дека (сврз.) - два (бр.)

Можеби е подобро да си излезат веднаш и да останат со надежта дека двата цртежа се поставени на онаа парче од ѕидот што тие не знам зошто не го погледаа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Можеме да ја заклучиме студијата за ПОСТУТОПИСКАТА ФАЗА во МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ со тврдењето дека двата различни контексти во кои беа изведувани ЗАПАДНИТЕ и ИСТОЧНИТЕ експерименти ја лишија МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ од нејзиниот интернационален карактер, секој во својот сопствен домен ОТУЃУВАЈЌИ ја од религиозно-УТОПИСКАТА функција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Најпосле Партијата можеби ќе објави дека два и два се пет и ти ќе мора да веруваш во тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со чувство дека му зборува на О'Брајан, и истовремено дека поставува значајна аксиома, тој напиша: „ Слободата е слобода да се каже дека два плус два прават четири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ти ќе можеш да учествуваш во таа иднина само ако го сочуваш жив својот разум, исто како што тие го сочувале живо своето тело и ако ја шириш тајната доктрина дека два и два прават четири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Се сеќаваш ли“, продолжи тој, „дека во дневникот напиша 'Слободата е слобода да кажеш дека два и два се четири'. „Да“, рече Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто, од каде знаеме дека два и два се навистина четири? Или дека функционира силата на земјината тежа? Или дека минатото е непроменливо ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг изгледаше дека двата мускулести колка ќе му ја сомелат утробата во каша, а потоа се проби, малку испотен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко предложи турцизмот севап да се најде во листата на османизмите, но спротивставен на значењето на инаетот, верувајќи дека двата поими на тој начин ќе бидат најдобро разбрани, секој посебно и заедно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски можеше да помине на претставување на новиот турцизам атер, од првично арапско потекло, кој семантички се надоврзуваше на инаетот и севапот, се појавуваше и самостојно во балканските јазици (hairy на новогрчки, hater на романски, hаtr на албански, хатер на српски), со првично значење на турски (hatar) мисла, памет, паметење, прифатен во другите јазици и како милост, љубов, обѕир, добра волја да се направи нешто за некого или за некаква повисока цел, почит, кон Севишниот, кон другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нема сомневање дека двата збора се дел од парола и најверојатно тоа е остаток од тогаш многу популарните пароли со кои се гласеше братството и единството меѓу македонскиот и грчкиот народ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јасно е дека двата затвореника ќе имаат полза од соработката.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)