дека (сврз.) - види (гл.)

XX Откако полковникот Стивенс дозна од манастирските овчари дека виделе мечка во планината над манастирот, тој мир немаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не дека беа поминале многу денови, не тоа, туку дека видов оти со десет удари со казмата, Јован вадел по дланка земја. Не влегол ни до колена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И беше сигурен дека видел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се пофали некој од нив дека видел големи риби по вировите на Каменица, па и тие ја оставија работата и заедно се упативме да ги ловиме големите риби.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ташко нè уверуваше дека видел црни очиња, дури и црна косичка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ма-мо, многу е убаво!“ извика Ташко. „Мно-гу е у-ба-во!“ извикавме сите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мајка му на Ташко сѐ така се насмевнуваше, ни мавна со рака, си го гушна бебето и се тргна од прозорецот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бојаџијата тврдеше дека видел пеперуга.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа некој рече дека видел фрлени војници во дупка со вар.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)