дали (сврз.) - да (сврз.)

Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Следната вечер под дифолт продолжи расправата и се делкавме околу мојата дилема дали да излезам со него или не.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Возачот, изваден од памет, најпрвин се двоумеше дали да кочи, убеден дека таа ќе се предомисли и ќе се тргне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По ударите и по одзвонувањата на алатите што ги употребуваше, шилести и сечевни глета, челични чивии „пунчиња“, запчести и рамни чекани, шкартели, шпренгли, скоби и други алати - знаеше дали е на добар пат или не, дали да запре на време и да не арчи попусто мака и труд.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дали да формирам цена според понуда или според потрошувачка на една матка, која и така е спуштена (како „абарт“) и може ама баш секој момент да испадне и да се користи како перниче, додека чекаш автобус на постојка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си премотувам низ глава дали се исчешлав и дали да се насмеам (не знам дали ги откачив овие вештачкиве), па проверувам со јазикот и победоносно се смеам, демек, само до забите е убавината Оти сѐ друго ми е потамам!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие застанаа двоумејќи се за час дали да тргнат натаму.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој пак, кога нѐ видел фатени за рака, долго време мислел дали да нѐ казни или да ни згази на рацете, на прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Думал, мислел Силјан, како да прави, дали да им се јави, дали назад да се врати.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Селанецот вџашено се колебаше дали да влезе.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Што бара, пак, овој?“, се прашуваше Горда во недоумица дали да му отвори или не.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На почетокот си мислеше дали да го слуша Болеро, но реши дека тоа е веројатно големо клише за Французинката и дека - иако нему страшно му се допаѓаше - не треба да го пушта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога одеше така, задникот повеќе ѝ се истакнуваше, а и се подзатресуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Непријатноста на таа помисла се оцртуваше во згрченоста на неговото тело додека стоеше загледан во книгата, во згрченоста на неговиот глас додека изговараше едно сосема вообичаено и непотребно прашање: „Дали некои песни особено ти се допаднаа?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми се двоумеше дали да ја поземе книгата; таа книга со песни од Мицкиевич тој ѝ ја беше подарил, и сега таа му ја враќаше како да ѝ ја беше дал на читање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали да се сака ближниот и колку? И колкава треба да е блискоста со оној Кој не може да ѝ послужи на корисноста?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Затоа одеа по Трајанка влечкајќи се и гледаа назад двоумејќи се дали да останат и тие или не.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошко не знаеше ни дали да се плаши или да се радува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Третиот ден Бошко се чудеше што да прави: дали да им ги врати парите на луѓето или да ги чува уште некое време?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие се погледнаа едно со друго како да се колебаат дали да се восхитуваат или да ѝ се потсмевнат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги водеше децата кон Мартина сѐ додека тој не ги виде и вчудоневидено се загледа во нив прашувајќи се дали да спрсне да побегне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со никого не се допишуваше. Не читаше весници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
В канцеларија збор не изустуваше со своите колеги, кои не можеа да решат дали да го наречат „Був“ или „Мечок“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Седам и не знам дали да го чекам Јона од меана или да си легнам. Снагата веќе не ме крепи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не знаеш како да се браниш, вели, дали да ѝ ги нашнеш кучињата, или да ги запреш да не лаат. 109
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)