѕирнеш од внатрешната страна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја погледна уште еднаш иконата. Низ пукнатината што се спушташе од левото уво на светецот и што го оставше празно она место на кое можеше да лежи срцето, низ тој отвор сличен на леандров лист, можеше да ѕирне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вториот ден од панаѓурот, веќе вознемирен дека времето брзо поминува, а тој ништо не прави, кандиса некако еден од манастирските измеќари да остане на сергијата наместо него, колку тој да ѕирне лево и десно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оние што беа свртени кон југ се напрегаа да ѕирнат зад голиот за да го видат неголемото плодно земјиште скржаво да затвори стотици гладни усти. Судбината - алкохоличар. Како тој.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Кутриот Караман! - воздивна и скокна од леглото. Прва грижа му беше да ѕирне надвор, со надеж дека можеби Караман се вратил и сѐ среќно се свршило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крпам така, а под куќата Чако припнува, корне. На кого лае толку, си велам и излегувам да ѕирнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)