дали (сврз.) - дека (сврз.)

Таа зима се погоди многу лоша, Дали дека војната беше лоша и зимата стана лоша. Знаеш, едно зло на друго се калеми, се врзува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали дека него го имам заборавено?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали дека сме заедно, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали дека ме апсат или за мир и демократија во светот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште, уште, вика Уља, дали дека неженето, пејам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)