да (сврз.) - џвака (гл.)

Не можев да определам дали е тревопасец или месождер, ми се чинеше дека во својата огромна алчост би изел и најгласен отпадок, само да џвака, голта и си го полни желудникот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А не ми текнува да џвакам, да го надразнам грлото да ја голтне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Киле седнат на едно триножно столче, со софрата пред него и на неа земјената чинија со сув грав и половината сомун леб од сетното месење, јадеше како одвај да џвака, полека некако мрзоволно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Французинот запре да џвака и внимателно го слушаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И сега, кога Паско Бачо, возач во пензија, веќе облечен за излегување навечер кон продавничињата кај мостот, во кошула со цртежи од австралиската фауна што некој роднина му ја пратил од Волонгонг, сега кога Паско оптегнат со стомакот напред рече дека широко е почнато копањето, Жабе зина и само рече: „Многу широко“, и пак почна да џвака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш и другите почнуваат да џвакаат молчејќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да џвака нешто, да се залажува. Ја подзема сламата со јазикот, почнува да ја врти и да ја крцка со забите и мене ми дојдува убаво дека ѝ ја погодив мислата. Магарето само стригнува со ушите и се свртува кон другата страна. Налутено, ко дете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ги полнат устите со месо, со ориз, со леб и губат здив, речиси се задушуваат, па мораат да џвакаат со отворени усти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го џвакаш лебот, а ко слама да џвакаш. Мора да чпараш, душа да вртиш. А не е еднаш и двапати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)