дека (сврз.) - еден (бр.)

Несфатливо, просто е несфатливо дека еден удар може да зададе толку болка !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко првин во ист број им ги подели гравчињата и му нагласи на новиот играч дека едно гравче вреди еден динар и дека тука нема што да се менува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Упорно настојувам да се убедам дека еден од петте големи прсти е неподвижен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Речиси во сите фази на напредувањето на Али Фетхи, подоцна наречен Окјар (стреловита мисла), од страна на Мустафа Кемал Ататурк, во знак на неговите реформи, баба се надеваше дека еден од синовите ќе биде прифатен од нејзиниот полубрат на висока позиција, па потоа и сето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знаев и очекував дека еден ден Билјана ќе им се налути на тополите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)