дека (сврз.) - замине (гл.)

Само, како да направи да си отидат луѓето а пак да не изгледа како тој да ги набркал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој кој ќе го види, или кој чул дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека излегол на прошетка за да си даде одушка по сите овие возбуди, или, пак, дека отишол да запали свеќа на Латинска црква во слава на оздравувањето Лазорово...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, приказната дека заминал на работа во странство беше за многумина најлогична.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот дознав преку штури непроверени информации дека заминал на работа во странство. А каде, сам Господ знае?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Човек ќе се понадева да замине, ќе го побара мирот, а потоа тој мир еве го претвора него во суштество тапо и исплашено пред одговорноста на одлуката што им ја соопштил на другите, како единствена и целосна вистина, дека заминува, ни помалку ни повеќе, заради пишување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми велат дека заминал на В'мбел Планина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш го снема. Го немаше цела една пролет; дури од ненадеж не се расчу дека заминал со партизаните.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дека замина од него... Од неговиот убиствен поглед при таа расправија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа стигна глас дека заминал за Франција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа е она малку (или многу) што го смисли Правејќи ги внимателно чекорите наназад Човекот кој стоеше скаменет во огледалото Или Оној другион, кој веруваше дека заминал И исчезнал како конец во довршен гоблен…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Само ќе објавеше дека заминува и ќе го снемаше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)