дека (сврз.) - заврши (гл.)

Тој толку беше занесен, отпатуван, што не забележал дека завршивме со пеењето, дека знамето веќе се вееше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И навистина, Водомар збиваше/ не гледаше веќе во голото теме пред себе, и јас сфатив дека завршил говорот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Место куќата, ми одговори Водомар: - Ние знаеме што ќе сториш, но не знаеме како.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Запре учителот малку како да исчекува одговор од полковниците; тие ги поткренаа главите помислувајќи дека заврши и ги зедоа чашите да му наздрават.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Премногу наслади и мори едноподруго во ова житие за кое одбивам да сведочам значи - да признаам дека завршило.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повтори дека завршил гимназија, дека студира и дека веќе Има издадено една книга со раскази за нас бегалците, заврши.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Занесени во маалото тврдеа дека ги виделе козите со нивниот козар Чанга како летале кон небото, други дека завршиле курбан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не верувам дека завршило со берењето, туку нешто се сетило, сака да праша.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)