дека (сврз.) - владее (гл.)

Овој пат и вистински подзастанав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие веруваат дека владеат не само со моите помисли туку и со намерите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тука сѐ така се испреплеткува, та се чини дека владее кошмар и дека сè се сврзало во некаков јазел, од кој никој никого не може да одврзе. Но не и на пладне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како послушните автомати додека проверуваат дали постои потврда дека наредбата навистина е издадена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И се препуштаа атавистички до крајот на нивната моќ, верувајќи дека владеејќи до крајот на животот, му се препуштале на повикот на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште повеќе, формалните елементи на говорот и самите се изградени на невообичаен начин и се чини дека овие формални настраности, барем во извесна мерка се јазичен одраз на алтернативното устројство на неговото искуство, со пукнатини онаму кадешто ние без проверка претпоставуваме дека владее кохерентност и со заедничко струење на елементи коишто ние ги држиме строго разделени.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На кутриот крал му е оставена илузијата дека владее и дозволено му е, сосе круната, достоинствено да се тетерави поле по поле.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)