дека (сврз.) - гледа (гл.)

Тој не ја прими понудата не дека гледаше во изедначената позиција некакво скрито предимство за себе, ами просто затоа што само со половина поен ништо не постигаше: оваа партија му е последна во полуфиналниот турнир, и само ако ја добие, само ако реализира вечерва цел поен, тој можеше да влезе во финалето за државно првенство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Што сакаш, да ме убедиш мене дека гледаш пет, или навистина да видиш пет.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе се залажеш себеси да мислиш дека гледаш нешто, ти заклучуваш дека и сите други го гледаат истото тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го кренаа внимателно и видоа дека гледа право долу во аурот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако се поздравив со човекот и децата, јас одблизу го изгледав,Ми се стори дека гледа во Вера со преголема нежност.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Секогаш кога Германија лежеше, на плеќи, гола под него, му се чинеше дека гледа сон на јаве додека нејзините напнати дојки несебично и предизвикувачки му се подаваа нагоре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Приказната не ја пишувам за да разжестам некого, но со признанието на еден Поко, кој, не знаејќи дека гледа една моја снимена лента со материјал од свадба во 80 и некоја година, а во присуство на еден Цанко и еден Роланд изјавил: „Еј, јас сум ’намбер 1’ во монтажно снимање, ама овој е подобар и од мене!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми се чини дека гледам череп од кучешка глава. Чума.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ми се причинува дека гледам покрај него. Но и во тоа не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа повторно одиме еден зад друг сѐ до моментот кога Даскалов успорува за да се израмни со мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нина знаеше дека, онака крупен и тежок, газејќи колку што може потивко, тој оди до одајата на браќа ѝ, и дека гледа во празните кревети сакајќи да се увери дека момчињата што изутрина ги испрати на пат, навистина не се во своите постели како секоја вечер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ми се чини дека гледа ту во небото, - реков - час во бескрајот на морската шир и мрда со усниете...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не би се отворил пред секој, особено не пред непознат.  - Кога го гледам така во сон, како блада и како се мачи, ми се чини дека гледам некој непознат, а не мојот човек, мојот Фоте.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бидејќи двете се информација, буката може да биде вредна колку и сигналот. OГЛО: Кога човек го гледа програмот додека работи, има чувство дека гледа во внатрешноста на копроцесорот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)