да (сврз.) - ги (зам.)

Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ТЕОДОС: Што бре, и ти си пијан! ТОМЧЕ: А ти?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако странката му издала на адвокатот полномошно за водење на парничната постапка, а поблиску не ги определила овластувањата во полномошното – адвокатот, врз основа на таквото полномошно, е овластен да ги врши сите дејствија во постапката, а особено: да поднесе тужба, да ја повлече тужбата, да го признае тужбеното барање или да се одрече од тужбеното барање, да склучи порамнување, да поднесе правен лек и да се одрече или откаже од него, од спротивната странка да ги прими досудените трошоци, како и да бара издавање на привремени мерки за обезбедување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Останало само живите да ги боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во времето кога маслинките дозреваа, илјадници работници од блиски и далечни краишта доаѓаа да ги берат.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А тој, имено, лежи во тоа што ова објективно важечко право, воопшто не е создадено да ги реши или олесни проблемите на сиромашните и економски зависни работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па нели од Битола до Орадеа дојдовме по шини?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Почнав да учам некои административни работи, шефот Ристо ми даде машина за пишување и некои книги да ги водам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По борбата на бојното поле ќе настапи време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме можност да ги ползуваме плодовите од пролеаната крв и да напредуваме културно, ние и тогаш, како и сега, ќе треба на наша штета да ги помагаме ту српските, ту грчките, ту бугарските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Изгледа мајка ми овојпат намерно избегна да ги именува кутрите желки. Убаво го рековте она, Лев Петрович!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А единствената нивна желба е да ги остават да се наспијат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоев на сувата земја и, ми се чини, не часови, не денови, туку години поминаа, откога смогнав да ги кренам нозете и да почнам да ги влечам стапките надолу по изгазената сува трева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури и повеќе, овозможувањето на легалната употреба на марихуаната би обезбедило создавање на тампон-зона помеѓу користењето на најприфатливите илегални дроги и оние појаките.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зарем ќе се осмелиме да ги прашаме: Извините, но што правите овде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Види ја да ти кажам. - I am yellow lion playa и уживам да ги рендам сите Red Star pussy.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Одиш по планините, самјачки се задлабочуваш во далечините веќе со години не-тука, не-ти клекнуваш пред јагодите, шумските боски розовата страна на смртта со човечки мирис да ги обросиш пред да се вовреш меѓу сушните лисја пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците и да ја доживееш, глеј, одненадеж уметноста на пелцувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Новоговорот беше официјален јазик на Океанија, создаден за да ги задоволи идеолошките потреби на Ангсоц, англискиот социјализам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оваа стара и сложена трансформација одново и одново успеваше да ги збунува тигрите, разлутени од својата инсинуација.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не сфаќаше како може тој, другиот, мирно да ги врати фотографиите в џеб и без збунета насмевка од прекорот да гледа во бледото море над себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тука го дочекува часот кога стариот ќе му заповеда да ги залости ќепенците. Молчејќи се упатуваат дома.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Работата многу си ја сакам, се трудам учениците да ги водам на добар пат во живото, да бидат чесни, храбри, да се борат, да учат и собираат знаење.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тешко беше и брат со брат да се договорат за поделба на нива, а камоли 2 миљона терсене луѓе да ги дотераш у ред.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тука учителот му рече на прислужникот Геро да ги земе коњите од полковниците и да ги врзе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како би можел јас да ги знам сиве овие работи за тебе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ние тука се посоветувавме и одлучивме куците девојки уште денес да ги пратиш во главната болница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- За да ги покрие полињата со дебела, топла покривка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако како полномошник се јавува лице спротивно на одредбите од ЗПП судот ќе донесе решение со кое на тоа лице ќе му оневозможи натамошно застапување и за тоа ќе ја извести странката (чл. 81, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајка Роса одбрала животот да го посвети на момите водена само од една мисла, да ги одбрани од сите зла додека секоја од нив не си ја најде среќата!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А Хјум препорачува за секоја книга да се запрашаме себеси „Дали таа содржи какво и да е апстрактно расудување за квантитетот или бројот? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- си го задушува офтежот баба Петра, да не би да ги разбуди заспаните.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Дропките, равенките со икс и ипсилон да ги пресметаме, да ги вкалкулираме во нашата реалност, да ги одредиме координатите за да преживееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Единственото несогласување околу брачниот подвиг, беше содржината на поканата која требаше да ги убеди нашите драги гости да донесат пристоен подарок.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој час можеби сакав да избегам или да нацртам пред себе голем ѕид, но не го сторив ни едното ни другото туку најљубезно реков: - Еј, кроко, ситно око, ти носам ужина - “најубаво јадење за крокодилите“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се сеќавам дека, кога стрелките на часовникот, оној истиот што се уште ми одѕвонува во главата, се споија на дванаесет, за една минута стасав да ги бакнам сите тројца - дедо, баба и Александар!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сѐ нешто ви се расипува, а татко ти како да нема мајстори - пријатели, чека да се распадне куќата па да ги повика.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие имаат многу грижи, многу тешкотии, тие имаат многу задачи што треба да ги исполнат, па затоа исполнувањето на некоја ваша желба може и да причека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Го нареди сеното во нив и појде да ги прибере овците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Земјата оцрне, Брле и неговите другари мораа да ги пуштаат овците и говедата на паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Народните интереси ни налагаат, за да ги заштитиме нив, да го браниме нашиот јазик од пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А, се сеќавам дека престиж беше да имаш ноже специјално за правење форми од дуњата на Џорџе Балашевиќ, од „строубери“ од „Д Битлс“, од тиква од една за мене грда македонска песна, па да ги свариш во компот и задолжително да поделиш по комшиките зашто која е финтата ако теглите ги наредиш во визба во која само ти влегуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бесмислено и здодевно ми се потсмевнуваше што со мака ги разликував „ч“ и „ќ“, сѐ додека сосем не престанав да ги разликувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во кусите периоди во кои едни војски доаѓаа а другите си одеа од неговиот град, се обиде да ги среди нерасчистените сметки, особено оние што се однесуваа на обврските кон Организацијата, по чија што задача токму пред војните се врати од планината во родниот Штип.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, на задоволствата се сеќавам живо, на сите пријатни чувства. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 201
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно време останаа тука сосема скучени, како некој да ги беше прибрал под стреа од нивната заталканост, која само по некоја среќа можела ете и да има крај и чиниш се чувствуваа незгодно од тоа гостопримство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Уште малку. Мораа да ја постават меѓу четирите месингани столба и кадифеното јаже, дотерана, за да ги задржи луѓето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Всушност тој ги препрочитува моите недоизречени искази што лично тој ги има дотерувано и сега се труди да ги престори во вистини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако е крајно огорчен од целокупната ситуација во државава, но и во светски рамки воопшто – Љ.Н. е одлучен во тоа дека, во иднина, повторно би тужел доколку му биде повредено некое работничко право. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ни ветер се дигна над морето под небото ни птиците се вратија, ни топлите времиња ни јазикот се поднови, ни смислата ни миговните богови збор зедоа ни загинаа - предметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината да ги размножат и душата да ми ја изнесат на видело како разговор во акропол та да не смее да биде сама а да сака, Но мислата ми се воздигна кога Го видов!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со цел да ги заштитат српските интереси пред Русите, тие преведуваат или составуваат на руски книги со историска содржина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И ги терал луѓето да ги тепаат магарињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знам точно. Премлад ли сум да ги разбирам вашите закони?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеше да ги однесат или да ги убијат козите, а поради Сталинка да го казнат семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„First, I want to say that I am glad to be here, in a Europian country of great cultural and historical tradition, which, appart from Hungary, is the only one where I could come without a vis. In this period of transition, when western Europe is building the silk wall between the Europian community and the Balkans. I had a chanse to pass that wall easily…by plane, of course… “
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Одеа пеш дури во Кратово. Таму требаше да ги причека некој.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Многу години подоцна, уште еден великан, Жан Кокто се обидува да ги спознае тајните на опиумското искуство и, очигледно задоволен со доживеаното, во 1930. година, во книгата Опиум пишува: „Некои зборуваат за робувањето на опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да им се пријде така блиску, секому поодделно, да се сфатат, а после да им се помогнува, да им се покажува што е тоа, а после да ги гледаш како растат и постојано да ги држиш за раката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Но што? – почна да размислува Лидија, па дури почна и очите да ги превртува од тоа силно размислување.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не можеше очите да ги тргни од тебе!“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Чакарвелика беше излезена со плетало во дворот од анот да ги попечи коските на жешкото летно сонце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но јас спремив одмазда; тој ќе мора да работи на сликичките за мастики со Симпсонови за Топс. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но јас, треба да речам, заминав и заради уште нешто, нешто што ќе треба да се објасни - зовот на мојот предок, големиот добротвор Никола Поцо, чие име го знам, а само малку од делата кои сакам да ги запознам и, ако е можно, да ги повторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ние врвиме крај нив и им го вртиме тилот, вели, се плашиме да ги гледаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не бре, велам јас, да ги исправам еднаш децата на нозе, па после...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се забавуваше со неа сè додека не го слушна гласот на Стевчета: - Јагнињата забегаа! Ајде да ги завратиме.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Вистина, тоа ти бил цел сноп, завиткан околу наоколу со самолеплива хартија, па морав да ги подослободам кога ги палев, инаку не можеше да се потпалат оти, заедно со писмата што ми ги праќаше од Маказар, па и еден број што сум ги собирала уште од кога служеше војска, се собра големо купче.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко ти таа вечер ми рече: „Постојат и такви глупости што не можеш со обична метла да ги сметеш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Залагањето за легализација како да ги меша последиците на криминализацијата со последиците на општествените проблеми, или подобро кажано, взаемното дејство на криминализацијата и спречувањето или исклучувањето од општеството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гревот не ми се догледува. Можам сите свои коски во една ракатка да ги држам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рече дека не сум сакала да одам во училиште затоа што не сум можела да ги научам основните работи; рече дека не умеам ни да разговарам па затоа не одам да играм со девојчињата; рече дека сликањето не е за девојчиња.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некои гледаа дека ова е згоден момент да ги смират Танаил и Китан и му велеа на Китан да ја одложи свадбата за некој ден - да не биде заедно со погребот, но Китан велеше: „Свадбата е закажана и не ја одложувам... Одложена свадба коби на лошо...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како четврто: ќе можев своите гости да ги пречекувам на тераса, и ниеден пријател од детството нема да се исплаши од празна рамка за слика, обесена на ѕидови кои се приближуваат, толку многу што ќе сака панично да побегне, уништувајќи патем фин сервис за кафе и нова мирислива свеќа запалена во чест на неговата посета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
ПОЦКО: Што да правиме, чорбаџи, сме задоцниле кога господ делеше...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А после пак продолжуваше да ги прави оние свои мачни чекори, додека топорејќи му се со некое свое урнување врз него со сета нејзина тежина и недоодливост се надвиснуваше најпеколната мачна угорница на белиов свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така разбирајќи го долгот кон татковината, јас се решив, прво, да го изложам моето разбирање на народните идеали на Македонците во еден ред расудувања, прочитани во петроградското Македонско словенско научно-литературно другарство „Св. Климент” 1, а после и да ги напечатам во оваа книга, каде што се поместени и расудувања непрочитани во споменатото другарство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако е така, тогаш не ни останува ништо друго, освен да му се помолиме на Господа да ги умножи македонските друштва, слични на Петроградското – „Св.Климент” насекаде каде што живеат Македонци. *Прочитано на II седница на петроградского Македонско научно-литературно другарство „Св.Климент” на 28 септ. 1903 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто, оние кои се обидуваат, ќе искусат и сами дека врската што ја сочинуваат неизрежани клучеви и една женска обетка, не мора да значи којзнае што.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби ако одело по обратен ред и не ќе требало да ги жртвуваш добивките, кои се живи суштества, инаку сето тоа личи на огромна себичност и неодговорност .
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Вечер, - рече Коте, - мислам да ги изведам од село. - Умно, - рече Проедросот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Колку да беше тивко времето, колку сонцето силно да печеше, овдека, во Суши Кутол, жегата не можеше да ги испоти патниците од брзото одење на наугорништето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го очекуваа десетина работи што мораше да ги заврши до пладне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Живеејќи на чифлигот на татка си потајно демнеше згода за која ќе може да ги наклевети Акиноските пред султаните во Константинопол и да им го одземе Имотот а нив да ги направи свои раетини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас своите посетители воопшто не морав да ги уверувам дека се работеше за истиот црн човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дури и половите органи и половите односи имаат пристојни, да не речам отмени изрази, а не како нашите безобразни, да не можеш да ги задржиш на јазикот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Види кај Димитар Клисаровски и Игор Петровски: Што ќе донесат измените во Законот за работни односи? – Лошите работници не ќе може да ги спаси ниту еден синдикат; неделен магазин Капитал, бр. 461 (2008). 15 потег на законодавецот беше направен откако, претходно – во 2006, Уставниот суд ја укина оваа противуставна законска одредба. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали оставивте да поверува дека е добродојден нудејќи му место до себе на трпезата?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За сите исто, па потоа тие работи ни се мешаат во главата и никако да ги запаметиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бојан ги зграпчи, едното под едната мишка, другото под другата, па иако тешки, почна да ги врти околу себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беа Горјан и Огнен, така мајсторски маскирани што ретко кој можеше да ги познае.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во него нема живот, животот е само во душата што човек ја има, за разлика од животните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Редно било посилните да ги заштитуваат послабите. Ама можело и посилните да се уѕверат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Мансардата оживуваше, се отвараше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето ќе копаат по тоа, уживајќи, во следните триесеттина години. ТЛ: Како Gravity's Rainbow. ВГ: Да. Тоа ми е една од најомилените книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од Битола нѐ испратија во Гостивар и во Тетово, да ги очистиме балистите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По посетата на Велика Британија Тито ќе продолжи да ги обновува пријателските односи со Западниот блок, а потоа ќе ги посети и балканските земји Турција и Грција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На тоа само му одговорив дека ако ме прашаат, немам намера да ги лажам луѓето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пред сè, би било праведно да се каже дека значајното лице набргу по заминувањето на кутриот, сосема сотрениот од него Акакиј Акакиевич, почувствувало нешто слично на сожалување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По завршувањето на обичаите килерџиите почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На Башмајсторот никој ништо не му рече, барем не тогаш, но оној престана само да им ги покажува работите, што продолжи да ги краде од дуќаните.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето се издигна високо на небото, носејќи топлина што ги натера луѓето да ги соблечат валканите алишта и да ги симнат измастените шапки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Само требаше да ги повлечат чкрапалата и привидното затишје да се претвори во канонада, рововската борба да се претвори во судир гради во гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Навистина седнав и тоа со некое чудно чувство на повратник, кој помислува дека втасал дома но не смее да ги отвори очите бидејќи се плаши од разочарувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лицето му добило решителност, ако рацете, му се тресат од умор.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но од тоа тие немаат многу мака. Ги печеше ги гореше, ама и ги зајакнуваше да можат да ги издржат сите други и маки и страдања што им ги нанесуваа господарите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама како да ги поминеме?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мнозина се научија да ги прочитуваат содржините на книгите и да ги раскажуваат пред наставниците, иако не прочитале ни ред од книгата!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- И козарите и пчеларите се жалат, вели, нема каде Да ги истераат козите и пчелите. Нема каде да пасат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа има за цел да ги поттикне и охрабри обесправените и исплашени македонски работници, и по судски пат да бараат остварување на своите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа треба свето да ги чува правата на сите христијани, а не да ги жртвува правата на едните во полза на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По цел ден одеше од соба в соба, како ѕвер затворен в кафез и смислуваше начин како да ги собере маслинките.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога лисичињата видоа дека од зајачињата не им се заканува никаква опасност, почнаа да ги молат: - Останете да си играме, викаа во еден глас.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се плашам да ги отворам очите, зошто не ќе те видам, Се плашам да пуштам солза, зошто потоа не ќе ја сопрам, Кревка од болка се виткам пред ветрот во денот, Се плашам ќе ме скрши и снема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тоа си ти, Ана! Најпосле дојде да ги разгониш одвратните измачувања.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кузман гледаше во децата некое време потоа предложи да ги опколиме и да ги нападнеме од двете страни на улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не се сакаше таков, бараше во себе сили да ѝ се противстави на таа зачмаеност, но не успеваше да ги најде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа често плетеше такви чорапи и, веројатно, ги даваше некому да ги продава.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неда почна да ги реди Опстранчари на коишто им е патот во таа посока.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакаше еднаш и таа да ги потпече на тивок оган.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А Мирковиќ не сака заклан. Сите да ги заколиш не ти признава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нив, пред сѐ, ги интересира дали дрогите можат да ги поттикнат креативните потенцијали и да го збогатат творештвото со нови теми и содржини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оние што имале прилика да ги гледаат на дело, како со часови дењеноќе се бакрачат со бојата, раскажуваат дека во тие часови лудите се однесувале сосема нормално, човечки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Имав наловено доста, вистински мајстор бев да ги фаќам со раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но лудилото и ‘абнормалноста’ се табуа и ние често ги умртвуваме и отстрануваме наместо да ги изучуваме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мирче: Така. Да ги видам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Господи, имаше, имаше и други такви денови, вредни за паметење, за кои бев сигурна дека никогаш нема да ги заборавам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не мораме да бидеме риби за да ги сфатиме оние кои немаат мера ни намера потеклото да си го проверат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Ех, во бабините кажувања волчицата ги бранела волчињата - чедата свои - од човекот - ѕвер, ловџијата кој тргнал да ги убие.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопчуваа од подот Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите што ја сакаат ги заебува, а потоа пак ги бара, за повторно да ги заебе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, надвор од денотативната функција, границата може да има за цел да задржи внатре (ѕидовите на затворот), задржи надвор (електрична ограда, доверливи информации) или да ги стори обете едновремено или засебно.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Кога клинците кои ги познававме ќе добиеја нервен слом или ќе извршеа самоубиство, луѓето зборуваа: „Гледаш! Ете!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со тоа потврдувајќи нешто многу значајно: дека не е битно каде сме, какви дневни обврски имаме, со што сме ангажирани - поезијата може да ги најде своите патишта буквално во секоја и најмалечка клетка од животот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Работодавачот може да ги отстрани од процесот на работа само оние работници кои со своето однесување поттикнуваат насилничко и недемократско однесување, со што се оневозможуваат преговорите меѓу работниците и работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се исправи пред братучедите. Почна да ги трие рацете една од друга и да им вели оближувајќи се: - Така.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дени, како што реков, дваесетина години била жена на боем, па оваа оставена градина, подобро парче од градина, е некој вид омаж на тоа време; капејќи се во бањата или седејќи во еден од ’рѓосаните столови таа може да ги одмори погледот и умот од забревтаното темпо на негување на онаа другата, големата, официјална градина и од постојаното примање и гостење посетители.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Веруваше дека нема никогаш да ги запознае.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И одново специјален курир донесе партиска директива, која беше наредба: - Во партизанските одреди да не се примаат повеќе доброволци; да ги враќате дома, а на заробените владини војници и офицери да им ги земате униформите и по гаќи и боси да ги терате да се враќаат....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
За Велигден ги галев белите хулахопки и одвај чекав да ги покажам. Скокав, скокав, и паднав. И веќе не беа ни бели, ни нови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Стражата“ ќе „капитулира“ и ќе ги земе коњите да ги смести по комшиите, а луѓето ќе влезат дома во куќата, каде што се поставени трпези од горни до долни крај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој Владислав, ќе се растрчаат,оној заменикон-министер, или оној директорон на банката, тој мора да е, има син за вработување во дипломатијата...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за да може човек да ги ползува резултатите од својот труд, треба прво да се потруди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Драги Славејко, дали стана богат и славен, прашував сега јас, потпрен на перницата во одајчето, дали се насити душата твоја со разните бои што таму чекаше да ги има во изобилство, дали твојот мекам за шарење одаи го засакаа тамошните луѓе?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Судот, со парична казна од 2.500 до 5.000 ЕУР во денарска противвредност, ќе го казни вештакот, трговецот- поединец вештак, вештакот вработен кај друштвото за вештачење или вештакот вработен во орган на државната управа – кој нема да дојде на рочиште иако е уредно повикан, а изостанокот нема да го оправда; или ако до судот, во определениот рок, не го достави стручниот наод и мислење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни земја ни божјак – само троа месечина горе И еден крст што да ги покрие сами - Амин.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Двете свои големи изненадувања Рада сакаше да ги преточи во едно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не можев да ги задржам солзите кога Вера сама, со свои раце, ги наместуваше цвеќињата што ги набравме од нашиот двор и ги донесовме за вазната од камен на гробот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога тоа ќе се случи, мозокот веќе не може да ги отфрла алтернативните специјални вектори.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Додека Ѓорѓе го преспиваше денот, Рада мораше да ги пречекува и двори новите гости кои доаѓаа на честитање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Едни викаа дека на сила не можат да ги присоединат со Албанија, други тагуваа како ќе се гледаат со своите најблиски, со своите роднини кога ќе ги подели границата; трети викаа дека ќе се отселат, ќе соберат што можат од покуќнината, од добитокот, ќе испродадат сѐ и нема да останат во Албанија; четврти одеа во црквата, палеа свеќи, се молеа, плачеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа лето ја запознав Кенди Дарлинг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во МОМА, 3 табли беа поставени на штафелаи, додека останатите беа расфрлени околу платформата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како некоја невидлива сила да им ја испитувала истрајноста, да ги награди со спокојство и негрижи до суден ден доколку дојдат до целта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од тоа време позорникарите добиле толку голем страв од мртовците, што одбегнувале дури да ги фаќаат и живите, туку само оддалеку подвикнувале: „Еј, ти, гледај си го својот пат!“ – и мртовецот- чиновник почнал да се појавува дури и преку Калинкиниот мост, ширејќи голем страв врз сите плашливи луѓе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Близнаци или тројки може да зачне жена која има капацитет да ги носи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа чест ја имаше само уште отец Стефан, кога сочини нови букви, оти логотетот не можеше никако да ги научи постоечките и се жалеше дека се многу сложени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Едно ѓуле го погоди востаничкото црешово топче и топчето се распадна пред да успее да ги пресретне со своите ѓулиња непријателите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ама ѓавол да ги носи овие со деколтеата до брадавица, како некрунисаната кралица Мадам Помпадур (љубовницата на Луј 16) што по Скопје се шетаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас кај да сум жив — умрен, пред да ги скорнат овчарите бравите, ќе дојдам и ќе свршиме работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само печалбарката чека да ги остават своите сиви гнезда, чека дали ќе го види уште еднаш милото лице... А тоа е далеку, далеку!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Брат ми беше прашал дали мене би ми било дозволено да ги посетувам часовите, на кои потоа ме водеше секое неделно претпладне, во домот на својот професор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Почна внимателно да ги прелистува првите страници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие, лудост која напнуваше до дебелите камени ѕидови, но, не можејќи да ги турне, се уништуваше самата себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имено, од важни причини, кои мораат да бидат образложени, судот може да одлучи жалбата да не го задржува извршувањето на одлуката (чл. 409, ЗПП) – што, секако, е добро решение во корист на работникот којшто успеал да го добие спорот, особено тогаш кога во улога на жалител ќе се јави работодавачот. в) Законот за извршување Во поглед на присилното спроведување, односно принудното извршување на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во работните спорови, проблематиката е регулирана со ЗИ (2005), 18 којшто е изменет и дополнет во осум наврати: двапати во 2006, по еднаш во 2008 и во 2009, и дури четири пати во 2010 година – но, за среќа, ниту една од нив не се однесува на институтот 17. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој не може да ги убеди ниту Вислицени, ниту Мертен или Брунер да не го пренесуваат него и неговото семејство во гетото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Голем е гревот на мојот мрачен обид да ги сквернавам нашите легенди.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нѐ викаат да ги заземеме старите функции.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прогонуваа една со друга толку спокојно, и надоаѓаа во неоретчени налети, како горе да ги имаше уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЛУКОВ: (Надмоќно и иронично.) Господин Христов, треба ли овие ваши зборови да ги разберам - како откажување?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Притоа не можеш да ги земеш на одговорност!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку да ги прашам одошто живеат, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Време е да ги замени едно општо за сите Македонски Словени име – името „Македонец”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со радост ја гушнав, во неа на светот бремињата од сонцето свое прогонети, ко Троја се скриле, врз нив седнати на љубовта ги гледам времињата и ослепувам, поубаво да ги видам тие што биле.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така ме нарекуваа оние што се потрудија да ме оттурнат: Маестро ,велеа тие, не смеете да ги потценувате своите вредности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Немам пари, реков засрамено јас, жулавејќи ги во џебот оние три долари, несигурен дали воопшто да ги споменувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На Велвет им беа потребни појачала, па повикавме неколку продавници и се обидовме да ги набавиме бесплатно, но сѐ што успеавме да добиеме беше скромен попуст ако платиме во готово.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И навистина, на Толета не му тежеше умот за ништо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Место сето тоа ти, застанат така пред жената и со оние тројца мајстори, што ти дишеа во вратот, пред жената, целата раздрохтавена како пауница од задружната благота, не можеше да смислиш ништо друго, освен да ги требиш сламките од засушениот малтер на чекичот во твоите раце, дури не ти притекна онаа мудрост, која успеа да ја протепкавиш во неколкуте збора, што ги исцеди од својот гнев како мајчиното млеко:
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај некои гледаше дека не им достасува вера во бога, дека се очаени, изгубени од овој свет, празни, безволни, и чинеше сѐ да ги охрабри, да ги исполни со топлина и љубов, да ги исполни со верба, и тогаш на таквите поинаку им изгледаше животот, поснослив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Устата ми е вкочанета, јазикот сосема мртов, а јас упорно се обидувам да ги забодам забите во долната усна, како да е тоа нешто што морам да го правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Почина кутрата при породувањето со ќерка му Германија, после што Германија ја зеде да ја гледа сестра му Галица, Гала и со неа се пресели во Охрид зошто тука не можеше да ги издржи озборувањата на луѓето кои уште со прст не покажуваа на неа поради нејзината толку јавна врска со германскиот офицер...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Телото ми се вкочани, но тоа не го запре да ги пикне рацете под мојата ноќница и да почне силно и бавно да ме фаќа, штипе и гребе по бутовите, стомакот и градите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе го пригушам нежното распаѓање на мислата... „МОЖАМ СЕ“ Ко капка роса на лозов лист, ќе го пронајдам патот, за да ги збришам сите темни дамки во твоето срце...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што си го низала ѓерданчето, го оставила на ругузина па станала да ги види в куќа свињите, нешто пакост да не сторат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Знаев дека го мрази сожалувањето, а тоа можев да го забележам и од фактот дека не реагираше кога јас дури и наметливо ќе ги употребев зборовите што таа последните денови почна да ги одбегнува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сметаме дека нема потреба овде да ги истакнуваме недоследностите во материјалите на МТРК и во в. „Отмъщение“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но таа секојдневно упорно настојуваше да ме ослободи од сите тие обврски, за кои, веројатно, сметаше дека е прерано да ги носам на себе и успеа во тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако успееш уште и да се забавиш на своја сметка, тогаш едноставно би те сакале уште повеќе, бидејќи имаш сила да кажеш дека си поинаков.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но сојузните со Бугарите словенски полчишта во очите на непријателите, т.е. на Византијците, беа пак бугарски. Значи, Византијците фатија да ги прекрстуваат Словените уште од времето на Аспаруховата орда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Маргот.“ Стоеја, како дрвени столбови, како некој да ги закопал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа е случај кога отсуствува надворешна сличност на знаците- симболи од писмото со објектите од реалниот свет, со кои тие корелираат, а како пример на ваков тип на писмо можеме да ги посочиме броевите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога генералите ги зедоа двогледите и дурбините за да ги следат денешните битки, останаа зачудени: секој двоглед и дурбин беше закитен со маслиново гранче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„А како да ги разликуваш морињата? Од кое и да се напиеш водата сегде е солена“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се случи пред жителите да ги наточат срповите...“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Инаку би ве исекол сите до еден. Кој ти дозволил, по ѓаволите, да ги правиш тие идиотштини, да ме разоружуваш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го носев кога одев да ги пасам овците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
ПОП ЈАНЧЕ: А така. И со тоа ние треба да ги отвориме очиве четиринаесет и да не позволуваме лесните да се лажат, ами да им го покажиме правиот пат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Останал сам, никој не му се придружил за враќање. Продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Низ отворените прозорци долетуваа зборовите од востаничката песна: „Ај, излези, Ѓурѓо, на сретсело, да ги видиш, Ѓурѓо, мори, комитите!...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Водена од тој животен феномен ништо не ме спречува да ја откријам енигмата на здодевното секојдневие од целиот сопствен багаж, од најдлабоките лични тунели да ги извадам зрелите плодови, сочните овошја и да исцедам свежи сокови за освежување и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Две диви пајки прелетуваат над ѓумето. Мамките, како предатели на својот род, ги викаат со крескаво гакање но тие, пред да ги видиме, се изгубуваат отаде водата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Србите во текот на 25 години, особено во последниве 20 години успеаја, ако не да ги направат Македонците Срби, тогаш барем да создадат во европското јавно мислење убедување оти во Македонија има и Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во прво време не сакаа да кажат, ама кога докторот им рече дека нема да ги лекува ако не му кажат, Салија му ја исприкажа вистината, а докторчето се насмеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие беа како мравката, која може да ги види малите предмети, но не и големите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Каде ли се Иван, Циле и Горѓи што ги нема да се јават? — се прашаа во себе Тодор, Петре и сите живи четници, не можејќи да ги слушнат грмежите од пушките и бомбите од Ливада, каде и нив Бахтијар ги нападна, но благодарение на честата гора овие лесно се префрлија на Ленишко, кое не беше опседнато, та над самото селце го заметнаа трагот и удрија кон југ, заблудувајќи го аскерот со сражението на Лигураса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше намерата на вознемирената Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имаше толку многу земја за да ги храни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одговорот на тужбата, полномошникот на „Водостопанство во стечај“ наведе дека тужбата е преуранета и дека овие свои побарувања требало да ги пријават во ликвидационата постапка, која сѐ уште трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Грета: Тоа и не е некој проблем. Треба само гостите да ги натерате да пуштаат вода и НЛО мувите ќе си заминат на својата планета!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Што е мунасип, ќе платам, зашто јас пак имам волови и стока, ама со луѓе сум слаб; ми требаат два-тројца орачи, толку говедари, а може и некоја жена со поголеми деца да ги бркаат кравите по ливадите и гуските по реката – се јави и Мамут-бег од Оризари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од друга страна, треба Андо и Трајко да излезат до пазариштето и да „намирисаат" како оди стоката — овците, козите, јагнињата, говедата, оти од утре ќе дојде пак Мате од Кокре, Мице од Бѕовиќ, Ангеле од Штавица да купуваат стока, та и нив да ги „излажат" како Петруша и другите трговци во градот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја слуша и мечката како оди низ собата: - Клоп-клоп- клап-клап! И не смее да ги отвори очите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога падна горниот дел на твоето бикини, моите дланки, издлабени како да носат вода за испукани усни, ти ги прифатија градите запаметувајќи ја нивната деликатна тежина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почна да ги чести и луѓето со кои беше. Веќе ми надојде нервозата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега пак се насобираа сѐ поблиску, стегаа со својата морница, и тој не беше во состојба да ги оттурне нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Момент на вистината. Моронодебилен квиз за разголување на својата погана душа за пишливи пари на кој шансите да ги добиеш се 1%, а шансите да ти фаќа сеир целото маало се 99%.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Врз некој друг предмет не можеше да ги задржи очите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ај, да излеземе да ги побараме, си велиме и слегуваме сите на улица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што се израдува Нешка со првната китка, така се израдува и Крле со калците. Mope, ги гали, ги мазни, ги притиска на градите, по образите, ги избакна секој по десетина пати и ги проба да ги обуе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Според тоа, постојат два големи проблема што Партијата е заинтересирана да ги реши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Па што да правиме сега? - праша Коте. Сега Проедросот, со рацете на масата, ги погледна братучедите и сакаше малку да земе здив пред да ги праша што ќе ги праша, но толку тогаш крцна трказот на вратата, влезе жена со послужавник в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Поведи ме барем и мене, да ги понамалам од земјата, од тежината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Исто така, уште од дете бев екстремно сензитивна и понекогаш се чувствувам како од буквар да ги читам туѓите емоции, а според тоа и нивните дела.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во неговата глава и во неговите цврсто стиснати усни имаше музика, и тој ја управуваше големата машина, громовито силната органа, басот, тенорот, сопранот, длабоко, високо, и на крајот, струната што му предизвикуваше морници така што мораше да ги затвори очите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од звукот на камбаните од далечината тој се стуши повеќе отколку да ги чуеше камбаните од катедралата свети Павле и продолжи да копа уште побесно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Геле се врти кон чичко Лозан и нешто се жали: - За малку ќе се скаравме синоќа со Калча: не ме оставаше да ги излепиме сите летоци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Заради неа станував способна да ги отфрлам сите кланови, заедници, организации, митинзи, револуции, гласања и секти, а притоа да не се чувствувам загрозено.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
XXVII. За што повеќе да ги приближиме желбите на нашите поданици, што е наша намера, и во иднина да ги отстраниме сите жалби, изјавуваме дека, без оглед на спротивните заклетви, сите што ја исповедуваат или ќе ја исповедуваат верата што се прогласува за реформирана, се способни да го задржат својот сталеж и чести и да вршат секакви јавни, кралски, благороднички или градски задолженија во нашето кралство, нам покорните земји, територии и феуди, и мораат да бидат на тие места примени и нашите високи судови и други судии ќе примаат податоци и факти за животот, обичаите, верата, чесните начини на комуницирање на сите оние што ја исповедувале или ја исповедуваат како едната така и другата вера, без од нив да се бара друга заклетва освен онаа дека при вршењето на своите обврски добро и верно ќе му служат на кралот и ќе ги почитуваат наредбите, како што од секогаш важело. (...) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 95
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не се крстеле - ќе ја скршат тврдоглавоста на човечето во стуткана мантија и ќе ја омажат осаменицата, Доце Срменков не се стопил во капка восок за да не може да ја обогати со рожба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А, пак, странка во постапка може да биде секое физичко и правно лице – а, освен нив, со посебни прописи се определува кој друг може да биде парнична странка (чл. 70, ст. 1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Понекогаш му носев книги кои самиот не стигнував да ги читам а сакав да го имам неговото мислење за нив, да ми ги потцртува со молив позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ѕвезда саде низ куќи и пред куќи да ги расне цвеќињата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но сепак, дали навистина се било токму така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Згора имаше штици, а над штиците доста земја, така што огнот не можеше да ги изгори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога и оризот и чајот ги завршија, двете девојчиња фатија да ги редат ќофтињата врз стиропорот, но полека, за да не се распаднат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаа дарба работите да ги видат од сите страни, мудри беа при донесување на било какви одлуки!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од еден рамен покрив трештеше оркестар. Барабаните галопираа. Куцајќи, трубите брзаа да ги стасаат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
— Благодарам, велам и ја кинам кутијата, се грабам за цигарите. Палам една, а ми иде сите да ги запалам наеднаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас и Јулијан Граматик бевме определени да ја отвориме кутијата и да ги изброиме гласовите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога би имал камера и кога би зумирал, човек би можел да ја види мојата отворена дланка и грчот на лицето во настојувањето да ги видам поединостите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Многу помалку од половина во дружината имаа по две волиња, некои од нив немаа со што да ги заситат. Но не мислеа на тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И кога еден ден Татко започна во својата библиотека - судбина да става книги на Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин помеѓу Библијата, Куранот, Талмудот и другите свети книги, Мајка ја обзеде силен страв што не го покажуваше надворешно, немоќна да ги протолкува чудните постапки на својот сопруг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Солунските атентати властите решиле да ги исползуваат како повод за да истераат, по можност, што поголем број македонско население од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По мирната видна поврнина, извртени на грб, се белееја многу риби, замелушени од експлозијата. – Гледаш ли? – гордо рече Беличот, кога почнаа да ги берат рибите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А орлиштата се собираат да ги пречекаат, секако овде, над нас. Знаеш ли сега зошто?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Браќа му, снаите и жена му беа готови да ги остават срповите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како да ги заборавам моите урнатини?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш Дејвис истакнал дека „нашата прва, единствена и главна должност е да ги победиме Хитлер и неговите сојузници, а сите други работи мора да бидат потиснати за остварување на таа цел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако се налути Сталин, размислуваше Татко, може засекогаш да ги блокира границите и да нема излез од Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Иако некој може да ги консултира останатите и да учи од нив како да расудува, конечната одлука дали да прифати извесен заклучок ќе биде негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова лето, во знак на чистота, софијанци решија да ги затворат „семкарите“, зашто од лушпите не можеше да се спаси градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ЖОЛТ КАРТОН
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На челата под ветвите фесови им лежеше слава на злодејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку што повеќе ја покажував својата налудничава храброст, јас како да сакав да ја доближам мојата мајка, татковината, а во суштина, итајќи кон Картагина, кон дипломатскиот подвиг, јас ја одложував средбата со својата Мајка, која ја задржував во мислите со зборовите кои одамна се готвев да ги напишам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Примерот на Зефиќ е поучен за тоа како еден работник треба систематски да ги користи сите правни средства кој му стојат на располагање за да се бори против нанесените неправди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаше луѓе на кои сум им правел добрини: сум се зазел дете да им влезе на работа, болен да им се излекува, да се оперира од најбашни оператори, лек да земе од најдобри аптеки, данок ако задоцнил да плати, да не се казни, сливи со ним да се наведнам да собирам, ако се стемнувало и не можеле да стигнат да ги дособерат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И може да се случи да ги прифати сите видови на различни значења благодарение на новите контексти. (Дерида го нарекува ова итерабилност на текстот.)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И сочини Писмородецот точно триесет и две букви, триесет и две сликички за зборови триесет и два без кои не може ниеден владетел, и кои нужни му се во уката на владеењето со други, меѓу кои најважни се: „јас“, „власт“, „уво“ (доушник што значеше, човек што слуша кој што говори за власта и потем преподава кај царот) и други, а писмото тоа изгледаше целото вака: Кога виде отец Стефан дека е добро словото што со своја рака а со писмото новородено го сочинува логотетот, му предложи да издаде заповед: по целото царство да се изучат сите нови букви; писарите, отците, управителите и сите грамотни да ги заменат старите со нови букви, за да го разбираат владетелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој се обидуваше да ги изброи, а не можеше да се сети зошто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овде не можам накусо да ги синтетизирам „Експликациите“ на различните уметнички постапки на Дишан по „Големото стакло“, на кои ме наведоа овие кодекси, бидејќи секоја од нив бараше поподробно излагање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По некое време се сепна, го зеде телефонскиот именик и почна да ги превртува листовите барајќи го бројот на домот „Златна роза“. Index
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Понатаму тој вели дека е „голема будалштина кога слепецот со сите сили настојува да ги води оние што гледаат“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако наркоманите не би биле апсени, би биле казнувани поради дела кои не се разликуваат од точење алкохол.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој можеше да се преправи во тој брат од простата причина што вистинскиот брат по некој случај останал во Амакава во моментот кога „црниот брод“ со духовничката дружина испловил на морската шир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ниту димните замаглавања со ди-дити емулзијата не можеа да ги ослободат луѓето од оваа напаст.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Знам дека навистина постојат тие скали и, ако сосема не ги потисне бурјан, ќе одам некогаш да ги видам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Митра остана да ја суреди куќата. Да ги измие мисурките, лажиците, а новите бардаци пак ги однесе во земникот со една клетва по децата и бабите што се нашија од нив и ги излигавија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Продолжив да ги сечам насреде и ги доисеков; од половина нагоре пропаѓаа додека нозете продолжија да чекорат. Но само така ми се стори.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А деверушките имаат циклама фустани и само треба да ги честиш по еден бастун.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Далекувидната” политика на кнезот и на неговите „самостојни” и „национални” помошници требаше да предвиди сѐ и да ги предупреди несреќите. Но тие тоа не го направија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја дигна раката да ги избрише сите грижи од тоа чело и се здрви замрзнувајќи полека од стапалките: ноќната тишина се распрсна како стакло од остро, чепоресто `рзнување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За малку ќе заборавев дека чевлите чија флекница ја скршив од главата на мојот бивш маж, кого го начекав со некоја пачавра во мојот кревет, треба да ги земам од поправка...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Венчалната церемонија беше завршила и високите врати на катедралата се отворија да ги пропуштат зетот и невестата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прво, укината е одредбата според која невработеното лице треба да ги исполнува погоре наведените услови на денот на влегување во сила на овој закон, второ, овозможено е да бидат вработени на неопределено време согласно овој закон и невработените лица на кои тоа ќе им биде прво вработување и, трето, овозможено е да бидат вработени и лицата вклучени на обука, преквалификација или доквалификација со користење на средства од Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (чл. 1 и 2, ЗИДЗЗВ).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во таа смисла маратонските бакнежи во Kiss можеме да ги сфатиме како потсвесна реакција на ограничувањето на траењето на бакнежот со Хејсовиот кодекс во американскиот комерцијален филм, а насмеаниот егзибиционизам во Couch како реакција на неговиот пуритански дух.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И слушај сега! Тие шо ќе поминат утре да ги нахраниш веднаш! И запамти: секогаш да имаш леб!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пресудата беше спроведена доброволно, без да има потреба да ја иницира понатамошна извршна постапка, на која беше решена. 77 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа препукна во него и тој сега мораше со нив да прави нешто, мораше да ги изгуби за едно извесно време, да ги изработи, да ги измори за да го остават мирен, па колку безмислено и да беше тоа пусто префрлање на камчиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зошто? Еднаш кога ќе станеме самосвесни, еднаш кога ќе дојдеме до сознанието дека амбиваленцијата и контингенцијата се неизбежни, ние престануваме да зборуваме за социјалниот систем, општеството, и почнуваме да зборуваме за процесите какви што се: социјалитет, станиште, самоконституција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако ја испружев раката во сонот да ги допрам – се будев, и го губев и сонот. Сонот за Луција. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакате ли? - Сакаме! Урааа! Ихуу! - почнавме да скокаме и да ги фрламе торбињата нагоре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот „Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сите да можат да гледаат напред, сите да ги гледа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Колчето го пресекоа на три дела, а секој дел уште на три помалечки делчиња и тие девет коматчиња ноќта се ставија под Љупчо за да мочал на нив, а другиот ден ги однесоа кај Тина за да ги потнела, ама Љупчо не престана да плаче, башка што си дадоа сто динари.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Многу е убаво да можеш и да знаеш да сакаш. Да ги сакаш нештата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И кој да ги убеди дека луѓето што се делат едни против други на крајот остануваат и без гаќи и без татковина?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се потпираше на столот, не беше сигурен дека брзо ќе го крене. Лампионот се ширеше, се полнеше со бес, брзаше да ги подели на слогови сите познати и непознати немски зборови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ДЕПА: (упаѓа). Морее Панде, што ти требаше да кажуваш вакви муабети, да ги ставаш луѓево во мерак?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога ќе остарат, последните мигови од својот живот сакаат да ги поминат близу родната им грутка.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
– Сите овие пречки, според законот на условеност, човекот треба да ги надмине, достигнувајќи прибраност, преку која се доаѓа до самоодрекување кое, пак, е услов да се достигне смиреност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Покрај тоа, ЗИТ (1997) го овластува инспекторот, во постапката на инспекцискиот надзор, да бара лични исправи (лична карта, пасош и слично) од лицата затекнати на работа кај работодавецот, кои се должни бараните исправи да ги дадат на увид, а по потреба инспекторот е овластен и да побара асистенција од надлежен државен орган (чл. 11, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нивните родители не можеа да ги поучат како се фаќа плен поради неискуственоста, и тие самите бараа модел. Бараа од некој друг да го препишат како лекција.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа недоверба сега можеме да ја поставиме во посоодветен контекст: се работи за недоверба на стариот, субјективно и линеарно мислечки човек, што е свесен за историјата, кон новиот, што доаѓа до израз во алтернативните светови, што не можеме да ги опфатиме со наследените категории, како што се „објективно“ стварно или „симулација“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Иако уште млад, тој мораше да оди на дрва во Караорман, сам да бере дрва, да ги продава во Струга и да ја издржува целата куќа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Разделувањето со децата трае долго, најпрво Пелагија ги гушка и рони солзи, по неа Чана ги стиска во својата голема прегратка, мајката Роса како да испраќаше од своите ќерки и липтежот не можеше збор да изусти, потоа другите се туркаа, сакаа макар да ги допрат и така преку тие допири чиниш се надеваат дека и тие ќе стигнат до својот корен, до некој свој предок, роднина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Речиси без да забележиме, Бојка ги собра остатоците од храна, ги фрли во пластичната кутија под чешмата; со сината крпа од сунѓер ја избриша масата. (Дури и нè замоли да ги тргнеме за момент рацете).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ене а златната, нѐ чека, — му одговори Толе и покажа со глава кон Сливина(Планината со густа борова гора), која ги чека сите оние што не сакаат да го ведат грбот и да ги собуваат шалварите на заповедите од Мефаила и другите властодршци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
2 Темни и молчаливи, не само со секири или вили туку некои и со пушки скриени под колите и некои со кубури и јатагани во длабоките појаси, тие дваесет и осуммина продолжиле по покопот да ги влечат чкртавите двоколки по никакви патишта, оние по кои можеле да минат незабележени, и по беспаќа на кои сенките се кинеле со тајна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По изрекувањето на финалната одлука на Врховниот суд на РМ, после една година и пет месеци, во февруари 2011, Ѓорѓиевски конечно е вратен на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сумите што ги бараше се движеа од една до педесет марки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја колнев фамилијата да ми помогне, негде да ми најдат работа, да ги активираат своите врски, еднаш, барем еднаш, да се помачат да ми обезбедат сигурна плата. И ми успеа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа, ниту еден од празниците не беше очекуван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оти рече Филозофот: „Јас буквите ини на карпата не можам да ги прочитам и да ги узнаам; најпрвин на хартија или пергамент треба да ги ставам, за да може топлината да им се врати каменот што им ја одземал, што им ја шмукнал, па потем, според топлината на буквите ќе им ја определам светлината, бојата нивна, и конечно, значењето нивно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во граѓанската парнична постапка што Јакшиќ ја поведе пред Основниот суд Скопје II, ги тужеше компанијата- подизведувач во која работеше и плус уште две други компании кои се јавуваа во улога на изведувач и инвеститор на објектот на кој се случи повредата при работа [н.з. станува збор за ГТД „Бетон – Штип“ АД како второтужен и ГУТ „Луна Корпорација“ ДОО – Скопје, како третотужен].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се сети дека боговите диктираат и судат, порасна високо над нив, преголем да уверува со грмотевици, па сакаше да ги сожалува (не можеше) и сакаше да им се смее (не можеше ни тоа).
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Гледаш колку е лековерна: лекари па лекари! Толку е сигурна во нивната секреција!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама оттогаш комитите- комити ли беа, арамии ли беа - очиве не ми ги видоа. Како да потонаа, да ги лапна земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кога во почетокот на шеесетите години, тогаш се пуштија границите и едночудо наш народ замина на печалба во Европа и низ светот, дознале дека тоа не е така, дека земјата лежи напуштена и неизорана, а дека зградите се уриваат и нема кој да ги поправи, почнале да се подготвуваат за враќање.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Какви ли ќе беа моите тројца вујковци кои немав ксмет да ги запознаам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мораш да ги удираш за да се пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Втората можност би била да се укине кривичното гонење, наместо да се спроведе потполна легализација. Државата би можела наместо кривични да воведе прекршочни казни против уживателите на дрога, односно да ги казнува парично, а не со лишување од слобода; едновремено, државата би можела и понатаму кривично да ги гони продавачите, како што беше и случајот со единаесетте држави кои седумдесетите години го укинаа кривичното гонење за пушење марихуана.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Времето нѐ посипува секој час со својата прав и тоа е единствената вистина што ја признавам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа ја спомна и сликата што најдоцна за ден-два ќе сум ја видел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И така, пријателе мој, испаѓа дека Турците се ослободиле, од својот турско-арапско-персиски јазик, а ние на Балканот останавме негови заложници, да не речам заробеници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби сето тоа изгледаше како хорор шоу - „предворјето на пеколот“ - за луѓето од страна, но за нас сето тоа беше нормално - на крајот, ние бевме група луѓе што умееше да ги сфати проблемите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во спомнатите „Комитски ливчиња“ посебно се инсистира на нејзината кооперативност и спремност да ги споделува со Студентот и своите интимни дилеми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Моли влезе во некаква размена со Магнетските кучкини сестри, давајќи ми шанса да го потерам Ралфи низ вратата со торбата нежно притисната во основата на неговиот рбет. Изгледаше како да ги познава.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Поради тоа не е тешко да се предвидат сличните последици што би ги предизвикала зголемената потрошувачка на разните видови јаки дроги како што се крек и метамфетамин или послабите ПЦП, а да не зборуваме за неизбежната појава на нови дроги кои во случај на легализација би можеле да ги развиваат приватните фармацевтски фирми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако ни тргни работата, можеби ќе можи и ти да дојдиш тука, па и Атинчето и Никола да ги повлечиме.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Доволно навредливо беше изложувањето на сликата на Дик Трејси како уметничко дело од страна на Енди Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
274 Се однесува на формирањето на Првата македонска ударна бригада од Македонија под Грција на 18 ноември 1944-та во Битола. 276 На 10 декември 1944-та ГШ на НОВ и ПО на Македонија го известил ВШ на НОВ и ПО на Југославија дека им било соопштено на сојузничките мисии да ја напуштат Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кутрите, да ти е жал да ги гледаш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Беа укинати и интерните акции (дефинирани како акции кои се издаваат со попуст и кои не може да се наоѓаат во промет на пазарот на хартии од вредност), а кои можеа да ги купат работниците вработени во претпријатието, пензионираните лица и лицата кои претходно биле вработени најмалку две години во тоа претпријатие, други домашни физички лица и организациите за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 1a, ЗДК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Најпосле можеше и да ги види. Ги очекуваше целата таа утрина токму на оној срт, а сега ги гледаше како се подаваат од зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На старицата ѝ паѓа тешко разделбата со внукот и затоа го држи со ковчестите прсти за тврдата дланка и прикажува, малку побрзо отколку обично, како да се плаши дека нема да ги доискаже сите свои мисли што ја исполнуваат незината осаменост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доколку сакате врз мене да ги примените библиографско-биографските критериуми, можам да речам дека првата книга ја напишав доста рано, а потоа осум години не напишав ништо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Најдов три кристални чаши. Сега кој ќе пие во стаклени? –Настана мрморење, де од еден,де од друг: Јас сакам кристална, јас несакам стаклена, во неможноста да ги поделат чашите се надвикуваа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јазикот ти се здебелува, ти ги завлекува зборовите, ама ти не запираш да ги мачиш, да ги истураш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Дуќаните се јавни места“, ѝ рекла Рајна на Родна, „и никој никому не може да му забрани да ги посетува“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
-Позајми ми снага да ги раскрстам рацете те испив.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Има илјадници места на кои можат да се дадат парите, да фатат или да не фатат место, а сепак човек одбира да ги даде на посебно место и на посебен начин.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден пријател, решението да заминам од главниот град, за да бидам таканаречен слободен уметник и градител, со добри намери и со полно срце, да им помогнам на луѓето во Маказар, местото каде што дојдов, каде што веќе сум, за работи што им требаат, а тие не можат да ги сторат, ја нарече судбоносна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова е случај од праксата на АВРМ – Центар за вработување Велес, и тоа во повеќе приватни трговски друштва кои, поради економската криза во 2009, беа „принудени“ да ги отпуштат своите вработени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ќе почекаме да се стемни и ќе им ги пуштиме куририте што ја познаваат шумата за да ги преведат преку граница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Момчето настојуваше да ги успокои со тоа што им ги ставаше рацете на рамениците и благо ги протресуваше, една по друга.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Можеби сакал да ги сочува тие имиња барем за себеси.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку ќе и бев благодарен да постапеше така.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Може ама внимателно, да не се пресечеш. Можеш да ги сечеш сите фотографии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Востанието ни покажа оти ние Македонците не можеме да очекуваме помош од никоја од балканските државички, оти решението на нашето прашање е сето во рацете на големите сили и затоа нам и не ни треба да ги соединуваме и да ги замешуваме нашите интереси со чии и да се словенски интереси на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќерамидите скокаат кон небото, како некој со рака да ги фрла нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Успехот ѝ се огледа во наведувањето на театарската критика своите забелешки да ги пишува без зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Една од колешките ми позајми две книги за испити што требаше да ги полагам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Денес, кога мал број човечки суштества имаат доволно храна, овој проблем очигледно не е итен и веројатно не би станал таков дури и да ги немаше вештачките процеси на уништување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од секаде се слушаше мајчиниот јазик и тоа создаваше домашна атмосфера во експресот, како тој да ги сечеше австриските Алпи и широките рамници посеани со фабрики од Салцбруг кон внатрешноста на Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подруго е да ги стрижеа твоите овчји грижи - секому дај и пак тебе животта да ти е полна...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Да ги сложуваш тие луѓе и да ги редиш на рафт како актофки, не е ни вештина ни новост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И не беше ли тој, Сатаната, што го поучи него, лицемерно, да не отиде и да не се сокрие со сите други луѓе на Имотот, туку да остане овдека и да се обиде да ги смилостиви поганците со леб и сол?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Небаре се простувале од ненадоместливи пријатели, од луѓе што последни ја чувствувале нивната непроверена сила, тревите омајно замирисале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шифрантот Иваз уште од самото мое влегување во амбасадата ме задолжи со редица општи и тајни прописи кои морав само јас да ги знам и да ги чувам во мојот челичен сеф, заклучен со шифра што ја знаев само јас (а можеби и шифрантот).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како што родителот се труди да ги задоволи, колку што е можно, вашите желби, потребно е и вие да вложите напори да ги задоволите желбите на вашите родители што се однесуваат на вас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На авторот ќе му бидат потребни дополнителни петнаесет години за да го оствари ова внатрешно патување, за да се врати кон тоа што жесто­ко го обележало, одржано во инстинктот на спасување­то, задржано по првите налети на заборавот: „Нека останат спомените длабоко вкопани во ме­не, дури до заборав, сѐ додека ферментирањето на животот не одлучи да ги исфрли на површина, сѐ до мигот на оваа книга...“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Критичарите, пак од друга страна, често вршат проценка на преводот од едниот или другиот аспект на две ограничени гледишта: од тесните погледи кон верноста на преводот (оценка којашто може да биде направена само во случај критичарот да ги познава двата јазика) или од точка на третирање на текстот на ЈЦ како дело на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Очигледно, психоделичната музика комуницира со звучни симболични пораки коишто можат да ги разберат само личности кои самите доживуваат идентични или слични промени на состојбата на свеста, или пак, личности кои имаат природно развиен т.н. психоделичен сензибилитет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неколку денови по влегувањето во Белград, Гестапо фати да ги применува антиеврејските мерки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ете, и... ви го растурија бракот. Огин да ги изгори...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ете, гледате сами... Можете да анкетирате... Можете да ги видите гробиштата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но не успеваше да ги задржи солзите кои светкаа во неговите сини очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А сепак, она најсилното, она највпечатливото, она што докрај го растрепери детското срце, остана да трае, да ги премостува сите порои на времето што нанесуваат заборав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ми треба пополнување. - Со вежбите завршивме. Остана да ги облечеме и да ги наоружаме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Всушност, тие немаат ни право да се размекнуваат и да ги покажуваат своите чувства заради младоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Воспоставувајќи хармонија меѓу комбинациите на временскиот и просторниот агол на гледање, а во чија внатрешност е сместен настанот, авторот успева да ги сугерира влезните кодови на пораката...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За да се разбере постмодернитетот треба, според Вашата сугестија, да се напуштат категориите како што се: општество, нормативна група (класа или заедница), социјализација, контрола, и да ги замениме со категориите „социјалитет“, „станиште“, „самоконституција“ и „самоздружување“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас не сакав да ги изумам, но немав доволно љубов кон овие јазици и нивната литература, онолку колку што ги имав опробано, за да можам да им го посветам остатокот од мојот живот: ниту кон јазиците како такви, ниту кон чистата ученост, предавањето или проповедањето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дедо Димо не знаеше што во моментот да рече, но набргу се прибра, па свртувајќи се наоколу и преместувајќи го погледот од еден до друг, како да ги брои, рече: - Вечерата ќе биде кај мене.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За разлика од денешните илегални дилери, легалните продавачи на марихуана не би биле поттикнати своите клиенти да ги привикнуваат на амфетамини, кокаин и хероин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По Ѓурѓовден, ајле по сведенот беше, ја копам градината, а на децата им викам да ги собираат камчињата, тревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Тета се нервира. Не кога ги имитира, тогаш и нејзе ѝ е забавно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па и самиот Оддел за документација беше само еден огранок на Министерството на вистината, чија примарна задача беше не да го реконструира минатото, туку да ги снабдува жителите на Океанија со весници, филмови, книги, телекрански програми, драми, романи - со секој можен вид информација, упатство, или забава, од статуа до слоган, од лирска поема до биолошка расправа и од детски буквар до новоговорен речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дино скокна од креветот и во темницата почна нешто да вика.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во последнава деценија настана значајна регресија бидејќи силите од десното крило се обидоа да ги присвојат овие заслужени социјални и политички победи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За ова не се пишуваше во весниците. Тие не брзаа да ги кажуваат работите без да бидат сигурни дека треба да ги кажат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Цел на Новоговорот не беше само да обезбеди медиум за изразување на погледите на светот и на менталните навики што им прилегаат на приврзаниците на Ангсоц, туку и да ги направи сите други начини на мислење невозможни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ајдете, браќа, сите содружно да ги скршиме ропските пранги.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие што не стасаа да ги земат Грците, ги зедоа Србите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го очекувавме плачот на нашето братче или сестриче, за да ги претвори мајчините болки во смирени и радосни извици, нашиот страв во радост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Денес тешко можеш да ги разбереш овие клети Балканци.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Почна да мисли на групата печалбари што требаше утре даги пречека и да ги поплени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И си додава во мислите: Зашто нема закон а ни сила која да ги брани, сами ноќеска си чуваат стража, мисли на сите христијани од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само ако ми појде од рака јас самиот да слезам до дното на сопствената самота, ќе можам да ги разберам нејзините силни пораки, тајната на нејзиното балканско истрајување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Толку гнасотии им поминале што ниеден сапун не може да ги измие. Ајдучка работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ти мислиш – се исчудуваше упорниот иследник. – дека јас треба да бидам лековерниот професор а ти итриот студентот кој е спремен да ми пружи на располагање само делчиња од своите знаења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
— Јас и твоите усни ги сонувам, вели таа, уште не можам да ги заборавам бакнежите за Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние што зборуваат одмерено, човечки, со желба да бидат другарски разбрани, секогаш ни се драги, секогаш сакаме да ги слушаме, сакаме да ги среќаваме, да работиме со нив, да се дружиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Работните услови во АД „Охис“, на почетокот од вработувањето, беа релативно добри – за потоа, во текот на транзицијата, да почнат сѐ повеќе и повеќе континуирано да се влошуваат: на пример, вработените немаа ниту греење, ниту ладење – па зимно време работеа на температури под нулата, а на лето беа принудени да ги поднесуваат жегата и пеколните горештини; мензата која порано одлично функционираше сега е затворена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Има ли Русија морално право да ги заштитува нарамно со бугарските и српските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Лондон Тито беше примен од Кралицата Елизабета II и од премиерот Винстон Черчил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А тој не им се лутеше, заедно со нив се смееше: беше го испратил еднаш, кога бил малечок, татко му Софре да ги паси гуските, а тој си дошол дома без нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа мошне ефектно го направил произведувачот на спортските патики Avia, кој како „spoke person“ го изнајмил американскиот актер и фудбалер Брајан Босворт (Студен како мраз).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не можејќи да ги игнорираат постојаните информации од страна на британските воени мисии и улогата на СССР во афирмирањето на НОВ и ПО на Југославија, СОЕ во средината на 1943 година пристапила кон промена на својата политика во однос на движењата на отпорот и народноослободителните движења.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од нив ќе се види оти политичкото недоносче – Бугарија не е во состојба да ги заштитува не само нашите, но и неговите интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прашумата се жареше под сончевите зраци и децата, како некој да ги одмаѓосал, истрчаа врескајќи во летото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој ѝ велеше дека ги троши парите без ум, дека е глупава, дека не ги дава тешко спечалените пари за да ги расфрла по улица, и уште триста други глупости, зашто обично, саботите навечер беше тежок немтур.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беа во ред додека не те сретнаа тебе!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Професорот Виктор зборуваше за птиците, но само што спомна некои црви, пред да стигне да го заокружи и поврзе своето излагање, го прекина професорот Џејмс, кој се разбираше во црви како самиот да ги правел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Фатија да ни земаат наши деца, да ги потурчуваат и да прават од нив јаничари. И тука молчевме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да ги запрам водите, се насмевнуваше потоа осаменоста на Отец Симеон од ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Градот ги откри, и тие податоци јурнаа удолу за да ги комплетираат сите останати вкупни информации.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Патниците дојдоа до каленското кладенче и Јован и Толе можеа веќе да ги распознаат што луѓе идат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Козите ги уништуваат социјалистичките добра: горите, шумите. Затоа треба сите здружено да ги уништиме...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога би била воздух, секогаш би била таму, до твоите усни, да можам така да ги бакнувам нежно.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Најголемата секција од Одделот за документација, далеку поголема од оваа во која работеше Винсгон, се состоеше од луѓе чија задача беше само да ги пронаоѓаат и да ги собираат сите примероци книги, весници и други документи што беа исправени и што требаше да бидат уништени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нејзиното однесување ме потсетуваше на мојата мајка и на односот кон нас, нејзините чеда, која често велеше дека бог ја испратил во животот за да ги спаси своите чеда!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А обичните селани не сакаа да слушнат за некакви чети и војводи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арафат тие денови беше во целосен револуционерен залет и занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тој придојден, до земањето државјанство се плеткаше во политиката и емигрантската организација, но беше среќен кога се ослободи од неа, за конечно да се определи за старите заборавени источни ракописи, да ги толкува нивните тајни, да трага по нивните клучеви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сонцето веќе искачило над Трибор. Никакво петно на небото не забележува за да ги покрие неговите лаци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не му биле и потаму покриени очите со павлаката на ноќта што во далечина сѐ уште го влечела својот сив опаш, откако се прекрстил кон источната светлост Онисифор Проказник забележал дека Никола Влашки поцрнел, дошол некако испиен во лицето, со многу поостри брчки околу пропаднатите очи и отколку што можел да ги има по десет години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, кога нашите ќе отстапеа во шумата, тие излегуваа од окопите, ги собираа на куп убиените, ги натураа со бензин и ги палеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Утрото Бојан бескрајно долго ринеше снег. Се бореше за тие вчера трасирани пртини во снегот, да ги одржи, да ги зачува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас само ја потргнувам шамијата над челото, барем очите да ги скријам, да не ги гледам луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но ако имавме ние морално право да бараме од претставниците на европските држави во Македонија точно и непристрасно да ги осветлуваат своите влади и европското општествено мнение за работите во Македонија, тогаш наш морален долг беше да сме и ние осветлени за европските интереси во нашата татковина, особено за интересите на балканските државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тиа, штим-мајсторите на судбината, беа мали, не смееја да ги свртат кон мене валтерите, беретите и колтовите. Навистина можев да здивнам. Привремено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Педерите едноставно беа поинтересни и затоа привлекуваа внимание.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Камионот е наместен, капакот отворен, а војниците се чудат како да ги качат мажите така, на купче, врзани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почна полека да се прибира, да испитува околу себе, обидувајќи се да ги среди мислите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Многу полезен.  И гледај: На големата површина распослана покрај морето меѓу стелите и преполовените мермерни столбови се појавуваат слатки мечиња, берлински производи наполнети со слама и дисциплинирано маршираат меѓу плочите на гробовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еден ден, кога веќе размислував дека треба да ги залевам сите дрвца во дворот, останав изненаден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неговите книги ја имаа моќта да ги совладуваат границите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Замрзна седефот, зашто во мислите го врзуваше со некаква студена пустош и осаменост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се уплашил дека полицајците за одмазда, можат да ја остават бомбата таму каде што се најдува па таа да убие некого од овчарите или од децата и се согласил да ја однесе бомбата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Цел на функционалниот јазик е брзо и ефикасно да го обликува однесувањето на другите, за да ги реализира целите на поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лука Карер знаеше дека нивниот потег е многу ризичен и дека во животна опасност ги вовлекува и семејствата на оние чесни луѓе што прифатија под својот кров да ги примат прогонетите сограѓани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ве молам веќе немојте. Не можам да ги јадам. Разбрав: крадени биле ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Самиот долго верувал дека ги знае сите тајни на човечката историја и со таков глас цимолел нешто за вториот живот што Онисифоровото срце пребрзо зачукало, застанало за миг исплашено, пак почнало со удари да ги брои миговите на човековиот век.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Капетанот умре. Големите кристални микроскопи започнаа да ги набљудуваат црвените снопови од мускули; металните прсти се зарија во срцето што сѐ уште работеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не може да ги подигне, да се потпре на нив. Не можам и јас ништо за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како некој друг да ги помрднува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ДВАЕСЕТ И ВТОРА ПОЈАВА ТЕОДОС И КЕВА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Некои не можеш да ги излажеш, што се вели, и да ги натераш на измислена борба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој и онака нив нема да ги прими на начинот на кој размислувам јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нивните хумористични емисии понекогаш се слушаа повеќе и од политичките говори.  Не само кадровикот, туку и директорот требаше поначесто да ги зауздува преку уредникот да не претеруваат, да не му наштетуваат на опшеството, да не му поставуваат непотребни сопки во неговиот бесконфликтен напредок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ПРВАТА ЖЕНА: Добро, тогаш сите напади нема да ги опишувам, само оние што мене ми значеа, односно оние што можат да ја објаснат мојата животна приказна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На книже се запишуваа само умрените за да ги спомне попот во молитвата на гробишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По барање од странката судот може, со решение, да му наложи на вештакот да ги надомести трошоците што ги предизвикал со своето неоправдано недоаѓање или со неоправданото одбивање да врши вештачење (чл. 240, ст.1, 3-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Баба Петра влезе во кокошарникот и потамина од седалата прибра јајца. - Не била ласицата да ги излапа - си помисли.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На кадијата му удри мисла да се послужи пак со Аџи Јанета и Аџи Рампа и испрати човек да му го доведе, а тие се израдуваа мислејќи дека се покорени Мариовците и кадијата ги викна да ги направи мариовски бегови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Хартијата шушка ко да ги шепоти нашите зборови што сме ги напишале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Кој ли од селаните се упокои? - мисли гласно. Почна да ги брои оние кои се постари од него и болните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стравот и непријатностите да ги оставиме настрана. Нешто за болката.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Них ќе да ги запали тој силниј огин, да ги мучи.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Сето тоа лошо се одразува на иднината на Македонија, на духовниот пат на развој мора да посееме добро семе, оти: кој денес ќе посее оган, утре ќе пожнее крвава бура Сега доаѓам до еден мал одговор на сите овие прашања: Мора добро да се изостри погледот- до таа мера што ќе има моќност или моќ за опсервација, веднаш да ги види сите добри или лоши нешта, и моќ притоа да ги одвои едното од другото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Небаре да ги фатила мувата, да им влегла под опашка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше исто така изненадувачки оспособена да зборува без да ги мрда усните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и ѝ нареди да ја земе Неда „негова“ за сина си Митрета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стерлинг го знае нејзиниот брат кој има појачало и тој ни рече дека може да го земеме тоа појачало само ако ја земеме неговата сестра да ни свири тапани”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Освен тоа, вкусот кој е роден сам по себе зависи од набљудувачот: „Тогаш сфатив дека на гледачот, повеќе отколку на уметникот, уметноста му е дрога од навика, и затоа сакав да ги заштитам своите редимејди од тоа сквернавење“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тропањето се повторува и татко запира да ги мрда вилиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Езерото лежеше мирно под пладневното сонце, просто умртвено, како да ги потиснало и со коленици и со петици не само рибите меѓу тревите туку и брановите на дното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
При градењето пак на храмот Соломонов, секакви ајљази сакале да ги дознаат тајните и без труд и без знаење да стигнат до мајсторската титула и го убиле Хирам, една не само чиста душа, туку и најголем уметник, главен раководител на работите на изградбата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пишувам од самоилузија, од поместување; а бидејќи пишувам од меѓупросторот, непрекинато ги повикувам другите да ги побараат своите меѓупростори и од нив да ја набљудуваат градината во која стеблата раѓаат плодови што се, без никаков сомнеж, скапоцености.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ете, така, почитуван мој М., те молам да ги примиш надоблачние, небесните поздрави од стрико ти Бојан Домански, ни рајски ни адски туку средински.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се приближи, им ги покажа луѓето што идеа: — Го гледате Толе Паша на белиот коњ?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој не разговараше на оваа тема со неа, препушти работите да ги води Круме Волнаровски со неговите соработници, но лично ја надгледуваше нејзината активност во Центарот или информациите за тоа ги добиваше од Андон Клековски, негов непосреден доушник, контролор без одредено работно време и без конкретни обврски кои би биле видливи за клиентките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Му останува да тргне да ги бара, да ги најде и да види што ќе направи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие не можат да ти ги променат чувствата: кога сме веќе кај тоа, ни самиот не можеш да ги промениш, дури и да сакаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во случај на неоправдан изостанок судот може да нареди вештакот присилно да се доведе и да ги поднесе трошоците за доведувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие негови патувања поради кои остануваше сама, можеше дури и да ги разбере, но заминувањата на најстариот син тешко можеше да ги прифати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, во овој втор спор во кој бараа надомест на штета поради неисплатените плати за периодот кога незаконски беа отстранети од работа, Н.Н. ангажираше нов адвокат (Г.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Китан се обиде да ги спречи да употребува екслозив, но не успеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Четвртиот веќе се наполни, - вели тој, - утре да фатиме кола да ги изнесе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Има значи такви луѓе, не се ретки, што претеруваат со фалбите, па само ако најдат некоја жртва да ги слуша, ќе солат, ќе солат, та и ќе пресолат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имаше обичај да ги поднаместува очилата на носот, што беше необично обезоружувачки - на некој недефиниран начин необично цивилизирано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, турски како алтајски јазик, имајќи задолжително осум писмени самогласки, е спротивен на семитските како арапскиот или хебрејскиот, на кои генерално им се потребни три писмени самогласки единствено да ги означат другите зборови различно хомографирани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Врз една темна табла близу до работ на платформата можеше да се забележи, во препознатлив Бојсов ракопис, една сентенца која ја сумира пораката која тој се обидуваше неуморно да ја изрази во неговата подоцнежна работа: „Единствено уметноста е способна да ги оневозможи репресивните ефекти на еден сенилен социјален систем кој продолжува да се тетерави по линијата на смртта”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе нивелирање требаше да се изврши пред да ги добијат рампите финалните контури.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој сфати дека машината ги чекаше инструкциите за видот на цигарите што се бараа и го притисна копчето што се наоѓаше пред назнаката за видот на цигарите што сакаше да ги добие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сепак, нивните процеси на расудување треба да се извршуваат индивидуално.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И да почнат да ги градат своите мали мовчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми здодеа да ги слушам. Се упатив да најдам некого од посиноците на улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како нешто да те поттурнува. Се качуваш, качуваш... качуваш...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го распореди аскерот во три табури по педесетина души, а педесетина остави да ја вардат кашлата и конакот, да не му текне пак на Толета да ги нападне и во самото Витолиште, кога ќе разбере дека кашлата е празна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прекршени зборови расфрлани наоколу, ги згазиваме пред да ги изговориме.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Главното занимање на населението во Велес и околијата останало земјоделството, во градот - и ситното занаетчиство и ситната трговија, но приходите од тоа одвај можеле да ги задоволат најосновните потреби на луѓето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Фектори едноставно беше место во кое секој можеше да ги изнесе своите „проблеми” на виделина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Велеше дека дење, напладне гледа пламени на небото кои паѓаат како ѕвезди опашести, и оти тие на земјата се претвораат во стебленца светлина што не може секој да ги види, и дека околу тие стебленца се слуша чурлик на канарки кој не може секој да го чуе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Многу е битно да се напомене дека секој шо сака да пие пожелно би било дома да поседуе одредена количина расолница за да ги неутрализира негативните ефекти и мучнини кои се јавуваат после бурното пијанчење.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мислам дека денес е лесно да се исчитаат тие апстрактни шеми, зарем не? (Треба временски да се утврди нашиов разговор: воочи необично „земската“ фаза на војната).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш некој Јане Крстин се стрчнал и застанал помеѓу нив со дигнати раце, послаб од обајцата но не со помалку крв во очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко не се доискажа, очекувајќи Камилски да запраша: Кое би можело да биде тоа подрачје?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На пример, според чл. 36, ст.1, т.5 од ЗОП (2007), кај видовите привремени мерки за обезбедување на непарично побарување се вели дека може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување а, меѓу другото, особено: „плаќање на надоместок на плата на работникот за време на спор заради незаконитост на одлуката за престанување на работниот однос – ако е тоа неопходно за негова издршка и издршката на лицата кои, според законот, е должен да ги издржува“. 18.  За целта на ова истражување особено е интересен Разделот IV [Извршување заради остварување непарично побарување], посебно Глава XXIII [„Враќање работник на работа“] – којашто е мошне скудна, бидејќи содржи само два члена (чл. 226 – чл. 227, ЗИ). 30 реинтеграција (в. подолу).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој поради неочекуваната средба дури не се ни понуди да ги однесе до вратничето на Танаско, а ни тие не побараа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ама не светеше доволно силно за да ги насмее двете деца со лепак во џебовите и во кесата, карши кабинетот за поплаки и жалби на претседателот, кај Рекорд.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го испивте чајот? Да ги вратите шолјите, да платиме и да си продолжиме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога веќе еднаш ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Мамо, и јас ќе појдам со вас, барем со училишниот двор“, замоли Влатко, ама одговор не можеше да добие, затоа што Мими беше многу возбудена и во мигот даваше отпор - нејќеше да ги обуе белите чорапчиња, лутејќи се дека е топло, дури жешко и може да се оди со боси стапала во сандали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Извесно време гледаше низ прозорецот, а потоа, или погледот му се замори, или почувствува страв од непознатите предели во кои автобусот почна да навлегува, почна да ги затвора очите, да дреме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа извикуваа: - Напред, дете! Уште малку! - иако на сите им беше јасно дека од плисокот на брановите детето не може да ги чуе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Решението беше идеално за да бидеме заедно на море и плус да ги заработиме тие пари што ми требаа мене за уплата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Солзите немаат цена, можеш да ги избришеш но не и да им ја намалиш болката!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Непробојните огради помеѓу животи се нужност зашто, боже пази, да ми се случи да ги живеам сите животи со паметење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
2. ЧОВЕК АКО САМ НЕ СЕ БЕНДИСА, ЌЕ СЕ УБИЕ ВЕДНАШ - еј, нарциси, самољупци, да се обединиме е редно, задачата многуцветна се наложува и пред нас: сите свои бендисувања да ги здружиме во едно!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
______ 7 Пелагија не ќе се ни сетеше дека наближува Голема Богородица ако мајка Перса не споменеше патем додека пиеја кафенапред во дворчето околу малечкото масиче, додека Пела клечеше пред Мурџо малку потаму на патеката и го караше што не оди да си прошета, таа е веќе голема, ете уште неколку дена и ќе оди на училиште и тој таму не ќе смее да биде со неа оти кучиња, мачиња и други животинки не пуштале да седат со децата, навикни се да бидеш малку са, му велеше и нејзиното гласче одвај стигнуваше до ушите на Пелагија за да ги покријат зборовите на мајка Перса која кажува дека по четири дена ќе биде Голема Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По телефон се договорија со писателката Ката Мисиркова - Руменова да ги посети в четврток во 11 часот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пудриерите со камена пудра, шишенцата со парфеми, убавите чанти, свадбениот подарок од Френк, кој се состоеше од комплет четка за коса со сребрена заднина и еден чешел, сите тие нешта и други работи таа не им ги даде на своите ќерки, на кои Даниел би можел да ги види, туку на некои небитни познајници, каде што беше многу мала можноста неговите очи, кои секогаш ги гледаа тие нешта, да ги забележат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вечерва за прв пат станав свесна дека Ромео е одвратен, стар и нашминкан дека месечината во овоштарникот е лажна дека сценографијата е простачка дека зборовите што морав да ги кажам не се вистински, не се мои зборови, не се тоа што сакам јас да го кажам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И таа му велеше да ги поздрави. Кога ќе им пишува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нејзината активност била дефинирана од страна на претседателот на САД, Рузвелт: "да ги собира и да ги анализира сите информации и факти коишто се однесуваат на националната безбедност, да ги споредуваат таквите информации и факти и таквите информации да ги направат достапни за Претседателот и за оние Министерства и функционери на Владата што ќе ги посочи претседателот; да преземе, на барање на Претседателот, такви помошни активности кои би го олесниле обезбедувањето на информациите што се од национален интерес и кои во моментот не се достапни за Владата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сакам да ги прашам зошто ми се лутат, што сум им погрешила. А тие - ни црна, ни бела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гронинг: Успеав да постигнам ниво на кое работам релативно добро.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Откога заврти од зад куќата десно, видов дека тоа Атанас Бамбо натоварил две кофи со сливи џанки и туркаше накај дома да ги тури во бурето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На сличен начин компјутерот би можел да го симулира секој физички процес иако програмерот буквално би требало да чека, од сега па сѐ до вечноста, за да ги добие резултатите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Всушност, во телеграмата останав неверен на самиот себе, ги импровизирав компонентите на вообичена средба која не содржеше некакви посебни содржини кои Управата и високото раководство можеше да ги очекуваат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеше само уште да ги гледа сите оние букови трупци, наредени во карма до тезговиот, готови да го заземат местото на оној пред бичкијата, како и целата таа просторија да имаше стеганати вилици како него, застанат во нејзината средина, уште еден ненужен дел, отповеќен дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби еден од главните приговори кон оваа книга би бил дека многу нешта загатнува а дека сосема малку од нив успева да ги објасни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ми се преповторуваат неговите зборови, ми дојде пак да ги слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа и не смееме веднаш да ги отфрлиме како лага гласовите дека тој го пренел тутунот во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За да ги оттргне од себе наши­те приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Аскерот се насобра по педесет души на еден четник и нарипа живи да ги фаќа, но овие се држеа зад стените и Турците секое нарипување го плаќаа со по еден два убиени другари и пак залегнуваа и тие зад своите метеризи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Добро утро Петар... - шепна тивко Трајанка. - Добро ти Бог дал... –одговори тој исто со шепот, зашто ако зборуваа погласно, можеа да ги пробудат другите... во соседната соба.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За да го сведам на вистинска мера значењето на нејзиниот збор „часот“ и реков дека не треба толку да е сигурна во своите пресметки во врска со пристигањето на некаков си час.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа Германците го имаат измислено за да ни земаат повеќе пари (Петрович сакаше да ги боцне Германците во секој згоден случај); а што се однесува до шинелот, изгледа, ќе мора да си направите нов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти ветувам за ова, ти ветувам за она, баш си досадија! Кога ќе извлечам ветување од татко ми, мирна ми е душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Враг да ги носи! Пикаат нос кај што не им е местото.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Му се пулам ко дете. - А кога можам да ги видам, му велам, кога можам со ваша милост да ги видам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Згора на тоа имав и триесет грама добиени од Битола од тој Целета и решив да одам да ја свршам таа работа, да ги ставам парите в џеб...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дваесетте аспри што ќе ми ги дадеш се од милост, за да ги помогнеме неговите кутри потомци, а другите десет аспри се за оваа друга книга што ќе имаш исто така чест да ја добиеш од мене”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сарафов, газејќи ги спогодбите постигнати со задграничните претставници, ги вложил сите сили да го преземе раководството на Револуционерната организација и да ги истисне од нивните позиции и самите задгранични претставници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рамнотежа, вистинска рамнотежа требаше за да не паднеш и да ги одржуваш сите оние блескави предмети во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Споменатите инсталации (со логиката на виртуелните машини поврзани дела) без големи тешкотии го менувааат општествениот систем на уметноста како комплексни, нелинеарни, автореференцијални и автопоетични.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Куќата горе ја направи уште татко му додека беше жив; го купи лозјето што беше на самиот врв, а потоа почна постепено да ги купува и другите лозја и бавчи, да го освојува брегот и да пати што не успеа сиот да го купи, да стане негов господар; со преселувањето на ридот, тој ја виде и можноста да се оттргне од луѓето, да се обгради од сите зла и несреќи што го зафаќаат селото; покрај тоа, тој одовде, од овој брег, можеше многу поубаво, појасно и попрегледно да го набљудува небото и ѕвездите, што му причинуваше големо задоволство.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Обајцата зборуваа за него. Сакаа да ги чуе тој, да чуе сѐ што ќе речат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од пијаниците беа толку насилни што другите затвореници мораа да ги задржуваат силите за да ги смират.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако сакаш жив да го видиш син ти, разговарај со турската власт да ги запре потерите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За судија на борбата Мустафа ефенди го одреди прилепскиот кадија Абдурахим Али.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За нив, доволно било да ги пружат рацете, да ги впрегнат прстите и да си ја наполнат шаката со храна од некои од фишеците на соседите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И токму затоа, луѓето, индивидуално и колективно, не успеваат да ги смират и да ги урамнотежат силните налети на историјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имаше тука и една голема книга со кожени корици и со позлатени букви, кои времето не можеше да ги избрише можеби поради задржаната светост во неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- И жените ги натеравме да ни носат вода за да ги ладиме цевките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Среќко: Би требало да се навредам, но јас сум џентлмен и прифаќам критика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дора ја гледаше Ане како се обидува да ги собере сите парчиња кал и повторно да го направи ќофтето, да биде убаво и заоблено, и да не се гледаат парчињата камчиња внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И покрај недвосмислените информации кои пристигнале од Југославија од шефот на мисијата Хадсон за активноста на партизаните, британската влада од страв од ширење на комунизмот под патронат на СССР кој по победата можел да ги загрози британските интереси во Југославија и на Балканот, во движење на Дража Михајловиќ видела, пред сѐ, дисциплиниран извршител на задачите од Лондон.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Навистина се трудам да го прикажам како вистинито она тврдење дека животот ги казнува брзите кучки слепи да раѓаат. (Но како да ги ускладам овие потврдени искуства со досегашните мои сознанија дека животот постојано ме испреварува а јас никако да го престигнам?) Роза ме чекаше во најзатскриеното ќуше на кафеаната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Не, не! Јас мразам змии. Не можам да ги поднесам змиите. Ми ја смрзнуваат крвта во жилите.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи директорите дотогаш не беа навикнати на толку ниски приходи, прва мерка која ја применија за да ги задржат високите лични примања е дополнителното намалување на висината на платите на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како да чекале тишината да ги закопа, да ги израмни со недоодмрзнатата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Познато е дека многу наркомани се занимавале со криминал и пред да станат зависници и дека високата стапка на криминалот и наркоманијата толку земала замав во општеството и културата, што не е можно едноставно да исчезне благодарение на фактот што на наркоманите ќе им биде овозможено да се снабдуваат со поевтини дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не ѝ дува северот“, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се досеќава: подобро е да чекори отколку да ги здрвува нозете.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пак после да ги оставам во Белград!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И сега, греејќи се покрај овој гопем оган запален сред црква, со опуљ лакомо свртен кон иконите не за да се молиме, ами за да ги изгориме, небаре ја уништуваме целата надеж ние, борците за народна власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Рада повторно застана за да ги среди мислите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
5.  Ако не се отвори стечајна постапка над друштвото, по донесувањето на одлуката за престанување на друштвото. се спроведува ликвидација (чл. 538, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко и Камилски како да славеа пред да бидат среќни, пред да слават победа во замислената мисија, свесни дека дури и некаква фаталистичка сила би можела да ги оттргне од среќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Ќе ги изгубам кучињата“ истрпна, па почна да ги довикува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На почетокот бев среќен што го имам поголемиот дел од одајчето за себе иако секој ден навечер морав да ја метам косата и со мокра крпа да ги бришам штиците, а потоа да ја постелам рогозината врз сѐ уште мокрите штици, да подметнувам еден крпарник врз неа и со ист таков да се покривам во ноќите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие нејзини зборови уште никој не се нафатил да ги стави на хартија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знае во кој џеб, во која пазува да ги скрие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно затоа што ако направат нашите беља сега кога валијата е тука, тој може да си рече оти тоа е и против него, а второ, уште полошо ќе направат ако бегот ги побара терачите а селото да нема да ги даде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Нудиме засолниште на видовите, без да ни успее да ги помириме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ането! - се слушна машки глас. Ане се штрецна, како некој да ја удрил одзади по главчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И почнаа карабинерите да ги претресуваат селата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поблиски прописи за издавање на уверенија за имотната состојба донесува органот определен со посебен пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поголемите зла, без исклучок, не успеваа да ги забележат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има чувство, знај да го најди вистинскио материјал, вистинската кожа, постава, боја и да ги направи чевлите онакви за нивниот сопственик да заборај дека воопшто ги носи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Овците да се припуштат, кравите да се измолзат да не прегорат, оти телињата во прво време не можеа да ги исцицуваат убаво.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На 24.11.1903 год., додека Мисирков сѐ уште беше во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Независно од тоа како и на ова мое писмо ќе погледнете, должен сум да ги изнесам моите грижи по повод брзото ширење на македонското национално движење, кое не само што ја зафати Македонија, туку наоѓа одзив и овде меѓу македонската емиграција, а најмногу кај интелигенцијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Србите сакаа да ги направат Македонците да им служат на српските интереси, т.е. самите да се мислат и на своите сонародници да им велат дека се Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Утрина рано ќе го дожниеме тоа што ни остана, ќе видиме некого да го оставиме за говедана да ги има на мукает и да ги рани, и ќе одиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Прости ми, мајко, не сум ги слушнала првите петли. Па навреме да станам, заедно да ги вапсаме јајцата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ја немаше заедно да го започнеме утрото, во долгиот пат на кој дотрајаната и амортизирана 23-ка ни помагаше да ги измокриме (или исплукаме) евентуалните каменчиња од бубрезите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ќе ѝ ги пишеш волшебните зборови за успех во работата, за бериќет и љубов, а можеш и лента да ѝ снимиш (аудио), да те слуша по стопати дневно и да ги направи сите работи по ред, како по инструкциите што си ѝ ги издиктирала со радиофоничен глас.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пишувајќи ја книгата се обидував расеаните зборови (и расеаните светови) да ги доведам во каков- таков ред. Затоа ја нареков речник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со години стојам збунет пред бесконечниот список на имиња на ѕвезди и болести, на месеци и на денови, на села и на цвеќиња; со години се мачам да ги насетам сенките на звучната линија на македонските придавки со години си живеам во прелага дека еден ден поодблиску ќе го запознаам, поодблиску ќе ја насетам сензначноста на емотивниот и мисловен предел на македонскиот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Сакаш уште? Има многу!” – сестрите се радуваа поради тоа што можеа да ги подмират нивните желби . И тие тоа го запаметија за цел живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Алекса не се изненади, а Петко излезе веднаш по Бајракот и Ѓура та и тој назорум тргна по последниов на пет шеесет чекори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кои немат вера и грешно живеат, них неќе да ги види.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тешко можев да ги запрам долго задржуваните солзи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секоја расправија и секое нарушување на мирот меѓу Американците за прашања поврзани со разликите во стариот крај, а кои се однесуваат на тие народи и кои треба самите да ги уредат, ги слабее нашите напори во полза на нашите непријатели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
– Какви бераати, какви пачаври, бре домуси, туку ајте збирајте селаните да носат парите – им се врекна кадијата и им нареди на сејмените да ги одврзат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Си фрлате жарчиња?“, ѝ реков додека се трудев да ги следам со моите тешки нозе нејзините пердувести движења низ брановите на музиката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега, поради едни велосипеди можеме дури и сериозно да настрадаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Камионите за одвезување на сметот“, ѝ рече тој повторно, „ќе тргнат за да ги соберат телата.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој знаеше дека сите овие чорбаџии располагаат со добри парички, та ќе може да ги уцени и да направи еден „алашвериш", како ги викаше тој своите подвизи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Не, - рече Коле, - првин ќе ги присилат да ги искажат сите наши, бидејќи до пред малку не можеа ништо да дознаат, а потоа, без пречки, ќе удрат на палење ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веднаш до неа се појави Дине Бочаровски со својата жена и дечињата, се смести на сламарицата и веќе не одеше во ковачницата да дува во вигната и да ги удира вжарените железа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Веројатно за да ги измијат улиците од прашината и нечистотијата пред првиот девствен снег.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттука многу јасно се гледа колку Бугарите не се во состојба да ги бранат не само нашите, но и сопствените интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чекаа заповед да колат и да ги распарчат дури и нашите сенки. Дерман ќе се нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа се неброени композиции со милиони играчки и разни други подароци со кои Дедо Мраз не може сам да ги справи, се разбира.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но сега, како што можеш да видиш со свои очи, во црните мрежи на сопствената магија се загубија и тие, ќе ги скаменам да ги нема засекогаш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но ни волшебната вратика не можела да ги воскресне од земја луѓето на минатото, ни крваригата, ни синчецот, ни боцкавото магарешко цвеќе. Ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ја очекуваше мојата реакција: - Вие немате право да ми се заканувате, да ги загрозувате моите човечки права.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Партијата на Луција реши да ги диференцира младите; бараше да се декларираат, и затоа отпочна широка акција на „анкетирање“ по сите школи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се носеа под директива: да ги потсетуваат децата на нивните родени мајки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штом еднаш ќе отпочнеш да ги броиш типовите на феномени, ти си на погрешен пат, без оглед дали ќе запреш на еден или на два. okno.mk | Margina #1 [1994] 43
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Да ги критикува работите на Комитетот можеше само друг комитет што располага со сила.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Какви чувства ќе се разбудат во тебе кога твоите „ангелари“ со развеани коси долги ќе поминат покрај клупата во градскиот парк, а ти, покриен со стари весници, ќе им се израдуваш на убавината, младоста и среќата... и нема да ги препознаеш, а ни тие тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секоја недела доаѓаше цвеќарот, секој празник Да ги окопува овошките, да ги крои Да го корне дивиот повит по ѕидовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ранетите и целото бегалско население да ги прифати Варшава, Прага, Будимпешта и Букурешт, а способните, тие за кои беше јавено дека пушката ја држат покрај нога – ги прифати Москва и ги одведе што подалеку од Европа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И плашејќи се да не Исо се исплаши кога ќе го види Лазора толку голем и да го с`ска Иса против него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неумесно и неразумно е да ги одделуваме своите интереси од општобугарските, кога во соединувањето, а не во расцепувањето, е силата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истиот зеленикав руски џип, го видов од прозорците на долгиот коридор од хотелот во Влора, кога во долгата, пеколна ноќ, исцрпен од жед одев во собата на директорот на театарот да ги испијам потребните резерви вода за наредното патување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Достатно е само да ги разгледуваш улиците, старите згради или, пак, да се впуштиш во бесцелна прошетка низ метрото, во кое сѐ е електронизирано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Македонката со колак коса врз темето не можеше да замижи пред толкава болка па и од нејзините очи потекоа солзи, како и од очите на високиот маж, а заминаа без да ги поздрави толпата, со чувство дека сите ги мразат штом се дрзнуваат да испорачуваат Македончиња како Грчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Иако домаќините сѐ уште не се приготвиле за пречек на гостите, се гледа дека има каде да ги пречекаат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И дека, за жал, животот секогаш е среден така што условите за згрешување речиси и не сме во состојба да ги избегнеме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Целото! - задоволно воскликна мајката - Прво го исчисти, па го исече, па го истепа, па го зачини и на крај го испече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но штом дотрча поблиску, одеднаш, со гламњата што ја држеше в рака, почна да ги растерува кучињата. - Чибу! Чибу! Караман, Стрела, уаа!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ме пуштија, а тој го отвори пликот, досието мое и почна да тревливи, да ги прекршува веѓите и да му се поткинуваат зборовите: марш, марш, марш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може своите солзи да ги видов кај него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но затоа пак нарипаа Димовите старавинци и градевци, коишто беа дошле на пазар и убаво го натопија „бугарскиот" даскал Бина и го испратија кај Мита Црнамара да ги собере пак тој неговите витоливци, полчивци, жиовци и половината бешвици и да дојде кај „Гркот" Налета да се исправи со овие Јуди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наспроти тоа, кршењето или непочитувањето на работничките права подразбира оневозможување работниците да ги уживаат оние права што се пропишани во законот. 3.  „Мизерни плати – експлоатација како во раниот капитализам“, http://www.a1.com. mk/vesti/default.aspx?VestID=118085 4.  „Јакимовски: ’Работниците нема да бидат заштитени како мечки во планина‘“, http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=41943 9
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сѐ беше толку убаво, немам зборови за да ги опишам тие моменти кои останаа врежани во мојата душа засекогаш и на кои со носталгија ќе се сеќавам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На Сарафов не му сочувствуваа бугарската влада и кнезот, со други зборови: Комитетот, на којшто му претседателствуваше Сарафов, по македонското прашање се придржуваше според една таква програма, тогаш за тогаш само политичка, изработена уште од понапред, на која не ѝ сочувствуваа оние што се повикани да ги бранат бугарските интереси, ами сочувствуваа оние што ја составуваа толпата, со други зборови, бугарскиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Благодарејќи на козите, козарите тие ќе се осмелат да им се противстават на партиските комунистички власти, на нивните заповеди да ги напуштат козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се разделија! Не беа заедно но се почитуваа. Судбината сакаше да се вратат обајцата во Рамалах, во родната Палестина и тука да ги закопа смртта!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така 80 милиони долари е цената за платната што неавтентичниот сликар Ван Гог не можел да ги „пренесе” за 5 франци од локалното бистро.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вака, неисламизирани, може да ги држи во постојано напрегната ситуација, на исто рамниште со другата хирстијанска раја, и да ги исцедува колку нему му се сака.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите пари јас треба да ги држам кај мене. Јас, ми се чини, разбрав што кажува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не му се чекаше да потпораснат за да ги продаде некаде по пазариштата за робови, а да ги истепа или исколе сепак имаше душа во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак ни свети. За да ги гледаме кучињата со подзинати вилици, со истечени очи меѓу згурата коски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Инспекторот е должен, во текот на траењето и по престанокот на неговата функција, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, кои со пропис или со општ акт на работодавецот се утврдени како државна, воена, службена или деловна тајна, податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописите, како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- А од неодамна и јас - се уфрли Рада која ликуваше во себе што конечно успеа да ги „состави алките“ кои недостасуваа за да се „состави синџирот“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Формата на идеограмот може да биде толку изменета што веќе не се распознава како сликовна претстава на предметот; а неговото првобитно значење може да биде проширено на тој начин да ги вклучува идеите за кои не постојат јасни сликовни претстави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А притоа и Иван отспроти ми мавта со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И реков дека јас немам потчинети за да би требало за нив да одговарам, но што се однесува до мојата личност – ѝ објаснив на Росана - јас се трудев а и понатаму ќе се трудам да ги избегнам непотребните недоразбирања со животот...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За жал, аргументите што ги потегнуваат националистите, шовинистите и фашистите, народот сѐ уште ги смета за правилни, бидејќи толку се запарложил во својата мрзливост што едноставно му е премногу да мисли, расчленува, да ги динамизира психата, општеството, самиот живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова последно испитување се случуваше денес. Или ако сакате, во денот што измина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луѓе, вие што доаѓате да ги починете очите во мојот костур ме снашла старост и сув јас веќе го веднам својот грб кон посницава.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Со враќањето на работа, тој исто така се стекна со право да ги побарува неисплатените 16 плати, за периодот додека беше незаконски отпуштен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Дваесет и пет на Милка по голо месо! — му нареди Толе на Брниклијата кого го одреди да ги извршува неговите пресуди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, нешто што тебе ти направи задоволство беше затворениот Пазар - каде и да шетавме секогаш имаше желба да ги посетуваш пазарите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Некаде каде што нема да морам да ги набројувам левите притоки на Вардар за да заспијам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Додека работеше над тоа, со него се шегуваа ситните шајчина, што требаше да ги дофаќа меѓу своите прсти и да ги наместува онаму, каде што беше потребно да ги закове.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нашите последни барања колку се правилни или не, не земам да ги решавам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тешко е да не ја глумиш оваа приучена префинетост, а да им се доближиш на оние кои само тоа успеале да го научат, но ти зависиш од нив и мораш да ги усвоиш истите норми што нивната реалност ги спроведе како закони за опстојување.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако болеста е случување кое ни е непријатно како спомените што не можеме да ги промениме, пресреќно заклучив дека сум болна.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Преку својот адвокат (Т. Китановски и неговиот заменик В. Бубевски) кои му ја изготвија тужбата тој, преку суд, побара од нив солидарно да ги покријат трошоците за лекување и да му исплатат оштета за претрпена болка и психофизички повреди со трајни последици, која според наша проценка беше доста фер и праведно побарана сума од 3.400.000 МКД (55.735 ЕУР) – со оглед на претрпените физички и душевни болки поради нагрденост, како и со оглед на трајниот карактер на последиците и намалената животна и работна активност за во иднина, односно пропуштената заработувачка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите во куќата продолживме да ги прелистуваме Татковите книги, гледавме необични слики на пеперуги, кози, јарци, јагули, со намера еднаш да ги читаме и ние овие книги, но никако да ги откриеме нашите социјалистички купони.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Треба да ги изведеме одовде, да ги преведеме некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не можам да ги платам! - рече Трајче. - Не треба. Ти ги давам без пари.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неговото Сега е во нас, наше е, да го вдишиме, И да ги извишиме. Да се извишиме. Нерези 2009
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Книгите морам да ги кријам под перница.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Родени се за секакви игри: може да се игра и „прескакулица“ и „јавана“ и „солно-месо“, а и девојчињата да трчаат по браздите по цвеќиња или да се бркаат врескајќи како некој да ги дави или да им фучи со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Планините го отежнуваат соединувањето на сите Македонци за заедничка борба со непријателот, а пак им ја олеснуваат работата на Византијците, зашто со разместувањето гарнизони во нив тие можат да ги држат Македонците во послушност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние немаме излишни народни сили за да ги принесеме на жртва за бугарските, српските и грчките интереси, зашто сегашната борба е само во туѓа полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури и тогаш кога можеш да ги исполниш, ти ги бркаш од себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги пронајде двете загубени души што сплаварот ги беше оставил на спротивната страна. Ѝ остана уште да ги врзе двете откинати алки, да биде сведок на асоцијативното спојување на двата пловечки острови во водите на Власинското Езеро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кузе, кого до крв и безсознание го претепаа џандарите и добро го напоија со рицинус, затоа што на орање на воловите им зборуваше горе- долу, a не пано-като, кога виде како влегуваат Италијанците во селото, истрча да ги пречека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Доста се понамршти малку, ѝ беше незгодно да рече „не знам"; да рече „знам“, — дали ќе ја услагоди некоја работа ако ѝ даде Митра, та почна да ги собира рамената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Престана да размислува, го притаи здивот, ги изостри сетилата со цел шумовите да ги восприеми како гласови, да ги поврзе во зборови, во реченици...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А кога се спуштила ноќта, самовилите од сите македонски планини, полетнале на бојното поле, на Беласица, да ги соберат мртвите очи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Простор-око За сето време додека се мислам како да ги опишам претходниците на зборот – аватарите неподатни, а плотни за сето време неправедно што ми е дадено одеднаш за сѐ просторот се упатува накај мене и опфаќа сѐ како катаклизма - тој да има каде, јас да немам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во време на објавувањето на востанието комитетот можеше да рече оти тој не им пречел на големите држави да ги воведат реформите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овчарите ги оставија бравите и навртоа на пресопта да ги топат опинците во локвите и да си налеат вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се вратив назад, но во собата немаше никој, па излегов да ги побарам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А може да ги носи со кола, вели, ко тикви што се носат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лекум, како секогаш, појде кон дворот за да ги види козите, ама веднаш се сепна и се сети дека козите се оставени со козите на Чанга да ја делат заедничката судбина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вкупниот пораст на потрошувачката на јаките дроги нѐ загрижува поради тоа што од историјата на алкохолизмот знаеме дека поголемата потрошувачка предизвикува и потешки општествени и здравствени последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги држи двете дечиња за рачињата, се срамува да ги погледне, очите само право за да не се чакнат со тие четири искрички тука покрај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Гледачот не може да го собере тој површен материјал во визуелните слики, кои претставуваат филмски приказ или да ги испреплете тие зборови со линеарниот премин во структурата на нормалната реченица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Неа ја знаат овчарите и по неа ги скориваат своите стада; неа ја знаат орачите и по неа ги спрегнуваат своите ѕевгари; неа ја знаат жетварите и по неа ставаат да ги зафатат долгите опашки на ушите подолгите слогови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И споулавен, некако се спроврел низ трупови и урнатини до грмушки на ридишта од кои со запалени очи гледал како аскерот ги докусурува ранетите востаници и ги закитува со пламен куќите на Негуш, потоа со камшици и кундаци да ги гони низ февруарско сивило пленетите жени и деца кон пазари на бело робје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше прво едно невистинито прострелкување, кога не си сигурен да не е тоа можеби само една одронета трепка во твојот поглед, но уште следниот миг можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Било па поминало. Само Господ знае. А ние сме неуки за да ги следиме неговите упатства“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Доста ја вложуваше сета сила и умеење што поарно да ги „исправи на нозе“ и со голема нетрпеливост чекаше да дојде и оној ден кога нејзините мечтаења ќе се збиднат, кога ќе ја види Нешка мома, Толето ерген и уште понатаму — Нешка невеста, а Толето зет крај млада невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Брадестите бурлаци запинаат да ги повлечат нанапред уморните октомвриски дождови и сѐ туку се допрашуваат онака на кирилица - тагата превртена наопаку радост ли се вика?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но притоа останува вон дискусија една уште посилна поента: дека повикувањето на таквите концепти во секој случај е стриктно иредуцибилно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Токму тоа – заштита! Очекуваат религијата да ги заштити како што родителите ги штителе кога биле деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така поттикнат, се обидуваше да го оживее сиот свој интерес за работата, да ги прошири своите ментални сфаќања за целата скица за конструкцијата, како што правеше пред да му се случи ова.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас категорички одбивам да ги примам како такви.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Компјутерските екрани се волшебни огледала, кои на дадена команда (повик) ги претставуваат алтернативните реалности на различни степени на апстрактност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакам да ги втасам, ама нешто ми тежи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеме очите да ги навикнеме на студената темница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка му ги донесе колачињата и почна да ги чести гостите, Но Зоки го одминува, како да не го гледа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Таа беше со аур во приземјето, полн со ѓубре и сламиште останати од времето кога Веговци тука чуваа добиток и со беличести скреби што однадвор имаа продрено внатре и каде што сосетските кокошки несеа јајца со надеж тука да ги лежат, но со кои се хранеа змиите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Често навлегуваше во коријата. Ги обиколуваше полјаните, береше китки руен и друго есенско цвеќе, правеше букетчиња, за да ги расфрла после над својата глава и да ги чувствува како му паѓаат на лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од друга страна, продолжував да размислувам, објавувајќи ја својата неприкосновена волја. тој наш Создател, зарем требаше врз едни народи да ја истури сета своја љубезност а другите да ги одмине, или пак, во оние, најлошине случаи, дури и да ги зачади со темјанот на проклетството, му реков на Никола Леко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште нешто, јас и Пеличка од тебе бараме да ги фрлиш тие машки пантолони, во убави роби да се променуваш за да се види дека ни една мома не ти е рамна во убавината!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Корисниците исто така би можеле многу полесно да ја увидат разликата помеѓу супстанцата која се смета за прилично безопасна и останатите дроги од кои државата и понатаму се обидува да ги лиши.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таквиот литературен анахронизам дарежливо го смести во интерпретативната фигура НЕИСТОВРЕМЕНОСТ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Болест, Јоне, голема болест фати, велам, немаше кај да ги скријам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму го испратил главниот инженер за да подигне нешто тешко, или да ги истресе килимите, а таму беше и таа жена, таа коза, што се фрцкаше често по градилиштето со своите пењоари, или пак со градите испрчени напред под својата жолта блуза.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ти си можеби во право, мој Камилски, почнувајќи уште од преторијанските римски гарди составени од туѓинци, па до отоманските османските јаничари, без да ги заборавиме египетските мамелуци, па руските стрелици или современите ешалони на моќни воени организации, кои како да ги поврзува истиот дух: како да ги одржат во што подолг живот империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во доцните шеесетти, на елитата одговорна за „контрола на популацијата” стана јасно дека финансиски веќе не се исплати да ги ставаат луѓето во тнр. „дупки” и таму да ги класифицираат во фиоки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За среќа, постојат демократски модели, реформи кои можеме да ги спроведеме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вжарен, па испотен камен – тоа е историјата: севезден да ги оплакуваш мртвите и пљачкосаното царство, да гледаш како царството станува вазалство, севезден на штрек да пречекуваш нови освојувачи кои по цели ноќи на месечина низ шепотот испуштаат уплав за оние кои не знаат дека на Инките убаво им стои да се вазали на сонцето, а уште поубаво им стои да се измеќари во Храмот на сонцето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Вера целата зацрвенета во лицето му го подаде букетот на татко ми и рече: - Толку многу цвеќиња има, што не можам да ги однесам до дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Спахиите можеа да ги вратат назад, а можеше и да се случи тие што ќе си дојдат по нив да ги земат на подбишега дека од страв од Турците побегнале од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури и денес, кога веќе се затвори и книгата на неговиот живот, кога на сѐ му дојде крајот, можам да потврдам оти ниту една од неговите прелаги, а и да не ги спомнувам неделата, животот не втаса или не сакаше да ги осуди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, ние не сакајќи да ги мешаме нашите интереси со бугарските ја даваме својата согласност и го озаконуваме постојниот ред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред да се стемни, виделе од далечина урнатина на кула или на манастир, костур на вчерашен живот, ред камења или спомен на иноверска одмазда или на заборавен земјотрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За други теоретичари, границата е природна ако таа одделува групи од различна раса, јазик, или култура.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И, во слава на својата сѐ поблиска смрт, Лири ентузијастично прави планови како своите последни часови да ги изрежира во еден психоделичен сјај.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во кривичниот процес (кој беше воден пред судскиот совет во состав В.Миновска судија-претседател, С.Михајловска и С.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Петковска – поротници/членови) осудениот управител беше застапуван од својот бранител (адвокат В.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Максимовска) кој, во завршните зборови, предјави имотно-правно побарување во вредност од 3.500.000 МКД (57.375 ЕУР) кое ќе го бара во друга постапка. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но кога му ја донесоа дома и кога требаше да ги спојат, тој избега од дома и живееше во плевните или во некои напуштени куќи или во камбанаријата на црквата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ти си студент и не можеш да изигруваш Рокфелер, па да ги носиш гостите по ручеци во ресторани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можев да ги видам помамувачките ливчиња на семејното стебло, од макроскопската материја па сѐ до квантниот вакуум, пресметувајќи точно што се наоѓа помеѓу тие две сфери на време.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го гледаш Јуриј Андреевич како излегува од трамвајот и паѓа во грч, не можејќи да ги изговори четирите сакани кобни букви – се поистоветуваш.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но, да повторам, ова го сфаќаме прилично доцна. Откако ќе згрешиме“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да пие крв! Да ги сквернави нашите легенди.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Претвори ме во облак, сакам да бидам најсилно, со својата големина да ги покријам и градот и планините.“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не е во состојба, кутриот, ни да ги допре а камоли да ги сфати задскриените намери и невидливо бојадисаните постапки на насмевнатата секретарка која без да ползи туку само со неколку одмерени скокови се најде на она место од каде сега има целосен увид во сите позначајни случувања во установава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во еден од ѕидовите од собата имаше вграден серген, таму можев да си ги обесувам алиштата и да ги спастрам моите ситни нешта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Прашање е со колкава веродостојност и објективност, зошто не можеме да ги исклучиме емоциите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Овие двајца тешко достискуваа, а нему од тоа наеднаш му дојде да почне да ги пцуе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој начин на соопштување, Гита Корец со својата непогрешлива интуиција го препозна никулецот на една состојба што се развиваше како дива билка, како брзорастечки бршлен што во неа предивикуваше силен и неконтролиран страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Истовремено, од него дуваат „ледени ветрови“, има „рибја уста“ од која се цеди „леплива магла“; кожата на лицето му е „сипаничава и рапава“; и постојано молчи „како нетмур“ кој „никако ни да ги проголта, ни да ги исплука“ зборовите и мислите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мурџо и Пелагија во исто време ги насетија и заедно стигнаа пред вратничето за да ги пропуштат внатре.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
ЛУКОВ: (Задоволен од ефектот на своите зборови, пак надмоќен и циничен.) Не присилувајте ме, Ви се молам, госпоѓо Христова, да ги изговорам гласно работите на кои им се противи моето домашно воспитание?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ни клинови да ги боцкаат во ципите, ни мешето да ги врти од глисти, од далак или од нешто. Немаа тегоби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Толку работи наидуваат, си одат, а умот стои збунето пред нив; умот не е во состојба да ги сфати толкуте многу глупости во нашиов посрамен живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Телевизиските вести нѐ имаат истренирано да ги препознаваме „облека- мемите“, феудалниот свештеник (или Ирачки мулах) и неговата возвишена молитва. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 52
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борис Калпак го легна дното на пушчениот кундак врз штотуку отворен мравулник и рече дека ќе го избрише од дружината кога ќе му ја остави главата на камен да си играат со неа ноќе лисици и лисци, да ги учат малите лисичиња како се глодаат коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им заповеда да се свртат кон ѕидот од оградата, терајќи ги да ги кренат рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги следеше, сѐ додека со до крајни граници изострениот слух можеше да ги слуша нивните крикови што замреа во темната ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Многупати ми доаѓа да ги затворам очите, така одненадеж, од добростоење ќе ми дојде да ги затворам очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, туку страв во главата на Дипигус, вкрстени слики од предубедувања и стрипови, или едноставно рефлекс врежан со мастило како еден енграм- тетоваж?!) Дипигус се задушува и ја исплукува рибината глава, по што и Пајо Ентропија и Даркер и останатите девет лошотии на масата почнуваат да се кикотат и да ги плукаат несварените залаци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постоеше систем на поврзаност на овие записи со татковите книги во рафтовите на библиотеката, некаква осмозна алхемија чии тајни таткото, господарот на својата библиотека ги однесе со себе, но остави доволно за разгатка за тие што би имале моќ да ги откријат тајните кодови на неговата митска библиотека...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На првите истрели се збуни целата полиција, а и заптијата веќе беше ги известил муљазимот и кајмакамот и овие трчаа со сите заптии и оружани слуги што ги имаше по Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Истите имаа одзив во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Отсега реши дупло да ги отвори очите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Или: дали барем помислиле да го сторат тоа, или пак ние само си вообразуваме?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа патување и таа радост никогаш нема да ги заборавам!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Човековото тело се разликува од животинското по тоа што може да ги прими пораките на духот (волјата) и да се однесува според нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нешто што наеднаш може да пламне и да ги измени сите нешта или пак засекогаш да прегори дури и незапалено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некои беа нестрпливи и сакаа да одат да ја земат камбаната уште истата вечер, ама постарите ги искараа, рекоа оти таа работа не е за по ноќе кога луѓето може некаква беља да ги снајде и, не дај Боже, и камбаната да ја загубиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Затоа ќе покушам емоционално да ги ставам на куп: „Читачката“, „Зимска ноќ“ и „Коњи на поило“, плус таписеријата на полугола риба со лелеава плетенка вешто сплетена од три клопчиња дебел мохер.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И тие, како и броевите, се среќаваат главно во изрази.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му се молиме на бога што побргу да се случи тоа. Само му се молите на бога, се обиде да ги праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имаше право. Не постојат правила што ќе ни помогнат да ги растуриме тешките наслаги што ги трупа врз нас животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Убаво потстори во бавчата, копна, потпосади и подизрежа, ами зошто не ја искористи сета трева, ќе ја продадеше, да ги прснеше јаболката во цутот. И черешните беа втур цут.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Љубовта, нежноста на вујна Клементина, ни оддалеку не можела да ги замени нејзината маќеа која припаѓала на големо семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А вие Циганите не знаете да ги цените парите.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Оти: си влегол, татко, во одајата со записот проклет, но очите не си можел да ги одвоиш од буквата Ж, буквата девојка, што зографот-краснописец ја нарисал да биде со очи питоми, со раце и нозе раширени, спремна да го познае мажот свој; Оти: си видел жена, сподобие страсно во писмо, клопче отровно, со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење; Оти: вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Оти: твојот страстен поглед ѝ дал топлина на буквата-девојка, и таа оживеала, и скокнала од писмото-клопче, па паднала пред твоите нозе и почнала да ти ги бакнува стапалата; Оти, ти рекла: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Оти: иако си му се заветувал на Бога по раѓањето на твојот единствен (сега ја разбирам смислата на нагласката на овој збор во говорот на Лествичникот пред логотетот!), син Лествичникот, си ѝ рекол: „О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За да можат да се исхранат луѓето, голата сиромаштија дури мелеле дрвја за да ги јадат помешани со брашно во некаква чорба голата сиромаштија....
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Крстју му недостигаа куршуми и ние решивме да ги земеме на заем од тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По патот постанаа три-четири стари доодени коњи и мораа да ги сменуваат по аништата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И не можеш да ги заповедаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Компјутерот може да ги генерира/симулира Mandelbrot- овите јаболчни човечиња (множества) во четиридимензионални тела.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бараа некаде, кон Дојран можеби, кон Егеј можеби, или уште појужно, незамрзната вода да ги одморат на неа своите уморни крилја, да ги наполнат своите гладни, празни гуши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеме да ги исклучиме од постоењето. Океанија е светот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Продолжив надолу по патот, а братучед ми Мурад отиде преку полето, кон каналот за наводнување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не можев да ги разберам, до доцна во мојот живот, сите причини за Татковата радост во тие мигови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пука аскерот, пукаме ние. Силјан Деспотоски ја вади главата, сака да ги изброи војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Полека светот се осветлуваше од дневната светлина, моето одајче исто така, и јас можев да ги распознаам одделните линии и бои на шарите на ѕидовите правени во годините изминати од еден самоук сликар, всушност бојаџија со дарба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да ги имаш моиве очи, ѝ велам, и ти така ќе гледаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Примерот со Анчевски може да делува охрабрувачки врз останатите работници на кои им се прекршени работничките права, а се колебаат дали да покренат тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Изгледаше како накиснато врапче во својот студентски капут и во пролетните сандали, и беше толку вознемирена поради непредвидената несреќа, што заборави да ги понесе клучевите од автомобилот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше предвидено веднаш по мене, тој да ги предаде своите акредитиви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во една мошне агресивна, дури брутална, поза, актерот препорачуваше дека оние што патиките ги користат за да ги стават на масичката додека гледаат ТВ, или да прошетаат до фрижидерот, или за да ги „покажа“ - тие ни случајно не треба да ги купуваат авиа патиките!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не можам тоа да го пресметам. Не. Се обидувам, но тука воопшто нема нагаѓање, колку можеш да ги сместиш во еден камион.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Знаеш што ми рече најстариот син ова попладне?“ - го фати рабинот својот пријател за раката: „Бевме во синагогата да ги скриеме реликвиите, а тој е веќе доволно возрасен за да ги споделува проблемите со нас.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Седнува само да ја движи рачката на мевот и да ги извлекува торбите со земја. А всушност целиот е кај карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да веруваме и да ги подржуваме и егализираме сопствените избори, ќе го најдеме патот, зошто во срцето се скриени најголемите вистини, вистини кои ќе неослободат од пајаковата мрежа на лагите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Не,” рече. „Никого нема. А можеби тоа е смртта: да се постои засекогаш, да се биде свесен, и да се биде потполно сам. Потполно сам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така, значајното лице се симнало по скалите, седнало во санка и му кажало на кочијашот: „Кај Каролина Ивановна!“, а самото откако раскошно се завиткало во топлиот шинел, ја задржало онаа пријатна положба, од каква што не можеш ни да измислиш подобра за рускиот човек, то ест, кога самиот на ништо не мислиш, а меѓутоа мислите сами влегуваат во главата, една од друга попријатни, не оставајќи ти дури ни таков напор да луташ по нив и да ги бараш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А денес, ако некој поминува по патот кој води покрај фабриката, зјаат искршените прозорци кои потсетуваат на многуте тажни работнички судбини – од кои некои, во моменти на очај, завршија и со самоубиство…
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Камилски реши да стане рано и да ги набележи и преостанатите османски заемки од областа на трговијата и занаетите, парите, мерките и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Македонските војници, млади селани-партизани, во есента 1944-та, јуришаа по голините за да ги освојат нивните утврдувања, а тие, откако ќе ги пуштеа блиску до себе, ги косеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Така треба. Немој да ги штедиш ни 2 посто. - Еби им мајката педерска.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Заминуваме, а оддалеку, слушам, Дуковица колне: Огнот да ги изгори, улерата да ги лавне, петлите пејат, јас им зборувам на џандарите, а сакам сѐ да крака, да мука и да мјаука, гледам да не се чуе Дуковица. 224
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш од селаните можете да ги чуете најубавите раскази и повести за тешкото и незаборавно минато, за сѐ што ги зближува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога најмалку претпоставувале, видовитиот Дмитар-Пејко паднал на коленици и ги подал рацете кон нив. - Ми истечува крвта. Болен сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Четката на уметникот како да ги одредила маргините на студенилото на човековата душа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Срцето му се стегна кога помисли на огромната сила што е построена против него, на леснотијата со која секој партиски интелектуалец би го победил во евентуална дебата, на суптилните аргументи што тој нема да биде во состојба да ги разбере, уште помалку да им одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во последните триесет години, сведоци сме на појавувањето на нова раса во времето на младоста на индустриското општество. (Клучниот збор е младост, како спротивна на возрасност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Значи привремената власт немала начин да ги задоволи вакавите потреби за погребот па нему му заповедал Ѓурчин да се снаоѓа како што умее во врска со потребата.(Оваа наредба, со потписот на Ѓурчин, Ристе ја носи и сега во џебот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Може да ги разниша лабавите корења; може да ги откорне, да ги однесе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ќе си дојде Апостол Макаровски, ќе се собува и ќе вели: Барем нозеве да ги пуштам на слобода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скоро ќе пристигнат и дождовите и ќе нѐ замолат да ги засолниме под нашата кожа.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Влегувам дома, а пред мене гледам некои големи инсекти, небаре оси и поголеми од оси како лазат по ѕидот. Почнувам да ги тепам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во времето кога маслинките дозреваа, илјадници работници од блиски и далечни краишта доаѓаа да ги берат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите 69 околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во исто време, да ги одмерат со својата вага на мудроста – што се задржи, а што да се пропушти надвор од себе. Човекот е вистнинскиот филтер!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И со трчање се враќаш за да ги залажеш децата, да се залажиш себеси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите млади и зелени, да ти е мило да ги гледаш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
238 Како дел од операцијата „Хелиум“ единиците на НОВ и ПО на Македонија требало да „направат што повеќе препреки на патот така што непријателот потешко би можел да ги премости.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Земале мали гемии, шетале со нив по морето или пак им помагале на гемиџиите кога овие ги ваделе гемиите на суво за да ги поправаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Итрите солунски трговци се надмудруваат, како да ги привлечат муштериите, и да им стуткаат стока во рацете, по „багателни“ цени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ваквата ревносна посветеност на политичките и бизнис елити кон создавање на претприемничка клима која дополнително треба да ги привлече странските директни инвеститори е секако на линија со дводецениската заложба на сите досегашни влади во нивните обиди за беспоговорно прифаќање на диктираните механизми за економска 1 Карл Маркс, „Капиталот“, том I, стр. 134. 7 консолидација и конечно приближување до западниот стандард.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
По број беа вкупно седум, сите запишани по упокојувањето на жена му, но авторот сепак се одлучи да ги препише во својот бележник само следните два: Првиот: Жена ми Мара почина на 18 јануари 1982 година.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И јас зедов да ги казнувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од нејзината пожртвуваност, на многумина ситнодушни „мажи“, кои милуваат да ги нарекуваме синдикални лидери, може само да им поцрвенат образите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зборуваа нешто, а ние не можевме да ги разбереме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас не знам што да правам со рацете: кај да ги држам, како да ги наместам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А да се стават хероинот и марихуаната или хашишот во иста категорија е исто како да ги ставите во ист кош пивоквасот и вискито...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дури кога се испрелизгаа преку ридот што ги дели Дардаванија и Леденото Езеро на Подводниот Вок со едно око, тогаш Дедо Мраз се сврте да ги предупреди играчките како да се однесуваат, погледот му застана на ангелското лице на девојката, односно куклата со образи од две зацрвенети јаболчиња, над кои очичките како две расцутени ружи му прошепнаа: “Зар мислиш дека ќе можеш да побегнеш од мене!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Гледа наоколу и се обидува да ги долови ноќните шумови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можев да сфатам во што сум живеел, во каков кафез; не можев да сфатам дека таа лажна граница на космосот што ја поставаат системот, политиката, општеството, сведувајќи го целиот раскошен космос на три зони: секс, политика и економија, може до толку да ги затапи сетилата на човекот, та овој да престане да го гледа невидливото: подвигот, она зад онаа страна на нештата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чанга стана, се доближи до книгите за балканските империи, започна да ги прелистува, да ги гледа сликите. Се чудеше на разните ракописи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Онака, готови, шиени. Само да ги запалиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Редовен пациент објасни за различните навики на секој лекар примањата да ги започнува од различен крај на купот легитимации, на што толпата беспомошно замолча.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Околу вас се расфрлани зборови. Ситни касанки од умрениот муабет. Се обидувате да ги составите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овде сум да ги стопам сите мразови. Да ги разгорам сите огнови, да ги смирам сите олуи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Трошоците околу судскиот спор т.е. висината на судските такси не влијаеја одвраќачки при помислата дали тој да тужи, затоа што тогаш најде средства за да ги покрие овие издатоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Треба да научиме да веруваме во животот кој го живееме, да им веруваме на сопствените избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во оваа статија јас ќе се потрудам да одговорам на тие и на многу други слични прашања и со тоа, според мојата сила, да ги разјаснам научните основи на националниот сепаратизам, како и да покажам на неправилноста на тие приговори што се поставуваат од неговите противници, коишто со тоа сакаат да го компромитираат него како нешто вештачко.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, дедо Иван, подозрителен до сржта на коските, долго и сомнително ги премеруваше, се колебаше дали да ги прими и нема ли со тоа, заради извесна парична полза, да си навлече само поголема беда, од која после тешко ќе биде да се откачува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Отишле во уште поголем град и се пријавиле во циркусот што токму тој ден заминувал од таму; ги примиле само како знак на добра волја, да ги нахранат и да ги превезат во уште поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Просто немал време да ги чека бавните професори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имам два различни податока, го пронаоѓате наеднаш спасоносното прашање и го сместувате во широко разбрануваната насмевка во која сте спремни да ги потопите сите грди помисли што ви се појавуваат со неочекуваната средба со познајницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ти лежиш дома тешко болен, а јас морав да ги трпам нив и да одам на работа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Да ги штипнеш, па да видиш дали се живи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека така седеше, увото, навикнато да ги фаќа и најлесните шумови што ги раѓаше белата снежна тишина, дофати далечен виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро, не може да се наведне и да ги погали со рака ама затоа со ногата ги гали.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, да ги ставиме оклопите, ќе умреме добро облечени.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Патем, сите си ги земаат букетите цвеќиња од публиката (или од дирекцијата на театарот?), аплаузите очигледно не можат да ги понесат - тие се тешки како венци на мртовец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако Онисифор Мечкојад можел да е прв во тврдоглавоста, Онисифор Проказник стоел веднаш до него, да сраснат еден во друг, да се скаменат, да станат еден варовник од некогашни два живи облика, подоцна, многу подоцна да ги подлокува безнадежен дожд и да ги напукнува сурова жега.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А кога ќе се искачиш од приземјето до првиот кат, трчаш да фатиш ред и сè така до четвртиот кат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Настојувам да ги приземјам неговите размисли.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тажеше бидејќи на мене, и на нејзините внуци што ќе втасале по мене, им е одземена можноста да ги видат тие слики.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ѓаурска работа, може и тоа да биде; инаку како се доварди од толку потери и пусии на кои падна овие десетина дваесет години арамилак!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оти блажен е, среќен е оној кој ќе успее да ги спои светлината, бојата и музиката; блажен и среќен е оној што од папокот на жената љубена, од словото свое и од чашата вино ќе сотвори Едно, оти само тогаш ќе го најде, ќе го означи средето на светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе ти нашепнев и кој ја поттурна одзади, и тоа со двете раце, кога требаше да земе залет за да ги стори спомнатите неколку скокови до високото место каде што се најде!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Андон плашливо затрепка со белите клепки, ретки и незабележливи што скоро како и да ги немаше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Има уште многу други јадења кои се припремаат на оган од лепешки, а самите лепешки, пак, почнуваат да ги собираат, на одредено место во дворовите, уште од првиот ден кога, напролет, пред Благовец, ќе ги истераат гојдата на пасење во ливадите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се обидел да се исповеда пред челникот Онисифор Проказник, бил срамежлив и безгрешен, можеби нешто од долгиот живот и присокрил пред помлад сведок и исповедник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едни беа за спогодби. Да им плаќаат по нешто на силниците, за да ги остават мирно да си живеат како досега.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во таа смисла убаво вели Кристијансен (Christijansen): “крајната цел на уметничката замисла не е да ги забавува нашите сетила.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го слушавме, но не му верувавме. „Знам да разговарам со темнината, велеше, да ги толкувам шарите врз надојдената река, а преку нив и да ги одгатнувам собитијата на планината.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Татко ти никогаш не моча стоечки и немој пак него за сè да го обвинуваш! - повторно просаска тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само таа може да ги реши сите проблеми на веков. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ние мисирчето го чувавме за празник, со чорбичка децата да ги згрееме, со мевце гости да пречекаме.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето со најнеприфатливи гледишта најчесто се најотпорни на обидите да ги промениме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште долго нема да ги смрсиме конците па ќе биде убаво сѐ.“
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Пред конечно да ги прецизираат поединечните и општите обврски, Татко неочекувано рече: Ние мораме, мој Камилски, да ја завршиме нашата потрага, со областа која најмногу го опфаќа некогашниот живот, нашиот живот, животот воопшто!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некои жени ме запираат, ме прашуваат нешто, ама јас не ги слушам. Им бегам. Се враќам да ги доспружам алиштата на драгот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговата поезија трага по светлината на надежта. Таа може да ги размести кандилцата во мракот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, додека тие се учеа да ме мразат, јас се научив да ги презирам. ,Ирфане Пољубулгаре".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Четвртиот ден М не излезе да се прошета. Се плашеше од сенките кои може да ги фрли неговото тело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа сензибилна жена, пријателка од детството, доволно ме познаваше и најнеочекуваните мени да ги прифати како обични. – Да видиме што е! – едноставно рече, наметнувајќи го капутот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влегувањето на САД во војната на 8 декември 1941 година повторно го актуелизирало прашањето за местото и улогата на координаторот за информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал –  сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А беше тоа рутински напишана телеграма, без душа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земјата се притајувала под нивните крвави стапалки и со некакви чудни и подвижни дамки им претскажувала плитки јами.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ширината на зафатот е толку голема што се чини, дека со една малку позадлабочена анализа, авторот би можел од секое поглавје да изработи по една книга.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Страм — не страм ќе му реча: на него на Толета Кулиќево“ си је во себе кога се бришеше и таа со она ново шамивче и гледаше да ги допре напрчени устенца баш на она место тој ги допре малку пред неа неговите. Не малку се сневесели, дури и натажи, кога го виде Толета да повраќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
а душата ни лета кон Македонија, кон планината, кон шумата, како оди јагленот, уште шумата ми се гледа в очи, од некои повисоки дрвја не можам да клепнам со очиве, не можам да ги затворам, а и сонот ми беше лабав таму, во Америка,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја пратија во нашата единица тие од таму за да ги кодоши момчињата, дека ѝ барале, дека сакале да ја имаат, дека ѝ предлагале.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа траеше доста кусо, колку четири здива, или колку четири волчи соништа, а после, наеднаш, оној маѓепсничар пак ја покрена својата волшебна прачка и дивинките го разбија својот застојан синџир и сега зедоа да ги душкаат сите негови стапалки по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најлесно е своите ближни да ги осудуваш. Да покажуваш со прст кон нивните слабости.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ти ветувам – одговори, па свика: - Ама, сум ти рекол да ги заборавиш тие твои глупости!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сеедно колку небулозно и лудо да звучи, се соочуваме со два факта, што несомнено важат: просечниот Американец минува седум часа дневно, така што се ѕвери низ прозорецот во “електроносферата”, и 600 000 деца за минатиот Божиќ ги употребуваа ракавиците за да ги пикнат рацете низ тој прозорец.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Дедот Бале си зеде слобода да бара појадок од домаќинот оти Ило му тапоса половина лира а на невестата Менка бела меџудија, та ред е сега да ги нагости и тоа тој што сака — качамак и сланина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знам да ги разликувам луѓето кои не се нивни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но никако не може да ги почне имињата одназад. Тоа му е многу тешко.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сета таа братија беше за плачење, на човека му идеше и срамно и гнасно да ги гледа несреќниците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Седнаа близу до водата, да можат почесто да потшмрккуваат за да не им застане некој залаг во грлото, оти леќата не беше доста да можат со неа да ги поголтнуваат сувите залаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од овие причини мисионерите им го пуштале на Африканците Бах (на грамофон), очекувајќи ова да ги цивилизира. . .
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Почекав, нема ништо и се престрашив да ги отворам очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа, ете, го чекаат да удри оној „високион" седум и да им ги фукнат клучевите на мазите, а Мамут и компанија да им фукнат на клинците и плочите, да прошерпаат по стотина двесте денеска, оти утре е сабота, та треба да ги задоволат муштериите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие се потпираат на другите кои треба да им дадат не само емоционална туку и физичка топлина”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Врати се, мора да ги измениме!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Државата и војската имале формирано свои сопствени сигурносни и контраразнавачки процедури, а армијата и морнарицата формирале одделни служби за дешифрирање и читање на информациите што пристигнувале од дипломатските претставници на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оние што му се покоруваа на челникот со лузна на лицето стоеја и чекаа немо крај спрегнатиот добиток во колилата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Мора да ги усвојувате сите организациони работи“ напомена претседателот Томе - „в година ние ќе си заминеме во средно, а вие ќе сте осмо, па ќе треба и да раководите, и да работите, и да оспособувате подмладок.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да ги зачува своите жртви од изливот на фанатизмот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ликвидаторите се должни да ги довршат зделките што се во тек, да ги наплатат 241 побарувањата на друштвото, да го упаричат другиот имот и да ги намират обврските спрема доверителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А и боите се погодени. Сѐ е во тон“, го пофалив уште еднаш а тој, сетив, дали од моите зборови, или по своја вина, сѐ повеќе го забрзуваше здивот: „Ох, замижувам кога избирам“ одвај шепотеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да ги истера мислите од својата глава, кај пет наутро се извлече од креветот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јас морав да ги изведам синовите на пат.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Нели, мила бабо, Светиите Господови, Свети Илија и Свети Никола - ќе ни помогнат и овој пат добрината да ги наваса деветте кучки ламји?!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но тој се тргаше од настаните, не сакаше да им се врати прецизен и студено да ги измери; уште повеќе- времето тогаш стоеше, и тој, во такви часови, можеби само за еден миг, беше вон од тоа време, во беспростор, сиот во искинати сеќавања.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка, со својата питомина на срцето, со својата кроткост, со својата тивка моќ, со добрината која зрачеше од нејзините очи, умееше во себе да ги поврзе разликите од монотеистичките верувања, во некое свое заедничко верување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Доаѓај брзо дома да не те исќофтам! - викна тој на сиот глас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме чекаше малку напор со испитната сесија, но се надевав дека ќе успеам сите работи да ги средам на време и се молев на Господ да биде со мене кога ми е најпотребен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во селото Крњево немаше Турци, ама за беља доаѓаше почесто дружината на Гоце Делчев, често ни оставаше тука оружје и муниција, а ние моравме да ги криеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нешто слично на она врескање, со кое би можел пак да ги истера од себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе доаѓаме секој ден сѐ додека не ги уништиме, така рече Веселин, секој ден ќе доаѓаме да ги искорнеме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Разбираш: ме побарала кутрата за да ги открие намерите на ќерка ми?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Различните конфесии не ги разделувале меѓу себе, а ниту туѓинците не можеле да ги раздвојат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Проклетството продолжило: крастите се ширеле и од другата страна на кожата. И мозоците им се расцветувале од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Престанав да верувам во нештата што не можам да ги дофатам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треба да станува, да се облекува па да ги реди фурните со торбата во рацете.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И еден ден кога сета душа ќе му биде обземена од слепата јаничарска моќ, ќе започне да ги разместува народите, да ги заменува верите со комунистичката идеологија, да ги укинува старите азбуки на народите, по цена на милионски жртви, постапки кои се ширеа заразно и долготрајно и на балканската духовна почва.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во шестата глава, авторот сака да го испита проблемот на претворањето на идеолошкото знаење во акција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еве, да речеме, не мораш ни да ги купиш!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Почнаа да стрелаат обичен народ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Природно, ги имаше и пред говорничката плоштатка на старата црквичка: Се втурнаа меѓу луѓето што го слушаа старчето и само се појавија толку колку за да ги забележи говорникот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А лично сметам дека заслужуваат да бидат ставени на хартија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега ќе треба да одговориме на приговорот дека не умесно и е несвоевремено да ги одделуваме нашите интереси од општобугарските, зашто, од една страна, силата била во соединувањето, а од друга, Бугарија направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направела и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Основна дејност на овој „погон“ – кој работи со мошне застарена технологија и кој, по распадот на СФРЈ, почна да ги губи освоените пазари – беше базното производство, полимеризација и преработка на ПВЦ прав.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вратите и прозорците морав да ги затворам поради Вардариште“ , тоа е гласот на мајка му.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Јон зема секира и една рака пченка и почна да ги ваби: пире, пире, пире, ги ваби кокошките и која како дојди, фатија ја и пум со секирата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почна да ги посматра девојките кои таа вечер беа у топ форма, но повеќето од нив не беа богати туку делуваа на класични скотски спонзоруши кои на Трпе не му одговараа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога е тоа потребно и самиот суд може по службена должност да ги прибави потребните податоци и известувања за имотната состојба на странката која бара ослободување, а може за тоа да ја сослуша и противната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Снимателот беше, впрочем, предвоен фотограф, кој излегол во партизани последните месеци колку да им ги направи на новите раководители првите ретуширани портрети, па како таков, то ест како уметнички фотограф, стана и филмски снимател во новооснованото филмаџиско претпријатие, но иако дополу задоволен криеше уште амбиции, што допрва имаше да ги видат оние што беа доделени да ги сетат на свој грб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На трупот се напишани зборовите: Моето име е Ozymandias, Крал над Кралевите: Погледни ги моите дела, ти Моќнику, И очајувај! што очигледно имале сосема поинакво значење во нивниот првобитен контекст. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како да задоцниле, како да заборавиле да приложат соодветна емоционална маска, како режисерот да пропуштил да ги предупреди...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Како сакаш! - немарно рече Бојан и продолжи да се плиска, да фрчи и да ги трие своите веќе зацрвенети гради: - Ќе ти покажам нешто, - рече откако се исплиска и почна да се брише со кошулата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој знаеше дека децата така често ги прашуваат, за да ги научат повеќе да гледаат околу себе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јас мислам оти ништо друго не ни останува да направиме, освен да се однесеме со полна доверба кон реформаторските усилија на двете заинтересирани сили и со тоа да ги ангажираме час поскоро да се воведат обеќаните реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето кога провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Значајни албански филолози се согласуваат дека Фаик Коница од остатоците на овој древен јазик создаде моќен јазик кој можел да ги изрази сите мисли.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Истите сакаше како мирисен цвет да ги дари, но не секому.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Агресивната само-експресивна апс­ тракција стана старомодна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ако ги пуштиш, не треба само да ги огрееш, туку и нешто да им дадеш. Некое зрно или некоја трошка да им принесеш на дланката. 75
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рада овој пат читаше поспоро. Сакаше најпрвин да ги соџвака зборовите пред да ги голтне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако, се разбира, ќе треба да ставите нови шарки ако сакате да ги употребувате крилата“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите тие имаа пластични кеси или торби што ги туткаа под мишките и во скутовите, жените дури и како да ги напикуваа меѓу нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Исправен под небесниот волумен, како сваперен, сенка на некој мртов, на дамна мртвиот Никола Поцо, наслушнував да ги насетам промените во почвата долу и да видам дали се тоа победи и слава, или нешто што е подобро и да не се знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако отпочна тука да се шират и да се доградуваат рафинеријата и погоните за каучук, нашите градежници уште од пред повеќе од десетина години почнаа да ги удираат темелите на многу објекти, кои денес се шират на едно огромно пространство на овој петрохемиски комплекс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден ден ми рече: - Софи, јас престанав да ги посетувам часевите по француски јазик во Католичкиот Институт .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова големо акционерско друштво, со прилично сложена структура и внатрешна организација, во своја сопственост има уште десет други трговски друштва – меѓу кои и „Охис Пласт М“ ДООЕЛ – Скопје, кадешто конкретно работеше и X.Џ и каде имаше околу 300 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се сеќавам - којзнае пред колку години - имав обичај понекогаш да отидам во ' Ајд Парк во недела попладне, да ги слушам момчињата како држат говори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И еден убав априлски ден си го јавна својот Белче, си ја поведе „невестата" Митра по него и му отиде на поп Ристета на манастирот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или барем да успееш од некаде од подалеку да ги видиш малку поинакви, да го подзаборавиш сето она за нив, да го сметнеш тоа за нив и да ги видиш во некоја малку поблага, малку понова светлина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Родителите научуваат како да ги исклучат ушите.“ 55
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Па, најпосле, општинскиот штурец умееше да ги разнежи срцата, но не моето - болно и разјадено, и исцедено, без чувства и без живот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѝ кажав на мајка ѝ на Ило да ги однесе до таксито кое ќе пристигне во секој момент Чекав и се тресев, како тоа да беше најважното нешто во мојот живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таксистот беше фер. Им рече дека со оглед на тоа дека гардата им е зад петици, ќе мора да ги слезе што е можно побрзо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Темата која за Рада беше болна, мудро и двете ја избегнуваа. Оставија заборавот и времето да ги излекуваат раните. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако понекогаш и успееше да ги растера мислите, тој немаше моќ да ги спречи соништата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оливера Поточка мие садови, а јас ѝ велам да ги препомине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина, би било убаво под опојот на хашишот да ги раскине вените и да се пренесе во весел заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попот влезе во олтарот, тури темјан во кадилницата, го наметна петраилот и го почна утрењето со: „Благословен бог наш, всегда, нинје и присно и во вјеки вјеков“, а Куле веќе застана на певницата поткачен на едно столче, и откако одговори „амин“ почна да ги чете утрените псалми.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само една птица не можеше да го одржува летот на јатото, за на крајот да остане на брегот, за да ги зајакне крилцата и повторно да полета кон своите, во далечна Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нам не ни допушта местово да ги изредиме сите ваши филолошки и етногравски блујаници, со кои обилуваше вашата статија, и сите гнасотии и клевети што ги упативте не само на егзархијата туку и на сиот бугарски народ и да ви покажеме кој пцуел вие или ние.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На убивањето и на клањето јас му се преплашив во времето кога од Комитетот ни наредија да ги испотепаме селските кучиња.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ќе видиме, што ќе видиме: секакви трговци со пропелери под брадите, дебели мешишта во кои со крајни напори се одложува свеченото кркорење на цревата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Без да се дозбориме најнапред застанавме тука, за да ги разгледаме автата и да им се восхитуваме на досега невидените.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но неговото чувство за тоа дека е Германец никогаш не беше застрашувачко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден ден Доста ги остави децата дома и и рече на Митра да ги поварди дури да црпне вода од бунарот на стрико — Малови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Умножувањето на бројот на ракописите, конкретните и оние кои се исчитуваат посредно меѓу редови, место да ги осветлува настаните од повеќе агли слагајќи роман-мозаик, тоа умножување, меѓутоа, твори наполно нова конструкција на меѓусебно противставени документи кои како позитив и негатив постојано го негираат веќе реченото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, средба со Французинката немаше како за инает.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А ги има на секој чекор, верувај ми, само што не можеме да ги видиме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Горе го чувам тој список, на катот. Во долапот. Во најгорнот дел. Под неговата Козачка капа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Куќа можат да повлечат. – Јас пак дојдов да купам два чифта: ајде ако е мунасип и касмет; да ги видам што стока се, да фаќаме рака – се јави Фазли од Дедебалци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еден ден очите на сите ќе се уморат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Реков дека ќе ги раскренам садовите и дека треба да ги измијам за утре да го почнам денот со чист прибор. Тоа со садовите траеше кратко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Многузначноста, поливалентната згуснатост на смислата на времето да ги сече сите можни духовни оски и рамнини, е предмет на поезијата и влегува во нејзината филозофија како нејзина централна составка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ти Џенсен и ти Хачисон ќе заминете први како патрола. Добро да ги отворите очите.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ги подбуцнува Онисифор Проказник, тоа го знам“, рече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како кога клепам за да ги растерам солзите, жалта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дени, станарката на Clock House, е вдовица на сликарот Алберт, кој до интервенцијата во Унгарија, бил тврд комунист, а потоа минал во „зелените“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бев млад, зелен и глуп и мислев дека треба да ги носам со гордост.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој човек може да ја употребува туѓата азбука и за гласови од неговиот јазик или да ги изложи своите мисли со помошта на туѓа азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што значи, последица од тоа е што се отвораат просторни коридори кои меѓусебно се ривалски; во нив влегува еден таков збркан перцептивен систем и на мозокот му се чини дека се создаваат цели нови универзуми.”
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еден од нив, знаејќи за метежот кој се случуваше во саботите навечер на терасата на хотелот Куба, беше задолжен да ги чува местата до пристигнувањето на друштвото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Александар одамна веќе патува со авион.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еден ден, црн ден за мене, го заповедав Ангелета да ги истера кравата и магарето удолу, покрај реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прашуваа: „Герасиме, синовите на царот Сонце и царицата Месечина беа ѕвезди, нели?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред зори Шпиро се прибра дома, а Бисера без да мигне, дури татко ѝ и брат ѝ предремаа, замеси дветри погачи, залеа вода, ја почисти куќата, ваганите и си отиде дома да наѕре и пак се врати долу да ги пече погачите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се водеа по тесното патче од Кучкин Камен кон Суши Кутол и се грижеа да ги заборават сите непријатности што ги поднесоа овие два три месеци, зафатени со таа општа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Солзите не можат да ја променат судбината, да го измијат минатото, да ги избришат зборовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Капаците на пенџерињата, можеш да ги затвориш, вели Костадин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Малото дете врескаше од страв и ја криеше главата во нејзините гради како да се обидуваше да се закопа во неа, а жената ги ставила своите раце околу него и го смируваше иако и самата беше модра од страв, за сето време покривајќи го колку што е можно повеќе како да мислеше дека нејзините раце можат да ги одбијат куршумите од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во еден период не можеа само да ги поврзат гладувањето на неговото семејство со упорното одбивање да им купи, како сите нормални луѓе, коза на своите деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во таков случај репресалиите на Германците ќе го ставеа во ризик целиот остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И во секојдневниот живот, состојбите на будност и конвенционално чиста свест се несомнено неопходни поради голото преживување во светот на бројни опасности коишто мораме да ги совладаме, да правиме со нив компромис или да ги заобиколиме.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Година, година и пол се појавуваше на нивните трибини и зборуваше за нужните промени што општеството мора да ги направи, така што за почеток ќе мора да се одржат фер избори и генералот Стојан да замине од власта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Потоа уследи и средбата со Боге од Бањи, со сите оние инфорамации за мерките што ќе бидат преземени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако ги знаеш ти, па и јас да ги знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Точно предвиде момченцето. Бидејќи не беа за колење, вечерта никој не дојде да ги вознемирува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И, од тој магличав изгрев излегува Филип Хаџиевски и ми шепнува: — Најтешко им е да ги тепаш пред жените и децата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се ни сврте кон луѓето да ги отпоздрави.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие можеа да ги вкрстат своите искуства.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мансардата оживуваше, се отвораше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сепак, да ги споредуваме со цел да ги сместиме во хиерархиска структура, не би имало никаква смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Докинс (Dawkins) го предложи зборот „меми“ за да ги опише овие авто-реплицирачки идеи што се шират низ популацијата, предизвикувајќи културални мутации.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сите имаме слобода да ги отфрлиме правилата кои добро ги познаваме во потрагата по среќа, но за тоа доброволно ќе си ја платиме цената.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И сѐ ми се причинува дека само заедно можам да ги сочувам...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не му оставил, изгледа, ни мангарче да ги загрее ковчињата...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Штотуку го отвори учебникот, сѐ уште педантно завиткан со украсната хартија, со која мајка му имаше обичај да ги завиткува неговите книги, почувствува туѓо присуство зад неговата глава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Богами, ваква ламја не сум видел за работа, рекол Мирче, оваа сите може да ги носи под мишка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеш ли уште еднаш барем да ги поместиш карпите меѓу нас, уште еднаш да бидеш блиску до мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
А Фернандо... – показалецот повторно се врати до лицето и се залепи на долната усна, по квантитет сообразна на образот: ...тој ти беше од ретките, исклучителни поети кои што со огромна еластичност можат да го минат патот меѓу секојдневниот и имагинарнит живот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нашето присуство само ќе ги дразни Турците, та поголеми зулуми ќе прават.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наместо да меморизираат податоци луѓето ќе учат како соодветно да ги складираат, повикуваат и да ги менуваат податоците.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Пролет е“, се обиде да ми објасни. „Ќе ни се вратат штрковите во големи јата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу често ме будат нејзините родители кои гласно крескаат за ќерка им да ги чуе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како ќе поминам низ град ваков...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На 7 април 1944 година капетанот Патрик Еванс, член на британската воена мисија на територијата на Македонија под Грција добил писмо од членот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија Киро Георгиевски-Дејан во кое, од британската воена мисија се барало да обезбеди „оружје, муниција, облека, експлозив и златници“ бидејќи во „последната недела имал 100 регрути“ кои морал да ги врати поради тоа што не можел да им даде оружје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој реши 4 месеци да ги чека резултатите од воведувањето на реформите и после со „чиста совест” го објави востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На закопот беа сите жители од Потковицата, и старо и младо, и машко и женско, и свршеникот и роднините негови дојдоа од Битола, и сите на глас ја редеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имаше наши измамени на патот на јагулите, останати довек в туѓина, со аманети и последни пари да се испратат по смртта коските во родната земја, верувајќи дека само таа може да ги прими и да им даде спокој, да ги стопи во дното на копното, како јагулите во дното на океанот.“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А оние сега како допрва да ги откриваат ѕидовите и нивната волшебна моќ да ги одделат од изгубеноста и им требаше доста време за да се изнајдат сосема и да почнат да ги бришат своите пушки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Комисијата влезе во училиштето заедно со учителот и кметот кој од вратата им викна на луѓето да не влегуваат во училиштето, да си одат, да ги остават на мира да разговараат со Комисијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога ќе чуеме, онака занесено и замижено, што ќе чуеме: едночудо посетители машки запнуваат да го спорат тркалањето на сопствените тајни и да ги спастрат под сенка музичките акорди.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Младите дигитални алхемичари во своја команда имаат орудија на разјаснување и моќ кои нивните претходници не можеле ни да ги замислат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 44
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Земанек ја убедуваше дека е возможно и уште ѝ објаснуваше дека јас таа вечер сум ги довел девојките до ситуација да пукнат од смеење, оти сум ја споил таа акробатска способност со мојата смисла за хумор и книжевност, па сум играл една епизода од Декамерон на Бокачо, во која наивниот и глупав сопруг никако не може да се качи на скалата од таванот, за да ја фати својата жена Петрунела како со својот љубовник води љубов; а не може да ги фати, затоа што не ја потпрел скалата на ништо, па штом се качи, се занишува и веднаш стрчнува надоле, од другата страна на скалата, за да не падне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нашите интереси треба да си ги изучиме и да си ги заштитуваме сами, а не да ги даваме во туѓи раце за да ги експлоатираат малите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знам дека по оваа книга ќе следат уште многу нови текстови, уште многу нови шарени и светкави, крцкави бонбони, кои уште од сега нестрпливо чекам да ги вкусам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никој од нас не би искористил никого на светов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Клои, се изненади од така вешто срочениот одговор, ни самата не знаеше од каде дојдоа тие толку комплексни зборови, во нејзината четиринаесетгодишна претстава за светот, кои едвај да ги имаше чуено во секојдневните разговори.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но дали родителот секогаш може да ги исполни бескрајните, убави детски желби.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Притоа, за него е суштествен еден поим кој го осветлува рационалниот аспект на човековото знаење - телеолошката заднина, „односно рамката определена од интернализираното знаење која служи да ги определи и одобри активностите на поединецот соодветни на целта и на хиерархизацијата на активностите”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ретко кога работите се откриваат одеднаш со сите резултати и со сите последици, особено за луѓе како мене, кои не можат уште со првиот поглед да ги проценат сите поединости и да го совладаат сиот волумен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја бранев таа своја сопствена митологија, која учеше дека е можно да читаш без да ги научиш буквите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Грабај, и крцкај, заедно со маските, вели, дури да ги заболат вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Точните износи кои треба тужениот да ги плати беа утврдени по спроведеното вештачење од страна на вешто лице – економист (В. Богатиноска). * 258
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Молкнаа. Сега и ловците, како и другите, стоеја пред своите двоколки со едно воле или со ѕевгар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Откаде сега сиот овој свет за еден час. И сѐ оди во една насока. На север.“ Немаше намера со нешто да ги навреди.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја чувавме сликата на Сталин, крај онаа на Тито, над детските глави, за да ги штити нашите животи, а сега се случуваше да страдаме од еден од тие портрети!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше прв ден на радост. Значи радоста ја победи сета таа горка стварност, успеа да ги облее срцата на младенците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Намириса Мицко дека дедот Билјар вртка уште од турско по петшестотини илјади жолти и гледа на некој начин да ги лапне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едни ги собуле чевлите да ги крпат, други тргуваат со лични спомени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За тој ден Иван Степанович смисли дека не би пиел не затоа зашто не сака туку божем бидејќи не смее!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Држејќи ја својата рака врз влакнестите гради на Томо, Рада продолжи да ги реди своите желби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми се преправи нешто во главата и почнав поинаку да ги кажувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И уште вака ми сечи умот. Денес ако решат да ги иселат, утре можат да решат да ги доселат, значи да ги вратат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе имаш можност да ги видиш сите наши раководители.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ним ќе им остане само да го прочешлаат теренот, да ги испофатат славо-комунистите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакав да ги сврзам во едно обата дела на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со најновиот позитивен развој на настаните, Јакшиќ се надева дека сега ќе се повтори граѓанската постапка 11 и дека овој пат правичноста конечно ќе победи, а тој ќе биде во состојба да ги подмири долговите кон своите роднини и пријатели кои ги создаде овие години за да го спаси видот на едното око, а и да добие средства за да може да отиде на операција за, со помош на трансплантација на рожница, да го поврати видот на окото и како порано да биде нормално способна личност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ТЕОДОС: (Како да ги истуркува со раце.) Ајде, џенем фатете сите!... Јас да кршам глава одовде, да се извлечам, да побегнам!... (Станува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некој на рамо, некој со волови влечкаа во селото греди и дрвја за да ги поправат пак куќите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дека сепак се повел по своите инстинкти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даме Груев почна растревожен да ни го раскажува следното: „ ’Да ги земе ѓаволот, јас уште кога заминав од Солун, тие штетници се фалеа и не дочекаа до денот на востанието; тие нѐ чинеа повеќе од 250 лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Луѓето што копаа гроб, ги извадија коските од Лиќо, татко му на Танаил и ги собраа во вреќичка за да ги стават повторно во гробот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Треба да се потрудите да ги сфатите своите родители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој уметник [Wilhelm Frideman Bach], барем што се однесува до познавањето на хармонијата и на способностите за изведба, ги надминува сите музичари што сум ги чул во животот и оние кои можам само да ги замислам, макар што луѓето кои го познавале татко му тврдат дека тој бил уште поголем музичар. Така смета и кралот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во својата корисна книга Translating Poetry, Seven Strategies and a Blueprint, Андре Лефевр прави компарација на преводот на Катуловите 64 Песни, но не со цел да направи компаративна евалуација, туку да ги покаже проблемите а во одредени моменти и предностите на одреден метод.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не, драги Луан, пишувајќи Ти за овие неколку антологиски примери на допишување на уметниците и нивните трпеливи или емпатични поддржувачки (читателки, пријателки, сопатнички, собеседнички...), во ниту еден миг не ја заборавав Твојата Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И трчаа низ село брзајќи секој да ги најде своите, па да им каже што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Има денови кога луѓето околу тебе, оние што можеш да ги видиш, да ги перципираш, се обременети со иста мисла.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Отсутно потпишав, без да ги погледнам последните отпечатоци пред тие да се монтираат во оловни блокови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога Татко беше уверен дека конечно Камилски ја завршил својата прикаска за башибозукот, тој се исправи, прошета со погледот кон наредените книги на рафтовите како вистински војници, кои само тие, двајцата, со нивното читање ќе можеше да ги прочитаат, да ги совладаат, да ги направат безопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„А што мислиш, зошто ние ги доведуваме луѓето на ова место?“ „За да ги натерате да признаат.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сенките во собата како да ми се забуцуваа в месо, како да беа запци на стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Дали кучињата во посебни камиони или да ги оставиме да лежат?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зошто ти, татко, не ми кажа, на сон не ми се јави, во видение, оти такви страшни работи децата треба да ги чујат од устата на татковците нивни!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па ѝ ги пуштам лавовите да ги научат трикчињата, пред да ја расчеречат, во жолтото мое собуле, во сништата мои пожолтени.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но, бидејќи властите не знаеле и не можеле да откријат ништо за конспиративната дејност на уапсените, по интервенција на бугарскиот дипломатски агент во Цариград, решиле да ги ослободат, и тројцата, како бугарски граѓани, да ги протераат во Бугарија, а П. Шатев во родниот град Кратово.57
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во почетокот на нивната пропаганда Србите и не мислеа да ги прават Македонците Срби; тие сакаа просто да создадат во Македонија редум со бугарските и српски интереси, така што во времето на решавањето на македонското прашање да добијат колку што се може поголем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не можеш ко гости да ги чекаш в окопи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така жените го посвоиле попот да ги извртува псалмите Давидови во нивна чест и да ги возвишува зашто го прогнале и не им дале на враговите негови да му се одмаздуваат, да пее со толку мило лице што и не барале да знаат на каков јазик пее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се восхитуваше на тоа мало човештво составено од толку различни луѓе, кои живеат со векови заедно, без многу да се мразат, успевајќи да ги совладаат разликите, кои во другите предели на некогашното царство толку тешко се хармонизирале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе нѐ открие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во публика Фрчко, Јане Миљовски и пар сподоби шо немаат ни благе везе од џез, а добиле гратиси преку некоја фирма или швалер со цел да ги покажат своите гнасни сурати и да одглумат елита сокривајќи го своето паланечко потекло.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Затоа која уста да ја искаже сладоста на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи и трудови и добрината на неговиот живот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Како своевидно резиме, по вака спроведената студија, а врз основа на презентираните искуства на дел од македонските работници кои, во годините наназад, се одважија да водат работни спорови против своите работодавачи – можеме да ги нотираме следниве присутни проблеми, на чие отклонување активистите на ДСП „Ленка“ имаат намера поинтензивно да работат во периодот кој следи: 1) Недоволно познавање на работничките права Особено зачудува, а на моменти иритира и обескуражува, евидентната незаинтересираност на работниците за осознавањето, макар и на основните права од работен однос, а камоли пак за запознавањето со начините на нивна заштита и унапредување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги одбираше Тој зборовите На Јасмина Шопова
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога се појавија пред дворот Мурџо не го скокна плетот, туку почека тие да влезат преку малечката вратничка за потоа радосно да ги поздрави со некој сосема нов глас во квичењето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Забраната на дроги доведува до огромен број убиства и кражби во големите градови затоа што создава црн пазар на кој завојуваните дилери им наметнуваат сѐ поголеми цени на уживателите, кои пак од своја страна крадат за да можат да ги задоволат своите навики.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И, отидовме на Зајачки Рид: газдата на Земанек (многу ме повредуваше тогаш тоа што тој, Земанек, самиот го именуваше не по име, туку како газдата) беше фалбаџија и ние моравме да ги слушаме неговите самопогалби; ни ги раскажа сите трки во кои учествувал и сите свои успеси кај жените по трките.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, некои факти се немилосрдни. Колку и да сакаш, не можеш да ги измениш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можам да си ги доловам фустаните што жените ги носеа на моите забави и звуците што мажите ги испуштаа додека водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наутро дневна доза со лоза клиники полни, болни од цироза младо и старо со крвави очи шпирит на пазар уште се точи Господе чувај и носи во рај спаси земја од хоштаплерај и сиот шлајм дегенериран народот твој од вести фрустриран Чувај од вртешки транзициони новинарски гниди и мегафони чувај од подли странски емисари оган да ги изгори блудниците стари Повторно избори и плукачка кампања здодевни флоскули, демагошки срања реформи нови демек ќе прават со локум и кафе гласови да ќарат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не знам како „пасторални“ тој очекуваше да бидат, но кога ги виде огромните кравји глави - потполно розе на потполно жолта позадина - кои имав намера да ги претворам во тапети, замолче... но затоа после неколку моменти извика: „Тие се супер- пасторални! Тие се без врска!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дури ни Неговата добра волја не ги решава секогаш дилемите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И ѝ кажав и за клинои, ако детето многу се моча, и ако е крепа во ципите, да земе трипати по девет зрна грав и јачмен и да ги остави да ги намоча детето, и после да ги извади од под детето и да појде меѓу две води и со зрната да го боцнува детето и да вели: „Ако се сувите нека одат посуво, ако се водените, нека одат по вода.“ 60
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедот Петко му рече на сина му да ги бележи обете ракии и излегоа со попот нагоре кон Чкуловиот ан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доаѓа цела генерација вешта во користењето на интерактивни орудија, таа мигрира во светот на виртуалната реалност, каде што може да ги развие своите соништа и игри на фантазијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пролетта - со Вива и Пол Морисеј заминува да држи предавања по Западното крај­брежје; во исто време го снима и филмот „Филм за сурфирање“ во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Тро... троа пченичка... од стрништето.. клас по клас... зрно по зрно... ете... јас таму за да не ја колваат врапчњата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Уште малку па на една рака ќе можеш да ги изброиш таквите, Семјоне“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа им ја зголеми желбата на противниците, та овие често одеа да ги прибираат овие предмети и да протутнат по некој навистина крвав ден, сите во окопите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време, кога Србите од кралот и министрите до последниот српски амал се националисти и наоѓаат за нужно сите да се сплотат во едно за да ги достигнат со општи сили народните идеали, Бугарите се цепат на социјалисти и секакви други – исти, кои најмалку сакаат да ја оправдаат пословицата дека соединувањето ја прави силата. – Туку сето тоа е резултат на политичката зрелост на народот: Србите во текот на цел век ги изработуваат националните идеали и ги изучуваат националните интереси, а пак Бугарите го прават тоа само во 1/4 век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мечките дојдоа да ги истераат и да воведат автномија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И не знаеш како да се браниш, вели, дали да ѝ ги нашнеш кучињата, или да ги запреш да не лаат. 109
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Градоначалникот од внатрешниот џеб на своето палто извади уште еден лист и му го предаде на воениот заповедник.  „*Ете ги вашите Евреи*”, прокоментира во тој момент Хрисостом.   „Што е ова”, рече Лит откако погледна во хартијата „Тука стојат само вашите две имиња.  „*Доколку одлучите да ги депортирате Евреите од Закинтос, ќе морате да ме депортирате и мене со нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во 1981, чешките научници Џ. Шмид и Џ. Новосад со помош на чувствителни апарати за мерење на притисок успеале да ги измерат силите што притискаат врз основата на еден куп песок. Откриле еден изненадувачки факт. okno.mk 97
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ме болат табаните Од вашата немилосрдност, Мили мои, Во намерата Да ги сечете гранките И да ги плетете како години Под чија тежина Старееме.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Уште да ги нападиме и спаиите, авалеџиите, беглиџиите и сите други дерикожи, сигурно нема да не колне народот!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го виделе: станал и се тетеравел кон некаква крива колиба зад манастирот со чекор како да ги извлекува козјите нозе од глекаво калиште додека мантијата, црно знаме на жив костур, и без ветар потрепетувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да видиш како тој ги имитира пејачите, да умреш од смеа, како нив да ги гледаш и да ги слушаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Според него „ако нема јак синдикат работникот не може да ги оствари своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Има посебна сигнализација за сообраќајот - внимателно ѝ објаснуваше Саво како да беше некој кустос, кој знае да ги објасни сите детали за Петроварадинската Тврдина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаше нешто необично што останало за змијата додека лежеше таму на приквечерната светлина, нешто сугерираше на моќниот маѓепснички човек од примитивните времиња што чувствувал за змиите, гуштерите и рептилите за да се заштити и од злото и да ја повика добрата среќа, нешта што тој ги обликувал во слики од сребро и од злато за да ги носи како амајлии и талисмани, па дури и да ги обожава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секое скршено делче од моето срце се соедини со ветрот и одлета во бескрајот, таму ќе те пронајдам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Херкулес можеби не се радувал толку поради своите 12 подвизи колку Вие ќе се израдувате да ги видите резултатите на своето родољубие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како кога во игротеката ќе застанеше крај импровизираната кујна: таман ќе почнеше божемски да ги мие садовите, девојчињата кои притоа мораше да ги избутка за да дојде до лавабото застануваа до него наредени како пивски шишиња и со чудење го гледаа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Небото се иссипаничави, на неговата кожа стежнуваа многу такви парчиња месечина, потоа се движеа свијокливо, се прогонеа меѓу себе и прскаа кога ќе се допреа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под „други начини на справување“, таа го наведува спогодбениот начин на 245 решавање на споровите како убедливо најефективен, поефика- сен и мошне евтин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Трговското друштво може да врши дејности и работи од предметот на работење на друштвото надвор од седиштето преку една или повеќе подружници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Рене Блок галерија предизвика значителен интерес.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој го удри по растресените и бели влакна, меки како свила, кои, за да бидат чисти, Тито мораше да ги чешла со својот остар јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Малку тоа: името Бугарин што ги тераше европејците да се однесуваат со недоверба кон работата на Организацијата, гледајќи во неа желба на Бугарија со револуција да ја наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, и непостојаноста на бугарската надворешна политика, насочена сега против Русија сега со неа, послужи како причина за да се согласат Русија и Австро-Унгарија заедно, со заемна согласност, да ги решаваат балканските прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Друго својство на сметачките машини, што треба да се истакне, е изненадувачкиот факт што тие машини не само што сметаат, туку можат и да компјутеризираат, т. е. во броеви не се само способни да ги анализираат равенките, туку споменатите броеви можат да ги синтетизираат во структури.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Шаторот беше дом и мораше да ги штити и мажите и жените во него од сите надворешни искушенија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога си заминувавме дома, милиционерот го посоветува тако ми: од утре, на дедо да му ја напишеме на едно ливче адресата и телефонот, и постојано да ги носи со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш би требало да стои на малото чардаче и таму да ги чека.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако лебот е малку сув, ронки ни се лепат за горните усни и ние со јазиците се обидуваме да ги тргнеме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А вечерта, на срецелото, со главите на другите домаќинства, по долги меѓусебни разговори и откако врз основа на долгогодишни искуства ќе ги утврдеа временските прилики, сигурно дека и ова лето нема да ги изненади со невреме, ја прогласуваа жетвата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа мораме да преминеме кон генетската неопходност, да се одвоиме себеси од нивното безгрижно лудило и отсега па натаму да ги контролираме како и останатите Божји суштества - во хармонија, братство, во нивната закана на животот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нив и така никој не ги сака, за да ги гали и чува, а тие толку лекомислено си заминуваат заради една итра лисица.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А сепак, сопственото јас, иако е вон телото, не може да ги искористи предностите кои ги очекува, и на кои им се надева од оваа состојба.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ете, на пример, како народната власт направи народни непријатели. Донела закон да ги снема козите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Многумина, без оглед на која вера и на кој народ им припаѓаат, можеби ќе ја препознаат и својата мајка, таа света присутност од детството до крајот на животот, со сите добрини кои може да ги дари човекот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На војниците, лошо хранети, лошо облекувани и лошо обуени, во опинци, повеќе им се исплатуваше да останат во населба и како знаат и умеат да доаѓаат до храна, топла облека и покрив над главата, а офицерите, повеќе политичари одошто војници, место да поведат сметка за војската, сѐ преземаа за да ги уништат Началствата, она во Потковицата и од околните села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги затворив очите. Сакав да си го замислам и со затворени очи тој проклет Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку ли само бил воодушевен поетот од убавината на планината, од убавината на полето, од бистрината на езерото за да ги напише бесмртните стихови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Метежот кој се создаде при слегувањето не му даде можност да ги провери своите сомнежи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јасно е дека постојат уште некои правила во поведението на песокот што треба да ги надополнат оние кои веќе се присутни во моделот на Лифман.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му држат лекција дека беше дрзок, дека почна да работи надвор од наредбите и интересите на Рајхот и дека заслужува казна за дрскоста да одржи тајна средба со новиот грчки прв министер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако имаш забрана, повторно можеш да измислиш обврски од типот дополнителни часови по некој предмет и ревносно да ги посетуваш, па кога еднаш нема да излезеш, дури и мајка ти, која ти води евиденција на движење со минутажа, да те потсети дека ќе пропуштиш важно предавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со здравје синко... - Здравје да имаш, дедо Крсто, и немој да ги жалиш парите зашто ќе имаш внука учена...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се пофали некој од нив дека видел големи риби по вировите на Каменица, па и тие ја оставија работата и заедно се упативме да ги ловиме големите риби.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Беше близу единаесет часот и во Одделот за документација, каде што работеше Винстон, луѓето почнаа да ги влечкаат столовите од полукабините и да ги групираат во центарот на салата, спроти големиот телекран, подготвувајќи се за Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакам да кажам, мене никој не ми даваше во раце штотуку родени бебиња и ми дозволуваше на нив да ги вршам моите чудовишни експерименти. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 125
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Да бе. - На сите знаеше да им ги реши проблемите, а не можел да ги предвиди лоповите шо ќе му влезат у куќа хахаха.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сите кои не размислуваа како Фирерот, а јавно се осмелуваа да ги кажат своите ставови, веднаш исчезнуваа без трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нему му беше наредено да ги доведе бунтовниците, но не му беше даден срок кога да ги одведе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа бил удар од кој се паѓа. Кој е тој господ што едно вакво раскашавено човече ќе го стори видовито во името негово да гледа невидливи чудовишта, да ги слуша и да ги чувствува со мирис?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие пак беа доведени да ги перат борците што се обучуваа во Битола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Работните услови во Медицинскиот центар беа добри и немаше проблеми – сѐ до доаѓањето на новиот директор, пролетта 1994.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Договорен систем за означување на локацијата на нарачката и на одговорноста за нејзино плаќање - каде треба да се однесе чоколадото, и кој треба на крај да ги изброи парите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во 1917-та, кога низ Потковицата помина казнениот полк на полковникот Иванов, кој имаше задача да ги истреби од сета Македонија Србите и србоманите, дали на грешка, војниците се правдаа на грешка, или за одмазда, Крсте одбил да убие некој српски четник од поречките села, ги убија Султана и неговиот син, Јован се викаше детулето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа, ако сакате да го запознаете Зоки Поки, првин ќе ви препорачаме да ги прочитате приказниве за него, а ако и покрај тоа сакате да го сретнете, ќе мора да појдете од она што сте го дознале за него, и да го барате. Каде ќе го најдете?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Единствено нив можам да ги ослободам како правник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– Надеж постои додека е човек жив – продолжи татко ми. – Размислував, чеда мои, како можеме да ги спасиме Чанга и козите, ако уште има спас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го послушав, зошто тој ми даде очи да го видам гревот, тој ми даде душа да го простам тој грев и на крај ми даде голема награда за да ги исполнам своите желби и да го живеам животот како што заслужувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Иако програмот може да ги воспроизведува податоците, истражувачот сепак не може да биде сигурен дека тоа е и најкусиот програм, а ако податоците се доволно сложени не може да биде сигурен ни во тоа дали воопшто се доближил до најкусиот програм.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ТЕОДОС: Арно да ги истриеш со кадифе, да светнат како зифт!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да се исполнат нашите сакања требаше да се војува со Турција; само по победување ќе можеше да се натера Турција да ги исполни нашите сакања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да сум осуден на заминување. – Татко ти, спокојна му душа, беше храбар човек, ги издржа сите налети, остана силен на своето место! – Јас како да ги наследив мајкините гени, морам да ги истрадам нејзините заминувања. Ѝ реков пред некој ден оти ќе заминам преку границата, со жена ми и децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никогаш браќата и сестра ми не можеа да ги заборават мајчините битки да ги одржи своите рожби кои, поради немање лекови, исчезнуваа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кој е тој анонимен диктатор на моите мисли, со кого јас, со силата на потписот се обврзувам да ги делам неговите чувства, да ги преземам како сопствени (не треба да се потцени тука димензијата на потписот како гарант), па станувам негово шизофренично алтер его?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За жал, сфаќајќи ја краткотрајноста и безначајноста на своето биолошко постоење, човекот- творец, често нетрпелив во своите настојувања да ги дочека плодовите на своите вдахновенија некаде во иднината, се обидува да го забрза своето уметничко созревање и раѓањето на своето дело, неретко користејќи и вештачки поттикнувачки средства. 142 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За Мајка остануваше битно дека го извршува верувањето во Бога дека ја испратил во живот да ги спасува своите чеда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпосле таа, заедно со својот брат, попушта и почнува да ги предава другарите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бескорисни се тие кои не повредуваат, сите имаме соништа кои мораме да ги исполниме, да ја видат светлината на денот, да заспиваат мирно под месечината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие ќе треба да дадат не десет отсто, ами може да ги фати и дваесет и пет па и триесет отсто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од сите престапи што можеше да ги направи еден член на Партијата, овој беше најтешко да се прикрие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По брчката која му се врежа, не можеше да ги насети зборовите кои следуваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кристина рече „пис!“ уште неколкупати, ја затвори вратата и сета зацрвенета од возбуда седна до татко ѝ и таа да ги гледа вестите, како да е возрасна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мало дрво не може да роди огромни количества затоа што нема моќ да ги донесе плодовите на своите гранки: веднаш ќе се скрши.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако некои се скарале попот треба да ги мири.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мојот одговор воопшто не ја зачуди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На тој начин , може да се рече, дека навистина располагав со доволно време за да ги средам до последен детаљ сите мои намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И како и повеќето семејства таму, и нивното живееше скромно, но научено на малку, беше и среќно, сѐ додека Севишниот не реши да ги стави на искушение, па еден ден не го повика кутриот Давид Давидовиќ при себе, таму на небото да шие и да крои облачни облеки за херувимите и за душите на нашите блажени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Србите не ја достигнаа крајната граница на нивните стремежи, но достигнаа таква граница од којашто вистина не може да се оди понатаму, но којашто може да ги успокои поумерените елементи во српското општество и народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, правното лице од горенаведените дејности може да ги исплати месечните аконтации на чистите лични доходи по работник најмногу до правото утврдено во закон 7 за периодот септември- ноември 1990 година, зголемен најмногу до 90% од растот на исплатените чисти лични доходи по работник во стопанството за последниот месец за кој се објавени податоците од Републичкиот завод за статистика во однос на просечниот месечен чист личен доход по вработен во стопанството за периодот на септември- ноември 1990 година (чл. 1, ЗИЛДДЛПР/91).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таквиот збогатен систем не е едноставен, не е подложен на едно начело (исто така нема „водич”), не е сличен на војничкиот систем за да ги игнорира промените и да бега од новотариите кои лесно би го минирале; напротив, тоа е систем кој што безризично произведува ново и демонстративно ги апсорбира сите новини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да ги премавнува сите пречки на нашата пропаганда и да пропагира на дело - ете ја задачата на теророт што ќе го сееме.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Одеднаш, концептот за сајберспејс се рашири и стана инспирација за вистинските хакери; тие почнаа да ги пренасочуваат своите интереси кон техничката арена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На овој даб името ќе ти го напишам дождовите да го симнат жедните в земја да ги напоиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Не грижи се миличок, нема да ги толерираме тие гнасотии овде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ова фрчиче: наместо со него да ги чистам мустаќиве, треба него да го чистам од мустаќиве. (Му го фрла на Спиро.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Подготвувам прилог за мојата емисија во врска со годишницата продолжувате со објаснувањето што никој не го бара од вас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа трпеливо ги бараше во него сите оние места, низ кои што можеше да се вовлече и уште подлабоко да се протне, за таму во неговата срцевина да може да почне да се загнездува и да ги снесе тука своите змиини јајца на сомневањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Разбирам оти не сите членови можат да ги знаат сите работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се молат, се гледа дека се молат со очињата да ги пуштиш дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слободата на Македонија, за која Грција истури реки крв ние ја гледаме и преку искоренувањето на немилозвучните имиња и презимиња, а имињата на шуми, ливади, чешми, патеки, ридови и таканатаму гледајте што поскоро да ги смените со слаткозвучни грчки имиња, зашто во спротивно цела недела сред село мечка оро ќе игра...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се разбира, животот одвреме навреме ќе им одреди на овие свои избраници кога да го изведат казнувањето и со какви средства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не, јас многу би сакал да ги собујам чевлите, навистина, - излажав и направив движење како да почнувам да ги собувам, - но дали ќе може да добијам влечки? - така, си мислев, смрдеата можеби и нема да се почувствува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гракнежот нивни се слуша од поодамна, уште од пробивањето на фронтот кога луѓето од селото си ги бараа своите загинати по планината, им ги одграбнуваа, не им ги оставаа да ги колваат, ги носеа во селото и ги закопуваа во селските гробишта; отец Серафим пеејќи им молитва им ги споменуваше имињата и велеше: „Бог да ги прости“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа се трудеше да им ги запамети гласовите за да ги разликува по нив и затоа безволно се бореше: „Зошто мене ме прашувате? јас сум лекар, хирург. Мобилизиран сум.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но таа како да ги имаше сите други зборови, но потонати длабоко во нејзиниот молк. Ѝ се восхитуваше на нејзината тивка моќ која стануваше вистински безгранична кога зборуваше за нивните чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Драмата настапи еднаш кога ги понесов клучевите со себе и повеќе не можев никако да ги најдам. Со денови. Вистинска драма! По некој ден ги најдовме во машината за перење како силно одѕвонуваат на металната центрифуга. Овој звук најпосле ме смири. Клучевите беа конечно пронајдени!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Понекогаш ми пречеше што сум толку емпатична, затоа имаше периоди кога се дистанцирав од луѓе зошто ми пречеше постојано да ги впивам туѓите емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Моќта на личностите од политичката митологија никогаш не исчезнува. Макар колку да ги закопуваш и презакопуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Изгледа, кутрата, помисли Ѓорѓи, не успеа да ги испука.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас беснеев, оти Земанек ме напушташе, не застануваше на моја страна; во еден миг, ја искористив тишината и, за да ги повредам и Земанек и Луција, реков: „А можно ли е барем паузата да не биде народна, туку меѓународна?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Српската влада, под влијание на една група луѓе што мечтаат за „голема Србија“… го забрани издавањето на весникот, така што ние немавме можност да ги искажеме во целата полнота своите мисли за интересите на македонските христијани”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгледа дека техниките на интерперсонална манипулација, контрола и моќ не го наведуваат несреќниот да биде среќен, депримираниот да биде радосен, избезумениот да биде смирен, дезориентираниот да биде ориентиран, конфузниот да биде јасен, заведениот да ги отфрли неприфатливите и да ги усвои прифатливите гледишта. Margina #21 [1995] | okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете така, и во неговата земја, кога младите мажи од неговата генерација почнаа да ги носат дома во лимени сандаци, тенковите почнаа да значат повеќе од зборовите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А секоја општина морала да разработи своја тактика. Кој да ги разбере?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потковичаните го спружија Лазора помешечки на веленцето Хаџи Паново и го пренесоа дома кај нив, кај Хаџи Пановци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А ако бил во прашање самиот Генерал и неговата личност, постоеле начини Трајчеица да си го сочува само за себеси.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но и на возачот, кој од селанец станал војник а од војник службеник, колку и да ги менувал воланите од голи до облечени, порадо му се ширеа носниците од комињето на грапата одошто од тафтабитите на вискито и повеќе му се полнеше срцето од шилерот одошто од гемиштот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
43. Мисирков не им се спротивставува на католицизмот и протестантизмот и од чисто практични причини: овие гранки на христијанството не беа државна религија на ниедна од претендентките за Македонија, па следствено и не беа во директна услуга на завојувачките планови на соседите, додека тој сакаше да ги гледа во Европска Турција и интересите на големите католички и протестантски држави за да не се остане само на едностранчиво влијание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа, со голема тежина во душата, уште еднаш се присеќаваше на мртвите од телеграмите- некролози кои не престануваше да ги добива, се пресели во времето на својот татко, кого не го виде уште од времето на свршувачката, се сети на својата родна мајка, која не ја виде никогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете, тоа го сонував ноќта. И тој сон, исто како и таа ноќ, нема никогаш да ги заборавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Остани во растурените крошни, од полноќната тишина, остани да ги негуваш, моите ретардирани пориви од болката по тебе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Прашината подигната од развлечениот чекор не успева да ги покрие трагите што како лишај се втиснати во селската калдрма.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кога ќе дојдат, ми идат прекутрупа и не можам да ги ставам еднододруго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наместо да тркнеа по Ленинова и Кеј па да ги испособерат скопскине кучки, тие на недужни и беспомошни суштества се намерачиле.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бидејќи манастирските простории не можеле да ги спасат, луѓето сјурнале во црквата и со своите тела ги штителе иконите и иконостасот да не изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но, какво право имав јас, која дојде на свет дури по 63 години откако била родена баба ми, 40 години откако била родена тетка ми, 30 години откако била родена мајка ми и 10 години откако е роден брат ми, да ги обелоденува овие работи?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ова е мојата судбина, секогаш сум против себе, секогаш патувам спротивно од ветерот и секогаш го избирам потешкиот пат за одење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа сакаше да побрзаат назад по патот по кој беа дошле и да почнат да ги бараат другите во спротивната насока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа следуваат и „вообичаените“ реперкусии за тужителот кој, нели „се дрзнал“ своите 148 законски права да ги бара преку суд: тој е викан на разговор „во четири очи“ од страна на своите претпоставени, со цел да му се изврши притисок да ја повлече тужбата; потоа, откако овие заплашувања на надредените не вродија со плод, тој е шиканиран како „нелојален предавник на фирмата“ и повеќе не му се давани никакви дополнителни ангажмани, коишто претходно вообичаено ги извршуваше и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако конечно ќе се обезбедеше соодветниот соговорник, со него се потпишуваше писмен договор за соработка според кој тој имаше право слободно да одлучи дали податоците кои ни ги дава треба да се анонимни, или пак имаме дозвола да ги објавуваме во целост – сосе имињата и презимињата на учесниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кого го удриле, кого за гуша го фатиле овие бели рачиња, та да тргаш мака за татко ти во туѓина?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Јандро не можејќи да ја преболи смртта на сина си Дуке, отиде во Кучешката касарна и со пиштол почна да ги тепа кучињата. Ги тепаше сѐ дури и него војниците не го отепаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Очите не можеше да ги истави од него...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И над сето тоа наш рој од желби: пламењето од сите ридишта ветрот да ги наведнува во поклон и врз вдлабнатите гробови крстовите од црн бор и бела бреза да болскаат во пурпур, а пламењето на Грамос да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе имаме многу работа, му рече на Татко, откако овој се напи вода, и без да му одговори на Камилски, земајќи ја листата на заемките од персиско потекло, пред да започне да ги чита најкарактеристичните, рече: Персискиот јазик, како и балканските јазици, за разлика од турскиот и арапскиот јазик, припаѓа во групата индоевропски јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Донесоа штици, талпи. Ги потпреа на камионот и ги забраа да ги туркаат другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако не ги пишував домашните, ако не се мачев со математиката, ако не морав на памет да ги учам лекциите од руски јазик, или францускиот кој беше сосема нов за мене, читав руски романи позајмени од градската библиотека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот треба да го сфатиш. А за да го сфатиш треба да откриеш каде извира и од каде истекува неговата убавина а од каде она другоно, грдоста?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зар бестијалноста на тоталитарните режими и бескрупулозноста на таканаречените „слободнопазарни“ општества не опстојуваат сосема легитимно на 99% од површината на планетата, па никој не може да ги криминализира?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но тие поминуваат покрај привлечно уредени излози, па подзастануваат да ѕирнат, среќаваат кученца, па не можат лесно да ги одминат, си купуваат мастики, семки... Со еден збор, се влечкаат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас сум задолжен да ги пропуштам оние со покана. А вие, забележувам, таква хартијка поседувате“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој веднаш треба да ги отепа: да се ослободи навреме од опасноста на нивниот отров, пред да успеат да го отрујат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој има информација дека некој голем издавач има намера на целиот национален пазар да воведе нов часопис наменет за поширок круг читатели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За секој писател најнепосредно зборуваат неговите дела, па затоа да ги слушнеме нашите рецитатори и литерати!“ ја отвори средбата Теми - возбудена, но без грешка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од друга страна го заскокоткаа Арслана и Сефедина оние петстотини лири што ги зедоа од витоливци, та добро им дојде Толе да можат да ги уценат и другите села како Витолиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Помина ручекот велигденски, се најадоа мажите, се напија, дојдоа пак жените да ги земаат тепсиите и се надуја гајдите на сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јасно е дека се работи за мојот предок, но како потврда за тоа засега можев да ги имам само нејасните кажувања на луѓе, пишувани докази немав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А кога на Адемовата колиба во Валот, каде Толе со стрика му Кулета ги пасеше Адемовите овци, дојде арамијата Чанак капидан со своите другари — шест души одбор момчиња — и зеде два брава за да го подмами Адема да го фати и уцени, Толе во своите десет дванаесет години се зачуди од храброста на овие луѓе што не се плашат од Турците, и виде дека некој и со нив можел да се бори и да ги тепа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден од елементите на Бојсовите перформанси беше и неговото користење на топлината на толпата за да се почувствува жив и силен, а неговите скулптури користат материјали - животинска маст, овчо руно - чија цел е да ги топлат тие суштества или да симболизираат топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ме вика за да ги средиме сметките бидејќи од млинот му ги префрлиле парите за житото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога им потсмекна малку жалта и болките на луѓето за загинатите, зафатија да ги прават другите редови што ги носи животот: направија неколку свадби кои поради војните, останаа не направени; потоа продолжија со редовните свадби, а почнаа да женат и мажат момчињата и девојчињата предвреме, уште млади - тукушто почнало ѓаволчето да им се буди во нив и да ги вознемирува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Новосоздадените држави можеме и да ги акцептираме како обид за политичко, културно и цивилизациско центрирање и како увертира за една целисходна и експлицитна еманципација на локалното (специфичното) со универзалното (глобалните системи).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Подоцна, можеш да се правиш како тоа да било само трик и дека си го рекол само за да ги натераш да запрат и дека не си го мислел навистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така често пати можеме да ги изгубиме детерминирачките квалификативи на еден уметнички род и на извесни деликатни места во едно дело на еден уметнички род да препознаеме друг: постои интерференција меѓу литературата сликарството, музиката и поезијата, литературата и театарот итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За мене тие беа повеќе и од нашите големи празници за кои никогаш не арчев непотребни зборови но знаев да ги одделам од другите денови и на посебен начин да ги доживеам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се плашеле, се тресел и Лозан Перуника со нив. Потоа заборавил што е тоа страв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А неговото настојување испитувањата и информативните разговори на осомничените да ги третира и да ги ословува како визити, повеќе упатуваше на пристап карактеристичен за потсмевот или мајтапењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да ги љубам оние кои не ѝ робуваат на претпазливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не можеш сите да ги паметиш. Токму ќе му го научиш името и ќе го однесат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Анализата на првите неколку варијанти покажуваат дека белиот може да најде добар одговор и да ги парира лесно сите негови заплашувања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како сега можеме да го научиме компјутерот да ги препознава овие објекти на фотографираната сцена и точно да означи кои регион на фотографијата им кореспондираат?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Колоната по патот се зголемуваше со луѓе од другите села и се слушаше сѐ поголем рикот на добитокот и се креваше поголема прашина по патот; колоната често се прекинуваше, застануваа луѓето да се напијат вода на изворите крај патот, да го напојат добитокот и да се одморат, да се разладат од јулската жештина , која потпалувајќи го воздухот, им правеше трептежи пред очите; ставаа на главите лисја од лопушки, гранки, 'ржаница за да ги заштитат главите од сонцето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Утредента добија уште два, полни со сѐ што на едно семејство во неволја му е потребно да ги пројде деновите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Странката која е целосно деловно способна може сама да ги врши дејствијата во постапката бидејќи има т.н. парнична способност (чл. 71, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вака жителите на Потковицата, на подбишега, им објаснуваа на учителите и на чиновниците на завојувачите кога тиа нив и нивните деца со сила ги тераа пампурите да ги викаат пеќи, и продолжуваа а си се греат - на пампури.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе почнат да ги пуштаат и тие што не се затворени, а ние уште сме овде, нам уште Сталин ни ги потфатил нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А со умот си велеше: „Чекај, агачко, да видиш како се кршат остените од нашите грбови. Не ќе ти текне уште еднаш да ги погледаш, а не да ги кршиш од нас".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Незадоволна од ваквиот исход, правничката Зефиќ упатува неколку претставки до надлежните органи: до Министерот за правда, Управата за извршување санкции, до Народниот правобранител т.е. Омбудсманот (И. Мемети)5 и иницијатива до Уставниот суд на РМ за оценување на уставноста и законитоста на некои спорни членови од новиот Правилник за систематизација – која 75 подоцна беше отфрлена со образложение дека фамозниот Правилник, за чиј недостатоци свои забелешки имаше и надлежната УИС, „е само интерен акт – па оттука, бидејќи нема карактер на пропис, овој суд не е надлежен за негово оценување“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Им направи кафез во дворот и почна да ги храни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
XVIII. Им забрануваме на сите наши поданици, без оглед на нивната положба или професија, со сила или заведување против волјата на родителите да ги одведат децата од оваа вера и да ги крстат или да ги потврдат во католичка, апостолска или римска Црква; подеднакво важи и за припадниците на споменатата Црква, што се прогласува за реформирана, за сите се предвидени егземпларни казни. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Значи, името Бугарин во Македонија, со кое сега експолатираат Бугарите, никако не е национално и затоа никој од Македонците нема право со него да ги експлоатира македонските интереси во негова полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слушај, Љуба, бидејќи за да отпатуваме ни се потребни пари, јас не сакам денес да ги пропуштам сеансите, во два часот ќе дојде момчето, а потоа старицата, но, се разбира, на гостите треба да им се откаже, погрижи се за тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А децата од Мелин доаѓаа трчајќи за да ги пуштат на ветерот своите мали змејови и кога го здогледуваа огромниот зелен змеј како потскокнува и се лизга по небото, воскликнуваа: „Ох, ох, каков змеј! Каков змеј!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
По цел ден одеше од соба в соба, како ѕвер затворен в кафез и смислуваше начин како да ги собере маслинките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во постмодерниов момент, можеме да ги видиме сите истовремено - аскетизмот на триесеттите, геноцидот на четириесеттите, рамните потпетици на седумдесеттите, - вртоглаво се движиме низ милениумот, како да тонеме и при тоа го гледаме сето наше минато.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Папата... Папата е дојден по идеолошкиот пекол во Скадар, градот маченик, во кој било жртвувано две илјади години старото верување, за да ги освети првите четири нови бискупи и да го охрабри троверниот албански народ во повратеното верување, од чии недра се извиши до универзална добрина светицата Мајка Тереза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чучук-Андреј запелтечи дека и Онисифор Мечкојад е избришан од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега тој е во состојба да ги отфрли сите негови мисли.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ти го донесе, ние го бесевме, се јавил од темницата Пандил Димулев обеспокоен од копнеж да појде во родната планина и зад широкиот појас на смреките да ги собере сите лековити билки од царството на тревите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа почна да ги поткопува темелите и диреците од куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, не значи ли тоа само неефикасна закана со побожни фетиши да ја избркаат несигурноста на сегашноста?” (Bruckner,69) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 109
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Името ѝ беше Никол и потекнуваше од село, но беше многу бистра и на некој начин лукава (итра) жена и успеваше сите работи да ги заврши на време.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Сите училишта не можеле да се вклучат во проектот, особено не во европскиот, Ама, имаме можност да се заинтересираме за акциите и посредно да ги следиме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се собра народ. Зема со хебла да ги отвора вратите. Жив се усрав.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Фати да ги милува, да ги бакнува...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А поддршката на мнозинството Турција ќе ја добие само ако се погрижи да воведе во Македонија вистински реформи, способни навистина да ги зачуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граѓански права и сносното економско постоење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеше да ги почувствува нејзините гради, зрели но цврсти, под униформата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пребирам по нив по ред, бележејќи го она што повторно можам да го доживеам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кој да ги разбере овие луѓе, овој проклет Балкан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Публиката збесна од смеа; некој бараше тоа да се повтори на „бис“, но јас одбив; зад завесата, ѝ реков на Луција дека е доволно, но таа инсистираше тоа да се повтори; јас велев „Не“, таа ме молеше, дури клекна на колена пред мене зад сцената и јас одеднаш реков: „Е сега навистина е доста, Луцијо; ти уживаш да ги понижуваш луѓето, но сега е навистина доста!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наместо загрижено да ги подигаат веѓите во облик на буквата V, тие го растегнуваат лицето во насмевка. И притоа велат: страшно, страшно...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Максим ја отвора вратата, Влези му вели на Васила и додека држејќи ја вратата отворена чека да ги избрише Васил опинците првин од штиците на чардакот потоа и од чергичето пред прагот на одајата, пред него пред Васила во одајата, прерипнувајќи го прагот, влегува Караман.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Неговото чело - погледнете го! Го гледале тоа чело и можеле да го видат она што го виделе пред тоа: на засечената жила лежел црн дукат на мртво месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Васј, осамените постојано трагаат по вратата што треба да ги изведе надвор, но таа работа тешко оди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толкував: „Што му е потребно вака да ги прикрива вистинските односи меѓу предизвикот и впечатокот?“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се разбира многу е полесно ако можеш да застанеш скраја од сѐ, па без лутина и рамнодушно да ги проценуваш своите постапки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му здодеа на Марко Проказник да седи и да раскажува па ископа од куферите прекуморски црвени чевли со дупченца и почна да ги пребројува запуштените плевни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Замисли да ти се децата џимрии, па пребаруваат - едни јадат боранија, други не сакаат ни да ја чујат, едно сака месо со компири, друго не меша протеини со јаглехидрати, а само едно „веге“ па ти е многу, па, мораш секој ден да ги препрашуваш кое има „дејт”, заради кромидот и лукот што секогаш заради евентуалност го служиш одвоено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие можат да те шпионираат деноноќно, но ако сочуваш бистра глава сѐ уште можеш да ги надитриш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште поглупи?... Посератори?... Типовите од Рочестер, нема сигурно да ги видам веќе!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И на тој збор и јас се загледувам нагоре, низ буките што се мрдаат, како да ги брсти гладна коза.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали никој од оштетените луѓе не беше слушнал за формален документ или едноставно сакаа да ги инвестираат емоциите во нов Тито, наместо во своите потомци кои набрзо стануваа огромен товар, беше бизарно да се размислува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Меѓу основните услови кои таа требаше да ги исполни беше нејзиното богатство да биде барем легално стекнато у минатото затоа што Трпе не сакаше да има работа со проклети пари и да го прогонуе лоша карма, а себеси се сметаше за суеверен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Еднаш, уште пред години, крв беше паднала за таа иста вода“, рече тој колку што е можно поговорнички, „кога сопотскиот старешина, со помош на луѓе од Реснанскиот сарај, за рушвет, се обидел да ги сврти изворите кон нивниот синор. Тогаш, а камоли сега!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да ги оставиш малку да се подноват пред твојот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
•Хичкок: „Тоа е мојата најомилена улога и морам да признам дека поминав многу мачни моменти за да го решам тој проблем.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
6.  Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Селото го држеше сардисано и само со негово разрешение можеше некој да излезе и влезе, а секој ден тепаше барем по еден двајца селани да ги кажат комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дончо никако да ги заборави деновите на доење кога се сместуваше во скутот на Чана и се насладуваше со нејзиното млеко, нешто што потраа речиси пет и повеќе години.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Градско девојче, некаква Елена, доаѓа и да ги дели со нив деновите, да ги гази истите патеки, да се мие во истото поточе...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога влегол во чунката видел оти не може и тој да влезе и сите три работи што ги носел да ги земе. Можел само две.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Попот застана пред „царската врата“ и почна да ги мрмори молитвите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле мораше да ги земе парите држејќи ги в раце и не знаејќи што да прави со нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да ги споредиме овие два процеса. Едни историчари и филолози тврдат оти јужните Словени уште до доаѓањето на Балканскиот Полуостров се разликувале помеѓу себе, т.е. составувале два одделни народа: Словени /Бугари и Словенци/ и Србо-Хрвати. Така тврдеа Копитар 129, Миклошич 130 и Шафарик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Седум тажни денови кои јас можев и морав да ги одработам само со иронија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
И овие двоножни волови легнуваа со симнати бечви, гледајќи да легнат на рамна земја, оти ако легнат на некој камен можат и од него да настрадаат — да ги претолчат со мавањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да ги исчистиш со фрча, со метла, со гребло, како знаеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога ќе чуеме, онака занесено и замижено, што ќе чуеме: едночудо посетители машки закануваат да го спорат тркалањето на сопствените тајни и да ги спастрат под сенка музичките акорди.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ах, не знам. Најдобро е да бидат по оној друг редослед, како во моментот на случувањето. А во тоа ќе ви помагаат како и досега моите потпрашања", настојува тој.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не успеавме да ги задржиме нашите позиции.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ама, Хана, овие очи се некои очи што сакаат да те видат, очи што ти се радуваат, очи што едвај чекаат да ги пресретнеш Хана ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ворхол донекаде, како и неговиот омилен режисер Џек Смит, потсвесно реагираше на холивудските догми, кои во непроменета форма постоеја речиси триесет години.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Брзаа и трчаа да стигнат некаде уште послободни, уште посами, уште во поскришен честар, каде ни господ одоѕгора не ќе може да ги види.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Честопати го читам вашето писмо што ми го упативте на 10 мај 2000 г. и размислувам за неговата содржина, особено за фрагментот за тишината, која до крајот ги држеше обединети моите родители во нивниот полвековен заеднички живот, во најголем дел минат во егзил и во израснувањето на нивните шест деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знаеш, само ќе замижам и ги гледам тие пусти Козаци на нивните црни коњи. Слегуваат од Бело Брдо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Авни ѝ рече на тетка Асја дека идниот ден ќе дојде рано, пред пет часот, за да ги земе девојките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кој да ги памети сите. Повеќето не се вратија... Сетне имаше и од Леринско, од Воденско.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Михајло чекаше со мустачињата накострешени и со очи кои не можеше сосема да ги насрчи напред, зашто му гледаа едноводруго под ниското чело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби специфичноста на таквиот однос произлегува токму од некаква потреба по научна објективност (или, можеби, по академска неутралност?) врз која тој и се втемелува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На обајцата им беше јасно дека ова требаше да биде, всушност, последната меѓусебна сесија за конечно справување со балканските (без)опасни турцизми, пред да ја состават конечната листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
20. ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, НО КОСКИТЕ ГИ КРШИ - така да беше денеска многу ќе имаше и мрши, но, еве, тој е хуман и друга функција врши: му мести коски на светот за утре да ги скрши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кога тогаш грешниците, една по една, ќе вежбаат јога и ќе танцуваат модерен балет без никој да ги задева.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Тој сега лесно може да им ја разгори улавата крв и да ги урне врз мене со секира и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тебе, татко, браќа и сестри ти заминаа во Цариград, земји продадоа, богатства однесоа! Зар нема да ги следиме?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Што ќе правиме? До кога вака ќе останеме скриени во грмушките? – шепна Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во седумнаесеттиот век, спротивно на француската тенденција сосема да ги галицизира Грците, одејќи до детали во мебелот и облеката, германските преведувачи остро се спротивставија на ваквите стремежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Карев продолжуваше да ги отвора и да ги чита писмата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Си останале тоа два света: Водите и Градот Две спротивставености на дофат Две платна што никако во еден поглед да ги врамиш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Спасиба, спасиба, велам и не знам како да се вратам, како да ги наведнам очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа, строга од некоја своја правдина и со ѕвезда од танки брчки околу устата, застанала пред двајцата без да им одговори на поздравот. Чекала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Влезе внедоапно и, пред Лигушот да се соземе, Едо погледна в лево и в десно, готов да ги нападне сите што би се нашле внатре, но немаш некого.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги клукаш пациентите со седативи, како нашите баби малите деца со афион да не им плачат додека работат на нива, ги држиш успани како сенки, па одвреме-навреме ќе ги стресеш со некој електричен шок, божем да ги вратиш во стварноста - и тоа ти е целата терапија. Ветер и магла - таа психијатрија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој не ги слушаше или не сакаше да ги слуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам и дека си простивте една на друга засекогаш оти кога ја крена главата и пред да ги спуштиш твоите усни врз нејзините, целата икона на Богородица се осветли од светлината што извираше од твоите очи! Сите жени се потргнаа, а и јас со Пеличка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Што ме гледаш? Не може, велам, повеќе вака, не ги наоѓам јас парите на буниште, за да ги раздавам на ајљази.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби беше солза која ќе светнеше и ќе наедрееше по калдрмата, потоа ќе се лизнеше по неа и наместо да ги натажеше луѓето што ќе ја сретнеа, таа ги смируваше, ги успокојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И потоа, со текот на времето, овие предмети, кои веројатно ги имате сѐ уште, се чини дека станале ризницата во која запреле душите на вашите родители, така што ви се случува во нив да ги барате.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа се наведна да ги собира јаболката, дечишта дотрчаа и ѝ ги разграбаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да ги чуваш за кога ќе ѕидате црква, му рече...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да ти е грев да ги гледаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога би можеле да престанеме да се уништуваме самите себе, би можеле да престанеме да ги уништуваме и другите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Лузната на лицето, и затоплена од пролетна благост, не се ослободувала од модрите зимски апежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидувавме да ги слушнеме и другите шепотења на татко ми, во врска со Сталин, по најновите вести.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најмногу ме измачува тоа што не можам да се сталожам, да ги сфатам положбата и состојбата, бардото во кое се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Елбете, нагазиле Сефедин и мудурот на осарникот, та ги искасале, — одговори иронично јузбашијата и поздрави во знак на свршен доклад. — Ништо чудно, — промрмори бимбашијата и го ослободи овој јузбашија за да ги прими рапортите од другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие ги испраќаа со жален поглед се’ додека не исчезнеа зад првиот завој, но немаа смелост да се испречат пред некој од нив за да го помолат шоферот да ги качи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дека не требало да ги оставам отворени вратите зад себе, туку по секое поминување, требало да ги затворам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Праксата на ова инстант богатење на директорите значително ја ослабнува фирмата и, после извесен период, почнуваат да се чувствуваат последиците од нивната алчност и неодговорност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И овој пат Татко и Камилски, следејќи ист тек на мислата, прилично се оддалечија од првичниот наум: да се произнесат за сите можни конотации на поимот курбан, обземени и обајцата што им се даде можност да ги вкрстат западно-источните аргументи за означениот поим.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како што шаманот може да понуди пејотл (дрога), така терапевтот може да ги понуди фармаколошките плодови на биомедицинската наука за да го промени телото, за тоа да може да каже поинаква приказна со која ќе може да живее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Ова е вечер за паметење. - Комунистите мора да ги уништиме.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Сите се овде,“ му реков, „само ти премногу гледаш во себе, па не можеш да ги видиш другите.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега, еве, најдобро што можев ја завршив таа задача, задача со која само посакав, на скромен начин, да го славам прочуениот монарх, на чија величина и моќ во науките на војната и на мирот, а особено во музиката, човек може само да им се восхитува и да ги обожава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така, на сѐ ја подучувам Уља: зошто не чини да ги заборави пелените надвор, а ѝ ги зајде сонцето, и како млекото да го варди од ветроштини и надворештини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во случај врската меѓу сигнансите на идеографскиот систем на писмо и соодветните појмовни категории да е условна, тогаш таквиот систем на писмо го карактеризираме како условен или конвенционален.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од една страна, беше така воспитана – да ги почитува и да ги промовира стандардите на демократското однесување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Можат да летаат низ апстрактни шуми, што се всушност графички прикажани статистички податоци и така многу полесно да ги забележат мострите отколку на колкав и да е компјутерски екран.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Треба да ги правиш сите такви, - се сеќаваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука нема таков ѕид што да ги брани востаниците, како Балканите во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На девојките обично им недостасува малку заборавеност, па за препорака е онаа која може да ги загуби клучевите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Скопскиот беглер-бег и прилепскиот кадија го скроија планот да ги нападнат бунтовниците на големиот христијански празник Велигден, кој таа година беше доста ран – уште на 26 март.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
40 Да мислеа тие, кои не поведоа, сигурно ќе немаше да стигнеме до болниците во Корча, во Елбасан, да ги слушаме лелеците на мајките кога поминувавме низ Прењес, немаше да стигнеме до Бурели и во далечни туѓи поднебја...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А многу си ја поганеа устата Србите, многу пцуеја. И за арно и за лошо пцуеја. Не знаеш кај да ги најдеш. Дури ги научивме, само се тепавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Можеби триесет и шест, можеби триесет и седум, се изненадил од прашањето Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев дека ќе го згмечат но успеа да ги раздели.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Имаше моменти кога се тркалаше по подот, бесрамно како животно, извиткувајќи го телото наваму-натаму во бесконечен, безнадежен напор да ги одбегне ударите, а всушност само добиваше уште повеќе и уште повеќе удари во ребрата, во стомакот, по лактовите, по потколениците, во слабините, по тестисите, по коската на крајот од ’рбетот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Допушти му на несреќникот да ги рашетува нив По лудите стрмнини зарастени в троскот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не ја ни мрднав целната комода дури не сетив дека треба, најпрвин, да ги отстранам фиоките.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На тој начин, би дошло до зголемување на бројот на невработени, бидејќи работодавачите ќе им ги раскинуваат договорите за работа на определено време на работниците пред истекот на петте години, наместо да ги трансформираат во договор за работа на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како олово да имам на нозете. Колку повеќе се напинам да бегам толку повеќе нозете ми тежат и од место не можам да ги мрднам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така, лесно ќе можеме да ги добиваме писмата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слегуваат луѓето од коли, од коњи, да ги разделуваат, да ги откинуваат; да го тргнат Дука Вендија од над Мисајлета Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вистината и сета онаа долгорочна разложност што треба да ги преиспита нејзините претпоставки, а што впрочем е востановување на една цивилизирана состојба на народен живот во демократија - се отфрлени поради предрасудите на заедницата којашто не сака да живее цивилизирано, туку судбински како притаен страв за себе и опасност за другите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А продолжи само да стои крај таа дира, пробиена длабоко во снегот меѓу стеблата и да ги гледа двајцата како се лелкаат, оддалечувајќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Камилски почувствува дека разговорот оди видливо на негов терен, на подрачјето на кое се чувствуваше најинформиран, а беше во дослух со генезата на балканското јаничарство, па се надоврза на размислите на Татко: За да се ослободиме од духот на јаничаризмот на Балканот и за да ги спасиме идните генерации, посебно нашите деца, ние треба да ја разбереме неговата генеза, но затоа ќе ни бидат потребни многу време, многу книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прва тоа го разбра Регановата администрација во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ама, другар, сте претерале со придавките - сите ви се во трет степен, на латински речено, во суперлатив, сте можеле барем да ги спуштите на првиот степен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако не е излезена, ќе прилегне да ја дочека, та да оди в црква, да ги извести верните за големиот празник — воскресението на божиот син.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Хотелите се приказна за себе. Откако Унгарците се отворија кон светот како туристичка земја, хотелите станаа претесни да ги примат гостите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Велиш душкаат - остро го прекина - а зошто ти не преземеш нешто за да ги спречиш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Први на тоа се досетија војводите, а најпрв Најдо Акиноски, се здоговориле меѓу себе и тргнаа од глава до глава на домаќинствата да ги наговараат да се согласат да стапат во колектив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Станува збор за правила што мора да ги почитуваме – очигледно ме исмева мојата поубава половинка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакаме да му се придружиме на Момчило и со него да ги возиме нашите трицикли на небото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, во конкретниов случај всушност  – според оценка на судот – станува збор за консензуален Договор за здружување заради заедничко остварување и поделба на извесна имотна корист, односно материјална заработувачка па посоодветен термин од „ортак“ се чини дека би бил „заедничар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Многумина од луѓето, секојдневно се измачуваа за да ги одгонетнат тајните на мундологијата, да откријат зошто светот овде се движи во тој правец?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да се има предвид и фактот дека британските воени мисии биле задолжени за опсервирање и инволвирање само во воената ситуација и освен парцијални известувања за политичките цели на македонското политичко и воено раководство тие не се ангажирале на анализирање на политичката ситуација и дословно се придржувале кон директивата добиена од претпоставените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се разбира, се случуваа исклучоци што тој настојуваше да ги коригира, но сега, еве, тие негови исклучоци со неверојатна педантност ги коригира грифонот: му ги потокмуваше влечките така што кога ноќе ќе стане да му бидат попринога.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сепак, „природноста“ на овие граници обично е повеќе привидна отколку стварна: зашто расните, јазичните и културните разлики премногу често се манипулирани од страна на националистичките идеологии кои сакаат да ги легитимираат веќе постојните граници преку создавање, јакнење, или истакнување на овие разлики a posteriori.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Бидејќи пак тој не мислеше да биде кодош на своите мариовки, и тоа Турци да ги продава, тој и не можеше да го дочека Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Езотеричните професори, интелектуалци, дури и кога се здобиле со гламурозни книжевни имиња од кои се останува без здив, главно ги перципираме како вид книшки молци што произведуваат дебели и здодевни книги...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се разбира, ни најбогатиот, ни најумниот, ни најмоќниот родител не е во состојба да ги исполни сите желби на своето дете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Сакаш ли да имаш мир и живот? Отпарај ги зашиените рабови од минтанот. Дај му ги лирите на шефот да ги чува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А, во овој контекст, би било умесно да ги споменеме и новите одредби коишто, за прв пат, предвидуваат обврска за чување на деловна тајна од страна на работникот (т.н. забрана на „инасајдерство“ – чл. 35, ЗРО/05); како и забрана за конкурентско дејствување, која може да се јави во два вида: како законска забрана (т.н.„конкурентска забрана“ – чл. 36, ЗРО/05) и како договорна забрана (т.н. „конкурентска клаузула“ – чл. 37-39, ЗРО/05); в) договор за дополнително работење кај друг работодавач (т.н. „дополнителна дејност“) – кој, за разлика од претходниот, го склучува работник кој работи со полно, а не со скратено работно време, со друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се разбира, намерата им беше да одат кон паркот, кај козите, да ги втасаат и да ги поминат колоните војници и полицајци, да му кажат на Чанга, па да ги земат и нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе му рече мама на Зоки: - Дојди да ми помогнеш да ги измиеме садовите, сине!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Таа мора будно да ги користи пукнатините кои одредени врски ги отвораат во надзорот на сопственички сили.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Дали сте подготвени да мамите, да фалсификувате, да уценувате, да ги расипувате децата, да растурате дрога што создава зависност, да поттикнувате проституција, да ширите венерични болести... да правите сѐ што може да предизвика деморализација и слабеење на силата на Партијата?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти не кабули ни син ми да го венчаш, а се стори кум на Ѓупците!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
За момент помислив дека се обидува да ги разлабави јазлите на заедливоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
XXII. Наредуваме да нема никаква разлика во однос на споменатата вера при примањето студенти на универзитетите, гимназиите или училиштата, како и при примањето болни во јавните болници, во болниците за лепрозни и во јавните милостини. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бројот на болните е зголемен. Лекар не дојде да ги прегледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Но како можете да ги спречите луѓето да се сеќаваат?“ извика Винстон, уште еднаш заборавајќи на бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тоа време стигна наредба да ги подготвиме бајонетите на пушките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога ќе излезеа од бурињата не ги оставаа да се мијат, туку варта да им се засуши на кожата, да им направи тенка лушпа како од јајце, да ги заштити.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тука ме пратија во името на народот да ги чувам народните непријатели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— праша Најдо, не можејќи да се стрпи сам да ги види.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислело момчето дека следењето од далеку и влегувањето во туѓ двор не е никаков престап.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И според малкуте семејни фотографии што јас можев да ги видам, Борко повеќе личел на татковата лоза, на дедото по татко, а Симон повеќе на мајка му.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Седиш овде и чекаш пилиња божји со барут да ги изгориш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
55. Штом ќе се установат правилни односи помеѓу нас и другите македонски – христијански и муслимански народности, штом ќе се признае нашата народност од владата на Н.Ц.В. Султанот, ќе се внесе во нуфузите името Македонец, ќе се направат првите постапки за нашето национално и религиозно ослободување од пропагандите и ќе се воведат политичките преобразувања предвидени од реформаторските сили, штом ќе се преземат мерки за економското поправување на нашите селски стопани, па и до воведувањето на сите тие подобрувања во нашето национално религиозно и економско живеење, ние – македонската интелигенција ќе треба да направиме уште едно, а тоа ќе биде и најважното: да ги вложиме сите свои физички, интелектуални и морални сили во нашата национална преродба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога Господ го истерал нечистиот од рајот, тој почнал да ги наговара дрвјата да му пристапат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Бојан ги спушти кучињата на земја, Караман навреден, со свиткана опашка се повлече до ѕидот и легна во сламата, а Стрела почна да скока и да ги опира своите предни нозе во градите на момченцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одеше Скрче од дрво до дрво, се потпираше на стеблаците со челото и туркаше како да сакаше да ги урне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сепак генерално, секој сакаше да има своја шамија и мислам дека многу лесно можеше да ги убеди родителите да не прават економија на овој соц-реалистички артефакт.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Овојпат свекрва ми ме изненади нудејќи се таа да ги измие садовите, бидејќи раката ми беше врзана со завој.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Авторот ќе го послуша пријателот и ќе почне да ги раселува Ишињата по периферијата на градот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми кажуваше дека има Господ и дека тој нè гледа, а и мајка ми дека ме гледа, но дека ние не можеме да ги видиме. Оттогаш почнав да си фантазирам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Секогаш кога ќе го погледнам, го имам она чувство во стомакот дека тоа повторно се случува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се обидов да ја потсетам дека само се обидувам да ги исполнам нејзините желби, а таа се насмеа: „Ајде, не брани се! Подобро е понекогаш и да отстапиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во СОЕ многу порано, отколку воените планери, го увиделе значењето на движењето на отпорот и народноослободителните движења и настојувале со сите можни сили да се инфилтрираат во тие движења и да ги помогнат колку што можат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кога размислуваше брзо можеше да ги одбегне неговите удари: О'Брајан ја повлекуваше рачката главно кога тој ќе покажеше глупавост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тито го уверил Маклин дека по изготвувањето на планот тој ќе им издаде наредба на своите команданти на теренот да ги преземат сите мерки за да се спроведе во дело планот во договор со неговите офицери на самото место, чија задача ќе биде да ги координираат операциите кои ги изведуваат партизаните со акциите на сојузничкото воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Најзначајните податоци се добиваат со изучување на повредените односно абнормалните мозоци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш, сѐ уште во нив има живо месо.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Поголем број на деца немаат пристап до медиите и не можат да го привлечат националното внимание, но сигурен сум дека тоа се случува многу почесто отколку што сум свесен. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Навистина, над неговата камилавка недостасувал свет и блескав триаголник што ќе бдее над грешниот свет со око на духот светопресвет од кој затруднела мајката Исусова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Колку што можам да си спомнам, ништо не реков за некаква љубов - се обидувам да ги отстранам впечатоците од некое мое однесување за кое навистина не знам како пристигнало до Борко!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби луѓето, како многу пати досега ќе си останат рамнодушни и нема да успееме да ги поттикнеме на револуција против Стојановци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И дури сега, по толку време од првото предупредување на сопствената потсвест, седам сама во станот, зад пердето, и се трудам да ги поврзам сите поединости и да го најдам одговорот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сепак, би ми било навистина многу драго ако успеа да сфатиш дека не бевме ниту деспоти, ниту ненаситни посесивци, туку дека се трудевме да ти овозможиме најдобри услови за безгрижен, самостоен развиток, да ти всадиме широки и хумани погледи кон светот, да ти дадеме скапоцени совети за што побезболно да ги минеш младешките кризи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сомневањата на Доце Срменков и на уште неколцина се разнишале: можеби попот и не запалил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Сега? Што сега! му се врекна Шаќир. — Гледај да ги продадеме кожите поскапо. Тоа е сега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Забраната ги поттикнува малолетниците на уживање дрога и нејзино продавање со тоа што создава подземје во кое истите тие малолетници можат да остварат таква заработувачка која е невозможна во легални услови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислам дека можете да ги видите позитивните ефекти што ги имаше мултикултурализмот во менувањето на нашиот поим на општество во скорешниот развој на западноевропските држави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш, сѐ уште во нив има живо месо.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Заборавиле што е страв, а кога им дојде ноќеска тие му се подадоа да ги зграпчи за гуша, немајќи ништо, со што би му се спротивставиле, така што оној немаше повеќе ни со што да докрепи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас, која треба да ги лекувам пациентите- не ја чувствувам сопствената душа -сè заборавив- што сум јас- извршителка на должности- должна сум наутро да ги облечам и да ги нахранам децата-должна сум во седум часот да се јавам на работа-должна сум да давам дијагнози-должна сум да лечам-должна сум да водам љубов со маж ми-моите деца моите пациенти мојот маж-зошто ги нарекувам мои-неподвижна седам пред телевизорот-се дава некој глупав историски спектакл-мажот и децата ѕурат во екранот-мракот ме одвојува од нив-мракот ме носи во големата сала-исчекувам ли нешто-редици од свеќи-свеќи танчери-запалени свеќи-прегорени свеќи-студено ми е-толку ми е студено-кој ќе ме стопли-кој ќе ме извлече од овој подрум-само да се помрднам-да побегнам-да исчезнам-јас тука се убивам-боли ме боли-телото ми е претешко-ми треба воздух-да се одлепам-само здив-не можам-не постојам-пропаѓам-помош-помош-помош_
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И ние, амбасадорите на неврзаните земји (Индија, Индонезија, Египет, Алжир и Југославија), се состанувавме еднаш во неделата, во различна амбасада за да ги разгледуваме актуелните политички и меѓународни прашања од областа на движењето на неврзаните, чија криза стануваше сѐ поочигледна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе затропаше некој врз клепалото на порта, таа веќе не брзаше низ авлијата за да ги тргне канџата и резето, - тоа сега го правеше робот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ај мајката, си велам и ги гледам вакви парталави, со нечисти чевли, немиени, небричени, прости... Кај да ги носам таму. Јок ќе направат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добро го кажав ова, ха! Тој не дека не те сакаше, но лесно поводлив ли, суетен ли, желен за престиж ли, сите го гледавме како оди по сечилото на жилетот, впрочем сакаше да се знае, и сите знаевме, оти и не беше само таа, ама со неа беше посериозно, и за детето се вели дека е негово, ама луѓето знаат и да ги надујат работите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По нецел час јас веќе можев да стојам на нозе; се исправив и видов дека додека јас сум бил во мојата светлина и со неа, Земанек и другарите ме пренесле во самиот археолошки локалитет, под едно импровизирано тремче кое си го направиле археолозите да ги штити од сонцето; ме легнале на едно полско креветче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трите тетки како да пловеа секаде низ дневниот простор и немав начин да ги сопрам, а покрај тоа, како воопшто и да не ме забележуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На тој начин Avia гаѓаше една помала, точно дефинирана целна група потрошувачи, и со тоа себеси се позиционира инаку од конкуренцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Штом не се разбираш, велат, да ги донесеш тапиите од куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги читаат само тие што сакаат да ги инсценираат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не дека беше имун за елегантност и дека не сакаше да менува повеќе одела, туку просто речено: не можеше да ги пушта нозете повеќе од што му беше чергата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Би требало да ги фатат и најстрого да ги казнат!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Па тоа се два-три грста зрна што ги истрив од класјето во стрништето...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Живото суштество со својата самоконтрола треба да ги негува чувствата: мора да научи да живее со нив, прифаќајќи ги.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ни краток, ни долг, ни премногу тесен, ни премногу широк, со убав пад и лесно оформени ноздри.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зар еднаш во животот се имаме самозалажувано?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Има факти што не можам да ги побијам и тоа го признавам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Она, дека лично другарот Ѓурчин го назначил за партизански столар при крајот на четриесет и четвртата кога му наредил да ги изработи оние ковчези за испотепаните кај Крупиште, бидејќи по главниот друм тогаш шетале германски тенкови што се враќале од Грција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се работи за онаа правна норма, според која, работодавачот е должен да го запознае работникот со сите опасности на работа и со правата и обврските во врска со заштитата при работата и условите за работа (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст); како и одредбата која предвидуваше дека работодавачот е должен, земајќи ги предвид научните методи и современите достигнувања, да го организира процесот на трудот на начин со кој се обезбедува сигурност при работата и заштитата на здравјето на граѓаните – односно, да создава услови за работа и да ги преземе пропишаните мерки и нормативи, како и други општопризнати мерки за заштита при работата со кои се обезбедува психофизичкото здравје и личната безбедност на работниците и на граѓаните 20.  Закон за заштита при работа; Сл. весник на РМ, 13/98. 30 (чл. 62, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но сепак, и над тревките и над каменот господарела пролет во која сиромаштијата ги фрлала од себе парталите и сиџимите со кои се врзувала околу половината да ги задржи врз карличните коски беневреците; се ослободувале од болвливи минтани и се свртувале разграштени кон усвитеното сончево око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој е навистина заебан. Кога излезе прв пат и кога се објавија рецензиите, тој ми рече, „Има толку многу потресни делови, луѓето се плашат да ги задржат главите на нив.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во почетокот на осумдесетите тогаш младиот режисер Слободан Унковски режира едукативна серија која што за цел има да ги запознае дробните дечиња со буквите на македонската азбука.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Јас ви го донесов под таа јамка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се согласиме првин за десет. Секој да предложи по пет и утре ќе започнеме да ги разгледуваме. Се согласувам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаничарите, веќе исплашени од султановата закана, се сетиле да ги соберат од Кукулино и од другите соседни села сите машки деца од четири до четиринаесет години - доколку ајдутот Парамон не им се предаде или селаните не ја донесат на тепсија неговата глава, тие ќе ги исколат децата и ќе ги обесат нивните главчиња на скопските дрвја, јаболка со мртви очи да се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше како некој да помина со крпа по сета белина наоколу и како да ги избриша со првиот замав сите тие превсенувања, сите тие бладања на неговите изморени зеници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прскав и самиот и чекав мојата распаднатост да ја најдат човекодуши магесници со голи и бели грбови и да ме состават, стани, да ми шепнат, на свои раменици можеш да ги пренесеш запрегите до Лесново и од Лесново до Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но поради тоа што остават уметникот самиот да ги објаснува своите дела и со термини од неговиот личен метафизички систем - еден брилијантен микс од автобиографски цитати, позајмици од езотеричната доктрина на Рудолф Штајнер „Антропозофија” и делови од митови, алхемија и природни науки - не беше создаден убедлив естетски аргумент за уметноста на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оттогаш и оттаму беше измислена песничката за него, а тука, зашто беше вистина, немаше лутенка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
(Всушност, целата фора е во тоа да ги пуштиш луѓето непрестано да зборуваат, бидејќи, порано или подоцна, некој ќе го испушти токму оној збор кој ќе те одведе на вистинскиот колосек).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тогашните моќници во светот, генералниот секретар на ООН Курт Валдхајм, Кисинџер и Громико, министри за надворешни работи на САД и СССР, беа во принцип согласни за среќна разврска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Утрото побрзав да станам. Го замолив рецепционерот да ми го даде пасошот, требаше да одам да ги завршам своите работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А таму јасно и нагласено стои дека минатата вечер изјавив оти ќерката на Ѓурчин ја имам видено повеќепати и дека единствената намера што сум можел да ја имам при тие случајни средби веројатно била желбата да ги откријам сличностите помеѓу нас двајцата: помеѓу неа и мене, се разбира, во колку постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да се свитка, да се стегне, да ги побара сите киселини во себе за да го изгори или оти навистина е нива да остави да проклија тоа црно семе?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе ти го дадам меновникот... - заплака таа, влечејќи го венчалниот прстен од прстот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Затоа ни е потребно да научиме како се користи јазикот во терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога почна да се замрачува, почнаа и нозете да ми натежнуваат. Како од кал да ги вадам, од батачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кој можеше да ги разубеди републичките раководители.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога пак ќе се разединат, се враќа да ги потсети на она што вистински се.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човеков бил Тито: во секоја република имал сопруга, заведена во правливите матични книги, кои мораше да ги бара во подрумот во архивата бидејќи во компјутер немале време, а ни желба да ги внесуваат. Па немал усул...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се обидувам да ги средам во зборови невешто вдлабените букви.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но и да го знаев тогаш тоа што подоцна се дозна зар ќе бев поумна или поправедна?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа е фер плеј, беше мотото на нивната шизофренична другарка Шајчевска, која ставаше рака во оган за да ги одбрани ауспусите.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таа самата, макар колку да ги сакаше, зеде само едно циронче и долго го мушкаше повторувајќи неколку пати: - Баба нема заби цирони да јаде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Овие животни најчесто се сперливи, не можеш да ги фатиш ни за глава ни за опашка, но оваа на Атанас Бамбо се погоди кротка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од друга страна, во Фектори имаше и маса „нормално” настроени луѓе, што се однесува до сексот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пошто од селаните билките, печурките и боровинките ги откупуваа селските задруги, на Сврделот не му беше тешко работите да ги нареди така што стоката тие да не ја дават на некој друг додека прво не се допрашаат од него дали тој сака да ја земе или не.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Спорот настанува кога новопоставениот директор на Центарот – по доаѓањето на својата функција, а сакајќи да си задоволи некои лични хирови – почнува селективно да ги укинува патните трошоци на неколкумина вработени, меѓу кои и Р.М.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Луѓето затворени по куќите ги колнат и го молат бога да ги стиша, да ги спотера некаде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Разбраа и Бисера и Тода, и двете со трчанка слегоа Долно маало да ги видат Тода татка си, Бисера брата си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш крилјата, полетај Ема, поведи го јатото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одделот за специјални операции на ОСС презел повеќе мисии во Европа и во Азија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие проникнале дека неговото доброчинителство не е искрено, туку има за цел нив да ги потчини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Англиската поетеса Елизабет Барет Браунинг, уште како дете била тешко повредена во една несреќа, па во текот на целиот свој живот земала лауданум за да ги олесни неподносливите болки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Оние платна веќе нема да ги распнувате! - рече дедо Димо. - Ќе уредиме спиење во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Револуционерните занаетчии, спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од неговиот збиен коментар проговорува специфичната еснафска солидарност: макар што не ги одобрува, тој настојува да ги разбере оние литерарни проповедници на епскиот дискурс кои, како залутан пустиник, ја преспале симболичката бура, па безнадежно се обидуваат да ја воскреснат оддуваната референцијалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За тие луѓе шанкерот секогаш ме предупредуваше како да ги служам, а јас на тоа му велев: - Ма кои се тие, јас не ги знам, какви политичари, исти се тие како сите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И самата треба да ги одмори старите коски, па се прибира во својата одаја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Љујту лафат две удајки направил Танаско, ем гулемки, тутким! се јавува Чана кога се на сред плоштад и кога дедо Господ наумил да го запре топлиот ветер и да го замени пак со северко и во исто време да ги одзатне сите боски на црните облаци симанти ниско над градот и да нареди од нив да потечат бели пердуфчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во едно од попладнињата, откако ги изнесов столчињата на балконот и ја поткрепив мајка да седне на едно од нив, забележав дека на работ од балконот лежи мртва ластовица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вистина, место на крокодилот можев да налетам на некоја голема змија што може да голтне бивол, или можеше од зад некое дрво да ме пречека горило, но им ветив на црнците да ги ослободам од крокодилот и јас тоа морав да го сторам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Зашто беше полуслеп и зашто беше толку остарен што не можеше да ги спопашка, дечиштата го тргаа за ресачката и го галатеа: Никола-серикола, врзи кучка за дирек; Никола удри, кучка сери, Никола бери!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во секоја сала серија витрини, човечки кукли, звуци и ликови ги оживуваат корењата на анти-семитската омраза и го следат нивниот поход на патот до истребувањето и кон Конечното ослободување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
До 67. dragqueens сè уште не беа прифатени во официјалните фрик центри.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На ист начин за Кант секој морален чинител треба да биде автономен легализирајќи го моралниот закон независно за себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако воопшто некогаш си се занесувал со соништа за насилно востание, мораш да ги напуштиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа треба да ги сознае нејзините и нашите национални интереси и моќно да ги брани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не го сметал другиот Онисифор за достоен старешина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Животот, само ако човек погледне околу себе, нема никаква сличност не само со лагите што се истураат од телекраните, туку дури ни со идеалите што Партијата се обидува да ги постигне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби цел час ечеше гората од ударите на секирата, а потоа момчето слезе до потокот и почна да ги зема трупците и еден по еден да ги пренесува во стреата што беше залепена до јужниот ѕид од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Самиот страшливец и понижувачки услужлив, беше секогаш преполн со желба да ги измачува другите, да се чувствува како ловџија што гони и пука во беспомошно животно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но до оној завршен чекор, до дефинитивниот редослед на обвинетите, до одлуката за извршување на казната. или како што велат поединци до оној извршен чин и крајна цел втасав при моето последно патување од самицата до собата на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ве донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? — иронично се провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето, Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета, молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а тие немаа морална сила да го повелаат како порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некое време чекаат да се отвори портата и да ги прими внатре на Имотот, а потоа однатре, од зад портата, се слуша гласот на Васила Митрески, тој е втор доверлив Максимов човек на Имотот и дека е алипен на едната нога чувар е на сиот куќен имот Акиноски, па затоа единствен тој во овие погани времиња ги има во себе клучевите од сите имотски порти и визбите: Вие сте, господару, прашува Васил. Ние сме, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Двособниот стан се преобразува во терми, заситени од тешка пареа, и од таа надразнувачка атмосфера, изнуркува јадрото, испотено тело на госпа Елвира, со сочни, податливи дојки што ни најшироката дланка не може да ги опфати и со моќни колкови, под кои пукаат и најсолидните гаќички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ние можеме само да укажеме на тоа што се задржало во поимите и треба да го истиснеме како штетно значење! упадна смислено Камилски враќајќи се на првобитниот наум во предочувањето на (без)опасните османизми во балканските јазици, за конечно да се елиминираат и да не будат погрешни и штетни асоцијации кај потомците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да собирам пари од оголениот народ и да ги праќам во Софија на самозваните револуционери за да ги расфрлуваат по шантаните?!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сака в лице да ги угрее да ги погледне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако на неа се изврши интервенција за подоцна да се развие, подоцна да ги активира и лачи хормоните, човекот ќе има подолг живот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сакам да кажам дека книгите од Твојата иницијална (прва) авторска фаза оние десетина тома во кои се собирани Твоите есеистички и критички текстови концентрирани врз одделни книжевни феномени или маркантни писателски личности (да не ги заборавам патописите!) главно ги читав како колешка, професорка по компаративна книжевност, теоретичарка на која примарниот (дури и исклучителен) интерес ѝ се посочените топоси или теми што Ти си решил да ги третираш следејќи ги строгите правила на научната методологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во таква состојба како неговата, тие движења стануваат прецизни и во состојба се да ги следат најситните промени, давајќи им различни значења, понекогаш искривени и зголемени.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во науката обично се обидуваме ваквите мемории да ги кодираме во бројки, пред сѐ заради компактноста а и за да имаме еден заеднички маштаб во однос на кој би можеле да ги споредуваме различните набљудувања.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Демократија без граници По мое мислење, таа спротивност може да се разреши или со пораз на демократијата поради победата на пазарната економија, или со спротивниот развиток, или така што ќе измислиме „демократија без граници“, демократија во која граници­те веќе не се единствениот критериум за тоа чии сме граѓани според тоа во кој регион живееме; друга можност е човекот своите права на граѓанин (и државјанин е да може да ги користи во разни региони; трето, да има право да припаѓа на поголем број региони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ТЕОДОС: (Пред огледало ги чисти мустаќите со четкиче.) Тји, бре мурдарлак! Ништо чисто не може да види човек.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ми требаа неколку минути офкање и стенкање за да се разбудам обвиткан во ужасна смрдеа, како што претпоставив, од сопствените гасови, и со уште позагрижувачки болки во стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За да не го носат полн фижидерот сандак, ги преместија работите токму кај мене, за да им сторам услуга да ги сместам во нашиот фрижидер.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Едоставно ја зеде својата девојка, бруцошката што зборуваше со очите, и ја одведе во Градското собрание да ги подадат личните карти на шалтерот за бракови и разводи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Усните ѝ беа јасно црвени, на образите имаше руменило, носот ѝ беше напудрен; имаше дури и малку сенка под очите, за да ги направи посветли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа одвратна маска сака во мене да легне да ечи меѓу младите брегови на соништата и да ги исполни со чадот на стравот и на тагата и да ги исполни со чадот на слабоста пред смеи мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бахтијар и бимбашијата не го познаваа местото и не предвидоа дека може некоја чета да ја опседне таа тумба и да ги бие одзади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И овде се докажува познатиот стих: “По покусиот пат во рајот не се стигнува” - на почетокот морате да вложите малку повеќе за после помалку да ве боли глава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Никако не можат да ги одделат, да ги растават.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ретки се оние кои на било каков степен не ја почувствувале жедта за моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во таа грозна ноќ Белото јоргованче попусто се обидуваше да ги собере своите цветови и да ги затвори во пупките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми дојде душата, што се вели, ама врапчето што ми првна овдека, уште не може да запре, да ги затвори крилјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина, ги бараат поевтинки, ама и тој знае да ги прави такви.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Професори главни просветители на младата нација. –продолжи таа –Ги подигаме, мораме да мислиме како: Психолошки правилно да ги насочиме, да го поднесуваме нивниот бучен темперамент и што ли уште не.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што вреди што ми велат дека имам убави, долги и вити нозе како создадени за носење мини здолништа, кога моето огледало јасно и гласно кажува: „Бреза, твоите нозе се криви и немој случајно да си помислила да ги покажуваш”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Како раката од господ да ги садела, рече Велика, сигурно сте родени пролеќе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Моето единствено одбранбено средство е тоа што знам дека политиката не може без науката и уметноста. Макар колку да ги злоупотребува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потполно сум предаден на звукот и го чувствувам ритамот како ми струи низ целото тело, од рамениците, до колковите, па до прстите и јас се движам, се вртам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По забранувањето на весникот и затворањето на клубот, Дедов и Мишајков отидоа во руската престолнина и во меморандумот до руската влада и до Советот на С. – Петербушкото словенско благотворно друштво од 12.9.1902 год. меѓу другото пишуваат: „По завршувањето на Правниот факултет во Белград ние почнавме да го издаваме весникот Балкански гласник (Reviue Balcanique), чија цел беше да ги брани интересите на македонските христијани не само од угнетувањето од Турција, но исто така и од разните пропаганди, и да проповеда за самостојна Македонија во политички, национален и духовен однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Август - оди во Лос Ангелес каде држи предавања по колеџите. Октомври - го најмува Алан Миџет да ги држи предавањата по колеџите во улога на Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А за да го убеди началникот оти навистина се посрби, почна да ги брка своите селани — воени дезертери, што не сакаа да се борат против пријателот на Бугарите — Австроунгарија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најмалото братче, бришејќи ги солзите, прво запраша: – Чичко, вие нели нема да ги утепате нашите козички?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш настапи Мустафа ефенди; на заптиите и на војниците им издаде заповед да ги фатат и да ги отераат Арнаутите во апсаната прилепска, а Лазора да го однесат во војничката болница за да го излекуваат, но Јосиф не даде; Сами ќе го излекуваме, рече.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка, со нејзиниот својствен ритам, со интервалите на нејзината длабока тишина, започна да ги споменува, по ред, сите на кои се сеќаваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Човеков само се труди да ги задоволи формалностите што се запишани негде во Правилникот (ако постои таков Правилник).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но има неколку години како се припрати, со бројна дружина составена од Турци и ѓакони вооружени со пиштоли, со топузи и со крстови, прилепскиот грчки поп, некојси Хаџи Ташку, Влав, и се натура тој да ги врши обредните работи и околу Водокрстот и околу сите празници во Потковицата - така било од памтивек, вели, сите работи во врска со христијанската вера во Потковицата ги вршеле грчки попови и на грчки јазик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И како целта да им било тоа чудо со празни очи на издолжени прозорци, како на тоа место со неколку искршени и безживотни стебла да ги чекал нов и величествен почеток, ги забрзале чекорите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А бара да ги смени чевлите за опинци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инаку, вредно за спомнување е тоа дека уште пред тој да го покрене спорот, веќе не работеше во фирмата – бидејќи раководството на „Охис“, претходно му понуди околу 2.000 ЕУР отпремнина за тој да биде прогласен како технолошки вишок и „доброволно“ да го напушти работното место, но сепак не спомнаа ништо во врска со намирувањето на платите кои му ги должеа од порано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да вмешаат недолжни, да ги принесат пред гнасните шепи на злото, жртвеникот на злото – рече старецот. – Опседнатоста е како зависта, но и повеќе од тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Да ги изговорам. Потоа не знам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Станува збор за расказот „Шуга“ во кој вели: „Тоа е една многу стара игра во која детето што нема среќа, ги брка другите деца обидувајќи се да ги допре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На крајот да го кажам и ова: Актерите се клучниот сценски реалитет, но, одвреме-навреме, потребна е некаква Флоренс да ги потсетува да не прават будали од себе, особено кога не ќе можат да ја согледаат својата суштествена функција - коавтори на претставата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Поради својата каприциозност, како и неговата желба да постави пример за во иднина да не се осмелуваат да одат директно пред суд, таа негова „фер понуда“ не важеше за оние кои веќе беа вклучени во тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иследниците сигурно не заборавиле да ги земат па дури и да ги прочитаат оние неколку редови од тоа спомнато незавршено писмо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакам да ги запрам, а тие се понастрана ми стојат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да ги приватизираат претпријатијата ако немаат пазари за своите ресурси?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега на то и работиме со браќата: да го убедиме татко ни да ги продади дуќаните, оти во ваква понижувачка и страшна атмосфера не можиме и не сакаме да работиме.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оние од кои се откажав да ги пуштам за да заштедам за жена ми да може да продолжи да ги купува сите оние непотребни нешта што жените со толкава сласт ги купуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој, на 13 март 1944 година, го известил Пуриќ дека конгресменот Безби зборувал во Конгресот на САД, предупредувајќи ги членовите на ова претставничко тело дека е важно американскиот народ и Владата да слушнат кој е Михаиловиќ пред да се донесе одлуката во Лондон што „може фатално да ѝ наштети на неговата извонредна работа, која од почетокот им користи на сојузниците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Шест слики од неговата серија на Авто-портрети се изложени во павиљонот на САД на Експо 67, Монтреал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можам да ги составам палецот и показалецот околу твојата надлактица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Да ги викаме ли кај нас на колибата, а?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секогаш бев свесен за своите раце... но, првата работа што на мене ќе ја забележите е мојата кожа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од 3 до 11 јули 1968 започнаа студентските протести во Белград кои полицијата настојуваше бруталнио да ги угуши.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Цел на Партијата не беше само да ги спречи мажите и жените да создаваат врски што таа не ќе може да ги контролира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Од умна болест“ , одговараа а тишината се повлекуваше и ги оставаше шепотите смрзнато да висат над нив, да ги дави, да им ја пие супстанцата, да биде куп гнили крпи околу гнили мумии.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едноставно посакала да има син без да навлегува во последиците што може да ги предизвика постигнувањето на оваа цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Многу ми се дожалило за децата, господин капетане, му велам. Ако може да ги видам, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го молам Судот да ги земе записниците и таму да види што сум рекол јас во однос на обвинетите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога се подисправаше можеше добро да ги здогледа и првите модрикави гаснења на квечерините, чиишто волчешки приближени копринки напросто како да ги исткајуваа во своето мрешкање оние издолжени прилики со шилести муцки и со прекршени опашки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаев оти за вас било многу попривлечно да шлапате по водата, да ги барате најдлабоките вирови, да ги плашите малите рипчиња и полноглавците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со какви надворешни норми можеше тој да ги провери своите судови ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе ги земете котлињата и лопатите и ќе одите в река да ги наполните со песок. Не со вода.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кој сум јас, си мислам, да судам за човечките чувства и да ги исправам механизмите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, Организацијата во моментот не била во состојба материјално да ги поддржи гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да поминуваат луѓе да ги гледаат, да се чудат и да велат: - Еве, оваа куќа ја соѕида тој Веле, мајсторот од Тресонче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го побарав својот адресар, а потоа почнав да ги подготвувам алиштата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но без намера да го оценувам однесувањето на нашиот Вујко, а уште помалку да ги поттикнувам горчливите приливи кај Виктор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тие педесетти години по некоја од тие песни ќе прочитав на поетските средби, но само две од нив се решив да ги објавам, сепак, дури во 1987 -та на страниците на „Културен живот“, во една панорама на стихови посветени на Кочо Рацин.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Се гордеевме со нив: да чуваш две кучиња речиси сред градот, каде ни кокошка со пилиња не смее да се чува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако се бара здравје и напредок за овците, ќе се донесе или овца, или коза, некој стог сено за да се изранат 800те манастирски овци; ако се бара здравје за говедата, ќе се ариза ја само теле; крава или пак и двете заедно; да навали св.Димитрија потешко да се умножат поголема сурија) ако се бара услуга човек, тогаш со што ќе знае свети Димитрија оти тој и тој бара од него некаква заштита, ако не да ги гледа тука, пред него по една две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така, за неа, бекташката одредба според која Бог е таму каде што повикува добрината, прерасна во верување дека Севишниот ѝ го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чекаше да биде готов вујко му и гореше од желба што побргу да се јави на Слива и да ги види витолишките планини, покриени со вечно зеленило, а под нив селото, покриено со редок дим од двесте огништа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Новите движења што се појавија во средината на векот, Ангсоц-от во Океанија, Нео-болшевизмот во Евразија, Обожувањето на смртта, како што обично се нарекува во Истазија, имаа свесна цел да ги овековечат неслободата и нееднаквоста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така, во декември 2008, испраќа и известување до Хелсиншкиот комитет за човекови права; како и писмо до Агенцијата за вработување на РМ, со цел да ги информира тамошните служби за „валканите игри на директорката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не се работи повеќе за индустриски, тешки машини, кои се (беа) објекти на насилство за време на штрајкови и кои, на крајот од едноличната „работа”, налутено ги исклучуваш, ги туркаш од себе и се трудиш веднаш да ги заборавиш; твоето слободно време започнува на другата страна од нивниот работен делокруг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Заборавот ја подјадуваше меморијата на раните дипломатски години, но не можеше да ја истисне од свеста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само по десетина секунди јас посакав да ги извадам зрнцата од ушите. Сакав, ама не можев!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Луѓето започнале во паника да ги празнат улиците и да се сокриваат во куќите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Забораваат дека толку многу сакаа да побегнат од онаа заморувачка рамница во која нема ниедна возвишка за да ги одмориш очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И затоа се опечалив повеќе да ги донесам злато, да му се отворат очите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сакам за ова да ги потсетам тие што веќе ја знаат, а тие што не знаат треба да дознаат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кметот мрмореше правејќи со сила напори да ја фати мелодијата и да ги следи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа почна да ги нуди со јадењето. - Повелете... Земете... Но тие како да немаа апетит.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веќе не можам да ги носам годините.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Документирањето на еден настан е како градење на куќа од тули кои не знаеш каде се расфрлани низ историјата. Не знаеш каде се, а треба да ги најдеш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не можев да ги слушам тие глупости.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше тука и повратениот кураж, и една чудна решеност, а Претседателот ги имаше смислено сите зборови, и тој нив мораше да ги рече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Струма зема прачка, а јас камења, сакаме да ги избркаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ние се плашиме, но уживаме да ја слушаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакам да ги користам сите можни изразни средства што се во некоја врска со другите уметнички форми коишто постоеја во Европа - сликарството, на пример, кое исклучително ме интересира - за да можам да го остварам тој вид на идеален филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас го поставувам прашањето: Како нашиот народ успевал така да ги види работите?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Малку по малку, должностите почна да ги извршува нередовно; а посебно кога во разговор со управникот или со главната сестра требаше да каже нешто за каков било предмет, кога ќе осетеше дека на дотичниот предмет и самиот треба да му подари некаква изјава, буквално ќе се скршеше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И, додека едната баба го читала Мопасан, другата воопшто не читала; не дека немала време, ами затоа што била неписмена, не по своја вина (немало кој да ги пасе говедата).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Војната“, рече таа. „Сите биле навлечени. Морнарицата го направи тоа. Како инаку да ги натераш да работат за тебе?“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но колку што навлегуваше во нивната жива и незавршена конотација, тој низ овие зборови како да сакаше да ги дополни балканските историографии, кои и во јазиците во подем на државите- нации гледаа бојно поле.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да ги видам твоите документи, другар? Што бараш овде?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А Бугарите, срчка да ги испие немаат за јадење и земаат сѐ: кокошки, кози, сало, сирење, кој има свинче и него му го земаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се симна на Сен-Силпис, тоа го знаев уште пред возот да почне да кочи, тука е онаа подготвеност на патниците, особено на жените кои нервозно ги проверуваат пакетите, го затегнуваат капутот или гледаат отстрана кога стануваат за да ги избегнат колената во оној момент кога губитокот на брзината ги врзува и заглупува телата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Беа двајца пријатели и беа создадени за да бидат вакви цели во себе и сами и судбината како да ги имаше одбирано за да ги сретне еднаш, во еден ваков ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со раната врамена во скинат опинок, со таа втора дамка што можела да ги врати кон многубоштво, тие знаеле дека старецот е мртов од птици до чело и верувале дека од изгниеноста под земја брзо ќе се вообличи издолжена подвижност, најпрвин пелтеста, потоа густа и стврдната, најпрвин човек-труп, потоа труп-земја, најпосле змија-отров за нечија несреќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И за да не мисли на студенилото и на сонот, почна да ги брои оснежените елки што се извишуваат лево, на угорнинката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И оште: Ние се обврзјавме самоволно да ги подржаваме и поткрепјавме со слово, сос дело, сос помоштна рака и заплата речените ни Костадин Блаже Дамчев, претседателја на општината, Јосиф Оносим Акинов, учител ни, Хаџи Ташку, свештеник ни, за това и за сичко горереченото потврждавме като се потписавме сос своја рака.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Паричкиве, леба ми, не се толку малку. А би можел брзо и лесно да ги спечалам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Третиот ден Бошко се чудеше што да прави: дали да им ги врати парите на луѓето или да ги чува уште некое време?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Никакви жалби не можеа да ги одменат па ни оваа со која ги осуди Трајка и поп Јакова.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Градот ја имал судбината да стане крстопат на многу­бројни генерации од сите континенти, од сите раси, од сите големи религии, од бројни народи, готови да ги жртвуваат своите животи за една кауза која, всушност, им била далечна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мене уште долго, долго ми недостасуваше звукот што го правеа патериците на Александар додека тој многу внимателно се движеше низ дневната соба во куќата на татко ми, каде што престојуваше додека закрепнуваше од сообраќајката што за среќа сите ја преживеаја без поголеми последици.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Иглите за плетење и преденото и многу други работи што ги правевте во вашите села и по дома, тука да ги заборавите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Црквичка да соѕидаме, душичкиве да ги откупиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Научи наутро неколку туѓи шеги и умеј да ги кажеш во погодно време... 122 okno.mk Има и друг начин да се говори забавно без памет, само нека јазикот ти е виток и жилав; но, тоа е тешка наука, која само од жените може да се научи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еротичната катарза беше доволно настрана да предизвика да се восхитам на способноста на соговорникот постојано да ја чувствува и еднакво да се разочарам од нејзината неспособност самата да се рефундира, без да ги трансформира силите на туѓата, подарена или сосила присвоена енергија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Честите царе, сонце наше сјајно! Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Одговори ми!“ извика таа. „Зарем си луд да ги трошиш парите, тукутака, на облека што нема ни да ја носиш?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа решително им укажува дека може само да помага и да асистира, меѓутоа нема да ги преземе работните обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поважните настани ги предизвикуваа сивите жители да ги излекуваат главите од своите корупки во кои се таеја како плашливи желки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И им посакувам да бидат присутни тука на земската софра доволно долго за да можат да ги поправат сите грешки што ги направиле ненамерно или намерно, случајно или смислено, принудени или не... и при тоа ги повредиле своите блиски.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се плашам од неможноста да ги разлачам, ако и самиот личам на нив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На тие што првпат започнуваа да се судат, за да ги ослободи од непријатно чувство што ќе одат по судови, им велеше: „А што ќе правиш... Така е создаден светот... преку делби...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Господи, се молев без лузни и гревови во душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црпеа вода за да ги напојат коњите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Воопшто, децата ме сакаат и сега смеам да си играм со нив, да им купувам топки, да ги носам на сладолед, на сладолед со шлаг, смеам да им купувам џиновски гроздови балони, со чета весели деца да ги опседнувам нишалките и вртелешките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едо писателот со погледот како да бараше начин да ги расебети капињето од скребите, копривите од малечките, папратта од базојчките, блостурот од шиповите...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Петко (така се викаше селанецот во новите алишта) го виде самиот Ѓуро јасно му стана дека го погодил местото каде да ги бара „дивите“ в град.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На некои работи луѓето не можат да се навикнат, но на крајот се е за луѓето, болката, тагата, грижата, разочарувањето и осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но во 60-те целата фора ѝ беше во тоа да ги оставиш работите такви какви што се. (На пример, 67-та помогнавме да се отвори дискотека под името Gumnasium. 28 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Тоа е тешко, велам. И минатиот пат инсистиравте на тој ваш редослед па видовте колкави беа недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па, сепак, и покрај силното препотување, и покрај тоа што сѐ му се сплетка и измеша во главата, и покрај госпоштината со каква тој по прв пат се сретна и се уплаши од неа, реши да остане упорен и да ги прекори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А и она, што уследи во однесувањето на Виктор изобилствуваше со знаци што не можев да ги протолкувам бидејќи не бев сигурен колку бев јас виновен за натамошните постапки на мојот постар брат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури си мислел така Силјан, сам беше го оставиле во една одаја луѓето, чунки ошле да ги наранат имањето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се обиде со рацете да ги размрда железните прачки на прозорчето, но тие беа цврсто заѕидани во ѕидот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дали го прашавте што памети а што заборавил?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во својата израснатост планините останаа вкочанети, бессилни да ги стреста од себе отровните магли, тие бели чалми околу голите врвови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Присутните се однесуваа сосема нормално, дури и понормално од нашите викенд- фамилијарни седенки, сите удрија на гозбата, која по нашиот христијански обичај можеше да ги нахрани гладните во Африка.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со таква задача беше задолжен и Камилски, којшто овие зборови требаше да ги извлече од областа на архитектурата, урбанизмот, трговијата и занаетите, земјоделската терминологија, алатите, парите, мерките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Непосредно пред да се оконча спорот во втор степен, а по завршувањето на нејзиното боледување, таа се враќа на работа и го известува раководството, дека таа нема да работи на работното место референт, како што тие сакаат – бидејќи никогаш, во нејзината долгогодишна кариера, не го работела тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мрмореше како да ги меле неповрзаните зборови: зошто го удирам, тој може да му каже на Баждара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега и не му беше толку тешко да ги слуша тие зборови. Го тераа да мисли на шегување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе си фрлам вода на очите и ќе отрчам кај Уља, кај јатрва ми, да ги толмачиме соништата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ФЕЗЛИЕВ: (Откако ќе излезе Неда, ги проверува вратите и почнува да ги претресува фиоките.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тој често забораваше дека пред себе има човек кој штотуку се описменил и дека треба да ги избира поимите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури и повеќе, државата и понатаму би ги затворала оние што одредени супстанции им продаваат на купувачите кои сакаат да ги купат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вангел Русјаков пантолоните си ги местеше надвор и зејна да го опита Петрета што е тоа во што се пули, ама овој прсна на кај алето без да му остави време да ги пушти зборовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие денови никогаш не можеше да ги задржи мислите на ниеден предмет повеќе од неколку мига непрекинато.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едниот од придојдениците со белег на замисленото лице, најверојатно детски спомен од рог на туѓо говедо и со сенка на возбуда во светлите очи, онакви какви што можат да ги имаат и децата и мачките, се викал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако полномошникот признал некој факт на рочиштето на кое странката не присуствувала или некој факт признал во поднесок, а странката тоа признание подоцна ќе го измени или отповика – судот ќе ги цени обете изјави (чл. 80 и чл. 84, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Каленци, Крушевичани, Чанивци, Пештанци, Вепрчанци и други „прекуреканци" останаа испретепани во Дуње да ги ложат бабите со кромид и сол, а дунските сиромаси што немаа да платат, ги собра Мефаил со него да ги тепа во другите мариовски села и со нив да ги плаши тамошните сиромаси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Дури знаеме и каде да ги довеземе телата.“ „Значи, ти си размислувал цел ден за тоа“, му рече таа. 86
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Камилски помалку маки си имаше да ги утврди во листата заемените заменки, чиј број е мошне ограничен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според Ѓорче, таа постапка била принципиелно неправилна, зашто на некаков начин изгледало дека Комитетот тука (во Софија - б.м.) се грижи да задоволува одделни амбициозни групи, отцепници, да ги придобива на своја страна и да ги вовлекува во Внатрешната организација како надворешен елемент...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Познавачите на срцето на автомобилите ги советувале да возат и само да возат оти застанувањето може да ги одвои од патот и од зацртаната цел.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Момче и девојка се гледаа вљубено, седнати на една клупа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им се извинуваат и им ги креваат главите. Се обидуваат да ги оживеат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Дојдени сме како пријатели но можеме и да ги запознаеме вашите закони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со лопата да ги ринеш... сакам да му речам на мојот двојник, но молчам и чекорам, осатавам тој да ми се јави откако ќе утврди колку е непријатно кога го игнорираат твоето присуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттука е јасно оти добро разбраните интереси на Турците и на Македонците им диктираат не да си ги трошат нивните сили во меѓусебна борба во полза на заедничките нивни непријатели, ами да си подадат еден на друг рака и да ги отстранат сите фактори што им пречат во нивните пријателски односи и заеднички интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па тие и солзата од око ќе ти ја украдат и нема да ги видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред настанувањето на спорот тој имаше работен стаж од 25 години а, според систематизацијата на работните места, работеше како електротехничар во „Охис Пласт М“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги терам да ги изведат кравата и магарето, да ги попасат по меѓите. И за нив ми е жал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но уште полошо беше тоа што одредени критичари беа спремни ваквите дела да ги примат како сериозни уметнички дела, меѓу кои и Џин Р. Свенсон од Art News и историчарот на уметност Роберт Росенблум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Трајанка знаеше сите тешкотии да ги претвори во шала, да ги преврти, да не се осети – оти тоа многу болеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со своите секојдневни извештаи тие допринеле центрите на СОЕ во Каиро и Лондон со внимание да ги следат воените и политичките настани во Македонија, да ја насочуваат активноста на членовите на мисиите за прибирање на потребните воени и политички информации за да можат правовремено да дејствуваат кај командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел да ги заштитат своите интереси на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во меѓувреме веќе се разви технологијата за тоа и сега подготвува можности да ги пакува сите постоечки информации. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 87
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Требаше да се врати дури во септември, а Али во својата работилница ниту можеше да постигне да ги услужи муштериите, ниту пак можеше да најде помошник па го наговоруваше Еда да остане.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Значи, да ги оставиме сите наши дејци од народот на милост и немилост? — праша Ѓорче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не сум сигурен колку можам да ги сфатам а камоли да ги прифатам ваквите размислувања! Тоа и му го велам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Максим им заповеда да ги затворат дуќаните и заедно со сиот потребен алат таму да отидат, на ѕидањето на општината и на училиштето, за да им бидат од припомош на мајсторите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Југославија, за побједу и слободу 1941-1945, Београд 1985, 67. 42 Според него само вооружената интервенција, многу поголема од онаа што ја презеле Германците можела да ги победи партизаните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зар сталинизмот мораше толку многу да вежба со нашите души за да ги стори комунистички.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сете пари ќе и чуам само за пушки, лели велиш оти ќе ни требат, И уште тука Толе се распаша, го извади ќемерот од Арсланбеј што му го зеде во Старавина со шеесет и пет лири, во кој беше ги сместил и оние од овците од Букри, та ги истури на сакмата и почна да ги брои по десет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Огинот гореше меѓу двете колиби, некаде на средината така што можеше чадот да ги брани од комарците и двата влеза. - Бреј, стрвници, како кучиња се нафрлуваат!..
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Всушност, не ми го откорна перницата носот, туку белиот ѕид - додека сонував дека на еден црвен стол безгрижно возам по празни улици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од зли луѓе пленет тој е, со измама, не во битка...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
-Војни беа тогаш, велеше Еца во Будимпешта.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
ТЕОДОС: Мустаќите... Бетер ќе се од твоите... (Го свива погледот надолу, а ја крева горната усна нагоре, да ги види.) Бетер!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Божем откриваше тајни што не треба никој да ги знае, говореше тивко со крајно поверлив призвук во гласот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Ај со среќа, здравје, вечни, целокупни бериќетни“ - благословуваше баба Мирјана - „така научив од свекрва ми, па овие убави благосилки и вам ви ги кажувам да ги запаметите и да ги пренесете на вашите деца и внуци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби ми раскажуваа за крокодилот цртајќи и самите за да ги разберам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кога мајка ми кажуваше за татко ми како одел да ги паси овците и козите со празно торбуле мене дури и сега ми се плаче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се разбира ќе успее да ги доведе работите во ред, но нема сигурно да посегне по позитивното политичко наследство на Бургиба, во тоа сум апсолутно сигурен - ги коментирав неговите зборови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тие се плашат од забушавање, настојуваат за да бидат посигурни; те вентузи, те рендген, те да им се вади крв... да ги пипка некој од горе до доле... сѐ да им се измери... притисокот и глупоста...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој не можеше да ги следи бројките, но беше свесен дека тие на некој начин се причина за задоволство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш крикнаа и жените и како да ги подзеде чудна сила, исплашено ги фрлија цвеќињата и прснаа назад кон градот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој не мисли на незгодите што може да ги предизвика овој петел на улицата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Еве, изминува така да се рече и златнава есен, никако да ги слушне очекуваните зборови.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Впрочем, мене и вам не ни значи ништо тоа што Уставот на нашата држава, само на хартија, ни гарантира одредено право, ако тоа [виртуелно и фиктивно] право ние не можеме и практично да си го заштитиме пред суд – затоа што, на пример, судијата не го зема предметот во работа бидејќи немаме пари да ги платиме скапите судски такси, како и лукавиот противнички адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не можам мртвите да ги лажам, ѝ велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не стоеше сигурно на нозе, не можеше брзо да ги завлече рацете во студените гумени ракавици; на врвовите на неговите прсти умираше еден долго негуван акорд, една музика што се губеше како шум на секнат водопад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тоа дека мораше да им се врати сам, тоа што не ни помисли да ги чека да дојдат и да го земат, беше во него пак уште една работа, кон која тој не можеше ни да замисли, а да не се придржува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш се осети, заздишен. И тоа можеше да биде причина за да ги загуби, онакви воздушести и мирни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, тука немаше место за никаква лутина, а Змејко го имаше и во себе истото тоа чувство, што го тераше татка му да ги стега вилиците така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
-Штом ќе ја насетам болката, или ќе се појави некој проблем во врска со здравјето, најнапред одам на лекар а потоа постапувам според неговите наоди и совети. Ништо друго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Господи, не заборавај нѐ ... Му верувале на видовитиот дека ги следи некаков куп крлушки, заби и нокти, бездруго да се надвисне над нив, да ги поклопи и да ги стори испокинати мртовци со дрипаво месо на студените коски, сета таа бедна расфрленост да се сфати со последното делче на свеста и пак таа свест да се бори да остане непобедена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има ли тесна и дупка пресна со вазелин, да сјае, да блеска за топли браќа со намери задни убав и згоден депилиран задник Една желба имаме пред нас розе парада и топол колбас ануси два, поп да ги венча со бериќет вечен, да посвојат деца
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој бил свесен дека барањата за независна Македонија, „би биле загушени со сила од Грците, кои сигурно би се дигнале од цела Грција за да ги загушат“ бидејќи Грција била “ доволно сиромашна... за да ѝ се земе една од нејзините најпродуктивни територии“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веќе сум свикнал жителите на Пупифанија да ги сметаат моите доживувања за измислици.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
1. Денешно Едрене, Турција Одисеј: да не биде доцна Врзете ме, на време високо на јарбол да можам да им се нагледам да можам да им се наслушам а само со поривот да ги допрам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се враќаме и бараме место да седнеме за да напочинеме и да ги средиме впечатоците. Залудно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во овој случај, значи, е избегната можноста пациентката како папагал да ги повторува моите зборови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Најчесто, кога Татко ја напушташе библиотеката, таа влегуваше речиси нечујно за да го присобере правот, да ги проветри книгите со свежината што продираше од реката, преку отворените прозорци на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Марката на цигарите малку ме збуни, но дури кога почнав да ги слушам неговите додворувања (ги кажуваше гласно, иако не толку јасно како жената Монолог во авионот), сфатив дека сум утнал.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Навистина, само самовилска светлост можела да ги изгони сенките на сомневањата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако и ние ја сакаме нашата татковина и самите себеси, тогаш и ние треба да ги претпочитаме нашите месни македонски интереси пред општобугарските, општосрпските, општогрчките.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Живиот за живиот немал почит, исламскиот полумесец стоел високо над крстот како гола сабја со крвави рабови, крстот бил натопен со отров.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа нечистивиот ти го стокмил: и свадбата, и сватовите, и ората, и даровите, виното, од кое ако си голтнал, ќе те голтнело лудото и ќе било чудото што ќе те такла по сокаците да ги прибираш облаците, ќе те чекале бајарки и попови по манастирите, по чардаците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако ги заврши работите што беше предвидела да ги заврши утрешниот ден, само за да го следи Татко во ноќта, небаре да го преземе својот дел од одговорноста од татковото замислено патување, кое еден ден можеше да продолжи во реалноста, тивко се прикраде до неговата соба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И вистина, зар ќе се реши еден искрен патриот Македонец да ги жртвува: Костур, Лерин, Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетово, Скопје и др. за соединувањето на Македонија до левиот брег на Вардар со Бугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ги подаде уште еднаш двете раце кон мене, во еден обид, за јас да ги прифатам, но виде дека нема простор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еве се излегува, вели и се качува да ги отвори крилата од пенџерето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Причината ја гледа во пазарните услови на стопанисување и воспоставениот суров капиталистички систем, кадешто основата е интересот на капиталот, а не на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој не заборава да ги велича и неколкуте тераси – градени на еден близок рид крај кој минуваме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеше убаво да ги уочи подготвените улоги, дури и кај членовите на семејството, да извлечат што повеќе од старицата од другата страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
– Ке биде интересна денешната работа, зар не? – праша еден од агаларите и почна да ги тегне бројниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Војниците почнаа еден по еден да ги врзуваат селаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Некои ситни работи, како торбата или алатот, можеше да ги спровне низ вратничето и да ги смести во ќелијата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Србите можеме да ги обвинуваме за шовинизам; но тие не се поголеми шовинисти од Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така некое време останавме таму, додека нашите веќе беа пристигнати во Прилеп, почнаа да се слушаат нивните истрели кои доаѓаа дури до нас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ТОМЧЕ: (Нејќе ни да ги слуша Циганите. Го гледа без да трепне татко му.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
-Причина за гордоста е самољубието, а гревот е последица на тие две нешта – одговори старецот, продолжувајќи:- Ако човек се сака само себеси, не може да ги сака другите живи суштества.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во периодот од првата половина на дваесетиот век, пред самиот почеток на првата светска војна Вардарска Македонија беше потпаднала под српската чизма и сите мораа да ги сменат презимињата од македонски во српски префикс- на пример од Николовски во Николиќ, Димоски во Димовиќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Да ги пуштиш за извесно време сите нив да ги носи врагот и тебе да те остават на мира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На што се должи вашето присуство?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сам се огласуваше, да ги стопли истинатите души... Кавалот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Nobel очигледно е продолжение на работата на друг дизајнер, кој бил оневозможен да ги направи неопходните исправки за да го ревитализира фонтот за дигитална сфера.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ќе се јавеа на небото и ние ќе застанеме да ги испраќаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До нас неочекувано се доближи Х.Х., се разбира за да ги проследи моите реакции.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знам дека ги искусив сите тие случувања но не можам да ги оживеам во сеќавањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но кафезот, сам ли од себе, или од струење на воздухот во пирамидата, започнал да се ниша над саркофагот, да чкрта и да испушта гласови слични на оние од птиците што изумреле. Се мачел да ги замени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мене цената не ме тревожи. Парите се печалат за да ги трошиме! Дури ни на ѕидот не мислам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Исто така, можеби руските конзули ги заштитуваат српските интереси во Македонија, не за атер, ами едно, зашто и Србите како и Бугарите се Словени, а друго, зашто Србите поарно ги имаат разбрано и знаат да ги бранат нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ми се чинеше дека немам сила да ги запрам, да ги вратам во темнината на нивниот принуден престој, дури не ни го сакав тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дончо запира, ги гледа, слуша глас од неколку клопотарчиња, го крева стапот и сака да потрча на кај нив со намера да ги тепа, ама во тоа не успева оти направо од меѓата од кај рекичката се појавува висок човек со голем стап во едната рака, а со другата го грабнува за вратот Еј, јунаку, кај си се загнал?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Диво месо…?!“ се обиде да ми влезе во зборот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја препознаваме „облеката“, возрасните политичари на индустриската ера, со нивната „без глупости“ трезвеност и врамнотеженост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На моите прсти, твојот префинет мирис се мешаше со кокосовиот миск на лосионот за сончање со кој што без прекин си ги мачкавме телата еден на друг .
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи дојдени од Албанија, иако рисјани кои говореа многу чист македонски и не го знаеја албанскиот, нашите почнаа да ги викаат Албанци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
1. За одмотувањето на транзициското клопче Колку многу неправди можат да се случат, а никој да не може да ги осуди. Цицерон (М. T. Cicero / 106–43 г.пр.Хр.)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не можеше ниту да ги собере, а не да ги поврзе во низа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наместо да трча низ полето, кон каналот за наводнување, коњот трчаше по патот кон лозјето на Диркан Халабијан, каде што почна да ги прескока лозите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А тие двајцата, Шишман и Србин, како сеништа стоеја пред неа и чекаа да ги види.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како да сакаше да ги пробие со погледот, да ги размести лево и десно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не се осмелуваат да ги стават своите јајца во иста кошница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ваквото здоговорување внесло некаква темелност во луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немаме дури ни храброст да ги прашаме испраќачите на ваквите пораки дали навистина сакале нешто да ни речат?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вака ми останува да свирам и пејам само за својата душа, а музичкиот талент и знаење ми стои скриен во нотните тетратки, без можност да ги чујат и некои други уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Продолжив да ги сечам насреде и ги доисеков; од половина нагоре попаѓаа додека нозете продолжија да чекорат. Но само така ми се стори.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Амбасадорите на Европската Унија, тогаш во помал број имаа свои облици на дејствување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подружницата може да ги врши сите дејности од предметот на работење на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подружницата се организира со одлука којашто ја донесува надлежниот орган на трговското друштво во согласност со договорот за друштвото, односно со статутот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гласот не му го чув. Молчеше постојано како немтур, кому зборовите и мислите му се сплеткале во плетеница од суви гранки и никако ни да ги проголта, ни да ги исплука.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не е ли јасно и од тие постапки на македонските водачи оти Македонците зедоа самите да ги решаваат судбините на Македонија и оти тие во својата дејност се готови да се судираат и да ги усогласуваат интересите на својата татковина не само со Бугарија, но и со другите балкански државички, откако ќе им се дадат на тие државички некои обврски од страна на Македонија за укажаната помош?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А како умен и разбран човек - просветен работник! - секогаш настојуваше да ги усклади желбите со можностите. Така и овој пат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кој продаде до пладнина – продаде, кој не – ќе ги тера добиците до пазар, ако не сака да ги продаде пошто-зошто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Слично, кога ги анализираме интеракциите меѓу владите, големите комерцијални монополи, медицинските и воените власти, забележуваме дека тие обично се поврзуваат на различни начини, надополнувајќи се меѓусебно, без да ги загубат своите индивидуални особини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Според една легенда, во средниот век, Омејадите, престанувајќи да ги преобратуваат немуслиманите, го прифатиле системот dhihmi, кој ги штител христијаните и Евреите, коишто можеле да продолжат да ја практикуваат својата вера, но по цена на тежок данок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Жените навистина стоеле пред големиот миг на надежта да ги врзат мажите за постела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што ќе се напиеш? - праша Геро, како да го викнал во негово маало, и ја крена раката да штракне со прстите, како да ги довикува другите тепачи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Почна да ги дели, но ако не ѝ помогнеа Пеце и уште некое дете, не ќе успееше да ги раздели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас, молчејќи, во воздухот со показалецот се обидував да ги бележам нивните рабови што беа во движење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе ги завтаса војниците, ќе им дојде со здивот зад петици, и колку да ги дрпне за ногавици, ќе подзапре, ќе нѐ почека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
2. АКО СИ ЌЕЛАВ, ГОЛОГЛАВ НЕ СЕДИ - не за да не настинеш народецов се плаши, туку да не те есапат за мудрец кој вреди да ги изреформира сите школства наши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Рајхсфирерот ја добива мојата молба за спас на нашите сограѓани и мислам дека ќе ги уважи аргументите што тука најдов за сходно да ги набележам“.  Прв се созеде Лит.  „Еминенцијо, мислам дека писмото до Фирерот не го одложува извршувањето на нашата работа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А сигурно нема да имаш ништо против ако начекаш и некоја дива свиња, да ја пречекаме да помине тука, еден од оние самјаци, што не водат сметка колку е висок снегот за да продолжат да се прошетуваат од една млака до друга, што продолжуваат и во зимните ноќи да ги откопуваат корењето од папрадот и од другите билјачки; а може да се пречека и некоја нивна сурија, што поминува и го остава по себе пооран сиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ај беља!“ — си мислеше тој, терајќи ја малата Сукалова маска преку Жиово и Врпско, која беше реквизирана да ги пренесе багажите на општинската управа до најблиоката станица Тројаци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакаме на седелка да ги затекнеме балистите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Токму заради тоа сакав онолку колку што можам да те наведам како полесно да го совладаш лавиринтот и достигнеш до проѕирката и полесно да ги пронајдеш твоите два подградни дара.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со мака се пробиваа и жените со новородените деца за да ги крстат во црквата и за да им го дадат името на светецот - Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Доста сакаше да ги лупи тие компири што ги донесе во куферчето, но Митра сакаше да се покаже салам домаќинка, та истрча и од ќералот донесе полн леан компири: — Ти само барај, невесто Досто, јас ќе носа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тоа и не е можно, - почна да ги брани мајка ми учебниците и да ги оправдува наставниците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Единствено што можам е да ги слушам знаците на судбината и да ги користам како добродетел кој никој друг не може да ми го даде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не е у другта, испадна да причека адно другар, ки са врне, нема кај да оде на вакво кијамет! вели Пена и снова по одајката, де отвора сандук во ќошот, де влече фиока од креденчето донесено од Гаково, реди работи на подавалникот за да ги почести гостите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ловиштето го покриваа со веленце и тивко, за да не ги возбудат врапците, за секого од домаќинството уловуваа по еден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Им зборуваше тивко, но со наредбодавачки тон а се со цел да ги искачи што погоре, поблиску до селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кому сега да му го подарам паричникот што му го купив да си ги става парите внатре, наместо да ги крие под душекот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го прерипувам сонот. А и сон не се кажува неизмиен образ, си мелам, и одам на јазот да ги заплакнам очите, лицево. 56
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Самите работници беа застрашени дури и од помислата да ги бараат своите права пред суд!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа ли што таа твоја сентиментална душа не може да ги собере во себе вистините кои не ѝ одговараат?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше оставен Чанга да ја одигра својата лебедова игра со козите, да ги собере сите кози и козарите, дотогаш успешно сокриени, па сите да бидат фатени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Ами немале ангел да ги чува, велам, и си ги собирам рацете од рамената негови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога Татко ја виде Мајка и разбра дека книгите се вратени, имаше само уште толку сила во душата да ги прошепоти последните звуци од полифоната песна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ДАСКАЛОВ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја тргнал раката од чело и се загледал во треварите, едниот Никола, со шилесто лице на стар и мудар лисец, другиот, Пандил, нешто малку покус и со набиена глава во квадратни раменици на кои, без тој да почувствува тежина, можело да се смести по една вреќа овес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ништо тоа не помогна, полицајците останаа на своето, а сам Ѓоре, после расправаше, во еден миг помислил или да им избега или да ги остави да го затворат, но кога размисли подобро, се откажал од тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чудеа Роска и Радица како можеше секогаш да ги пронајде, иако честопати го менуваа местото на нивните средби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бидејќи како што философот од 18 век Кондијак (Condillac), (во Дерида, 1987, стр. 103) напишал: „Дали сакате да ги научите науките со леснотија? Почнете со учење на вашиот сопствен јазик“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа беше само една негова помисла, во која не беше сигурен. А сега, сега продолжуваше да ги бара нив...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така, во периодот од јануари до септември 1944 година, тимови што биле составени од еден британски СОЕ војник, еден американски ОСС војник и еден офицер од земјата во која биле испратени, биле упатувани во земјите на окупирана Западна Европа за да ги помогнат движењата на отпорот и да ги координираат заедничките операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За да ги наплати парите, Никола го пратил во Цариград синот Санде, а тој во тоа време се обидел и успеал повторно да ја заземе улогата на мухтар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бараше да пие кафе. Бараше да пие вино со скапите зачини што не можеа да ги пронајдат, и пак се тресеше како да го оставиле надвор на снегот, гол, со мразулци под пазувите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најпосле, и овде постоеше Одбор, го викаа Одборот на Егејците, ама овој Одбор не беше власт како оној во Гаково, туку колку да ги собира Егејците околу себе и да помага преку вистинската власт со социјална помош за старите, жените без мажи и за децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имаш плашици колку што сакаш. Можеш да ги пипнеш во вода, коментира оној во избледената маица.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некој како да ги онемел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу е важно за презимување растенијата убаво да ги измиеме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тие велеа: „Ние не сакаме ни една држава да војува за нас: тие можат просто да ги испратат своите флоти во Солун и да ја принудат Турција да ни даде реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Веруваа, се надеваа дека Атанас, по исплакувањето на Молитвена Вода, ќе си дојде дома и ќе каже што го натерало толку силно и толку жалоито живи да ги оплакува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Мислев со едно одење, обата да ги ослободиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тажно мртвило лебди во просторот. Кога последен пат го посетив ова место, како сѐ уште да ги слушав веселите гласови на некогашните задоволни работници од детството, во преполната работничка менза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И по нив некој ветар зеде да ги ниша дрвјата, да ги тресе гранките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше доволно информации од западните радиостаници, но сега новостите можеше да ги провери од доживеаната страна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги затвора очите и продолжи да ги преметкува мислите што го опседнуваа од оној ден кога почна расправијата меѓу него и Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога Махмуд Дарвиш ќе пее од затворот со голема носталгија за топлото лепче и кафето од рацете на својата мајка, тој го изразува големиот трагизам на својот егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Да ги убиеме, вели Јоше Свирачот, гревота е живи да горат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можел да стане јасен, разбирлив, можел да ги трогне со библиска можност за воскресот на сите мртви пред кои живите ќе клечат и во безумен уплав ќе молат да им бидат простени гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога сакала на еднаков начин да ги подели сварените јајца, на секого му дала по едно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Учествувале и во бугарското Априлско востание, во Руско-турската војна од 1887-та, кога и биле одликувани од бугарското кнежество за покажаното геројство, во македонското Кресненско востание 1878-та, кога по задушувањето на востанието, одново се вратиле во Бугарија за да ги изгубат животите во 1885 година во односната Српско-бугарска војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Проблемот беше во тоа што тигрите и мајмуните имаа една заедничка грда навика: да ја проверуваат секоја стапка од својата територија и да ги пребројуваат, меѓу другото, и сите желади и тревички во неа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Чуму му се книгите, ако еден ден не ќе може, не дај Боже, да ги чита, прелистува, гледа?, помисли, но ништо не рече, Паскали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога би можел Гојко одново би ги оживел, одново за да ги убие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ашлаку неизмиен, рекла. - Кој тебе ќе те пушти да брцаш во мед за да си ги излижеш прстите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
— Сигурно некои коркари како вас, — не престануваше Толе да ги навредува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нас стрижените нѐ впикнуваа во пералната за да ги оставиме, алиштата и, притоа, човекот од хигиенскиот завод нѐ посипуваше со бела прав по главата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега е вистински миг да полетаме. Да ја прелетаме оваа долга, морничава ноќ.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За нас радост - за возрасните голема грижа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Онисифор Проказник клекна до мене. „Тој е зад ридон, така ли е?“ По белегот на лицето му се лизгаше жолтеникава шурка сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда, работодавачот – незадоволен од истата, преку својот адвокат (Т.Неделков) – поведе второстепена жалбена постапка, но исто така жалби поднесоа и тужителите незадоволни од одмерените трошоци – па предметот беше препратен до Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се вратија да ги слушаат стрико си и брачедот, но сега сите пееја. Ја пееја „Спаикчето војник ќе оди“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во таков случај и Грците и Патријаршијата ќе ни се објават за непријатели на нашата народност и наш свет долг ќе ни биде да ги одбиеме сите грчки напади на нашата народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ветрот веќе почнува и првите снегулки да ги навева. Небаре иглици, небаре пулајќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јурам натаму да ги пречекам додека не влегле.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас имам премногу обврски за да можам да ги одведам, а Том нема да се врати навреме од работа.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Е, се спуштаме едно утро во длабокото, а мајсторот како да ги насетува моите страдања“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој вистински разговор всушност му претходеше на оној, замислениот, и се однесуваше токму на таа тема: каква помош смее да очекува синот од таткото во моменти на загрозеност?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој момент е можно климатските услови на мозокот да ги прогласат за природна непогода. Вонредна состојба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
При преминувањето од една во друга сала на Куќата на холокаустот тешко е да се сочува рамнодушноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се испрегрнаа, си рекоа здраво- живо и Пелагија се растрча да ги почести луѓето, а Перса ѝ се обрати на Митра малку со шеговит тон Ами ти Митро што стоиш пред Чана како втесна?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Макар што вековните соништа, глобалните критички утопии, никогаш не се остварија, споменот на нив се чини е сочуван во самосвесниот партикуларизам на малите нарации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но за да се исполнат нивните егоистички планови за убава служба, тие се готови да се покажат повеќе Бугари од самите Бугари, да играат улога на бугарски шовинисти, со неа да ги експлоатираат и бугарскиот кнез и интересите на Македонија, и на бугарскиот народ и на европското општествено мислење, со еден збор, да лажат и на десно и на лево, под вид дека исполнуваат некаков патриотски долг, а всушност да добијат служба, власт и популарност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше многу обврски, тежок живот, но сега, кога требаше да го напушти, не ѝ изгледаше толку одвратен. – Со Френк беше на прагот од еден друг живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакав да ги избегнам последните настани во врска со божемната проникливост, а всушност дрскост, на луѓето околу мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бог да ги прости велеше за сите загинати без оглед во која војска беа мобилисани.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Според него, тој бил плашлив и недораснат да ги води запрегите и, освен Кукулино, познавал уште само неколку села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во моментот кога човек ќе сфатеше дека е веќе неспособен да ги разликува зборовите по вид, род и број, кога ќе станеше свесен дека тие се претвораат во лигав куп бесмислени звуци кои за него немаат никакво значење, тогаш знаеше дека нема враќање.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Момчињата со загноени мозолчиња залудно се преколнуваат навечер да ги потргне завесите, уште еднаш да ја видат како шета гола од соба во соба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие сакаат да ги направат Македонците Срби, забранувајќи да се обраќаат пропагандите со нив инаку, освен како „прави” и „чисти” Срби. Тоа не стана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имено, во царството постоеше закон кој ги обврзуваше сите спахии, зависно од имотот, да спремат војници и да ги испратат во царската војска, која, таа есен, презеде, којзнае по кој пат, поход на Маџарско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ослободен во набожната покорност да господари и да ги држи дизгините на туѓите судбини, не можел да сфати зошто се буни крвта на неговиот имењак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И ние сме повикани да ги вразумиме грешните, тука се законите, судовите, државата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Согласно ЗИПДНД (1992), правното лице што врши дејност распоредена во дејностите: производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност регистрирано како претпријатие, може да ги исплатува нето платите за месец април 1992 година најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник во месец март 1992 година зголемена за 25% (чл. 4, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, природно, кога еднаш ќе го разбереме тој двоен императив (толку оптоварен со спротивности), кога еднаш ќе се придвижи неумоливата критика на политиките, на сите политики коишто, во далечното или непосредно минато, ги создале претпоставките за војна (одлуката која можела да се донесе нужно била само страотно стратешко обложување чијшто влог - еднаш кога трагедијата се ублажила, со тоа дека никогаш ништо нема да ги надокнади мртвите кои ѝ беа цена - е можноста да се сочува помнењето, извлекување поуки и подобро разбирање на тој двоен императив).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со многу малечки и големи тајни. Треба само да посакаш, па да ги откриеш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Само со знаење и просветување, само со културна работа ќе може нашата интелигенција да ги поправи и да ги искупи своите грешки пред нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никој не можеше ни да ги препознае како што беа скриени во својата забраденост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А бидејќи такво нешто не се случило Рајна и понатаму продолжила да ја посетува својата симпатија Генералот во неговиот дуќан за сода вода и да ги игра и пред него сите оние игри со кои ги збудалуваше мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше да ги види мајка си и татка си, а му се внуши и за црното Кате како и за неговите дечиња Трајчето и Велјанчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Компјутерската повратна спрега може да прави повеќе отколку само на тој начин да ги преуредува осетите на корисникот тие да дадат псевдоискуство на летање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
-Смисли начин да ги одвоиш! – му одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Можам да ги рагледувам колку што ми е волја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Човекот се клати пред коњот. Само понекогаш ќе се заврти наведнат за да ги види зад колата босите нозе и ќе воздивне. Не од тага. Од замор, од тежина на жегата. И пак продолжува да размислува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па така, кога учителот по ликовно образование ќе почнеше да ги прегледува, секогаш наидуваше на идентични цртежи кај различни ученици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да легнеш подалеку од сите сенки и да ги гледаш и да ги плачеш тие мајки на сите стоења и на сите вишнеења без птици, стебла. Да легнеш и да молчиш е ова попладне крај брег симнато в песок со една во вода со друга нога застанато.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се почувствувале како три урнатини на глув простор и во мртво време.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А раширените рачички на куклата би го задавиле, иако не можат без него, само да го принудат да ги заборави витосните наречници.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Доктор Коста пронајде во своите сандачиња и кутии некакви лекови и го присили онемоштениот старец да ги испие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Пристигнувајќи дома, откако ја облече својата домашна бањарка во која велеше дека се чувствувал како Стравински, (ма, сигурно ќе се отарасеше и од неа, само да станеше шофер) го вклучи телевизорот за да ги чуе најновите дневно- политички теми, кое беше еден од неговите омилени ритуали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Имаше на маргините и два-три Таткови збора, колку да ги потврдат Мајкините.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како да ги беа насобрале на своите гранки сите бели цветови од ланската пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Знаеш, ти си ми многу чуден. Ти си еден од ретките планинари кои природата најмногу ја користи за да ги тамани цигарите, а не да си ги исплакне дробовите со чист воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овој камен некогаш шеташе по овие ливади но молеше и кога беше жив: Љубеше да открива зборови низ пустошот, да ги лачи од песокот и низ голем порив да ги таложи врз себеси, да се скаменува.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мачките само студот може да ги натера да се бараат и да мјаукаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А нив мораш да ги возиш (покрај ова и пливањето, најтешката работа во животот).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сепак беше бедно да ги лажам луѓето со таков маркетинг.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секоја од трите сили што сега го делат светот е практично неосвоива и може да стане освоива само низ бавни демографски промени, што една влада со широки овластувања лесно може да ги спречи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа навистина погоди куп луѓе што сакаа да ги одржат старите стереотипи. често се прашував: „Дали тие луѓе кои си играат криенка воопшто се грижат за оние сиротички луѓе кои едноставно не можат да се вклопат во зададените улоги?“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ами, чуму ти се кутриве играчки кога нема кој да ги игра?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Следните десет дена морав да ги поминам во кревет и така го прославив својот 40 роденден.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овој рог на изоблиството и на слободата можеше само да ги зачуди, но потоа и да ги иритира одговорните локални политички раководители.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако, мајка ми отсекогаш сакаше девојче и во периодот на блаженост, од полиците на дуќаните ги имаше испразнето сите розови тантели, кои подоцна мораше да ги носи брат ми (фала му на бога што не се сеќава на тој период, а и фотографирањето не беше толку зачестено хоби).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Меѓутоа, како што ни кажа нашиот соговорник, тоа за него и онака е неприфатлива понуда – бидејќи тој немаше никаква потреба од тие производи, како и начин на кого да ги продаде.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа не може да служи за заеднички литературен јазик на Бугарите и Македонците, зашто не може духовно да ги обедини врз еднакви права сите три спомнати области.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неоти него не го дупи куршум? — почна да ги насрчува кога ги виде замислени, а во себе и сам се запраша: „Зар може навистина да не го фаќа куршум како што се слуша?“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зборувајќи за wie man dem toten Hasen die Bilder erklart (Како да се објасни слика на мртов зајак, 1965), Бојс кажал дека повеќе сака да му зборува на мртов зајак поради тоа што публиката според него не е доволно жива и не го сфаќа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Подоцна научи за светите египетски скарабеи и за нилските крокодили, за амајлиската моќ на бубачките и саламандрите, за тоа како човекот од примитивните времиња, од бронза, злато и сребро и од скапоцни камења, моделирал слики на овие суштества за да ги носи на вратот или на глуждот, како заштитници на своето здравје и својата среќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како да ги заградил некој ѕид и кон никаде не ги попушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како сакате земјите на Исток да ја достигнат зацртаната цел, ако не смеат да извезуваат ништо за да ги платат долговите?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Баба Ристосија остана сама во Горно Село. Од неколку стотини селани, остана сама за да ги варди душите на мртвите од сколовранците и гавраните начичкани по плотовите на селските гробишта, за да има од што да се плашат плашилата по бостаните, распарталени од ветриштата и дождовите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не можеме да ги викаме македонски ора, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Особено кога си соочен со опасноста да ги загубиш своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мојот пријател Едгар Морен, умее многу поуспешно од мене да ги вреднува високите книжевни достигнувања на Старова, автор на една магистрална книжевна хроника за едно семејство во текот на XX век што претставува несомнен придонес за нас западните Европејци подобро и подлабоко да ја разбереме балканската историја низ впечатливи филозофски метафори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потполно е проѕирна - навистина можете да ги видите сите вени - а и сива е, и црвенкаста...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сакаа на таков начин да ѝ приредат заеднички реванш на нивната судбина на Балканот, за да ги поштеди, одмине нивните потомци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Може ли Русија со својата политика да ги отклони од себе балканските православни држави?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакаше да причуе од денот пред да ги отвори очите и не се излага: неочекувано нешто затропка на стаклото од прозорецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
САД И МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ Во меѓувоениот период, Министерството за надворешни работи на САД (Department of State – Стејт департмент) беше најважното американско Владино тело задолжено да ги следи настаните на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Ќе дојдат изморени, мокри, гладни. Морам да ги пречекам подготвен, - си рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас навикнав да молчам и во молкот да ги преболувам болките...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој почна да ги запишува мислите што му доаѓаа на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ај, стани Велико, си велам, нажали се барем за кравата оти таа напролет, ќе ни донесе млекце и ќе има со што да ги залажуваш децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Зар ќе дојдев да те викам ако не сакав- Брат ми Трпче тогаш на Килета му рече: - Да не сакаше немаше да ги наполни гаќите од радост кога баба ми му рече да дојде да те викне.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да ги испразни сите насобрани зборови, да му олесни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нему му преостануваше или да ги следи, додека сѐ уште беше време, или да избере некој трет пат...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како резултат на тоа Светозар Вукмановиќ-Темпо одлучил да го одложи патувањето кон север и да се врати во Црвена Вода „со сите луѓе кои што можеше да ги собере“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој беше еден од малкуте што имаа храброст да ги изложат застрашувачките остатоци од таа трагедија но истовремено и да ни укаже на тоа дека нашите грешки не се прават само кон човекот туку и кон природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои од информациите успевале да пристигнат и до претседателот на државата, но во тој период ниту еден од чиновниците во Белата куќа не се обидел критички да ги селектира и да ги анализира информациите што биле добиени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Преостана да се соочи со неговиот поглед и да ги допре неговите раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се дава команда да ги собираме мртвите другари: дојде време и од нив да бараме помош.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина не било време на сенокос и далеку било летното созревање на пченките, во брзањето кон нејасните далечини да ги оберуваат туѓите клавчиња и да ги џвакаат млечните зрна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ги вложи и од тој влог, секој месец да добива приход десет посто од сумата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
АНЃЕЛЕ: Еднаш реков да ги направам чекови, како што секој носи, ама се премислив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Беше во нивната средина, како во толчникот на еден таков огромен бел цвет, и можеше да ги опфати сите нив само со еден поглед и без да направи ниедно движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите брзнавме во смеа. Почнавме да ги собираме шишињата и конзервите расфрлани и раздробени по ледината.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Првиот бог од безлични нешта создал живот, вториот бог од животот се мачи да ги избегне грешките на првиот бог.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Може нема сите куќи да ги врви улерата, буицата. - Да не даде господ, вели клисарот, ама ако умрат закопај ги во варта, вели. 155
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој курајбер во животот сајбер јак зад компјутер во живо шалабајзер згодни на слики со фотошоп слој во град да ги сретнеш грди ко ној Брат со брат лафат на чат на интернет сите животи арчат забораваат домаќинки и ручек да прават на трачарска мрежа ломотат, гњават
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но сега Бахтијар заповеда јуриш на Маргара додека не се извлечкани преку слободниот простор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Партизаните се вратија назад и продолжија да ги чистат пушките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А без Европа и Русија ни комитетите ни Бугарија не можат ни за јота да ги изменат судбините на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таму во градината, кога времето го дозволуваше тоа, или пак, кога студеше, во куќата, Фридрих Рихтер нѐ учеше како точката се развива во движење и линија, како линијата се шири во површина, како површината се претвора во простор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И како заоѓа сонцето – така почнува да врне, лие врз книгата, ги брише буквите - не може да ги откорне крстовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој брзаше да ги завери документите во полицијата, за да може да продолжи со работата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ништо не ми вреди што се сите од странство, што на моите другарки им се допаѓаат и би сакале да ги имаат, што ме прашуваат каде сум ги купила, па кога ќе кажам од кој град и која земја ми ги донеле мајка ми или татко ми, се воодушевуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А после пак да ги пуштат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие беа свесни дека во нив ќе гледаат донкихотовци кои водат лажни битки, без да сакаат да ги разберат, а најмалку да ја прифатат нивната мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Шумшул –град остана зад мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пасквелчаните ја испразниле долината, бргу - набргу, распродавајќи го својот имот, оставајќи зад себе натписи - таблички по нивите што не стасале да ги отуѓат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наметката што ја направиле научниците има можност да ги сокрие тродимензионалните објекти, то ест има можност да те направи невидлив.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од пазувите го вади часовникот, откако погледнува во него и ставајќи го пак в пазува вели: Време е да ги оставиме домаќиниве да се соземат малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А веќе се ведне за да ги задави своите корени и својата самотија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Денес има 100 марки на патики и трењерки, но нема пари да ги купиш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Длабоко во себе тој можеше да се согласи со новата власт: за што ги растура куќите, имотите, семејствата, па одново ги обединува во нови не­природни врски, заедници, а преостанатите планинци, кои нема од што да ги раздели освен од козите, ги тера да слезат во градовите и прекуноќ да станат нова класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нема зошто утре да го губиме денот. Цветот на ноќта се затворил ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поп Трајко крсти вода, Бино со децата од III и IV одделение одговараше на ектенијата, Толето и Бојана, кое веќе беше во III одделение, го рече апостолот и се заредија сите со ред по даскалот да го бакнат крстот и да ги чукне попот со босиловата китка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Интересна си им, се пошегува таа со мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Колку малку го слушаме својот внатрешен глас, колку малку умееме да ги читаме знаците што секогаш непогрешно ни ги покажуваат вистинските насоки...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
СПИРО: (Го зема.) Арно, чорбаџи. (Излегува мазнејќи ги мустаќите со фрчичето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Беше очигледно дека тој не можеше да ги опфати сите, да ги зароби главните водачи во својот жолт нотес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Делин, гледајќи ѝ го лицето и телото издраскани, го земаше коњот и пушката и вртеше по сета планина да ги бара качаците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му идеше - да ги опомене - ама само ги загледуваше и се згрозуваше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Седна на истото место и почна еден по еден да ги отвора пликовите и писмата да ги оддиплува пред очите на двајцата мажи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На заканите и принудата ќе одговори тивката решеност на оние кои со векови ги хранеле предците на оние кои сакаат да ги уништат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никој од нас тоа не можеше да го осознае без да пробаме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Братучедите ги запоткреваа рацете готови да почнат повторувачќи да ги скандираат зборовите што требаше да ги изговорат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Обожава да ги чита црните хроники по весниците, или да слуша кога возрасните зборуваат за тоа, па потоа ни раскажува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Испрати твои луѓе со задача да ги мобилизираат селаните од околните села!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така и ние мораме предметите што нè опкружуваат како и нашето сопствено “Јас”, духот, душата, она нешто што го именуваме како идентитет, да ги сфатиме како точкасти компјутеризации. 140 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зедов лист хартија и почнав да ги правам плановите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако се наигра, наскака и се издиши од тригодишниот товар, Крле го зеде магарето од сестра си Бисера и заедно со притропот Петрета тргнаа долу Цулевата улица да ги товарат багажите од попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се ширеше квичеж по сите дворови; некои се плашеа да ги фаќаат со раце, да ги колат со нож, и ги убиваа со пушки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Првин бараше зборови кои можеа да се најдат во толковна низа според сличност и дополнување на претходните, но, сепак, најпосле запре на зборовите: инает, севап, атер, рушвет и калауз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Може да ги бара војниците што ги залажа ракијата од Илија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЛЕНКА: Е, што да правиш, брат Димо… Некој мора да ги слуша…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Така, неодамна, во некоја емисија, обични луѓе, натпреварувачи, плачат над супермаркет количката натоварена со дебели мисирчиња, џиновски кутии детергент, плачат како да ги погодила некаква невидлива природна катастрофа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Старата мечка го продолжила својот писок, безнадежен и проклет, човекот сега речиси можел да ги види и нејзините солзи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонувам што-годе, а нив никаде да ги сретнам, да ги здогледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Севишниот како да ги внел и во својот благослов кога нѐ создавал. Дедо ти имаше право.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Шарениот тамбурашки оркестар уште со првите акорди почна да ги разгалува срцата на трите дами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Апатија, хероин, злоба, завист, пакост, “усмена трач литература”, перфидно или брутално (бирај) сјебување на било каква иницијатива за подобро, и тоа обично од оние првите до тебе, павловски истренирани да ги вадат своите бедни ножеви на било кој обид да се прекине инерцијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа не сакаме да гниеме, да ги браниме избеганите генералски никаквеци. Говореа, беа селани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И со колкава сериозност треба да се толкува некоја намера што сме можеле да ја имаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само во ретки прилики на обичните луѓе им се укажуваше можност да ги видат однатре живеалиштата на членовите на Внатрешната партија, или воопшто да влезат во делот од градот каде што живееја тие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бог да ги прости!... Коските, одозгора...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старецот, често, пред да се прибере на починок, во убавите денови знаеше да поседи на тоа трупче, да ги гледа ѕвездите и да влече чадови од своето луле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Направи солидни белешки или добри кадрови и секвенци што требаше само што подобро да ги измонтира.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Освен тоа, на Византија ѝ помагаа да ги држи Македонците во послушност и џадињата или друмиштата што се направени за воени потреби уште од Римјаните и ја пресечуваат Македонија од исток на запад, т.е. од Белото Море кон Јадранот и од југ кон север крај Вардар, т.е. од Белото Море кон Дунавот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе речат: си поминал одовде со иста трема пред да зачекориш по тенките скалила кон последниот прозорец (а сакаше само срцата на луѓето да ги ископаш од правта и да ги кажеш нивните тајни)***
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Насладување и привилегија е да ги гледаш... Вечно!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Обидувај се да ги имитираш, обидувај се во твоите зборови да нема ниту врска, ниту смисла, твојот разговор на минута да менува по пет теми, пцостите, пофалбите, смеата, сожалувањето, обичниот расказ - сето тоа, речиси помешано заедно, нека лета покрај ушите што те слушаат, обидувај се, како барабанот, зад себе да оставаш само пријатна бучава во ушите... без да оставиш каква и да е смисла.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Влегов и во црквата, која беше празна и, на мое изненадување, во неа не видов ниту икони, ниту пак од оние олтари, што сме свикнале да ги гледаме во црквите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И сега, кога и Толе, како Бешот, им рече на азите и коџабашијата да ги честат офицерите, овие со сета своја сила се фрлија на таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Денес, сето тоа чувство би го доживувал по илјадапати на ден, само да го имам тато, само да може да ги оценува моите усилби, да може да оцени колку ме бива за пејач, поет, драмски писател и раскажувач.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Забуната настанува од вашата желба да ги видите точките, да ги осознаете, да ги протолкувате.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Подај ми рака да станам и да ги пронајдам шумите на моите копнежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа почна да му предлага на султанот такви војнички планови, што ни самиот султан не можеше поарно да ги предвиди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Покрај ова, изостана и обврската на стечајниот управник да ги извести работниците најмалку еден месец пред да им престане работниот однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
КАЗНИ, А НЕ ЗАТВОР
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа ние, Божјите почитувачи, љубителите на мирот животот, забавата, мажи и жени, апелираме на Врховниот Суд на Универзумот, за уважување на нашите намери, за, во името на Власта на сите живи суштества кои сакаат да се развиваат на оваа планета, свечено да објави дека ние сме слободни и независни, ослободени од секаква Верност кон Владата на САД и кон сите влади контролирани од менопаузните, и дека имаме право да се групираме во групи на истомисленици, имаме полно право да живееме и да се движиме на земјата, да обезбедуваме храна со сопствени раце и умови на начин што ни се чини неприкосновен и свет за нас, и да ги правиме сите Акции и Работи што независен Слободен маж и Слободна жена можат да ги прават без да ги загрозуваат истите права на другите видови и групи. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 64
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ние не смееме да заборавиме дека нашите глави и понатаму ќе му требаат на овој народ и мораме некако да ги спасуваме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На мигови, во тажаленка­та, му се обраќаше на Севишниот, да ѝ каже каде згрешила што повеќе не може да ги спасува своите чеда, а самата продолжува да живее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Познато е само тоа дека во пролетта на 1516 година дошол во Вишеград јаничарскиот ага од Цариград со педесетина јаничари и ги распратил по блиските села да го соберат познатиот данок во крв, т.е. да одберат здрави христијански деца, да ги земат и да ги одведат во Стамбол за јаничари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш во центарот на виножитото се појави црна дамка која со отворена уста почна да ги голта сите бои, една по една.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имав грижи, а не знаев да ги дефинирам!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Махмуд Дарвиш со тивките пораки, со длабоките метафизички засеци во душата на страдањето на палестинскиот човек сметаше дека не беше дојдено времето, вистинското време за враќање во Палестина според диктатотна договорите од Осло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Алхемичарите ова го нарекувале rubedo, процес во кој доаѓа до консумирање на бракот помеѓу црвениот човек и белата жена, Сол и Луна.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да имаше власт над сонцето, сигурно ќе го изгасне дента кога ќе требаше да се упокои, за другите да ги повлече со себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во Дреново требаше да ги замениме изморените борци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И реши, на крајот, потпирајќи се врз француски архивски прирачници со позитивистичка ориентација, сиџилите да ги средува според хронолошкиот критериум, почнувајќи од далечната 1600 година па сѐ до 1912.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тој забележа, нормално дека ќе забележи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но и со таква лутина нешто ме тера да подзапрам пред прозорците од бараките, да се видам на стаклото, да ја навалам капата над увото, да ги натресам кадравите коси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Акцијата Операција грозје бараше од учениците да бидат соодветно облечени и да понесат со себе нож за да ги сечат плодовите на другарот Дионис.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ѝ ја засука кошулата и ѝ наброја дваесет и пет дренови по дебелото месо, на очиглед на цело село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие одат, а јас веќе се готвам да ги изгушам рибите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Толку многу ѕвезди го опсипаа тогаш небото и така беа блиску - со рака да ги дофатиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веднаш се исправиле неколцина, меѓу првите и Онисифор Мечкојад, и му предложиле на челникот да ги определи стражарските места.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некое време тој, кое од лакомост, а уште повеќе за да ги заплаши селаните, порачуваше да му се носи сѐ што ќе му паднеше наум: пари, волна, сирење, платно, алишта, жито...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првите неколку вечери ја праќаше ќерка си да ги кани, а кога тие посети станаа обичај, тој само ќе стропаше со бастунот во штиците од таванот, а нивното сопче беше над самата визба и тоа им стана знак за слегување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако уводничарот имал намера читателите да ја сфатат хумористичната поента на карикатурата, тогаш сигурно очекувал без никаков проблем да ги забележат и многуте алузии на машкото геј- културно градиво на кое пред малку се осврнав. ‌Ова само по себе сведочи за појавата што цело време ја викам геј- иницијација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден просветен народ може да се срамни со еден умен човек; затоа наш долг е да ги вложиме сите свои сили со своето работење да го просветиме нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уште сите и не го виделе нивното враќање а тие веќе стоеле возбудени пред челникот и, мавтајќи со раце како да се бранат од невидливи оси, му раскажувале нешто. Запрегите запреле една по една.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш една сестра беше видела како ги мириса, или, попрво, како минува врз нив како да го испитува нивниот мирис, и како потоа кај малиот прст ги спојува благо закривените дланки, свртени угоре, за потоа да ги спојува и раздвојува, како да отвора некаква голема, мека овошка, или како нешто да раздвојува со лачни движења. 58 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Електрична метла што вештерките ја јаваат кога не смукаат нешто друго. (Може да ги исчисти дури и валканиците од вашата смрдлива душа.) Како и да е, си ја знае работата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Да ги дупнеш, којзнае какви ѓаволи ќе им излезат од сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ќе размислам, - вели. И отиде да размислува како поубаво и како еднакво да ги сака сите луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Без да ги мрази Милан и Кети и куќата, таа почувствува одбојност кон сите нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби немале време да ги видат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка мораше да ги следи промените на Татковото здравје, но и да ја води големата битка околу воспитувањето на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, можеби, ужасот кој ве обзема пред Атеистичкиот музеј го имал помалку за причина фактот што оваа доктрина го негира, како што означува и самиот наслов, постоењето на Бога (после с, дури и меѓу верниците кој би можел вистински да каже што значи постоењето на Бога), отколку волјата да се негира постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ги размавта рацете и потрча да ги обере златните праски, златните цвеќиња, за да не ги соберат утре соседите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој мислел некое време, а потоа подло смислил. Ѝ рекол на Љуба: Добро, дојди, но не можеш да ги носиш сите деца.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Баба, првин преку својот син кој беше учел во Англија, на убав англиски јазик, му пишала на својот прв братучед Фетхи-беј Окијар, познат по прекарот Македонецот, тогаш амбасадор во Лондон, за намерата да патува во Цариград, да ги види, за последен пат, своите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Теснецот меѓу двете езера беше премногу тесен за да ги собере сите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но успеа да ги оттурне од мене несаканите виденија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кутрата, си помислив во мигот, таа имала можеби повеќе храброст од другите да ги преземе златниците и да му ги даде на вратениот емигрантски одметник и конечено тој да се компромитира.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, на огнето не му беше потребно многу време за да ги пушти своите корења во сувото дрво и да почне да му се спротивставува, обидувајќи се да му се отскубне од рацете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако ќе го прочита, го крева погледот и долго, со гадење, гледа во Луков.) Како си можел само да ги измислиш сиве овие гадости?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во времето на вечниот генерален директор (Ј. Ќука) – работниците се изиграни од него и од тогашното раководство: имено, наместо акциите за коишто вработените даваа и до 50% од платата за да ги купат и за кои мислеа дека се од централата на АД „Охис“ – Скопје, ним им се [про]дадени акции од фабриката што произведуваше течно стакло ГЕС Гостивар, која имаше многу помала реална вредност и којашто подоцна оди под стечај2 (оваа фабрика и раководството ја купуваат со парите кои вработените ги даваат за откуп на акции од АД „Охис“ – Скопје).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ѝ доаѓаше да кине месо од себе само да помогне, нејзиното чедо да не се јаде и да ги задржи двете најважни суштества во нејзиниот живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Би сакала кога сме веќе таму, да ги видам и катакомбите под Тврдината, - му се обрати Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Жените и децата си заминаа, но мажите останаа да пејат, да се шегуваат и да ги празнат шишињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаете, тој оди во четврто одделение и, речиси, пред цели три недели престанал да ги тегне мачките за опаш.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Јас бев подготвена да ги изменам и подобрам работите кај себе, меѓутоа, колку што направив, ни толку не заслужуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ни со збор ни со рака не можеш да ги допреш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лесно е да се согледа зошто некој кој го прифаќа второво гледиште, имено, Фјодор може да рече дека го смета за застрашувачко (негов збор) тоа што Витгенштајн нема теорија на когнитивните процеси, и дека е „болно очигледно” (одново негови зборови) дека Витгенштајн никогаш не успеал да ги разниша нашите бихејвиористички инклинации.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
О, да можам сите солзи да ги соберам!...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа неблагодарна задача, да се оценува некого кој веќе е признат за неприкосновен големец, почна видно да ги изместува нејзините естетички погледи, да ги измрдува и разбива, како што до пред малку мислеше, нејзините цврсто востановени критериуми за вредност, да ја прави несигурна во проценката, да ги руши нејзините критичко-теоретски сознанија, да ѝ го руши угледот пред останатите студенти.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Некои од нив тој веќе можеше и да ги распознава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па, научив да ги исчукам со еден прст на компјутер...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никој не можеше да сфати од каде добиваме достатно пари за да ги полниме стомаците со храна, дури ни старите луѓе од фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во нашето маало, со години, живееше легендата за мајката на Мајка Тереза која успеала да ги изгледа, со љубов и со достоинство, своите деца, а на ќерка си Гонџа ќе ѝ ја влее љубовта кон човекот и кон големата мисија што ќе ја оствари во текот на својот живот, во заштита на сиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Изгледа и не можев да ги следам, ми се занесува умот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој категорички одбиваше да ги пушти. Без писмена дозвола.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И затоа беше спремен на сѐ, спремен да ги превземе сите можни ризици.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Овде некрунисан крал е неприкосновениот Тим Хортонс. Тоа е ланец на (не знам како да ги кажам) точилници на филтер–кафе, со дополнително пригодно мезе у облик на крофни алиас „донатц“ и жидовски ѓевречиња попознати како „бегалци“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
— Одавде, со нас, белким е послободно, но бестрага е далеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Перса не се ни обидуваше да ги забришува своите солзи. Силно ја трогна страдањето на оваа жена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Блесокот на сончевата палавост, така живо тоа утро удираше на прозорецот на кој требаше да има стакло, но поради тоа пак, сонцето можеше лично да ги погали младенците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Планерите во Министерството за надворешни работи од 1943 година започнале да ги предупредуваат воените планери и СОЕ дека е потребно да се размислува и за повоените британски интереси.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
92. Но тоа духовно движење на Македонците не ѝ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза“ и фати да ги гони Македонците сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега многу често знае да каже ...сега знам како треба, само да можам да ги вратам сите тие години назад...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Стоеше некое време со тоа зоврување во себе и врз урнатините на своето сфаќање за тоа останување, едвај се здружуваше да не се размавне и да ги истурка надвор, на снегот, само наежавен свреска: - Ама чујте, луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеш болка да кажеш, на мајкин роден јазик свој песните што ти пеале над тиха лулка шарена, не можеш да ги запееш, дедовци што ти шепнеле на скут во ропски години не можеш да го повториш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
4 „Томеееее“ викаше постарата и сестра Христина: „Станвај и брзо доаѓај ваму! Треба да ги поставуваме пајнците за појадок!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше само еден тих разговор во него, додека стоеше, смирувајќи си го здивот и веќе не ни обидувајќи се да ги избрише студените росинки пот од сето свое лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Народот не ќе може да си ја врши својата работа, а, од друга страна, ќе треба да ги рани гладната турска војска и четите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Престана да ги ослушнува нашите гласови, затворен во спалната, со книгите. Спалната мирисаше на тага.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Изгледа поради тоа што беше висок таванот не успеале да ги избришат како што ги имаа избришано оние по ѕидовите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како си ти, Андо, Велико, што ти прави Пејо? — се распрашува Петруш макар и сношти да ги праша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој летен, лесен сон, кога ми го кажа Словото, Таткото, со полуоткопчана горна пижама, низ која ѕиркаа побелените влакна на градите, ја довика сенката на волкот, па на зајакот, па на еленот, и прошепоти, додека со прстите продолжи да ги придвижува тешките гранки на столетната шума: „Саноќ ѕвера ѕвер, но одлик остава слик, незнаено само чија, лика има змизми змија“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со првата ноќ пак како во почетокот на патувањето се собирале околу огнови, не како некогаш - да раскажуваат доверливо што било во минатото, со што сакале да ги сокријат грижите за утрешнината, не, не, туку да се отворат загрижени еден пред друг за иднината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гореа од желба, но се воздржуваа предвреме да ги откријат изненадувањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму, каде што можете да ги учите луѓето на добро, таму каде што диши народната душа, таму е изворот на сите радости од животот, синко мој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дојдоа право кај влезот во земјанката каде што Едо од своето стражарско место не можеше да ги види, но не мина многу и тие пас се вратија кон влезот во училиштето држејќи за мишки некој пристар човек со кусо шајкачно палто, во опинци и со темно-црвени чорапи шарени со црно и бело предено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Значи, да бидеме подготвени, силни, ако за тоа има можности да и се спротивставиме или барем да се обидеме да ги ублажиме болките од лошите писанија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Писателот што ја поседуваше книгата му рече дека книжевните пикантерии не сака да ги дели со други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Според неа, работникот мора да биде синдикално образован – што значи дека, преку соодветно синдикалното образование, тој многу полесно и поефикасно ќе се запознае со 157 своите права утврдени во законите и во колективните договори и истите полесно ќе може да ги оствари.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ПАНКО: Ама не може тоа така... Адетите треба да ги чуваме и слагаме... Само понекогаш и адетот може да се...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мили ми се нештата, особено ако знам дека кога-тогаш ќе мора да ги напуштам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Настојуваше работите да ги промени во своја корист.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Важна нова одредба е и таа според која додека траат опасностите, работодавачот не смее да ги задолжува вработените да извршуваат работни обврски. (чл. 25 и 26, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во таа грозна ноќ Белото јоргованче попусто се обидуваше да ги собере своите цветови и да ги затвори во пупките.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ако си изнуркал од длабока вода, не е кукавичлак да ги наполниш градите со воздух.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако се придржуваш кон малите правила, можеш да ги прекршуваш големите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првин почна да ги чепка алиштата, како да бара болви во рабовите и во веѓиците, а потоа се загледа, нагоре, во гредите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
-Најсетне и Иван самиот сфати дека згрешил. Ми рече дека непотребно избрзал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да имав малку повеќе храброст и да ги чував подотворени очите, мислам оти и вистински ќе ги видев криковите на птиците што ги спомнав, а и тоа приближување кон небото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Криенка им беше омилената игра. Клои веќе не можеше да ги најде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Методија, целиот во недоумение почна да ги загледува кон вратата за да види што е ова со матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Госпоѓа Мариела покажа инвенција во примената на својот метод надворешните фактори, што во тој момент ги чувствуваат нејзините ученици, да ги доведе во корелација со содржината на предавањето и притоа да го испитува психолошкото поведение на присутните.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А нешто внатрешно го тера да не може да ги одбегне и заборави. Тоа е некакво тескобно чувство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Децата можеш и утре да ги прибереш.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Попусто. Тие веќе беа заминати и тој не успеа да ги пронајде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти можеше да ги предложиш твоите пет опасни зборови, а потоа и јас моите пет неопасни зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ѝ велам: „Мои деца се тие. Сакам да ги заштитам!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше тука повеќе од дваесетина дена, иако не беше во состојба да ги преброи точно сите оние безлични денови на чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
81. Ама г. Зиновјев им помагал и им сочувствувал на Србите. Тоа може да биде вистина, но тој го прави тоа не зашто ги мрази Бугарите, а зашто српските посланици во Стамбул се логични, ги знаат арно нивните интереси и можат да ги заштитуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Следното утро Рози и Кети собираа јаготки за да ги конзервираат и сѐ до попладне таа не отиде надвор на тоа место.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Почнаа да ги заговараат. Да им раскажуваат како ќе одат во Истанбул, како ќе се возат на галии по море, како ќе ги пречека царот и како таму царски ќе живеат како негови синови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само телата на љубовниците остануваа видливи под блескотот на молњите, распрскани како паднати на бојно поле, неколку од нив стенкајќи и чекајќи галебите да ги докрајчат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакаа потоа да дојдат дома кај мене за да ги видат забите и чизмите на мајка ми, ама јас ги одвратив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Фрлив низ прозорецот, големата гилотина, уште еден последен поглед врз перспективата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По некое време, тие незабележително полека се искраднаа од распеаната атмосфера која владееше во куќата на газда Ѓорги и без никој да ги види излегоа на улица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Заради забрзување на дивелопментот во таа насока, тој на брезничани им препорача да ги изнесуваат на сред село своите гостински маси и на проматарите да им ги издаваат под наем.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ех, кога би бил жив Тато, и онака како што знаеше, по свое, да ги доближи веѓите, да се смршти додека се обидував да испејам некоја песна од типот „Војник одам, оф, леле, песни пеам, оф, аман, аман!“ и слични на неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нејзините корени можеме да ги најдеме во периодот на првобитниот психоделичен расцут, во педесеттите и шеесеттите, кога се случуваа глобални промени во свеста на човештвото.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Облечени во најпарталави бели кошули со исто такви волнени гаќи, неистрижени, неизбричени, ни измиени, изгледаа како диви луѓе кои ги фатил некој ловец на робови и сега ги тера да ги продава на пазариштето во овој град.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во него лутината и спокојот, бесот и добрината, чемерот и радоста, моќта и немоќта беа толку испреплетени, што тешко можеше сам да ги раздвои.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секоја држава се мачи, ако не да прави нови завладувања, политички, економски и културни, тогаш да ги зачува оние што се направени од понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури кога ги подмири поважните работи, реши да си сошие и едно летно палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Си го сретнал ли некогаш Пинчон? ТЛ: Оффффф...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ноќта почна да ги голта и последните сенки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој ништо не им кажа, никој не им дојде, пријателски и мислителски да ги измери со очи: не изеле толку фурни леб за да го фатат бегалецот со обетка на уво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ги казните.“ „Не“! викна О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Раскажуваа, на моменти со носталгија и незадржлива патетика, на моменти со занес, од кој никој не сакаше да ги оттргне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Самата Богородица како да ги потргнува луѓето и ја остава Пелагија со наведната глава да клечи пред неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа се свртев кон Ема и ѝ реков: „Пропаѓаш во жива песок! Да те задржам?!
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бургиба си имаше обичај да ги следи седниците на парламентот, седнат на една голема бела фотелја, поместена меѓу говорницата и фотелјата на претседателот на парламентот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поблиску до дома, хаосот ни помага да ги проучуваме збиените честици што ги фаќа магнетизмот на Земјата и чие ослободување во атмосферата ја предизвикува појавата на аурора.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најпосле, обиди се да ги заборавиш овие нешта, онака како што ги забораваш твоите црнила кога си пијан. (На вратата чука Неда.) Молам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само Ралфи можеше да ги земе податоците и тоа со една кодирана фраза што сам ја смисли.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Каде тргна, Спасио?“ „На река“. „Што така“? „Да поработам со пиралката. Да ги истурам ако може горчините“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во статијата каде што прочитав за праксата на Македонците проблемите да ги решаваат со лекови наместо со разговори, стои уште и следново запишано: „Поради присутсво на стигма за овие услуги, многу луѓе живеат во темнина...“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Едно по едно ги редев работите во тремот, за кога ќе дојде Методија, да ги изнесеме веќе спремни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
6 Shamash – прислужник во синагогата чијашто должност била и да ги потсетува верниците на нивните религиозни обврски
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За секој случај, повеќе рутински, решиле да ги проверат скривалиштата под тврдината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите ми отидоа без јадење, велам, немав со што да ги испратам, што да раздадам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи, највнимателно се обидов да ги разјаснам постоечките околности.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека пушеа, Марија ѝ се препушти на желбата да се довери некому и нејзиниот глас одѕвонуваше погласно од дождот и од тресењето на автобусот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во време на божиќни пости, во студените и куси доцнадекемвриски вечери, кога врапците, навечер, ќе се сплотеа во копите и под стреите, домаќинствата тргнуваа да ги ловат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Црнците мораа да се борат за да ги изменат законите, социјалните практики, сопствените гледишта и идеолошките структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој се трудел до максимум да ги исползува солунските атентати заради компромитирање на револуционерното движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Посебно задоволство ми претставуваше да ги претресувам фиоките од креденецот и во нив да изнаоѓам веќе одамна неупотребувани разни предмети.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од мислење и несмислување почна да им се врти во главите и да ги фаќа мачнина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Камилски по Татковото искажување речиси стана убеден од општите причини да се навратат и на турцизмите во јудеошпанскиот јазик, но очекуваше да ги слушне и посебните причини, коишто можеше да ги претпостави и самиот: - Сефардите, со космополитски дух и носители на бројни професии, полиглоти, со моќ брзо да ги совладуваат јазиците на луѓето со коишто живееле, успеале да се приспособат и во османската средина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис, и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не само што можеме животот да го расчлениме на неговите составни делови, да наведам само два особено вознемирувачки примера, на гени, и да го анализираме, туку можеме тие гени со генетска технологија пак да ги составиме во нови информации и така да создадеме некое „вештачко живо битие“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го обземаше тага, меланхолија кога ќе го навасаше помислата дека никогаш повеќе нема да ги види, сите блиски, од мајка и браќа, сестри, внуци, поширока рода, без кои се осиромашуваше смислата на неговото и нашето постоење и дека ќе заврши животот, а ние никогаш нема да ги видиме, да ги запознаеме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Останатите модернисти исто така сакаат да ги идентификуваат и да ги стават под прашање нашите најосновни претпоставки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И секогаш, и на сув камен, му успевало да создаде леб, постојано верен на сите оние клетви, заедно со кои и беше создаден, таков, немајќи потреба да ги оттурнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Основната работа на Одделот за разузнавање (Secret Intelligence - SI) на ОСС во Лондон била да ги прибира и да ги анализира стратегиските пораки што биле важни за Заедничкиот генералштаб на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
виртуална преслека - корисник(чка) на BBS што ги што употребува име од спротивниот пол, за да ги збуни останатите корисници 116 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А нив да ги тепаш, без борци ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што имам јас да расчистувам со Југославија, вели Апостол Макаровски, небаре од нашите усти да ги вади зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Командантите и нивните разговори се една работа. Но твоите размислувања и реакција во врска со мојата изјава дека имам намера да ги пријавам, е нешто сосема друго.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За да ги пронајдеме изворите и паралелите на неговата монументална непробојност ќе треба да се свртиме кон Холивуд , или кон светот на рок музиката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Диме се наежи. Забите почнаа да му чукаат а тој се мачеше да ги смири но не можеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Станува збор, значи, за следното: постмодерниот, а и еколошки, човек треба да ги менува рамковните услови на своите животни околности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Исто така, тој, раскажувачот, не си допушта себеси празнините останати внатре ваквото толкување од страна на ликовите, да ги надополни со упади на авторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јунаците во романот Бувар и Пекуше веруваа внесено во апсолутното, не можејќи да ги поднесат противречностите, понесени од нивниот идеализам тие стануваат херои на една необична интелектуална авантура на времето која завршува со гротеска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се адаптираше на секакви очила, но многу знаци од сиџилите не можеше да ги види. Се служеше и со разни лупи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка ми го благословуваше социјализмот што отвори невидени можности за да ги упати своите чеда кон полезни училишта, а татко ми трагаше загрижено по неговите граници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Страв ти е да ги гледаш, вели, мислиш после живи луѓе ќе јадат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпосле, дали особините на крајните или периферни македонски наречја и говори ни дозволуваат да ги сметаме за поблиски до средното и најтипично македонско наречје велешко-прилепско-битолското или до централните наречја на српскиот и бугарскиот јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поминало многу време од денот кога требало да ги врати парите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Токму за да ги создадеме чувствата што ги чувствуваме при реалниот коитус, истражувањата се свртеа во насока на самата електрична симулација на телото на примачот. Simonstudionyc's photostream 110 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Значи, да ги заобиколам? - О,не! - Не?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Бројот на работници отстранети од работа не смее да биде поголем од 2% од бројот на работниците учесници во штрајкот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не треба да се смета, додуша, дека било кој од тројцата горенаведени дрдорковци би можел да ги „претставува” другите, било исправено или на глава, и дека, согласно со тоа, може да биде бакнат наместо нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Малку му е еднаш да ги убие, ама крастајци голи!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргни се додека не сум го извлекла секирчето од нарамников. Или сакаш да ги повикам сосеткиве со сукала и со пиралки?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Рода, не рода, јас повелам овде! — ѝ се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури откако ќе го направи ова, тој внимателно ги допушта во системот оние ставови коишто ги поминуваат неговите тестови за извесност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да не ми се лути нешто, си велам и се вратив да ги побарам, да се простам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, додека ти мислиш дека е крај на светот и векот за тебе, те вадат и тешат турските серии, поредени, фала Богу, така што можеш да ги следиш и репризите ако нешто си пропуштила дури си го секнела носот со тоалет хартија зашто „Паломата“ си ја потрошила на претходната, која била за нијанса потажна од твојот живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Им пречеше дека трчаат низ тревниците, расфрлале ѓубре, ноќе лаеле и на еден куќен совет решиле да ги ликвидираат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најстариот, оној што на пат носел остар наџак, рекол дека проказата ќе го изеде сето живо месо во селото. Не помагале ни молитви ни лекувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тешко е, не велам, - продолжуваше тетка Рајна, со две деца ретко некоја ќе се нафати да ги гледа, но, ќе се распрашаме однапред, сѐ ќе ѝ се каже, па може и да се најде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И јасно е, секогаш ќе се оправдам пред секој читател, дека Дури и да сум сакал, дури и да сум ја употребел целата вештина и сила, не ќе сум можел луѓето и настаните да ги внесам во повеста со сите својства што ги имаат навистина, туку само онака како што сум ги видел јас, како што ги виделе моиве очи и како што влегле во мојот слух.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Конечно, во декември 2006, судскиот совет (во состав: м-р Љ. Неделковски – претседател, П. Попоски и С. Спасеноска – членови), носи пресуда со која ги одби сите поднесени жалби на работодавачот и на поранешните работници како неосновани, и ја потврди исправноста на првостепената пресуда, која во јануари 2007 стана правосилна и извршна.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Молитвата на Проказник не ќе ја повторам, не ја слушав и не знам кој копаше нов гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот град беше поканет на карневалската ноќ во Гнездо, и пространиот парк беше претесен да ги прими сите кои сакаа да дојдат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во предавалната сите почнаа во хор да ги повторуваат зборовите: „Кај нас секој секого ебава!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И додека да ги нареди зборовите во одговор Така се слуша, мори Чано, сестро моја! а снегот почнува да паѓа во пластови и набргу ги побелува сите улички.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но да ги оставиме козите и лудите крави... Вие повторно се навраќате на Татковите книги по вашите повторни читања.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Скапа, па го ставивме во градината на еден колец, да ги плаши страчките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам дека луѓето би требало да видат сè и дури тогаш да се одлучат - то ест, да ги спречат другите луѓе да одлучуваат за нив. што и да правеше, Фектори сигурно им помогна на толпа луѓе да одлучат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Знаеш...“, неочекувано му рече Германија по неколку месеци, станувајќи од масата да ги сервира приготвените шницли во бешамел сос со печурки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако ги видат да седат, некој може да почне да ги распрашува што и како и во зборувањето нешто да згрешат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Почнавме да колиме овци, шилежиња и со кожата да ги облекуваме мажите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И двајцата час го земаа адвокатот Фонче да ги брани, час го оставаа и земаа други адвокати.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако сакаме да се однесуваме со нив на објективен начин, би се создале два проблема: ограничен пристап на психоделичните супстанции и отсутност на лингвистичка теорија, за да можеме искуствата и да ги изразиме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Божја работа се и војниве и болестиве, вели, а наше е да трпиме и неговите казни да ги поднесуваме послушно и понизно, како негово верно стадо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Го знаев тоа и пред да те прашам - рече таа и продолжи да ги составува со иглата разделените делови на здолништето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се тресеа кога стражарот се накашлуваше пред вратата и чекаа да се отвори оваа за да ги изведат или тука да ги исколат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Поправо, најстариот од нив им рекол дека сега, кога сме ослободени од едните и од другите, треба да ги заборавиме сите поранешни пизми.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И после, наеднаш, се пуштив да ги прегрнувам жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште од времето на Кресненското востание, во кое имаше раководна улога, Стамболов води немилостива борба против секоја манифестација на македонската национална свест и успеа привремено да ги неутрализира и движењето на Т.Гологанов, и Младата македонска книжовна дружина и др. македонски друштва и комитети, па така дојде и до книшката на Вардарски (П.Попарсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставуваше првата програма на тогаш основаната ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може, делумно или целосно, да зафати една, неколку или сите единки.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И на крајот: „Дали и алиштата што ги имаш за празник да ги продадам?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еразмо беше тивок, молчеше, седејќи како бела скулптура, врз која „староста“ забележително почнала да ги наметнува своите сенки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Македонија не е единствената што сака да ги привлече странските инвеститори.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Зошто уште молчат нашите? - рече во себе си. - Зар ќе дозволат да ги одведат в логор?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ѝ беше драго што мајка ѝ е среќна, што таа веќе не е трудна и не мора да ги убедува комшиките дека, ете, таму, во градот, сѐ е поинаку, па дури и бременоста трае многу пократко, само три месеци!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Да се аскер, не се аскер. Сигурно некој башибозук од Џемаилбег од Агларци, — им проговори на другарите и сакаше да даде заповед на војводите да ги соберат четниците и да се истават повнатре во гората дури да фати мракот, па потоа да се влечкаат некако кон исток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но братучедите и не брзаа. Кога мислењето почна да ги заморува, Србин седнуваше под еден даб, ќе ја тргнеше капата над очи и ќе замижеше, а Шишман со ред, како да плеви, го корнеше мовот од карпата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш првпат фати глушец и го изеде. Потоа се научи сам да ги лови.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дури правела и шеги за сметка на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Четврто: Никој не смее да ги предава тајните на дружината.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега беа дојадени и Змејко знаеше дека треба да ги спотера овие двајца што побргу да си заминат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Животот ме товари со полни бисаги страдања, та морав да ги совладувам премрежијата што секојдневно ми стоеја на патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ние не ја ослободивме Македонија за да ги крстите децата со некои таму негрчки имиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа веднаш го сфати и градоначалникот, и ја прекина тишината: – Да ги оставиме дискусиите за подоцна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Останале скриени, како во скривници. Ни куршум, ни оган да ги допре.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само да ги ѕирнам децата, велам, макар од врата да ги видам, велам, макар од преку пат да ги видам и ќе се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На тој начин Бахтијар сакаше да ги опколи востаниците и да ги држи макар цела зима, за да ги принуди на предавање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, напите се вие мажи уште по една, тааа... ние овде не можеме да ги ујдисаме работите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тој и Чанга, и свесно и несвесно, го креваа големиот ѕид околу тврдината со кози за да ги спасат козите и луѓето од претстојните организирани удари на партијата и на власта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поточно, ја изразувам согласноста дека она што луѓето го создаваат може да предизвика одредени последици, (се разбира, во ова мое сфаќање на последиците спремен сум да ги вклучам и појавите во физичкиот изглед, на што Борко посебно инсистира), но притоа внимателно додавам: - Твоево тврдење не смее да се прогласува априори точно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се заборавале непријателства, се раѓале пријателства, се довикувале едни со други лутите противници, се заканувале, се исмејувале, а одвреме-навреме и за гуша ќе се дофателе будали поединци а оние другине, поумните, брзале да ги раздвојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Но она, за гревот, не спомнувај го. Има такви работи што треба да ги заобиколуваме. Од таквите нешта ми е шубе!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогај, беше 1858, се зазедов да се изгради нова црква, да се исправи камбанарија со камбана и што е најважно, во црквата се отвори и училиште и подоцна јас го донесов нашиов учител Димитрија да ги учи децата на народен јазик.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа беше апсурдно, зашто испишувањето на тие зборови не беше поопасно од самиот чин на пишувањето на дневникот; но за миг беше речиси готов да ги откине упропастените страници и сосем да се откаже од проектот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По смртта на Висар, почна да ги избегнува луѓето, а сега уште повеќе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Исто така, во времето кога се вршел притисок на Пуриќ и кога се одвивала кампањата против Михаиловиќ, К. Фотиќ покренал акција во Соединетите Американски Држави за да ги неутрализира притисокот и последиците од пишувањето на американскиот печат за НОВЈ и за Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Да ги наречеме бугарски, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште во времено на февруарското руско официјално соопштение беше јасно оти Европа никојпат нема да ги задоволи во полна степен барањата на комитетот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира, клучот двапати го завртев во бравата подготвен да ги издржам нејзините врескотници, пискотници, молби и преколнувања.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Колку различни типови има во оваа професија, помисли, додека пред оголеното теме на таксистот (Гласот баритон / интелектуален лик / по сила – шофер) бришачите рамномерно се поклонуваа ту кон едната, ту кон другата страна на шофершајбната, како да ги подбутнуваа тромавите задници на побавните автомобили.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во почетокот чувствував непријатност таа, учителката, тукушто дојдената жена во нашиот дом да ги врши за мене работите, на кои толку долго време бев навикнала, па и некаков пркос не ме оставаше тоа да ѝ го дозволам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А како да ги оттргне од курвите и коцкарниците?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
СПИРО: (Доаѓа од лево и кога го согледува Теодос, го надувува неодолив смев.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И никој поради тоа не би го презирал.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- „Го обрав бостанот! Да ги видев порано, ќе се скриев негде крај патот во трњето.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едната камера ја снима статијата што се чита, а другата го снима погледот на испитаникот, т.е. каде му е насочено вниманието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не крв и не заседа на таа крв. Не ја виде црната плима во мене зашто ниеден акт на светот не може да ги нареди под графата души црните плими.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Врати се, мора да ги сретнеме нашите заеднички погледи на свет.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Време е да ги отфрлиме од очите наши мрежите што ни ги кладоа националните и верските пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во таа чудна суводолица, ни рана на заздравување, ни болка, ни спомен на болка, во сета нејзина издолженост, до работ на острата вилица, лежела зимска модрина на истинато месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Притоа, по правило, секогаш тој го избира вистинскиот момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од едната и од другата страна на небесниот хоризонт се протега оптимизмот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Трчав како луд, се судрував со ѕидовите, се раскрвавував и не можев да ги најдам басамаците. Господи...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Севишниот Господ Бог ли ги донесе за преку него, преку лебот и солта што тој им ги понуди, да ги увери во беспомоќноста и измиреноста на луѓето од Потковицата со нивното насилничко доаѓање, или, пак, тоа го стори Сатаната, за да направи од него предавник, кога веќе ги потскажа луѓето?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Забавувајќи го возењето, немој случајно елените да ги испокршат нозете на леденото стакло, Дедо Мраз повремено довикнува: - Не е уште!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А кога се сетив што да сторам, ги затворив очите и спокојно заспав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се разбира, Ти тешко го прифаќаш нејзиниот радикален став: дека не сака да се занимава со ништо што би можело да ја оддалечува од онаа бартовска суштина на Твојата литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Може ли таа за атер на Бугарија да ги навреди другите балкански самостојни православни држави, чија самостојност е извојувана со руска крв и со руски пари и да ги направи тие држави да се одвратат од неа кон другите западноевропски држави и да се направат во нивните раце орудија насочени против Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Отсекогаш Томо за нејзе беше банка која требаше да ги плати сите нејзини издатоци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ајде да ги закопаме борбените секири! Може и да настрада некој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но Австрија, штитејќи ја својата индустрија, увезените стоки од Турција започнала да ги обложува со високи царини. Така сахтијаната ја обложила со 30% царина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На испитаникот му се сугерира дека во часописот се наоѓаат рубрики и статии коишто тој ќе треба да ги оцени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но колку и лагата и вистината да ги видоизмениле своите ликови, колку и да се извртиле поради упорноста на лажговците и слабоста на вистинољубивите, сепак тие никогаш не можат да станат она другото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Немаше обичај да ги објаснува своите прашања како Марко Марикин и не ги сакаше прикаските од стари времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Она што ги негираше сите правила а мене посебно ме возбудуваше беше фактот дека јас бев единствениот кој можеше да ги види.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во ноќ токму каква што е оваа Нечија мајка крај прозорец седната осамена, тажна, остарена, сведната мрмори нешто, тажно си реди кој да разбере, што ли навестува? светулка една во ќошот се вгнездува без да сети дека пајакот будно следи (А што ли ќе сменеше да знаеше?) Дал може настаните со ред да ги пререди?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Платите на вработените постојано се намалуваат...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Волчицата- стојбина, со грч во секоја нишка месо, се скаменувала подивена и капната од рани, на каменот никој веќе не барал и не наоѓал траги на Климентовиот дух што над деветстотини години се движел од немило до недраго како призрак на некогашниот жив призрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Барале и не нашле сунѓерести печурки, наречени смрчки, да ги испечат на жар и само ретко, понегде, можеле да им го грабаат на животните ланскиот желад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето ме потсети на Агна, на нејзината желба, секогаш во летата кога сме биле во Маказар, да ги гледа ваквите изгреви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мисијата на нашата театарско-писателска делегација се очекуваше да успее, макар што патувањата од овој вид беа ставани под лупа, пред сѐ поради отпорната граница – ѕид помеѓу двете соседни земји и тешкото покревање на силите што требаше искрено да ги нормализираат односите помеѓу двете земји.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ти патиш од оригиналност со која се обидуваш да ги освоиш луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тргна Димче Волшебникот да ужива по улиците, да ги казнува оние што не му се допаѓаат и не му ги исполнуваат желбите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Почнавме да ги месиме и триците, крмата, да мешаме сѐ во лебот: и јачмен , и уров, и компири, и граор, и пченка, и тикви, и грав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Настојуваше да ги помеша за игра, а картите нови, речиси залепени, тешко се покоруваа на Татковите брзи и вешти прсти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Единствено тешко ранетите и болните, откако го надминуваа шокот, извесно време остануваа во креветите за да ги ослободат од потресот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Никаков роднина не остана да ги прибере, а стока остана „достур".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие се пред нас, на секоја стапка и во секое време можеме да ги имаме, само треба да ги побараме со повеќе трпение, волја и идеализам, многу идеализам, та така животот да не ни оди напусто и без цел...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можат ли да ги видат своите грешки и по истите да се корегираат?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега секому му се брза, никој нема време, а понекогаш и доволно нерви за да ги издржи секојдневните судрувања со луѓето на овој современ , динамичен свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А и јас не би сакал со никого да ги делам моиве ноќи и моиве денови тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почна да ги врли очите уште повеќе и одеднаш како што го држеше шишето дополу со вода, го преврте и го истури.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тешко можеа да се објаснат тие два момента еден со друг, но никако не можев да ги изделам во мигот кога тие ме упатија на Крумета Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имам фустани и мини здолништа, ама што вреди кога немам идеални нозе за да ги носам. А, блузите! Џемперите! Маичките! Вистински бедни парталчиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама некои офицери сакаат да ги бројат за пленици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брат ми ја беше запомнил мојата желба, и една недела подоцна ми кажа дека во куќата на еден од неговите професори доаѓа сликар кој таму држел бесплатни часови по цртање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она што јас би го предложил е да постапиме како извесната Окереке Онике, претседателка на организацијата „Африканците за Обама“, па да собереме, иако населението кај нас не живее којзнае колку подобро од она во Нигерија, пари и да ги донираме во проектот на американските и англиските научници - произведување на невидлив плашт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Нели, чудни се патиштата на случајностите, а ние не смееме да ги игнорираме?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но во војната кога мажите ги одвеле на фронтовите, немало кој да ги обработува градините со ружи, па тие се оретчиле, а по војната тешко се обновувале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Е, токму тоа. Прво Македонците да ги снема!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Дали сте подготвени да ги дадете своите животи?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Остана уште обврската внучињата на баба Петра и дедо Костадин да ги подготви за враќање кај нивните родители, дури не смее ни да чека ако веќе еднаш овде се појавиле од црвениот крст, туку да се загне самата и да ги пронајде кривулестите патчиња што побргу ќе ги однесат во родителската прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Првин добро да ги проучи делата на Маркс, Енгелс, Ленин и посебно Сталин, можеби многу подобро од ревносните членови на комунистичката партија и идеолозите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога ме викаа другачките, со стомните излегуваше баба ми - Јаглика наша глуждот си го шинала, брзајќи кокошките да ги нарани!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Верски календарчиња за 50 денари - пред него викаше еден човек, кого сите го избегнуваа како тој да проси пари, а не да сака да ги заработи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сега знаеше дека биле најави на поголемата бура, но тогаш (пред само неколку месеци, но како да било многу одамна) мирот околу него имаше вкус на вечност, а луѓето живееја како таа вечност околу нив и нив да ги сторила недопирливи и бесмртни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
VIII Во животот на Мајка и Татко, за нас, нивните деца, постоеше секогаш промолчуваната стратегија за спасот на семејството преку преселбите, ненадејните заминувања, чии причини, нивната суштина, некогаш не можевме да ги разбереме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги криел, но не можел да ги докрие кутриот козар своите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XI. Но сепак, и покрај сите бладања, оној ритам на бавното минување на времето мораше еднаш да го насочи и неговото траење во вистинската насока и постојано да ги стивнува неговите побуни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првото нешто што се бара од нас е: да ги знаеме нуждите наши и на нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, и покрај сѐ, од службениците на легациите се очекувало да ги спречат „непријатните инциденти кои можат да ги вознемират САД“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Планот му бил да овега, на Партениј, и тоа отпосле се дозна, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да дојде во Потковицата и ако не се согласи Максим милум и за поткуп, со сила да ги освети пред да го стори тоа некој егзархиски свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа можеби би можел да биде одговор на сите прашања, ако успееме да ги елиминираме лековите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
1 „Ни недостасуваа крстоносните војни, конечно ни се пружи убава прилика, но таа војна допира длабоко во нашата приватност и предизвикува пеколни маки или небесно блаженство: според тоа дали ќе слушате Bach или Mick Jagger, ќе бидете спасени или проклети.“ (Bruckner, 62)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1. За скицирањето на денешните работнички проблеми Tuta est custodia, quae sibimet creditur. Најдобар чувар е оној кој сам си ја чува сопствената ствар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нема повеќе да ги имаме овие проблеми со Неуронскиот Човек на Шанзо, кој се издига на хоризонтот како Последниот Човек на Ниче, со својата кортикална и синоптичка избледеност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Молитвите, чедо, се молам Господ да ме издигне над сите случувања –за да ги разберам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми стана мило што наидов на овој напис. Не ми зборуваше за ништо посебно, иницијалите не можев да ги поврзам со некоја личност, но ме возбудуваше дека зад Маказар стои едно изминато време, некој слој кој скржаво ми се открива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Почнавме да ги бркаме, да се браниме со стапови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дека семејството некогаш било имотно и дека по Војната се случило она што го споменуваше брат ми, се разбира, и јас имав слушнато, но никогаш не сум се соочил со потребата подлабоко да ги разјаснувам тие нешта, како што се соочив сега.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Треба да ги презакопаме коскиве, вели, и полека се пушта од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа што кога еден збор или подолг лингвистички низ (string) - што можеме да го наречеме текст - е напишан, тој продолжува да постои независно од неговото изрекување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас знаев дека тоа ќе оди мачно и со буна во народот, оти сега светот, со новото писмо изгледаше мал, стеснет и премногу едноставен: ниедно нешто за кое немаше слика во писмото на Стефан Писмородецот – не постоеше веќе, тие нештата постојат само доколку имаат име за да можеме да ги именуваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
104. Бидејќи во тоа време Мисирков беше претседател на ТМОК во С.Петербург и непосредно кореспондираше и со ВМОК во Софија и со ЦК на ТМОРО во Солун, тој лично ги знаеше тие односи што подоцна имаше можност и на самиот терен да ги почувствува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Костадин но и Петар беа момци со посебен оштар дух, имаа огромен репертоар на вицови, анегдоти и досетки и секогаш знаеа многу вешто да ги поврзат или да се инспирираат од темата на разговор и да ги насмеат соговорниците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа си помисли, како некогаш и судбината самата знае да ги исправи сопствените грешки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ја ставам под хипотека целата своја духовитост за да ги отплатам ратите, кога ќе те притисне сериозноста.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Во секој случај", додал студентот, "мене ми е сфатлива таинственоста на настанот и љубопитноста на Акиносуко да ги изведе работите на чистина!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега се тие со Чанга, само тој може да ги чува, да ги дочува, да ги спаси од смртта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Попушти конецот по рабовите и таа не се обиде да ги презашие, туку ги испра, ги исуши и свиткувајќи ги во неколку дипли, ги стави најдолу во големиот сандук.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Преку изнајмениот магазин од Нанчо Сл.Мерџанов, П.Соколов, П.Манџуков и П.Шатев го копале каналот што требал да ги доведе до темелите за минирање на Отоманската банка во Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не познавајќи ја природата на мртвиците, не знаејќи дека, поради живиот песок, низ нив може да се движи само извежбан ајдутин, кој си изградил своја патека, продолжија да ги гонат и понатаму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со години настојував да ги објаснам причините за оваа болна игра.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не треба ли да ги пронајде овие дечиња на својата соученичка и да им помогне со што било.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чанга добро знаеше дека татко ми мисли на Сталин, па затоа еднаш и му рече: „Ако треба до крај да се открие вистината за козите, ќе одам и кај Сталина! Козите морам да ги спасам!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На 11 февруари се избира селанец, крал и кралица, и тие се главните личности на карневалската поворка која се организира на секој 13 февруари, а во неа учествуваат неколку десетини илјади граѓани сите во разновидни носии, кои може да ги замисли само голема фантазија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Христина го замоли да ги остави да свртат едно кругче до офицерскиот дом, дека ќе се вратат кај него, па можи заедно да продолжат до кај стрико.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дозволи му да ги има.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За сето време, додека го мислеше тоа, остануваше свесен и за својата глад, а мислеше и на следните некоку дена, што мораше да ги помине долу, во својата пилана на Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, тој веројатно не се разликуваше од своите колеги.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човек, вели, има само три можности за проценка на човечкиот живот: проучувањето на самиот себе, најтежок и најопасен, но и најплоден метод; набљудувањето на луѓето кои се трудат да ги скријат од нас своите тајни или да нѐ убедат да поверуваме дека ги имаат; и книгите, со претпоставените заблуди што се јавуваат меѓу редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Измената и дополнувањето од јули 1998 година содржи три одредби преку кои се проширува опсегот на невработените лица кои можат да бидат вработени на неопределено време за работодавецот да може да ги користи поволностите од ЗЗВ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ним доктор Гете им објаснуваше дека одењето в град лошо би влијаело на нивното психичко здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никако не треба да се биде едноставен. Вистински поет е оној што е способен „да ги поврзе најодалечените околности“. 12 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Идејата беше-секоја половина за себе да впива нови сознанија, а по извесно време да ги претопи во новото соединување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Па на левиот тас да ги нареди пладневните тежини и оној часовник што чука 12 пати за конечно разбудување како од Ог Мандино, зашто залудно ми се очите отворени кога мижам со години да не видам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Учил човекот — научил. Па и дечиња му дал господ шест-седум, треба да ги храни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Сите влезници се веќе распродадени,“ рече доктор Гете задоволно триејќи си ги рацете една недела пред одржувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури потоа тие мирно си отишле сами, без никој да ги гони.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но во Владиното соопштение има уште едно многу важно место: револуционерните комитети, според изразувањето на руската влада, сакаат да создадат “Бугарска Македонија”, а Русија, за којашто се блиски и интересите на другите христијански народности во Македонија, не може да ги жртвува нивните интереси за Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Е тие, мали, ситни, дребни заморчиња на природата (иако не беа вистински заморчиња, туку јас така гледав на нив) еднаш се обидоа да излезат од својот фантастичен свет и да ги прошират своите живеалишта и на другата страна од автопатот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И ние, децата, збунети, без да ги разбереме зборовите на гостинот потрчавме кон Мајка за да ја известиме кој е четвртиот играч и што кажа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако странката во полномошното не ги определила поблиску овластувањата на полномошникот – полномошникот кој не е адвокат, врз основа на ваквото полномошно, може да ги врши сите дејствија во постапката, но секогаш му е потребно изрично овластување за: повлекување на тужба, за признавање или за одрекување од тужбеното барање, за склучување на порамнување, 246 за одрекување или откажување од правен лек и за пренесување на полномошното врз друго лице, како и за поднесување на вонредни правни лекови (чл. 87, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некој рече дека козјото млеко било лековито и ние почнавме да ги фаќаме заделените кози.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Морав да бидам многу внимателен, да ги избегнам теориите на деконструкција, зашто тие не се од помош при разјаснување на проблемите што можат да го приближат техничкиот свет до јавноста и до умните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кој да им одговори на туристите во Галилеја?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Неговата привлеченост од Христос како фигура и неговото искуство со смртта го okno.mk | Margina #11-12 [1994] 91 доведе до таму да не го негира минатото, туку да го трансфор­мира во колективно наследство (како што тоа е изразено во неговата витрина посве­тена на Auschwitz).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Му велам: „Другар иследник, дали смеам да ги изнесувам размислите по оној редослед по кој ми доаѓаат на ум во овој момент?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога имаше ливади, пред да ги потисне водата, многупати коњите ги носевме ноќе на пасење. Тие тогаш 'рпаат од тревата и фркаа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Треба да има луѓе што можат пошироко да погледнат на прашањето и непристрасно и без занос да ги измерат резултатите на секој еден чекор на комитетските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со Змејка ниеднаш не проговорија. Ни тој ниеднаш не успеа сосема да ги заборави нив двајца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ја закаса печурката, ќе ги заврти очите, и ќе почне да подзема со јазикот, да ги преклопува вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Малинка и Златко ги гледаат трендафилите. Како првпат да ги забележуваат. Навистина се убави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дошол до некое место и си рекол Итар Пејо: „Море да не загинав некое магаре. Да ги пребројам.“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како оној ден кога заборавив да ги отстранам трагите од моето истражување, па ја оставив средната фиока на брат ми растурена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само треба да знаеш како да се вслушаш и да умееш да ги откриеш местата по кои шетаат).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога докажаа, дедо Ангела забележа: - Ти велам јас дека сакаат да ги земеш во четата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А таму, рофја да ги удри, им ги вадат душите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едното е - усетот да ги открива своите убијци уште пред тие да го извадат револверот и да ги спружува на улица без особени церемонии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се удрил со тупаница по крвавата празнина во устата за да не зареве со грло на млад волк кој не ја проколнува сегашнината туку со сиот бес на својот вид ѝ се заканува на иднината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Денеска, комерцијалните пилоти можат да ги надоградат нивните дозволи до некое ниво поминувајќи извесен број на часови на симулатор за летање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Надвор ги чекаа два пајтони за да ги однесат кај газда Ѓорги кој живееше од другата страна на Широк сокак, близу саат кулата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се разбира, не се подготвував за да ги прославувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, таму го задржа тактот и достоинството, пред неа не треба да ги крие емоциите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак, се чини дека оваа казна и не е многу голема за некои големи компании кои, свесно и со пресметан ризик, можат да си дозволат да ги кршат работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Гледам на ликовите од фотографиите и правам напор да ги видам патиштатата по кои се витосаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред уште сите да се соберат пред првата двоколка и пред уште да се сетат дека идните мртовци ќе ги закопуваат без да ги завиткуваат во бело, неискапени и непроменети, без варена пченица и без запален темјан, Онисифор Проказник кренал рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седнам ли да ги раскажувам, ќе дочекаш длабока старост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со мислите се веќе таму, во бригадите, кај што се бие страшен бој, кај што стануваат чуда, се уриваат карпи и брегови, а мочуриштата како лопата некој да ги црпи, ги снемува од плодното поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Степенот на отсуство на поклопување помеѓу графемите и фонемите неизбежно се одразува во бројот на арбитрарните „правописни правила” коишто децата мораат да ги научат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Него особено го револтира што таква потребна програма не успеа да прокламира ни една толку силна и така широко поставена револуционерна организација во Македонија, како што беше ТМОРО, туку најважните прашања си дозволи да ги остави да се решаваат „подоцна”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како што го сторил тоа со зрната, со плодовите и со зелјата, кога ги поучил луѓето дека едните смеат да ги употребуваат за исхрана, другите не.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Барањето работникот може да го поднесе писмено или да го изјави усмено пред инспекторот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За интересирањето на уметниците за материите кои предизвикуваат психоделични промени на свеста можеби најголема заслуга има Олдос Хаксли, кој вели: “...едно сончево мајско утро проголтав четири десетини од грам мескалин растворен во вода и седнав да ги чекам резултатите”, потајно надевајќи се дека ќе успее да ги посети световите кои на Блејк, Сведенборг (Swedenborg) или на Јохан Себастијан Бах им беа дом.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаеше дека се такви и од сета игривост што ја имаа, во нивниот синџир беше собрана игривоста на целото тоа разденување, таа ги исполнуваше нивните само привидно стамени и одмерени движења, знаеше дека уште следниот миг дури да трпнеш можат да исчезнат, како изветреани, знаеше дека може да ги исплаши само едно мало сомнително раздвижување на воздухот, што не дошло од нив, бидејќи беа свесни дека се сами на тие своти вишини, дека тие се само нивни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро, не постои потполна вистина, а оној кој тврди дека е поинаку се лаже себеси а се обидува да ги излаже и другите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А, таа не умееше ни да ги прими, ни да се заблагодари зашто од хортикултура знаеше само да ги окопува леите во дворот и да засадува пипер и патлиџан, а во браздите што ги обрабуваа плодоредите да сади ред ниски, ред високи цвеќиња... од најселските.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За поддршка на оваа Декларација на Еволуцијата, со силна верба во заштитата на Божјата Провиденција и спокојна доверба во генерациите што доаѓаат, во чиешто име зборуваме, ние сега меѓусебно си ги доверуваме едни на други нашите животи, нашите Радости, и нашата Света чест. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неа тој оптимистички ќе заклучи дека за наша среќа и за среќа на нашата иднина вистината напати без туѓа помош умее да ги прескокне сите објаснувања. (Еве и овде е загатната иако не сосема прецизно таа чудесна вистина што тој ја означува како подвижна).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Општењето со проститутки беше забрането, се разбира, но тоа беше едно од оние правила што човек може повремено да си дозволи да ги прекрши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа време ете кај иделе низ море две ламји за да ги јадат штрковите; едно се приближале, и штрковите летнале пак вишно небо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Братучедите ги префаќаа за раце, за мишки, за рамена, ги влечеа, ќе почнеа и да ги туркаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Фустаните беа толку погодени што можев да ги однесам в град и на нив добро да заработам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На 27 декември 1944 Форин офис им испратил телеграми на амбасадорите на Велика Британија во Москва и во Вашингтон за да ги запознаат владите на двете големи сили со британскиот став во однос на македонското прашање и федерацијата меѓу Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Домаќинот Петре излезе зад куќи, во трлото да ги затвори овците.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Видоа дека тој проклетник им нафрлил слама околу куќата, ја потпалил за да ги изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
— И јас тоа се мислам, луѓе! Да дојдете со нас, треба цела Бабуна, Мукус, Крушевските планини и Пелистер да ги одите дури да ги фатите леринските планини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фоте сакаше да се изнасмее на нејзината недвосмислена шега, но си ја скрати смеата за да ги пресретне Богевци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И ќе да се отвори пред них страшна јама длабока и ќе да прати Бог ангели да ги фрлат у јамата, што е силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Поарно тој да ги чека другарите таму отколку тие него.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кој ќе го плати тоа, која ли нова држава ќе ги залечи раните, кој нов пасош ќе ја надокнади загубата на детето, која државна граница може да ги врати животите, се прашувам...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мал знак на внимание кон наделеку познатата госпоѓа Петра“ „Со ништо не сум ве задолжила“, рече Петра поклопувајќи го со едната рака кесето со кафе и подавајќи ја другата кон шишето вињак, како да е готова да ги турне назад кон него и без проблем да ги тргне кон себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не можев да ги сопрам солзите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)