дека (сврз.) - тројца (бр.)

Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веруваше дека тројца луѓе, тројца некогашни членови на Партијата, по име Џонс, Аронсон и Радерфорд, луѓе кои беа погубени поради предавство и саботажа откако признаа сѐ - не се виновни за злосторствата за кои беа обвинети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се вратив околу 4,30 часот од болницата, затеков кај мене еден Французин, кој ми раскажа дека тројца бегалци биле масакрирани во неговата куќа во присуство на неговото семејство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од разговорот разбрав дека тројцата биле од едно село и дека сите работеле во една фабрика за гуми во Ахен. Се враќаа дома.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)