дека (сврз.) - води (гл.)

Ако лудите ја сфатат бесмисленоста на своите постапки, намери, искази, многу е возможно дека ќе го прекинат постоењето кое е фатено во стапицата на бесмислата, и ќе му се вратат на разумното постоење,” рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Баклан, Иван Матвејевич, бригадир.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Собата има слузокожа. Понекогаш ми се чини дека водиме љубов во тројка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Една од основните карактеристики на лудите е тоа што со своите постапки, намери, искази, покажуваат дека водат бесмислено постоење, но не се свесни за тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше убедена дека, преку читањето на книгите, ќе го открие тесниот премин за кој веруваше дека води од овој кон оној свет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше висок три аршини и три стапки и се гордееше дека води потекло по права линија од Иван Велики (позната камбанерија во Москва).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За да го ослободи му кажа дека често го сонува, дека водат љубов во сонот и дека затоа го викнала за да не биде тоа само сон.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)